TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Молк по средбата Црвенковски - Груевски

А1 - 30.03.2008

Средбата на македонскиот државен врв, на која требаше да биде изграден конечниот став за последниот предлог на Нимиц, заврши без да биде соопштено каков бил исходот. Според извори на А1, утре ќе биде издадено официјално соопштение за заклучоците на средбата.

Закажана средба Црвенковски - Груевски

А1 - 30.03.2008

Предлогот Република Македонија (Скопје) уште еднаш ќе биде ставен на маса на разговорите меѓу државно владиниот врв. Претседателот и Премиерот, вечерва го градат конечниот став пред утрешната собраниска дебата на која ќе опипува пулост меѓу пратениците околу последната понуда на медијаторот Нимиц.

Вечерва нова средба Црвенковски - Груевски за предлогот на Нимиц

Канал5 - 30.03.2008

Црвенковски, Груевски, Милошоски, Димитров на нова средба – на два дена до НАТО државниот врв треба да усогласи единствен став за последниот предлог на Нимиц. Граѓаните на референдум да кажат дали се за последниот предлог на Нимиц – тоа според кабинетот на Груевски е позицијата со која настапува ...

Грција притиска во деновите што преостануваат до Букурешт

Канал5 - 30.03.2008

Владата во Атина бара излез од неповолната ситуација во која ја доведе последниот предлог на Метју Нимиц. Го продолжува јавниот и дипломатскиот притисок медијаторот да прифати дел од грчките забелешки и да ја модифицира својата понуда од Њујорк.

В понеделник собраниска расправа за предлогот на Нимиц

А1 - 29.03.2008

В понеделник Собранието ќе расправа за прифаќање на последниот предлог на Нимиц, со кој референцата ПЈРМ ќе биде заменета со „Република Македонија (Скопје)“. Јавноста во изминатите неколку денови главно позитивно гледа на новиот предлог.

Самитот во Брдо не донесе разрешница за името

А1 - 29.03.2008

Заврши самитот во Брдо, без разрешница на спорот за името, но со одличен заклучок за европските перспективи на Македонија. Милошоски и Бакојани поразговарале на нога во некој од ходниците на конгресниот центар. Неофицијални извори велат дека грчко-македонските релации во наредните денови можат да ...

Бакојани нема да се сретне со Милошоски

Вест - 29.03.2008

Средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, најверојатно, нема да има, на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Европската унија, кој започна вчера во Словенија. Според неофицијални извори, шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани одбила да се сретне со ...

Бакојани одби да се сретне со Милошоски

Време - 29.03.2008

И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ЗА РАЗГОВОРИ ВО СЛОВЕНИЈА Горан Петрески, специјален известувач од Словенија Дора Бакојани, министерката за надворешни работи на Грција, вчера одби да се сретне со шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, во рамките на дводневната министерска средба на земјите на ...

Република Македонија (Скопје) - конечен одговор

Вест - 29.03.2008

ДРЖАВНИОТ ВРВ УСОГЛАСИ СТАВ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ, В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ РАСПРАВА ПАРЛАМЕНТОТ Државниот врв за конечен го смета предлогот Република Македонија (Скопје) за меѓународна употреба, напишано на латиница, а за дома уставното име, напишано на кирилско писмо, и за него може да расправаат ...

Република Македонија (Скопје) е нашата црвена линија

Време - 29.03.2008

МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ИЗГРАДИЈА СТАВ ЗА ИМЕТО Елизабета Галевска Македонскиот државен врв го смета најновиот предлог на посредникот Метју Нимиц за конечен, а дали е тој прифатлив за Македонија ќе решава Собранието, најверојатно, на следната седница, веќе в понеделник.

Две третини од граѓаните веруваат во прием во НАТО

Утрински - 29.03.2008

Одговори на испитаниците на прашањето: Ако стане неизбежна промената на името кое име од овие е најприфатливо за вас? Најголем број од граѓаните на Република Македонија во овој момент веруваат дека ќе се најде решение за името и дека ќе добиеме покана за НАТО.

