TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ООН : Вакцината против птичји грип е невозможна пред пандемија

Макфакс - 05.02.2006

Киев Вакцина против птичји грип не може да биде создадена се додека вирусот не мутира и не започне да се пренесува од човек на човек, изјави Дејвид Набаро, координатор на Организацијата на обединетите нации (ООН), кој е во дводневна посета на Украина.

Потврдено 34 жариште на птичји грип во Романија

Макфакс - 05.02.2006

Букурешт Вирусот Х5Н1 на птичјиот грип е потврден кај живината во местото Лунца, на југоистокот на Романија, кое стана 34 жариште на таа болест пронајдено во земјата од почетокот на октомври. "Референтната државна лабораторија во Букурешт го изолираше вирусот Х5Н1 кај живината во Лунца", објави ...

Експерти на ЕУ за птичјиот грип

Макфакс - 05.02.2006

Брисел Експерти од државите членки на Европската унија (ЕУ) членови на постојаниот одбор за исхрана и за ветерина, денеска во Брисел ја започнуваат дводневната средба посветена на птичјиот грип. Повод е ширењето на птичјиот грип во повеќе европски држави, меѓу кои се и Австрија, Италија и Словенија.

Птичји грип и во Германија

Макфакс - 05.02.2006

Берлин Два угинати лебеди, пронајдени на германскиот остров Руеген, во Балтичкото море, се позитивни на вирусот на птичјиот грип Х5Н1, објави портпаролката на германското Министерство за земјоделство. Двата лебеди на првиот тест биле позитивни на патогениот вирус и се дел од групата од четири мртви ...

Во индија нова жариште на птичјиот грип

Макфакс - 05.02.2006

Њу Делхи Индија објави денеска дека е откриено второто жариште на птичјиот грип на западот на земјата, недалеку од првиот извор на зараза, потврден пред една недела. "Птичјиот грипа е потврден кај примероците земени на две живинарски фарми во Уткхала", објави претставник на министерството за ...

Цела Словенија ризично подрачје од птичји грип

Макфакс - 05.02.2006

Љубљана Изменет правилник за воведување мерки поради птичјиот грип денеска започна да важи во Словенија, со кој се предвидува целата држава да биде прогласена за ризично подрачје. Според новиот правилник, проширено е и подрачјето на исклучителен ризик, каде живината мора да се одгледува во ...

Две нови лица хоспитализирани во Грција по контакт со мртви птици

Макфакс - 05.02.2006

Атина Двајца возрасни Грци, кои допирале птици со голи раце, биле однесени во болница во Северна Грција откако пројавиле симптоми на грип, јавуваат денеска грчките медиуми. Станува збор за 78-годишна жена, која допрела мртво пиле, и е хоспитализирана во болницата во Едеса и еден 65-годишен селанец, ...

Димов на министерскиот состанок на ЕУ за птичјиот грип

Макфакс - 04.02.2006

Скопје Македонската делегација, предводена од министерот за здравство Владимир Димов, денеска во Виена ќе учествува на министерски состанок на Европската унија, посветен на последиците од вирусот на птичјиот грип во јавното здравство.

Случаи на птичји грип уште во две германски покраини

Макфакс - 04.02.2006

Берлин Два нови случаи на птичји грип се регистрирани кај дивите птици во германските покраини Шлезвиг-Холштајн, во северниот дел, и Баден-Виртемберг, во јужниот дел на земјата. Според надлежните служби во Германија, се уште не е јасно дали станува збор за “опасниот и исклучително патоген вирус ...

Птичји грип и во Австрија

Макфакс - 04.02.2006

Виена Смртоносниот вирус H5N1 на птичји грип беше откриен кај два мртви лебеди во Австрија, соопштија локалните здравствени власти. Ова се првите случаи на заразната болест во Австрија. Мртвите птици беа пронајдени во близина на Грац во јужна Австрија, изјавија од федералната агенција за безбедност ...

