TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Руските сили остануваат во грузиското пристаниште Поти

А1 - 24.08.2008

Руските сили ќе останат во грузиско пристаниште Поти, што е во согласност со мировниот договор постигнат со посредство на Франција. Ова синоќа во Москва го соопшти заменик-шефот на рускиот генералштаб, генералот Анатолиј Ноговицин.

Грузија:Воз нагазил на мина

Форум - 24.08.2008

Воз кој пренесувал нафтени продукти нагазил на мина во близина на градот Гори, при што најмалку два вагони се запалиле, објавиле грузиските власти, пренесува Асошиејтед Прес. Сеуште немаобјавено информации за евентуални жртви.

Кремљ демантира договор за замена на мировници со ОБСЕ

Кирилица - 24.08.2008

Прес службата на рускиот претседател демантираше дека Дмитриј Медведев и францускиот претседател Никола Сакрози за време на телефонскиот разговор договарале замена на руските мировници со сили на ОБСЕ во зоната на безбедност вон административните граници на Јужна Осетија.

ЦХИНВАЛИ ТВРДИ ДЕКА ГРУЗИЈА ТРУПА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО ЈУЖНА ОСЕТИЈА

Сител - 24.08.2008

ЦХИНВАЛИ ТВРДИ ДЕКА ГРУЗИЈА ТРУПА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО ЈУЖНА ОСЕТИЈА Грузија распоредува воени единици и тешко вооружување на границата со непризнатата република Јужна Осетија, изјави Ирина Гаглоева, претседател на јужноосетискиот Комитет за информации и портапрол на Владата во Цхинвали.

ВОЗ НАЛЕТА НА МИНА ВО БЛИЗИНА НА ГРУЗИСКИОТ ГРАД ГОРИ

Сител - 24.08.2008

- Воз што пренесуваше гориво експлодира. Пругата била минирана и тоа е причина за експлозијата, изјави Шота Уташвили, портпарол на МВР на Грузија. Според АФП, инцидентот се случил западно од градот.

НАТО трупа војски во Црното Море

Вечер Прес - 24.08.2008

Руската војска се повлече од Грузија и се стационира во грузиското пристаниште Поти, црноморската флота без инциденти се врати во Севастопољ, а НАТО го зголемува бројот на военопоморските сили во Црното Море, нагласи во саботата заменик-началникот на рускиот Генералштаб, Антун Ноговицин.

Воз кој превезувал гориво екплодирал во Грузија

Нетпрес - 24.08.2008

Воз кој се движел на релација источна – западна Грузија налетал на мина и експлодирал недалеку од градот Горија, јавуваат светските медиуми. Возот – цистерна превезувал гориво од Азербејџан кое било наменето за европскиот пазар и тоа на главната грузиска пруга.

Руските сили остануваат во грузиско Поти

Макфакс - 24.08.2008

Руските сили ќе останат во грузиско пристаниште Поти што е во согласност со мировниот договор постигнат со посредство на Франција. Ова синоќа во Москва го соопшти заменикот-шеф на рускиот Генералштаб, генералот Анатолиј Ноговицин.

Јужноосетискиот Парламент побара признавање од Русија

Вест - 23.08.2008

МОСКВА, 23 август - Парламентот на Јужна Осетија денеска официјално побара од Русија да ја признае независноста на самопрогласената грузиска република.

Руските сили се повлекоа од Гори

Вест - 23.08.2008

ТБИЛИСИ, 23 август - Руската војска го напушти градот Гори и се повлече во околните реони, изјави вчера претставник на грузискиот Совет за национална безбедност.

Русите ги отстрануваат пунктовите

Утрински - 23.08.2008

Во базата во Црно Море вчера се врати и првиот руски борбен брод ГОРИ - Грузија вчера соопшти дека руските сили ветиле дека ќе се повлечат од грузискиот град Гори до 20 часот и ќе ги отстранат сите контролни пунктови од стратегиски важниот главен пат што минува покрај нив.