Викендов трескавично ќе се усогласуваат ставовите за пакетот на Нимиц

Утрински - 29.03.2008

Различни ставови на претседателот и на премиерот. Груевски бара собраниско изјаснување за референдум Соња Крамарска Жаклина Хаџи-Зафирова Од државниот врв вчера пристигнаа две спротивставени изјави околу најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Грција бара решението за името да го носи печатот на ООН

Утрински - 29.03.2008

Дора Бакојани му порачува на „скопскиот народ“ дека Грција е добар, многу добар сосед „Последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц ги презентира само основните позиции чии детали ќе бидат предмет на преговори откако Грција ќе каже „да“ за приемот на Македонија во НАТО, констатираше вчера грчкиот ...

ДОМ и СПМ не го прифаќаат предлогот на Нимиц

Дневник - 29.03.2008

Социјалистичка партија и Демократска обнова на Македонија, партии што се дел од владината коалиција, вчера соопштија дека не го прифаќаат предлогот за меѓународното име на нашата земја на посредникот Метју Нимиц Предлогот не е ниту едноставен ниту позитивен за Република Македонија, како што во ...

За името ќе реши Собранието

Дневник - 29.03.2008

Ако некој каже дека референдумот ќе биде пречка, за предлогот на Нимиц ќе се гласа во Собранието, најави премиерот Груевски Република Македонија го смета за конечен последниот предлог на Метју Нимиц за решавање на спорот за името, а градењето конечен став за него ќе продолжи деновиве и најверојатно ...

Бакојани одби средба со Милошоски

Дневник - 29.03.2008

Решение за името прифатливо за двете страни ќе овозможи добрососедски односи, се вели во пораката што вчера до македонскиот народ ја упати шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Пораката ја упати кога одби нова средба со својот македонски колега Антонио Милошоски.

Грчкото столче остана без ногарки

Дневник - 29.03.2008

Пред да се потпише нов договор, мора да се провери добро дали во убавиот дрвен коњ има скриени грчки војници, кои некогаш непријатно ќе не' изненадат со нови барања за нови концесии и за нови отстапки . Тоа историјата нема да ни го прости На последната рунда разговори за името пред самитот на НАТО ...

Референдум за името – ВМРО-ДПМНЕ инсистира да одлучат граѓаните

Канал5 - 29.03.2008

Пратениците на ВМРО - ДПМНЕ најавуваат дека ќе направат се што е во нивна моќ за да не дозволат за прашањето за името да бидат надгласани во парламентот. Ваквиот став е донесен на вчерашната седница на извршниот комитет на партијата.

Грција продолжува со притисокот Нимиц да понуди ново решение

Канал5 - 29.03.2008

Со проценка дека ќе биде многу тешко да се најде решение за името до самитот на НАТО, грчката министерка Дора Бакојани притиска медијаторот Метју Нимиц да излезе со нов предлог во наредните денови. Со проценка дека ќе биде многу тешко да се најде решение за името до самитот на НАТО, грчката ...

Грција не верува оти ќе биде најдено решение за спорот со името на Македонија пред средбата на НАТО

Канал5 - 29.03.2008

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани изјави денеска дека „решение за спорот со името на Македонија со сигурност нема да биде најдено пред средбата на врвот на НАТО на 2-4 април во Букурешт“, соопштија европски дипломати, јави АФП.

Грците ги испукаа своите куршуми, нам ни остана уште еден

Вечер Прес - 29.03.2008

Со одбивањето на предлогот на Нимиц, Грција ја затвори привремената спогодба од 1995 година. В понеделник, Македонија ќе се изјасни дека последениот предлог е добра основа за решение, што не значи дека формално и официјално се прифаќа По 15 години преговори со Грција последниот предлог за името на ...

Самитот на НАТО не е краен рок за решавање на спорот со името

Вечер Прес - 29.03.2008

Самитот на Алијансата не е краен рок за решавање на проблемот со името со Македонија и преговорите можат да продолжат и потоа, вели грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани во интервјуто за новинската агенција Асошиејтед прес (АП).

САД изненадени од одлуката на Бакојани

А1 - 28.03.2008

САД се изненадени од одлуката на Дора Бакојани да ја откаже средбата со нејзиниот македонски колега Антонио Милошоски во Словенија и бара двете страни да вложат максимални напори во наредните денови, да најдат прифатливо решение за името.

Бакојани: Преговори до решение прифатливо за двете страни

А1 - 28.03.2008

Ќе продолжиме со процесот на преговори додека не најдеме решение прифатливо за двете страни, вели во интервјуто за А1 Дора Бакојани, министер за надворешни работи на Грција. Кој е грчкиот став за последниот предлог на посредникот Нимиц? Еден од последните предлози на господин Нимиц веќе доби ...