Српските власти вратија бугарски јајца поради птичјиот грип

Макфакс - 04.02.2006

Белград Три камиони со јајца од Бугарија се вратени од бугарско-српската граница по наредба на ветеринарните служби на Србија и Црна Гора (СЦГ), во рамки на мерките за заштита од птичјиот грип, објави весникот “Глас јавности“.

LG со климатизер против вирусот на птичјиот грип

Макфакс - 04.02.2006

Сеул Јужнокорејскиот електронски гигант “LG Electronics“, објави дека ќе започне со продажба на нов климатизер, во кој има вградено филтри кои ќе го уништуваат вирусот на птичји грип. Иако е рано да се размислува за продажбата, сопственикот на компанијата, смета дека новиот климатизер ќе биде доста ...

Потврден вирусот Х5 во источна Франција

Макфакс - 04.02.2006

Париз Угинати птици во источниот дел од Франција го носеле “високо патогениот вирус Х5“, но се уште е рано да се тврди дека станува збор за Х5Н1, изјави денеска францускиот министер за земјоделство Доминик Бусеро. Според министерот, се уште ги нема “сите елементи“ од лабораторијата во Плуфраган, во ...

Четврт случај на птичји грип во Грција

Макфакс - 04.02.2006

Атина Потврда на четврт случај на смртоносниот вирус H5N1 кај птица во регионот на Скирос, објавија денеска грчките власти кои и натаму се во мобилна состојба со цел превенција од вирусот. Според истите извори, во последното деноноќие, 16 случаи на угинати птици, главно лебеди, диви патки и ...

Уште еден пациент со симптоми на птичји грип во Грција

Макфакс - 04.02.2006

Атина Трет потенцијален случај на лице заболено од птичји грип се појави во Грција, јави националното радио „Алфа“. Станува збор за 75 годишна жена од Неа Перамос, која во моментов се наоѓа во карантин во Општа болница во Никеа, на Атика.

Нови седум случаи на H5N1 кај птици во Грција

Макфакс - 04.02.2006

Атина Грција синоќа соопшти за нови седум случаи на птичји грип откриен кај мртви лебеди што биле заразени со високо патогениот вирус H5N1, со што бројката на заразени во птици во таа земја се искачи на 16. Грчкото Министерство за земјоделство новите случаи ги обелодени по извршените испитувања во ...

Создадена вакцина против птичјиот грип

Време - 03.02.2006

ПОСТИГНУВАЊЕ НА НАУЧНИЦИ ВО САД Научници од Центарот за контрола на болестите од Атланта, САД, создале вакцина против птичји грип - која засега е испитана само на глувци. За првата етапа кон вакцина за заштита на луѓето од смртоносната болест научниците употребиле нова техника за генетички ...

Хрватска забрани увоз на домашни птици од Словенија, најавува и за Бугарија

Макфакс - 03.02.2006

Загреб Хрватска, од денеска, воведува забрана за увоз на живи домашни птици, месо и сите продукти од домашни птици во Словенија, како и нивен транспорт низ Хрватска. Ова, денеска во Загреб, го изјави портпаролот на Министерството за земјоделство Младен Павиќ, најавувајќи слични забрани и за ...

Момче со симптоми на птичји грип во Грција

Макфакс - 03.02.2006

Атина Момче од Грција, синоќа, е хоспитализирано во Солун со симптоми на птичји грип, откако присуството на смртоносниот вирус е потврдено во угинати лебеди во Грција и во Италија. Неименуваното момче е хоспитализирано ноќеска во специјалното одделение во солунската болница Папаниколау, јавуваат ...

Чокревски - Македонија подготвена за евентуален птичји грип

Макфакс - 03.02.2006

Скопје Надлежните служби се мобилизирани и во целост подготвени навремено да одговорат на опасноста од евентуална појава на смртоносниот вирус на птичјиот грип во Македонија. Ова попладнево на конференција за новинари во Скопје го соопшти директорот на македонската Ветеринарна управа Слободан ...