Русија тврди дека се повлекла од Грузија, Тбилиси негира

Н.Македонија - 23.08.2008

Москва вчера соопшти дека завршило повлекувањето на руските сили од Грузија, што веднаш беше демантирано од властите во Тбилиси, јави АФП. - Повлекувањето на руските сили мина без инциденти и беше завршено навреме - изјавил во Москва рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков.

ВОЕНАТА СОСТОЈБА ВО ГРУЗИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДО 8 СЕПТЕМВРИ

Сител - 23.08.2008

Грузискиот Парламент на денешната вонредна седница го поддржи предлогот на шефот на државата Михаил Саакашвили за продолжување на воената состојба до 8 септември. Предлогот на Саакашвили беше едногласно прифатен од пратениците.

Сердјуков: Руската војска денеска се повлекува Грузија

А1 - 22.08.2008

Сите руски воени единици, испратени како зајакнување на мировниот контингент во Јужна Осетија по наредба на врховниот командант, рускиот претседател Дмитри Медведев, денеска ќе почнат со повлекување од Грузија.

Русија ќе остави војници во Грузија

BBC - 22.08.2008

Висок руски генерал вели дека Москва има намера да го одржи присуството во Грузија, каде би контролирала територија во која е и автопатот од главниот град Тбилиси кон Црното Море. Во областа е и грузиската главна воздухопловна база Сенаки.

САД ќе и помогнат на Грузија да ја обнови војската

Вест - 22.08.2008

ТБИЛИСИ, 22 август (Ројтерс) - САД ќе и помогнат на Грузија да ја обнови војската после конфликтот со Русија за отцепената Јужна Осетија, изјави вчера генерал на американската армија. "Ќе им помогнеме да се консолидираат бидејќи беа наши партнери во борбата против теророт.

Абхазија и Ј. Осетија бараат признавање од Кремљ

Утрински - 22.08.2008

Абхазија и Ј. Осетија бараат признавање од Кремљ МОСКВА - Претседателот и парламентот на Абхазија вчера упатија барање до Русија да ги признае како самостојна држава.

Ј.ОСЕТИЈА ПОБАРА ПРИЗНАВАЊЕ ОД РУСИЈА

Телма - 22.08.2008

Парламентот на Јужна Осетија денеска официјално побара од Русија да ја признае независноста на самопрогласената грузиска република. Јужноосетиските пратеници ја адресираа молбата до рускиот претседател Дмитри Медведев и до Советот на Руската Федерација - Горниот дом на рускиот Парламент.

РУСИЈА ФОРМИРА ТАМПОН ЗОНИ НА Ј.ОСЕТИЈА И АБХАЗИЈА СО ГРУЗИЈА

Телма - 22.08.2008

РУСИЈА ФОРМИРА ТАМПОН ЗОНИ НА Ј.ОСЕТИЈА И АБХАЗИЈА СО ГРУЗИЈА Генералштабот на армијата на Русија соопшти денеска дека завршило формирањето на зоните на безбедност околу административните граници на Грузија со Јужна Осетија и Абхазија, кои се состојат од 18 набљудувачки пунктови на мировници ...

Руските тенкови се повлекуваат од Гори

Дневник - 22.08.2008

Тенковите го напуштија Гори, но заминаа за Цхинвали Првата колона на руски тенкови и оклопни возила вчера тргна од грузискиот град Гори кон Цхинвали, главниот град на сепаратистичката провинција Јужна Осетија, јавија светските агенции.

Се крши договорот за повлекувањето на Русија од Грузија

Кирилица - 22.08.2008

Денеска истекува рокот за повлекување на руските воени сили од грузиската територија но Русите веќе најавиле дека за повлекувањето ќе им биде потребно уште десет дена. Освен тоа, руските воени сили вчера ги окупирале стратешки најважните грузиски подрачија, јавуваат светските агенции.

РУСИЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЈУЖНА ОСЕТИЈА

Сител - 22.08.2008

Според плановите руските трупи до вечер ќе се повлечат од Грузија. - Руската армија се повлекува од Грузија во однапред определената динамика и нема да го забрза повлекувањето - изјави рускиот генерал Анатолиј Новотин. Сепак руската арамија и натаму ќе го задржи своето воено присуство на теренот.

РУСИЈА ГО ЗАВРШИ ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД ГРУЗИЈА

Сител - 22.08.2008

- Со тоа, руската страна ги исполни своите ветувања од договорот за прекин на огнот, додаде тој. Висок грузиски претсатвник негираше дека Русија го завршила повлекувањето од позиции во Грузија.

Руската војска се повлече од Гори

Вечер Прес - 22.08.2008

Руската војска го напушти градот Гори и се повлече во околните реони, изјави претставник на грузискиот Совет за национална безбедност.

Се оди кон кршење на договорот за денешното повлекување на Русија

Нетпрес - 22.08.2008

Денеска истекува рокот за повлекување на руските воени сили од грузиската територија но Русите веќе најавиле дека за повлекувањето ќе им биде потребно уште десет дена. Освен тоа, руските воени сили вчера ги окупирале стратешки најважните грузиски подрачија.

2.100 јужноосетијци загинале во конфликот, штетата 4 милијарди долари

Нетпрес - 22.08.2008

2.100 јужноосетијци загинале во конфликот, штетата 4 милијарди долари Потпретседателот на собранието на непризнатата Јужна Осетија, Торзан Какојти, денеска изјавил дека во петдневните борби, според прелиминарни податоци на министерството за внатрешни работи, животот го загубиле 2.100 лица, а ...

Папата со донација од 125 илјади долари за бегалците од Јужна Осетија

Нетпрес - 22.08.2008

Папата Бенедик XVI, донира чек со вредност од 125 илјади долари или приближно 84 илјади евра, за бегалците кои ја напуштиле Јужна Осетија, поради конфликтот меѓу Грузија и Русија.

Саакашвили: Русија го лаже светот

А1 - 21.08.2008

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во интервју за „Франс 24“ ја обвини Русија дека го лаже светот дека ја повлекува војската од Грузија. „Русите се обидуваат да го измамат свет.

Руското повлекување од Грузија оди бавно

Вест - 21.08.2008

ТБИЛИСИ (ДПА) - Руската армија ја продолжи окупацијата на две енклави во Грузија, иако официјален Кремљ тврдеше дека ќе ја забрза постапката на повлекување за која рекоа дека веќе ја започнале.

Русија никогаш не сакаше војна

Утрински - 21.08.2008

Не е јасно дали Западот беше свесен за плановите на Саакашвили. Ако оваа воена несреќа беше изненадување за патроните на грузискиот лидер, тоа е класична сторија за манипулација К ритичната фаза на кризата провоцирана од нападот на грузиските сили врз Цхинвали, главниот град на Јужна Осетија, сега ...

Русија заплени големо количество грузиско оружје

Утрински - 21.08.2008

Дел од заробеното оружје оставени во Јужна Осетија ќе и' биде предаден на руската армија, а другото ќе бидат уништено Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - По кратката војна, се наметнува прашањето во каква состојба се наоѓа грузиската армија? Што се однесува до бројноста на војниците, таа го ...

Израелци ја подготвиле Грузија за војна

Дневник - 21.08.2008

Грузиските копнени сили седум години биле обучувани од израелски компании за војната во Јужна Осетија и добивале модерно оружје , тврди најтиражниот израелски весник „Једиот ахронот“.

Абхазија и Јужна Осетија бараат признавање од Русија

Н.Македонија - 21.08.2008

Властите на самопрогласената република Абхазија вчера поднеле барање до Москва да ја признае независноста на овој сепаратистички регион од Грузија.

Руските сили навлегле во градот Поти

Форум - 21.08.2008

Руските сили утрово го блокирале единствениот земен пристап до стратешкиот грузиски поморски град Поти, ден откако Русија вети дека ќе ги повлече своите трупи од територијата на својот сосед.