Македонија последниот предлог го смета за конечен

А1 - 28.03.2008

Последниот предлог на медијаторот Нимиц, по синоќешниот детален брифинг од страна на преговарачот Димитров, државниот врв го смета за конечен, но консултациите околу неговото изјаснување ќе продолжат деновиве, заклучно со собраниската седница во понеделник, изјави по лидерската средба министерот ...

Сепак, Македонија

Вест - 28.03.2008

ЦРВЕНКОВСКИ И ГРУЕВСКИ ПРЕД ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА ПРЕСВРТ ВО СПОРОТ СО ГРЦИЈА Што и да е одговорот на Грција по последниот предлог на Нимиц, Македонија мора да го зададе решителниот удар и да ја преземе играта, велат дипломатски извори Македонскиот државен врв има историска шанса за пресврт во спорот ...

Ако само Грција го одбие предлогот, во ОН се враќа уставното име

Вест - 28.03.2008

Ако Македонија го прифати последниот предлог на Метју Нимиц, а Грција дефинитивно го одбие, спорот за името ќе се решава билатерално меѓу Скопје и Атина, велат собраниски извори. Во тој случај медијаторот Нимиц ќе го извести Советот за безбедност дека решение за името не е постигнато поради грчкото ...

Груевски воздржан, малите партии се "за"

Вест - 28.03.2008

Премиерот Никола Груевски вчера беше воздржан околу последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името со Грција и покрај инсистирањето на опозицијата во Собранието да се изјасни Премиерот Никола Груевски вчера беше воздржан околу последниот предлог на медијаторот Метју ...

Македонија денес мора да изреагира најдобро

Утрински - 28.03.2008

Државното раководство синоќа во проширен состав го анализираше најновиот предлог на Нимиц Соња Крамарска Вториот ден откако посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, достави нов предлог за компромисно решение во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, во политичкиот и државниот врв на ...

Време за компромис

Утрински - 28.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Димитар Чулев Не е добро што Атина во старт го проблематизираше како неприфатлив последниот предлог на Метју Нимиц за компромисно име, со што би се ставил крај на 17-годишниот спор, а би се отворил патот на Македонија кон НАТО.

Државниот врв пали зелено светло за предлогот на Нимиц?

Дневник - 28.03.2008

Имаме избалансиран предлог за името, со кој се задоволуваат и македонските и грчките барања, оценуваат експерти , интелек -туалци, политички лидери во земјава Експерти, интелектуалци, политички лидери во земјава се расположени да се прифати последниот предлог на посредникот Метју Нимиц, според кој ...

Грција се надева на нов предлог од Нимиц

Канал5 - 28.03.2008

Атина се надева на нов предлог од медијаторот Нимиц во кој ќе бидат вклучени забелешките на последното решение кои на Нимиц му ги достави медијаторот Василакис - грчките медиуми најавуваат нова средба на медијаторот со преговарачите за викендов најдоцна в понеделник и ја претставуваат како последна ...

Граѓаните се оптимисти дека ќе се најде решение за името и дека Македонија ќе добие покана за НАТО

Канал5 - 28.03.2008

Ова го покажува анкетата на агенцијата Рејтинг направена минатата недела непосредно пред добивањето на последниот предлог од медијаторот Нимиц. На прашањето - дали во овој момент верувате дека ќе се најде решение за името и ќе добиеме покана за НАТО - 75 проценти од анкетираните одговориле дека ...

Бакојани: Взаемно прифатливо решение за името ќе придонесе за подобри односи меѓу Скопје и Атина

Канал5 - 28.03.2008

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, зборувајќи пред Парламентот во Атина, упати порака до жителите на Македонија нагласувајќи дека „взаемно прифатливо решение на спорот за името ќе придонесе за подобри односи меѓу двете земји“, јави грчката агенција АНА-МПА.

Почна средбата на државниот и политичкиот врв за предлогот на Нимиц

Канал5 - 28.03.2008

Лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ, Никола Груевски, Радмила Шекеринска, Мендух Тачи и Али Ахмети, денеска во Клубот на пратениците разговараат за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за надминување на разликите со Грција околу употребата на ...