Птичји грип – заканата станува реалност

Макфакс - 03.02.2006

Скопје Заканата од смртоносниот вирус H5N1, што уби речиси 90 лица во Азија, се повеќе се претвора во реалност во регионот околу Македонија, откако присуство на птичји грип е потврдено во Романија, Бугарија, Грција и Италија, а во Солун две лица се ставени во карантинпоради симптоми на вирусот.

Сомнителен случај на птичји грип во Бугарија

Макфакс - 03.02.2006

Софија Бугарските власти соопштија денеска за сомнителен случај на птичји грип откриен на северот на земјата кај угинат лебед, но се уште не знаат дали вирусот е од поттипот Х5N1, што е смртоносен за луѓето. Првичните испитувања извршени врз мртвата птица пронајдена во реонот на градот Видин, ...

Словенија спроведува заштитни мерки за птичји грип

Макфакс - 03.02.2006

Љубљана Словенија ги презеде заштитните мерки препорачани од Европската комисија за формирање на заштитена зона во радиус од три километри и контролно подрачје во круг од десет километри од местото каде е пронајден мртвиот лебед, кај кој е идентификуван вирус на грип Х5.

Шести случај на птичји грип во Италија

Макфакс - 03.02.2006

Рим Шести случај на заразена птица со птичји грип од типот H5N1 во Италија е потврден синоќа, пишува денешниот печат. Станува збор за лебед откриен во провинцијата Лече, кој дал позитивни резултати на испитувањето. Вирусот во моментот е откриен само кај дивите лебеди во Падуа, Калабрија и Сицилија ...

Јавноста претерува во реакцијата за птичјиот грип

Макфакс - 03.02.2006

Солун Јавноста претерува во реакцијата во однос на случаите на птичји грип регистрирани кај неколку лебеди во Грција, смета професорот Николаос Папагеоргиу, специјалист за дива фауна од Универзитет Аристотел во Солун. Смртта регистрирана кај ограничен број на лебеди главно е поради фактот дека ...

Голема е веројатноста од жариште на птичји грип во Бугарија

Макфакс - 03.02.2006

Софија/Атина Постои голема веројатност следните неколку дена во Бугарија да биде откриено првото жариште на птичји грип, соопшти денеска бугарскиот министер за земјоделство и шумарство Нихат Кабил. Тој укажа дека засега се регистрирани еден случај на вирусот на птичји грип од поттипот H5N1, кој е ...

Дагестан поради птичјиот грип прогласи карантин во 17 села

Макфакс - 02.02.2006

Макачкала Дагестан, регион на југот на Русија денеска прогласи карантин во 17 села откако е откриено присуството на вирусот на птичјиот грип Х5Н1 на три живинарски фарми. Шефицата на дагестанската ветеринарна служба Заидин Џамбулатов изјави дека е забранет транспортот на живина и преработки од ...

Седум лица хоспитализирани поради птичји грип

Макфакс - 02.02.2006

Куала Лумпур Седум лица со проблеми во дишните патишта се хоспитализирани и тестирани во Малезија за утврдување на можно присуство на вирусот Х5Н1, потврди денеска малезиската Влада. “Седум пациенти се примени поради спроведување тестови и одредување на начините на лекување“, изјави малезискиот ...

Кокошка заразена со птичји грип во Австрија

Макфакс - 02.02.2006

Виена Опасниот вирус на птичји грип од типот Х5Н1 денеска е потврден кај угината кокошка во Австрија, јавија агенциите. Ова е прв случај на заразена домашна птица со вирусот на птичји грип во Европската унија. Вирусот кај дивите птици во ЕУ веќе е регистриран во Словенија, Грција, Италија, ...

Тајланд забрани увоз на птици од седум европски држави

Макфакс - 02.02.2006

Бангкок Тајландските власти донесоа забрана за увоз на птици од седум европски држави каде беа регистрирани случаи на птичји грип, за рок од 90 дена, соопшти официјален владин претставник. “Од понеделник, забраната ќе важи за Бугарија, Романија, Германија, Франција, Италија, Австрија и Словенија“, ...

