Грчки танкер со 20-член екипаж вчера беше киднапиран од вооружени пирати во близина на Сомалија, јавија светските агенции. Според Меѓународното поморско биро грчкиот брод пловел од југоисточна Азија кон Суецскиот канал, кога доцна синоќа бил киднапиран.
Воените бродови на НАТО ќе ги штитат хуманитарните пратки Будимпешта- Земјите-членки на НАТО денеска се договорија да испратат воени бродови кои ќе ги штитат бродовите кои доставуваат храна за Сомалија.
Товарен брод, кој под знамето на Сомалија пренесувал цемент, синоќа е киднапиран крај бреговите на Сомалија, соопштија властите од самопрогласениот автономен регион Пунтланд во северна Сомалија.
Брод под панамско знаме кој пренесувал цемент беше киднапиран од страна на пирати во водите помеѓу Сомалија и Јемен неколку часа после ослободувањето на јапонскиот танкер, за кој е платен откуп од 1,6 милиони долари, соопштија денеска сомалиски претставници.
Сомалиски пирати ослободија ирански товарен брод по седум неделни преговори, јави иранската агенција „Ирна“. „Сите 29 члена од екипажот се во добри односи и бродот плови кон меѓународните води“, се посочува во соопштението, при што не се наведува дали е платен откуп за ослободување на бродот.
Со резолуција против пиратите Советот за безбедност на ОН ги повика земјите, кои имаат воени бродови во реонот на Африканскиот Рог да помогнат во спречувањето на пиратството крај бреговите на Сомалија.
Советот за безбедност на ОН ги повика земјите кои имаат воени бродови во реонот на Африканскиот рог во борба против пиратството.
Во минофрлачки напад во главниот сомалиски град Могадишу, загинале најмалку 17 лица. Бунтовниците го извршиле нападот на пазарот откако претходно имале неуспешен напад нврз претседателската резиденција јавува Reuters Според изјавата на портпаролот на сомалиската војска, Дахир Херси што ја ...