Државниот врв го смета последниот предлог на Нимиц за конечен

Канал5 - 28.03.2008

Ваквиот став ќе треба да го верификува и Парламентот на седница в понеделник – ставот по неколкучасовно заседание го соопшти министерот за надворешни работи Милошоски. Според владини извори усогласувањето на ставот околу предлогот на Нимиц оди мачно и тешко – зашто имало принципиелни разлики – ...

Грција не сака средба Милошоски - Бакојани

Канал5 - 28.03.2008

Неизвесно е дали на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Словенија ќе дојде до средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Антонио Милошоски и Дора Бакојани, објавуваат денеска медиумите во Грција.

Секое истрчување за името е контрапродуктивно

Вечер Прес - 28.03.2008

Секое истрчување во однос на преговорите со Грција околу името може да биде контрапродуктивно, предупреди премиерот Никола Груевски, по последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц. На вчерашната собраниска седница посветена за пратенички прашања, тој не коментираше за предлогот Република ...

Република Македонија (Скопје) води кон вето?!

Вечер Прес - 28.03.2008

Негативниот грчки одговор за последниот предлог на Нимиц, пристигна во Њујорк. Грчкиот преговарач Василакис го известил медијаторот дека Атина е назадоволна од последното понудено решение и му ги пренел забелешките, барајќи предлогот да претрпи корекции.

„Та неа“: Атина ги врачи забелешките за предлогот

А1 - 27.03.2008

Грчкиот преговарач во спорот со Македонија, Василакис, ги предал своите забелешки на посредникот Нимиц во врска со неговиот предлог до двете страни којшто го вклучува името „Република Македонија (Скопје)“ како варијанта за уредување на спорот за името, пишува денеска атинскиот весник „Та неа“.

Нема шизик без ризик

Вест - 27.03.2008

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ НА ПОТЕГ ОТКАКО НИМИЦ ДАДЕ ЕДЕН ПРЕДЛОГ ЗА МЕЃУНАРОДНО ИМЕ Посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, на завчерашната средба во Њујорк на маса ставил едно предлог-решение за името со географска одредница.

Грчко НЕ за Република Македонија - Скопје

Време - 27.03.2008

НА ПОСЛЕДНАТА РУНДА ОД ПРЕГОВОРИТЕ ВО ЊУЈОРК „Република Македонија - Скопје“ е новото предлог-име за меѓународна употреба за Македонија, што на последната рунда од преговорите завчера во Њујорк, на македонските и на грчките преговарачи им го понудил посредникот Метју Нимиц, тврдат неофицијални ...

Атина разочарана од најновиот предлог

Утрински - 27.03.2008

Министерката Дора Бакојани изјави дека предлогот на Метју Нимиц е далеку од целите на Грција Атина - „Република Македонија (Скопје)“ е името што медијаторот Метју Нимиц го предложил на вчерашната рунда македонско-грчки преговори во седиштето на ОН во Њујорк, објавија вчера медиумите во Грција ...

Сите го охрабруваат Груевски да го прифати предлогот на Нимиц

Утрински - 27.03.2008

Македонија не е во позиција да покажува мускули, мора да има мудрост да не ги прекине преговорите Оливера Војновска Македонија не смее да ја прокоцка шансата во Букурешт за влез во НАТО и со одредени корекции да го прифати последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц „Република Македонија ...

Метју Нимиц предложи „Република Македонија (Скопје)“

Утрински - 27.03.2008

Медијаторот изјави дека со новиот предлог не биле одушевени ниту Атина ниту Скопје Доколку спорот остане до почетокот на самитот на НАТО, тогаш одлуката ќе биде донесена во Букурешт, изјави портпаролот на Белата куќа, Дена Перино Од нашиот известувач Борис Георгиевски Вашингтон - Медијаторот Метју ...

Груевски резервиран – сака референдум

Утрински - 27.03.2008

Средба на претседателот и премиерот околу новиот развој на настаните Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски вчера попладне се состанаа да го разгледаат најновиот предлог на посредникот од ОН, Метју Нимиц, за решавање на спорот околу името меѓу нашата земја и соседна Грција.

Бакојани: Новиот предлог е далеку од целите на Грција

Дневник - 27.03.2008

Новиот предлог на Метју Нимиц е далеку од целите на Грција, изјави министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани. Таа ја даде изјавата по седница на владина комисија на која ги извести колегите за предлогот за името на Македонија од специјалниот посредник на ОН.Запрашана дали предлогот е ...