Силна контрола во грчките региони со птичји грип

Макфакс - 02.02.2006

Атина Градот Солун и неговата околина, како и островот Скирос во Егејското море каде беа потврдени случаи на птичји грип од патогената форма Х5Н1 и денеска се под силна контрола. Мерките препорачани од Европската комисија кои предвидуваат воспоставување на заштитна зона во радиус од три километри и ...

Пронајден генот што го прави вирусот на птичјиот грип смртоносен?

Макфакс - 01.02.2006

Вашингтон Научниците можеби се на прагот да откријат што го прави вирусот на птичјиот грип толку смртоносен. Американските научници го пронашле генот за кој претпоставуваат дека од вирусот на птичјиот грип прави убиец. Според американските медиуми, сите вируси на птичјиот грип што ги проучувал ...

Вирусот Х5Н1 идентификуван во Грција

Макфакс - 01.02.2006

Атина Вирусот на птичји грип од типот Х5Н1, кој е потенцијално смртоносен за луѓето е идентификуван во примероците на мртви лебеди пронајдени минатата недела во околината на Солун. Ова денеска го соопшти грчкото министерство за земјоделство, презентирајќи ги резултатите од анализите извршени во ...

Околу 130 лица се заразиле од птичји грип

Макфакс - 01.02.2006

Женева Околу 130 лица се заразиле од птичји грип, а 85 починале, од почетокот на епидемијата во 2003 година, покажаат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Најтешко погоден е Виетнам, каде вирусот Х5Н1 се појави пред две години, и каде се заразени вкупно 93 лица, од кои 42 ...

Уште една мртва птица со вирус Х5 во Грција

Макфакс - 01.02.2006

Атина Уште една дива мртва птица со вирусот Х5 е откриена на островот Скирос во Егејското море, соопшти денеска грчкото министерството за земјоделство. Вирусот е идентификуван во националната лабораторија во Солун, а примероци се испратени во референтната лабораторија во Британија.

Потврдени нови случаи на птичји грип во Германија

Макфакс - 01.02.2006

Берлин Тестовите потврдија 22 нови случаи на птичји грип на германскиот остров Риген во Балтикот, соопшти институтот ‘‘Фридрих-Лефлер’’. Со овие случаи, вкупниот број заразени од птичји грип регистриран кај дивите птици во Германија, главно на Риген, е зголемен на 103.

Кина и испрати на Украина примероци на вакцина против птичји грип

Макфакс - 01.02.2006

Пекинг Кина и испрати на Украина примероци за вакцина против птичји грип, соопштија од украинското министерство за надворешни работи. Според соопштението примероците му биле предадени на украинското министерство за земјоделие со посредство на дипломатското претставништво на Украина во Пекинг.

Почина девојка од птичји грип во Индонезија

Макфакс - 01.02.2006

Џакарта Една 22-годишна девојка почина во Џакарта од последиците на птичјиот грип, изјави денеска портпаролот на болницата. Според истиот извор, заболената била примена во Одделот за заразни болести каде што починала синоќа. ...

Потврден птичји грип и во Унгарија

Макфакс - 01.02.2006

Будимпешта Вирусот на птичји грип H5N1, во високо патоген облик пренослив и на човекот, е регистриран и во Унгарија, кај три угинати лебеди во јужниот дел на државата. Ова, денеска во Будимпешта, го потврди портпаролот на Владата Андрас Батиз.

Вирусот на птичји грип регистриран во Италија

Макфакс - 01.02.2006

Рим Вирусот на птичји грип Х5Н1 пристигна во Италија, соопшти денеска во Рим министерот за здравство Франческо Стораче. Тој, како што јавија агенциите, прецизираше дека се пронајдени 17 мртви лебеди во три различни региони во јужна Италија - Пулија, Калабрија и Сицилија, а кај половината од нив е ...