Итар Тасс: Грузиски мртовци во мраз на “Кока Кола“

Нетпрес - 21.08.2008

Грузиските власти подготвуваат голема провокација, која ќе се случи во следните неколку дена, а можеби и уште утре, објавува руската државна новинска агенција “Итар Тасс“, повикувајќи се на извор од военото разузнавање на Русија.

Руските сили го блокирале влезот во пристаништето Поти

Нетпрес - 21.08.2008

Руските сили денес го блокирале главното грузиско пристаниште, ден пред ветувањето на Русија за повлекување на воените сили од Грузија. Оклопни транспортери и воени камиони го блокирале мостот кон црноморкото пристаниште Поти, а руските војници ископале ровови и ги насмериле минофрлачите кон градот.

: Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски

Макфакс - 21.08.2008

Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, а не и грузиски, соопшти денеска руската војска. „Во безбедносната зона во Јужна Осетија право да исполнуваат миротворна мисија ќе имаат само вооружените сили на руската федерација, кои ги исполнуваат обврските од договорот во 1992 година“, изјави ...

Абхазија ќе побара од Русија независност

А1 - 20.08.2008

Отцепената област Абхазија ќе побара од Москва официјално да ја признае нејзината независност, изјави потпретседателот на абхазискиот парламент Вјачеслав Цугба. Подоцна денеска Парламентот ќе го разгледа текстот на официјалниот документ, подготвен од претседателот Сергеј Багапш.

„За војна се потребни двајца“

BBC - 20.08.2008

За околностите околу грузискиот судир БиБиСи разговараше со Мери Калдор професор на Лондонската школа за економија и политички науки, инаку експерт за Кафказот и конфликтите.

Русите го напуштија Гори

Вест - 20.08.2008

ГОРИ, ГРУЗИЈА, 20 август (Ројтерс) - Колона од руски тенкови и оклопни возила вчера замина од грузискиот град Гори, со што според руски официјални претставници, започна повлекувањето кое го бараше Западот.

АБХБАЗИЈА ПОБАРА ПРИЗНАВАЊЕ ОД РУСИЈА

Телма - 20.08.2008

АБХБАЗИЈА ПОБАРА ПРИЗНАВАЊЕ ОД РУСИЈА Отцепената област Абхазија побара и официјално од Москва да ја признае нејзината независност, изјави потпретседателот на абхазискиот парламент Вјачеслав Цугба, потврдувајќи дека е усвоен официјалниот документ што го подготви претседателот на Абхазија, Сергеј ...

Русија ќе ги признае Абхазија и Јужна Осетија?

Форум - 20.08.2008

Сојузниот совет е подготвен да го признае независниот статус на Јужна Осетија и Абхазија ако тоа го сакаат луѓето од овие републики и ако постои соодветна одлука на рускиот претседател“, рекол Сергеј Миронов.

Горниот дом на рускиот Парламент подготвен е да ја признае независноста на Абхазија и на Јужна Осети

Канал5 - 20.08.2008

Москва, 20 август (МИА) - Горниот дом на рускиот Парламент подготвен е да ја признае независноста на сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија, изјав претседателот на Горниот дом Сергеј Миронов.

Русија ќе ги признае Абхазија и Јужна Осетија

Вечер Прес - 20.08.2008

Горниот дом на рускиот Парламент подготвен е да ја признае независноста на сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија, изјави претседателот на Горниот дом Сергеј Миронов.

Војната во Јужна Осетија однесе 1.492 животи

Нетпрес - 20.08.2008

Во нападите на грузиските сили од 8 август во Јужна Осетија погинале 1.492- ца жители, изјавила денеска претставничката од властите во Цинвали, Ирина Годјолева. Според нејзините зборови бројот на загинатите се однесува на главниот град на Јужна Осетија и предградијата.

ЕУ: Безбедносната ситуација во Грузија се подобрува

Нетпрес - 20.08.2008

Безбедносната ситуација во Грузија од ден во ден се подобрува, но меѓународните хуманитарни работници се уште немаат пристап во отцепената грузиска покраина Јужна Осетија, соопштуваат денес претставниците на Европската унија.