Последен предлог Republic of Macedonia (Skopje)

Дневник - 27.03.2008

Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса, бидејќи е фер предлог, кој не го загрозува македонскиот идентитет, а го отвора патот на земјата во НАТО, велат дипломати во ОН Republic of Macedonia (Skopje) е последниот предлог што посредникот на ОН, Метју Нимиц, завчера во Њујорк им го доставил на ...

Нова средба на државниот врв за предлогот на Нимиц

Канал5 - 27.03.2008

Државниот врв вечер на нова средба во кабинетот на македонскиот претседател ќе го гради ставот за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за надминување разликите со Грција околу употребата на уставното име на Република Македонија.

Груевски ги информира лидерите на парламентарните партиите за предлогот на Нимиц

Канал5 - 27.03.2008

Премиерот Никола Груевски вчера го достави предложеното решение од медијаторот Метју Нимиц до лидерите на политичките партии во Собранието на Република Македонија, соопшти денеска владиниот портпарол Ивица Боцевски. Скопје, 27 март (МИА) - Премиерот Никола Груевски вчера го достави предложеното ...

Милованович: Ме храбри се појасната атмосфера во јавноста за изнаоѓање разумно решение за името

Канал5 - 27.03.2008

Ме храбри се појасната атмосфера во јавноста за изнаоѓање разумно решение за името – и државниот врв треба да биде охрабрен од тоа – амбасадорката Милованович во ексклузивно интервју за Канал 5. - Имате интензивна комуникација со македонските власти и со другите релевантни политички фактори во ...

„Та неа“: Атина ги врачи своите забелешки на Нимиц во врска со предлогот за име на Македонија

Канал5 - 27.03.2008

Грчкиот преговарач во спорот за името на Македонија Адамандиос Василакис ги предал своите забелешки на посредникот на ОН Метју Нимиц во врска со неговиот предлог до двете страни кој што го вклучува името „Република Македонија (Скопје)“ како варијанта за уредување на спорот за името, пишува денеска ...

Вечерва Македонија ја носи одлуката дали ќе го прифати последниот предлог на Нимиц

Канал5 - 27.03.2008

Државниот врв се состанува за да изгради конечен став – го прифаќа ли последниот предлог на медијаторот Нимиц за Република Македонија (Скопје) како име кое би се користело во меѓународната комуникација. И додека во Владата решија да молчат пред вечерашниот состанок – дел од коалиционите партнери на ...

Поканата за НАТО за Република Македонија (Скопје)?!

Вечер Прес - 27.03.2008

Засега нема детали како, во која форма и транскрипција би се употребувало ова име. Неофицијалните информации се дека името, веројатно, ќе биде испишано на кирилица со англиска транскрипција. Но, она што речиси е извесно дека поканата во Букурешт ќе биде под ова име Република Македонија (Скопје) е ...

Предлогот на Нимиц побалансиран од претходните

А1 - 26.03.2008

Предлогот Република Македонија (Скопје) во англиска верзија за меѓународна употреба, овде во САД се смета за многу поповолен за Македонија отколку претходните, дадени во Виена и Атина. Според американски извори, ова е добра шанса Македонија да го зачува своето достоинство и со влезот во НАТО да ја ...

Нимиц предложи формула за решавање на спорот

А1 - 26.03.2008

Метју Нимиц вчера на Македонија и на Грција им предложи формула за решавање на спорот. Во документот на Нимиц што ви го обелоденуваме стои: Домашно име: Република Македонија, за домашна употреба на кирилско писмо. Меѓународно име: Република Македонија (Скопје) во aнглиска верзија, што значи ...

Бакојани: Предлогот е далеку од целите на Грција

А1 - 26.03.2008

Република Македонија (Скопје) е предлогот што медијаторот им го предложил на преговарачите. Весникот „Та Неа“ цитирајќи високи дипломатски извори, пишува дека најверојатно овој предлог на Нимиц, што бил ставен на маса на синоќешните разговори во Њујорк, е конечен, а кумот е САД.