Птичјиот грип се шири во регионот и светот

Макфакс - 01.02.2006

Скопје Смртоносниот вирус Х5Н1, што уби околу 90 лица во Азија, се повеќе се шири во регионот на Балканот и во светот, како што расте бројот на заразени птици-преселници во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина (БиХ), Република Српска, Грција, Романија, Унгарија, а во Бугарија, една жена вчера ...

Потврден птичјиот грип и во Азербејџан

Макфакс - 01.02.2006

Баку Специјализираната лабораторија во Лондон потврди дека во примероците од мртви птици пронајдени на бреговите на Кaспиското езеро е откриен смртоносниот вирус на птичјиот грип Х5Н1, соопшти денеска азербејџанското Министерство за здравство.

Почина жена со симптоми на птичји грип во Пловдив

Макфакс - 01.02.2006

Софија Жена со симптоми на птичји грип синоќа починала на Инфективната клиника во Пловдив, иако првичните резултати за високопатогениот вирус се негативни, јавија бугарските гласила. Пациентката, која работела во фабрички погон за мелено месо, била хоспитализирана пред три дена со тешка форма на ...

Нови потврдени случаи на птичји грип во Бугарија

Макфакс - 01.02.2006

Софија Три нови потврдени случаи на вирус на птичји грип се откриени кај угинати лебеди во Бугарија, во близина на Варна, соопшти денеска бугарското министерство за земјоделство. Присуството на вирусот на птичјиот грип, H5N1, по анаправените анализи, бил потврден и од референтната лабараторија ...

Птичји грип во Грција, Бугарија, Италија

Макфакс - 01.02.2006

Брисел Присуство на патогениот вирус на птичјиот грип Х5Н1 е регистрирано во Бугарија, Грција и во Италија. Ова денеска го соопшти Европската комисија презентирајќи ги резултатите од анализите извршени во референтаната лабораторија Вејбриџ во Велика Британија.

300 угинати диви патки пронајдени на Крим

А1 - 31.01.2006

На украинскиот полуостров Крим во изминативе три дена се пронајдени над 300 угинати диви патки, кај кои е утврдено присуство на вирусот на птичји грип, јави руската агенција ИТАР-ТАСС. Како што пренесува МИА, најголемиот број од угинатите птици се пронајдени во популарното одморалиште Алушта и во ...

По бомбите, птичји грип

Време - 31.01.2006

ИРАК Ирачкото министерство за здравство вчера соопшти дека девојче од северниот ирачки град Сулејманија починало од смртоносниот вирус Х5Н1, кој ја предизвикува болеста птичји грип. Четиринаесетгодишното девојче Шанјин Абдел Кадер починало во почетокот на јануари.

Помор на диви гуски инфицирани со птичји грип на Крим

Канал5 - 31.01.2006

На украинскиот полуостров Крим во изминативе три дена се пронајдени над 300 угинати диви патки, кај кои е утврдено присуство на вирусот на птичји грип, јави руската агенција ИТАР-ТАСС. Киев, 31 јануари (МИА) - На украинскиот полуостров Крим во изминативе три дена се пронајдени над 300 угинати диви ...

Мерки против птичји грип на грчки Кипар

А1 - 30.01.2006

Властите во јужниот грчки дел на Кипар ги засилија превентивните мерки против евентуално ширење на птичји грип, по регистрираните позитивни тестови за присуство на смртоносниот вид Х5Н1 на болеста во северниот турски дел на островот.

Птичји грип во Бугарија?

Време - 30.01.2006

УГИНАТИ ПТИЦИ Бугарските медиуми викендот шпекулирале дека во земјата се појавил птичји грип откако биле најдени стотина угинати птици во близина на две езера, јави Макфакс. Приодите до Шабленско и до Дуранкулашко Езеро во североисточниот дел на Бугарија бил затворени за граѓани, откако ...