Русите го диктираат темпото, Западот нервозен

Нетпрес - 20.08.2008

Неколку десетици воени камиони денеска од Грузија заминале за Русија, со што е означен почеток на сериозно повлекување на руските воени сили од кризните региони.

Рускиот сенат подготвен да ги признае Абхазија и Јужна Осетија

Макфакс - 20.08.2008

Горниот дом на рускиот Парламент в понеделник ќе расправа за признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија, пренесуваат руските медиуми. Претседателот на рускиот Сенат Сергеј Миронов веќе најави дека властите се подготвени да ги признаат двете одметнати грузиски територии.

Грузија го блокираше пристапот до руските сајтови

А1 - 19.08.2008

Грузиските власти го блокираа пристапот до повеќето руските гласила и Интернет сајтови по избивањето на конфликтот во Грузија. Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не смее да им се дозволи на руските медиуми да го “плашат народот” на Грузија.

НАТО: „Време е Русија да си го одржи зборот“

BBC - 19.08.2008

НАТО соопшти дека се' додека руските единици не се повлечат од Грузија, невозможно е да се воспостават нормални односи со Москва.

Руската војска се повлекува, вонредна состојба во Јужна Осетија

Време - 19.08.2008

Руската војска се повлекува, вонредна состојба во Јужна Осетија Руската војска почна да се повлекува од Грузија, изјави генералот во руската армија Анатоли Ноговитцин, јави „Си-Ен-Ен“.

Русија почна да се повлекува од Грузија

Вест - 19.08.2008

МОСКВА/ТБИЛИСИ/КУРСК, 19 август (ДПА/Ројтерс) - Руските сили почнаа со повлекување од Грузија со првиот конвој возила кој тргна од главниот град на Јужна Осетија, Цхинвали, објави вчера руската државна новинска агенција "РИА новости".

Јужна Осетија сака руски бази

Утрински - 19.08.2008

Генералштабот на руската армија е подготвен во Јужна Осетија да направи база ако добие наредба од Кремљ Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Јужна Осетија ќе ја замоли Москва да размести свои воени бази на нејзина територија.

Добри и лоши момци

Утрински - 19.08.2008

Косово може – Јужна Осетија не. Тибеќанците во Кина имаат право, но Курдите во Турција – не. Баскијците се сепаратисти, оние во Јужен Судан се – борци за слобода.

Зошто Белград молчи?

Утрински - 19.08.2008

Војната во Грузија ја релативизира, дури и обрезвреди руската поддршка на Србија околу Косово. Затоа во Белград се молчи за неа БЕЛГРАД - Српската официјална државна политика одвај и ја „забележа“ краткотрајната војна во Грузија.

Руските трупи се повлекуваат од Цхинвали

Дневник - 19.08.2008

Првите конвои на руската војска вчера почнаа да го напуштаат Цхинвали, главниот град на Јужна Осетија, и се упатија кон Владикавказ , јавуваат руските медиуми.

Русија: Се повлекуваме Грузија: Не е точно

Н.Македонија - 19.08.2008

Генералштабот на руската армија вчера соопшти дека почнало повлекувањето на војската од територијата на Грузија во согласност со мировниот договор, но грузиските власти тврдат дека нема знаци за повлекување на руските сили, јави АФП.

Постои ли паралела меѓу Косово и Ј.Осетија?

Форум - 19.08.2008

Западните земји се залагаат за зачувување на територијалниот интегритет на Грузија, а Русија го поддржува правото на Абхазија и Јужна Осетија на самоопределување.

Грузија го блокираше пристапот до руските гласила

Макфакс - 19.08.2008

Грузиските власти го блокираа пристапот до повеќето руските гласила и Интернет сајтови по избивањето на конфликтот во Грузија. Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не смее да им се дозволи на руските медиуми да го “плашат народот“ на Грузија.

