TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Светската криза влезе во Собранието

Време - 15.11.2008

Александар Момировски Владата и Народната банка смируваат, додека бизнис-заедницата алармира дека финансиската криза се повеќе се инфилтрира во македонската економија. Вака беше вчера во Собранието каде првпат се расправаше за глобалната криза што го тресе светот.

Голем буџет за скудни времиња

Дневник - 15.11.2008

Никој не може да и' забележи на Владата дека нема желба за економски развој на државата. Но, оправдани се стравувањата дали одбрала вистински план, особено ако планира висока јавна потрошувачка во 2009 год ина, во време кога целиот регион крои рестриктивни буџети. Можно ли е да сме единствената држава во светот што не е зафатена од глобалната економска криза? Дали не сме биле свесни колку сме ...

Свадбарски буџет среде криза

Време - 14.11.2008

Александар Момировски Државата ќе потроши околу три милијарди евра следната година. Најголем дел од тие пари, речиси две третини, ќе бидат потрошени за плати на државната администрација и за социјални трансфери. Ваквиот монструозно голем буџет стаса во парламентот. - Сега предлог-буџетот е во ваши раце и во рацете на граѓаните.

Платите и социјалата ќе го изедат Буџетот

Вест - 14.11.2008

Рекордно големиот Буџет за 2009 година министерот за финансии Трајко Славески вчера свечено му го предаде на претседателот на Собранието Трајко Вељановски. "Сега секој граѓанин на Македонија може да го искаже своето мислење за Буџетот и да даде сугестии преку пратениците", рече Славески. Наредната година се планирани 2,5 милијарди евра буџетски приходи и 2,6 милијарди евра расходи.

Голема софра за големиот буџет

Утрински - 14.11.2008

Според опозицијата, огромниот буџет ќе ја збогати власта, а ќе ги осиромаши граѓаните. Александрија Стевковска. Министерот за финансии Трајко Славески му го предаде вчера буџетот на спикерот Трајко Вељаноски во помпезна атмосфера, проследена со богата софра, како што прилега на еден ваков обемен буџет.

Половина буџет оди за плати, пензии и за социјални трошоци

Н.Македонија - 14.11.2008

Над една милијарда евра достигна сумата што се одвојува за социјалните бенефиции за невработени, за трансфери до фондовите за пензиско, за здравствено осигурување и за Агенцијата за вработување во предлог-буџетот за 2009 година. Тоа е за околу 60 милиони евра повеќе од годинава. Македонија го доби најобемниот буџет досега од безмалку 2,7 милијарди евра.

Влијанието на финансиската криза во Македонија засега ограничено на реалниот сектор

Кирилица - 14.11.2008

Ефектите на глобалната финансиска криза врз македонскиот финансиски систем и реалната економија и мерките што надлежните институции ги презеле и ќе ги преземат за надминување на евентуалните неповолни состојби, беа тема на денешната седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која присуствуваа министерот за финансии Трајко Славески, гувернерот на НБРМ Петар Гошев, претседателот ...

Гошев - контра Славески, нема потреба од намалување на референтната каматна стапка

Канал5 - 14.11.2008

Гувернерот Гошев контра пораките на Министерот за финансии Славески за намалување на каматите што ги диктира Народна Банка. По сугестиите на Владата до Централната Банка да се намалат референтните каматни стапки бидејќи инфлација веќе нема Гошев вели - засега нема потреба од намалување на каматите.

Владата со план за спас од светската криза

Сител - 14.11.2008

Во информацијата која министерот Славески ја достави до Собранието за ефектите на глобалната финансиска криза и за мерките што надлежните институции ќе ги превземат за нејзино надминување се спомнуваат следните мерки: реформа кај социјалните придонеси и персоналниот данок на доход, растечки јавни инвестиции во енергетскиот сектор и сообраќајот, едношалтерски систем за увоз и извоз и реформи во ...

Новиот рекорден буџет влезе во Собранието

А1 - 13.11.2008

Mинистерот за финансии Трајко Славески денеска официјално му го предаде Предлог-буџетот за 2009 година на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Ваквиот формален начин на предавање на буџетот во законодавниот дом се прави по втор пат, со намера, како што беше истакнато и денеска, да стане традиција по примерот на западноевропските земји.