Маратонот за името блиску до целта

Време - 26.03.2008

ПОЧНА КЛУЧНАТА РУНДА ОД ПРЕГОВОРИТЕ ВО ЊУЈОРК Горан Момировски, специјален известувач од Њујорк Преговарачите на Македонија и на Грција веќе три дена се во интензивни, полутајни преговори со медијаторот Метју Нимиц, на кои се договараат деталите за клучната рунда од преговорите, која требаше да ...

Во Њујорк се бара компромисно решение за името

Утрински - 26.03.2008

Доколку Грција стави вето на приемот на Македонија во Алијансата, Скопје ќе ги прекине преговорите Димитар Чулев „Се' уште има мала надеж да се постигне договор за името пред самитот на НАТО“, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во интервју за агенцијата Асошиетед прес 24 ...

Македонија подготвена за разумен компромис

Дневник - 26.03.2008

Подготвени сме да разгледаме нешто што го сметаме за достоинствено, разумно и што не ги поткопува нашите основни права и идентитет,изјави министерот Милошоски за Асошиејтед прес Ако Грција стави вето на приемот на Македонија во НАТО, ние ќе ги прекинеме преговорите, изјави министерот за надворешни ...

Предлог на Нимиц: Република Македонија (Скопје)

Канал5 - 26.03.2008

Република Македонија во заграда Скопје со превод на англиски јазик – Republic of Macedonia (Skopje) е предлогот на медијаторот Нимиц за таканаречено “официјално меѓународно име” на земјава, дознава Канал 5 од дипломатски извори. Тоа име би се користело во меѓународната комуникација.

Новиот предлог на Нимиц е далеку од целите на Грција

Канал5 - 26.03.2008

Новиот предлог на Нимиц е далеку од целите на Грција - преговарачкиот процес продолжува - изјави грчката министерка за надворешни Дора Бакојани по седницата на владина комисија на која Бакојани ги информирала министрите за исходот на вчерашните преговори во Њујорк.

Македонската позиција за предлогот на Нимиц ќе се дефинира по враќањето на Димитров од САД

Канал5 - 26.03.2008

Претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски попладнево во кабинетот на шефот на државата го разгледаа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за надминување разликите со Грција околу употребата на уставното име на Република ...

“Што ако Грците го одбијат предлогот?“, како размислуваат македонските експерти

Канал5 - 26.03.2008

Македонскиот државен врв треба да го прифати последниот предлог на медијаторот Нимиц за компромисно име смета Слободан Чашуле – македонската позиција треба да биде независна од Грција, која може и да го отфрли предлогот вели Чашуле. Во таква ситуација притисокот за компромис ќе падне врз Грција.

Преговорите за името централна тема на денешниот грчки печат

Канал5 - 26.03.2008

„Република Македонија (Скопје)“ веројатно е името, што медијаторот Метју Нимиц го предложил на вчерашните преговори во седиштето на ОН во Њујорк со преговарачите на двете земји Никола Димитров и Адемантиос Василакис, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“.

Американскиот предлог за името ставен на поканата за НАТО!

Вечер Прес - 26.03.2008

Грчките весници во САД наведуваат дека Даниел Фрид, минатата недела во Брисел, на Бакојани и Милошоски им ја пренел т.н. нова идеја, која опфаќа меѓународно име: Нова Република Македонија. Но, дури и ако постои согласност за името, понатаму ќе треба да се дискутира и за прашањето за македонскиот ...

Нимиц предложил име со географска одредница

А1 - 25.03.2008

Новиот предлог има елементи на стари, претходно дадени предлози. За разлика од средбите во Виена и Атина кога Нимиц даде повеќе различни предлози, сега медијаторот на преговарачите им дал еден предлог кој, според него, е фер, чесен и разумен.

За два предлога ќе се кршат копјата во Њујорк

А1 - 25.03.2008

Меѓу модифицираните варијанти на предлозите „Република Македонија (Скопје)“ и „Република Нова Македонија“ ќе се кршат копјата на средбата што се очекува да започне на „Ист ривер“ во Њујорк. Придружниот пакет, за кој Василакис и Димитров заедно со Нимиц ќе преговараат во наредниве неколку часови, ги ...

Атина е исправена пред три пречки во преговорите

А1 - 25.03.2008

Атина е исправена пред три големи пречки во преговорите со Скопје, кои можат да имаат клучна улога врз конечното решение на спорот за името, оценува денеска грчкиот печат, известувајќи за преговарачката рунда во Њујорк. Според „То вима“, првата пречка е најавеното вето за приемот на Македонија, што ...

