TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Киднапиран грчки танкер

Вечер Прес - 12.10.2008

Грчки танкер со 20-член екипаж вчера беше киднапиран од вооружени пирати во близина на Сомалија, јавија светските агенции. Според Меѓународното поморско биро грчкиот брод пловел од југоисточна Азија кон Суецскиот канал, кога доцна синоќа бил киднапиран.

Воените бродови на НАТО ќе ги штитат хуманитарните пратки

Утрински - 10.10.2008

Воените бродови на НАТО ќе ги штитат хуманитарните пратки Будимпешта- Земјите-членки на НАТО денеска се договорија да испратат воени бродови кои ќе ги штитат бродовите кои доставуваат храна за Сомалија.

Сомалиските пирати киднапираа нов брод, НАТО испраќа воени бродови

Алсат-М - 10.10.2008

Товарен брод, кој под знамето на Сомалија пренесувал цемент, синоќа е киднапиран крај бреговите на Сомалија, соопштија властите од самопрогласениот автономен регион Пунтланд во северна Сомалија.

Киднапиран брод кој пловел под Панамско знаме

Кирилица - 10.10.2008

Брод под панамско знаме кој пренесувал цемент беше киднапиран од страна на пирати во водите помеѓу Сомалија и Јемен неколку часа после ослободувањето на јапонскиот танкер, за кој е платен откуп од 1,6 милиони долари, соопштија денеска сомалиски претставници.

Сомалиските пирати ослободија ирански товарен брод

Макфакс - 10.10.2008

Сомалиски пирати ослободија ирански товарен брод по седум неделни преговори, јави иранската агенција „Ирна“. „Сите 29 члена од екипажот се во добри односи и бродот плови кон меѓународните води“, се посочува во соопштението, при што не се наведува дали е платен откуп за ослободување на бродот.

Со резолуција против пиратите

Дневник - 09.10.2008

Со резолуција против пиратите Советот за безбедност на ОН ги повика земјите, кои имаат воени бродови во реонот на Африканскиот Рог да помогнат во спречувањето на пиратството крај бреговите на Сомалија.

Светот им објави војна на пиратите

Вечер Прес - 08.10.2008

Советот за безбедност на ОН ги повика земјите кои имаат воени бродови во реонот на Африканскиот рог во борба против пиратството.

Нов минофлрачки напад во Сомалија

Форум - 07.10.2008

Во минофрлачки напад во главниот сомалиски град Могадишу, загинале најмалку 17 лица. Бунтовниците го извршиле нападот на пазарот откако претходно имале неуспешен напад нврз претседателската резиденција јавува Reuters Според изјавата на портпаролот на сомалиската војска, Дахир Херси што ја ...