Македонија планира рекорден буџет

BBC - 13.11.2008

Македонскиот министер за финансии, Трајко Славески денеска во Парламетот го предаде предлогот за Буџетот на државата за следната година, кој е највисок до сега и изнесува речиси две милијарди и 700 милиони евра. Околу 500 милиони евра од вкупната сума се планира догодина да бидат вложени за капитални инвестиции во патната, железничката инфраструктура и енергетиката.

Предлог буџетот за 2009 во Собранието

Алсат-М - 13.11.2008

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска од страна на министерот за финансии, Трајко Славевски треба да го прими Предлог-буџетот на Република Македонија за 2009 година. Расходната страна на предлог буџетот на Македонија за 2009 е околу 2,67 милијарди евра, додека приходната е проектирана на околу 2,49 милијарди евра, најави претходно министерот за финансии Трајко Славевски.

Министерот за финансии го предаде во Собранието најобемниот буџет

Алфа - 13.11.2008

Со богата трпеза за која годинава не се штедело, собранискиот спикер Трајко Вељановски го пречека министерот за финансии Трајко Славески кој го донесе буџетот за 2009 година. Запрашан зошто владата води спротивна буџетска политика од сите земји во регионот кои во услови на глобална економска криза штедат, Славески со одоговор дека на таков начин Владата се бори против опасноста од рецесија.

Буџетот за 2009 година ќе ги осиромаши граѓаните

Дневник - 13.11.2008

Владата направи рекордно голем буџет за 2009 година за да биде побогата таа, а граѓаните посиромашни, коментираше вчера опоз ицијата додека министерот за финансии, Трајко Славески, свечено му го предаваше предлог-буџетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. - Владата подготви најобемен буџет во историјата на земјава. Тој тежи 2,7 милијарди евра.

Предлог-буџетот за 2009 во Собранието

Канал5 - 13.11.2008

Скопје, 12 ноември (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска официјално од страна на министерот за финансии Трајко Славевски ќе го прими Предлог-буџетот за 2009 година. Буџетот за 2009 година според предлогот изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари.

Предлог-буџетот за 2009 во Собранието

Сител - 13.11.2008

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска официјално од страна на министерот за финансии Трајко Славески ќе го прими Предлог-буџетот за 2009 година. Буџетот за 2009 година според предлогот изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари.

Предлог-буџетот за 2009 доставен во Собранието

Кирилица - 13.11.2008

Министерот за финансии Трајко Славески на предавањето на Предлог-буџетот, на кој е работено во изминатите 7-8 месеци, истакна дека е доставен во законски утврдениот рок, 15 ноември, што, според претседателот на Собранието Трајко Вељаноски остава доволно време пратениците да му посветат повеќе внимание, бидејќи, како што рече, станува збор за клучен документ од кој зависи економијата во Македонија.

Буџетот за 2009-та се најде во рацете на претседателот на Собранието

Канал5 - 13.11.2008

Славески му го предаде на Вељановски буџетот за 2009-та. Исто како и лани во Собранието по повод настанот имаше и пригоден коктел. - Ова е еден од најзначајните документи кој влегува во собраниска процедура - рече Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РМ. - Сега тој е во Ваши раце и во рацете на граѓаните на Република Македонија - изјави Трајко СЛавески, министер за финансии.

„Дебелиот“, црвен буџет се најде во рацете на Вељаноски

Сител - 13.11.2008

По западно европски терк, во свечена атмосфера и богат коктел, пред парламентарците и претставниците на медиумите, министерот за финансии Славески денес му го предаде Предлог-буџетот за 2009 на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Станува збор за најобемниот буџет во историјата на Македонија, тежок речиси 2,7 милијарди евра.

Доставен буџетот за 2009 година

Вечер Прес - 13.11.2008

Доставен буџетот за 2009 година. Министерот за финансии Трајко Славески, вчера му го предаде предлог-буџетот за 2009 година на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Ваквиот формален начин на предавање на буџетот во законодавниот дом се прави по втор пат, со намера, како што беше истакнато, да стане традиција по примерот на западноевропските земји.

Буџетот во Собранието

Макфакс - 13.11.2008

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска официјално од страна на министерот за финансии, Трајко Славевски треба да го прими Предлог-буџетот на Република Македонија за 2009 година. Расходната страна на предлог буџетот на Македонија за 2009 е околу 2,67 милијарди евра, додека приходната е проектирана на околу 2,49 милијарди евра, најави претходно министерот за финансии Трајко Славевски.