Тајни контакти на Нимиц со преговарачите

А1 - 25.03.2008

И покрај официјалните изјави дека најновата рунда преговори за името ќе започне денеска, всушност интензивните тајни контакти меѓу Нимиц и двајцата преговарачи се одвиваат веќе два дена. Најпрво завчера за македонските позиции и размислувања амбасадорот Димитров го информирал Нимиц, а ноќеска по ...

Единството за името пукна, Грција трие раце

Време - 25.03.2008

НОВАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО ВО ЊУЈОРК Горан Момировски, специјален известувач од Њујорк Преговарачите на Македонија и на Грција денеска во Њујорк ја почнуваат пресудната, ако не и последна, рудна од преговорите за името со медијаторот Метју Нимиц.

Бакојани и Милошоски ќе се посватат

Вест - 25.03.2008

КАКО САД ГИ ОМЕКНУВАЛЕ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ВО БРИСЕЛ Пред министерската средба за името во Брисел, Бакојани на Милошоски му покажувала фотографија од нејзините внуци, а тој на својата колешка и го покажал синот Давид, и се договориле дека мораат да го решат проблемот за тие деца и за идните генера ...

Решени да најдат решение

Дневник - 25.03.2008

Во Кабинетот на Црвенковски и понатаму тврдат дека нема разлики помеѓу ставовите за името на претседателот и на премиерот Нова рунда преговори за името меѓу преговарачите на Македонија и на Грција ќе се одржат денеска во Њујорк со посредништво на Метју Нимиц.

Во Њујорк нов обид за решавање на спорот со името

Канал5 - 25.03.2008

Во седиштето на ОН во Њујорк денеска ќе биде одржана нова и според најавите последна рудна македонско-грчки преговори за решавање на спорот за името пред Самитот на НАТО во Букурешт Њујорк, 25 март (МИА) - Во седиштето на ОН во Њујорк денеска ќе биде одржана нова и според најавите последна рудна ...

Десетици имиња на американската листа пред Димитров и Василакис во Њујорк – се бара компромис

Канал5 - 25.03.2008

Метју Нимиц овде во Њујорк во овие моменти ја отвора клучната заедничка средба со Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Во седиштето на ОН на Ист Ривер медијаторот ги седнува на иста маса двајцата преговарачи откако со нив поединечно се сретна во изминатите два дена.

Одреден форматот на утрешните преговори во Њујорк

А1 - 24.03.2008

Според информациите од прес-канцеларијата на ОН во Њујорк, на утрешната средба Нимиц најверојатно ќе го повтори форматот од посетата што се случи во неговите канцеларии на Медисон Авенијата. Најпрвин треба да дојде до средба меѓу Василакис и Нимиц, за подоцна медијаторот да се сретне со ...

Утрешните преговори ќе бидат во просториите на ОН

А1 - 24.03.2008

За разлика од неколкуте претходни средби меѓу Нимиц и преговарачите Димитров и Василакис, преговорите за прв пат по долго време ќе се случат во просториите на ОН на Ист Ривер. Најновите разговори треба да почнат утре доцна попладне по македонско време, а ќе завршат пред полноќ.

Димитров во Њујорк заминува со прецизни инструкции за името

Утрински - 24.03.2008

САД сметаат дека спорот со името е решлив и прашањето треба да биде затворено пред самитот на НАТО Димитар Чулев „Нашите позиции се јасни, нашите аргументи се силни и целосно издржани, а јас на средбата во Њујорк одам со прецизни инструкции“, изјави по средбата на државниот врв во Кабинетот на ...

Тајна дипломатија

Дневник - 24.03.2008

Веста дека во Брисел ќе се сретнат министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани и нејзиниот македонски колега Антонио Милошоски внесе професионална возбуда кај македонските и грчките новинари и дописниците на меѓународните медиуми во градот. Средбата е значајна.

Со што отиде Димитров во Њујорк?

Канал5 - 24.03.2008

По неуспешните обиди на медијаторот Нимиц да ги усогласи двете страни околу прифатливо решение за името, исчекување пред утрешната средба во Њујорк најавена како еден од последните обиди да се постигне согласност. Не може да се процени дали тоа ќе биде и последната преговарачка рунда пред самитот ...