Русија вели дека „отстапува“ од Грузија

BBC - 18.08.2008

Има несогласување меѓу Русија и Грузија за тоа дали почнало отстапување на рускиата војска од од Грузија. Грузиски претставници велат дека нема докази дека руските војници ја напуштаат ниваната територија.

Русија најави повлекување, во Абхазија продолжуваат судирите

Време - 18.08.2008

Русија најави повлекување, во Абхазија продолжуваат судирите Русија в понеделник ќе почне да го повлекува воениот контингент кој беше испратен во поддршка на мировниците во зоната на грузиско-јужноосетискиот конфликт, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев во телефонскиот разговор со ...

Сепаратистите зазедоа 13 грузиски села

Време - 18.08.2008

Абхазиските сепаратистички бунтовници, со поддршка на руските сили, денеска зазедоа 13 грузиски села и една хидроцентралата во близина на територијата на Абхазија, соопшти вчера грузиското Министерство за надворешни работи.

Русија денеска ќе почне да се повлекува од Грузија

Вест - 18.08.2008

ГОРИ/ПАРИЗ, 18 август (Ројтерс) - Руските трупи почнаа да се регрупираат околу градовите во централна Грузија, објави вчера Тбилиси, што е чекор напред од она што Западот очекува дека ќе биде брзо повлекување од црноморската држава.

Кратката војна на Кавказот изеде милијарди

Утрински - 18.08.2008

На кого му штетеше, а на кого му користеше војната во Грузија? Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Претставник на рускиот Генералштаб генерал-полковникот Анатолиј Ноговицин пред странските новинари изјави дека во Грузија нема повеќе престрелки и дека воената операција и дефинитивно е ...

Грузиските шпиони обвинети за воениот пораз

Утрински - 18.08.2008

Во Гори, градот во кој е роден Сталин, Американците изградија современ центар за радиоелектронска борба МОСКВА - За воениот пораз на Грузија во кратката војна против 58-та руска армија воените аналитичари сега се погласно ја критикуваат грузиската разузнавачка служба која не направила објективни ...

Шредер ја обвини Грузија за борбите

Утрински - 18.08.2008

Не верувам дека Русија води политика на анексија и дека ќе има враќање на претходниот статус во Јужна Осетија и Абхазија Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ја обвини Грузија за поттикнување на непријателства со Москва и навести дека нејзините отцепени региони не можат да останат дел од ...

ЧАВЕЗ: "СААКАШВИЛИ Е АМЕРИКАНСКА МАРИОНЕТА"

Телма - 18.08.2008

Русија го стори тоа што морапе да го направи и да возврати на агресијата од страна на Грузија врз Јужна Осетија, изјави Чавез објаснувајќи дека САД ја вооружуваа Грузија со цел да се ослаби Русија која во последно време забрзано се исправа на светската сцена.

ЗАПОЧНА ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ВОЈСКИ ОД ГРУЗИЈА И Ј. ОСЕТИЈА ?

Телма - 18.08.2008

ЗАПОЧНА ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ВОЈСКИ ОД ГРУЗИЈА И Ј. ОСЕТИЈА ? Руската војска почна да се повлекува од административниот центар на Јужна Осетија, јавија руските медиуми. Се уште нема официјална потврда од руски воени извори за повлекувањето на армијата.

Русите подготвени за повлекување од Јужна Осетија

Дневник - 18.08.2008

Руското Министерство за одбрана демантира дека руската војска почнала да се повлекува од Јужна Осетија. Во соопштението се наведува дека се подготвува повлекување, но оти се' уште не почнало.

Русија најави повлекување

Н.Македонија - 18.08.2008

Рускиот претседател Дмитриј Медведев во телефонски разговор со својот француски колега Никола Саркози изјавил дека руските сили од денеска ќе почнат да се повлекуваат од територијата на Грузија, јави АФП.

Руските ракети во Осетија кон Грузија

Форум - 18.08.2008

синоќа е објавено дека руската армија во Јужна Осетија поставила неколку лансирни рампи за ракетите од типот „СС-21“ кои се насочени кон грузискиот главен град Тбилиси Информација што ја пренесува „ The New York Times “, е добиена од американските разузнавачки служби, при ...

Русија сепак се повлекува?

Форум - 18.08.2008

Како што беше потпишано со договорот за примирје, Русија почнала да ги повлекува своите единици од Грузија. Тоа денеска го изјавил заменикот началник на генерал-штабот на руската армија Анатолиј Ноговицин.

Русите ја напуштаат Грузија

Кирилица - 18.08.2008

Според најавата на претседателот на Русија Дмитриј Медведев , руските сили денеска би требало да почнат да се повлекуваат од Грузија, но како што најави, војската би можела да остане во Јужна Осетија.

Вонредна состојба во Јужна Осетија

Кирилица - 18.08.2008

Претседателот на грузиската сепаратистичка проруска република Јужна Осетија Едуард Кокојти ја сменил владата и прогласил вонредна состојба, пренесуваат агенциите.

СААКАШВИЛИ ПОБАРА ПРЕГОВОРИ СО РУСИЈА

Сител - 18.08.2008

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска повика на преговори со Русија со цел да се избегне опасноста од прекин на односите меѓу двете земји. Саакашвили во телевизиското обраќање нагласи и дека „итно треба да се повлечат окупациските сили од Грузија“.

РУСКАТА АРМИЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ГРУЗИЈА

Сител - 18.08.2008

По 12 дневната жестока офанзива, руските трупи започнаа со повлекувањето од Грузија. Според воените планови Русија ќе повлече одреден број на воените сили кои пред 12 дена беа испратени да ја спречат грузиската офанзива во Јужна Осетија но не и целиот воен контигент чиј одреден број сепак ќе остане ...

РУСИЈА ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТИ ГРУЗИЈА

Сител - 18.08.2008

Руските сили треба неодложно да се повлечат од Грузија, изјави портпаролот на Белата куќа Гордон Џондроу. - Русите рекоа дека нивното повлекување ќе започне денеска попладне. Ќе продолжиме одблизу да ги следиме руските дејствија во Грузија, за да добиеме потврда за нивното повлекување, рече Џондроу.

Русиja распоредува софистицирани ракетни системи во Јужна Осетија

Нетпрес - 18.08.2008

Русија распоредува неколку оперативно-технички ракетни системи “точка“ во Јужна Осетија и ги дислоцирала дел од своите воени сили во бази во близина на зоната на конфликт со Грузија, објавува американскиот весник “Њујрок Тајмс“.

Герхард Шредер ја обвинува Грузија за распламтување на конфликтот во Кавказот

Нетпрес - 18.08.2008

Бившиот канцлер на Германија, Герхард Шредер, ја обвинил Грузија за распламтувањето на конфликтот во Кавказот. Во интервју за германскиот неделник “Шпигел“, Шредер го нарекол грузискиот претседател Михаил Саакашвили авантурист и додал дека навлегувањето на грузиските војски во Јужна Осетија е ...

Кокојти: Ќе барам од Москва да направи воена база во Јужна Осетија

Нетпрес - 18.08.2008

Лидерот на Јужна Осетија Едвард Кокојти, денеска изјавил дека ќе бара од Москва да направи воена база на територијата на сепаратистичката област.

Претседателот на Јужна Осетија ја распуштил владата и прогласил вонредна состојба

Нетпрес - 18.08.2008

Претседателот на Јужна Осетија, денеска ја распуштил владата и прогласил вонредна состојба. Одлуката ја донел само неколку дена по потпишувањето на мировниот план во шест точки, меѓу Русија и Грузија, а со посредништво на Европската унија.

Руската војска денеска се повлекува од Грузија

Макфакс - 18.08.2008

Руската војска денеска околу пладне ќе започне да се повлекува од Грузија, соопшти рускиот претседател Дмитриј Медведев. Оваа одлука, Медведев му ја соопштил на францускиот претседател Никола Саркози во телефонски разговор, во неделата.