Инвеститорите одложуваат

Време - 12.11.2008

Македонија нема потреба да биде финансирана од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), регионалната соработка не е вистински одговор на светската финансиска криза, а некои инвеститори веќе почнале да ги одложуваат вложувањата. Тоа го изјави министерот за финансии Трајко Славески во разговор објавен во британскиот весник „Гардијан“.

"Не ни треба ММФ"

Вест - 12.11.2008

Македонија нема потреба од финансирање од Меѓународниот монетарен фонд, бидејќи банките се добро капитализирани и имаат висока ликвидност, оцени министерот за финансии Трајко Славески во разговор објавен во британскиот весник "Гардијан". Како и секаде, и во Македонија има загриженост поради кризата, рече Славески, додавајќи дека одредени индустрии ќе бидат погодени, како и дека инвеститорите веќе ...

Владата во секоја пригода ја отфрла соработката со ММФ

Утрински - 12.11.2008

Фондот не и' е потребен на земјава, бидејќи банкарскиот сектор се покажал како добро капитализиран. На Македонија не и' е потребна финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд за да ја преброди меѓународната финансиска криза, потенцира уште еднаш министерот за финансии, Трајко Славески, во Виена, на маргините на Конференцијата за инвестиции.

Власта упорно притиска за пониски камати - ќе попушти ли НБМ?

Утрински - 12.11.2008

Оваа недела ќе се одржи редовна координација за усогласување на фискалната и монетарната политика. Соња Маџовска. Власта упорно инсистира и јавно притиска Народната банка на Македонија да ја намали референтната каматна стапка. Последната ваква порака, во која се прецизира и за колку треба да се намали основната каматна стапка, му ја испорача на гувернерот од Виена министерот за финансии Трајко ...

Засега само се разговора со Рајфајзен банка

Утрински - 12.11.2008

Засега само се разговора со Рајфајзен банка. „Останува отворена поканата за влез на Рајфајзен банка во Македонија. Но, нема ништо конкретно, засега само се водат разговори", изјави министерот за финансии, Трајко Славески, по завчерашната средба во Виена со претседателот на УО на оваа банка, Херберт Степич.

Славески: На Македонија не ѝ треба помош од ММФ

Н.Македонија - 12.11.2008

Весникот вчера ја пренесе изјавата на Трајко Славески, министер за финансии, кој деновиве учествува во работата на економскиот форум во Виена, во која тој вели дека Македонија нема потреба од интервенција на ММФ, бидејќи банкарскиот сектор докажал дека е добро капитализиран.

Објавен Буџетот за 2009 година

Алфа - 12.11.2008

На свечен начин, министерот за финансии Трајко Славески утре ќе му го предаде Буџетот за догодина на спикерот Трајко Вељановски. Овој начина на предвање на буџетот го воспостави Славески, прв пат минатата година. Славески веќе ги објави основните параметри, односно расходи во висина од 2,7 милијарди евра, приходи од 2,5 милијарди и дефицит од 2,8 проценти од брутодомашниот производ.

Македонија нема потреба од финансиите од Mеѓународниот монетарен фонд

Канал5 - 12.11.2008

Македонија нема потреба од финансиите од меѓународниот монетарен фонд, бидејќи банките во земјата се добро капитализирани и високо ликвидни вели министерот Трајко Славески во интервју за Гардијан. Според министерот глобалната криза веќе се чувствува и во Македонија, а некои инвеститори ги одложиле инвестициите.

Славески: Македонија нема потреба од ММФ

А1 - 11.11.2008

Македонија нема потреба од финансирање од Меѓународниот монетарен фонд, а регионалната соработка не е вистински одговор на светската финансиска криза. Ова го оцени министерот за финансии на Македонија Трајко Славески во разговор објавен во британскиот весник Гардијан.

Лондон: Македонија нема потреба од финансирање од ММФ

Р.С.Европа - 11.11.2008

Македонија нема потреба од финансирање од Меѓународниот монетарен фонд, а регионалната соработка не е вистински одговор на светската финансиска криза. Ова го оцени министерот за финансии на Македонија Трајко Славески во разговор објавен во британскиот весник Гардијан даден на маргините на Виенскиот економски форум.

Славески на 5. Виенски економски форум

Утрински - 11.11.2008

Славески на 5. Виенски економски форум. Делегација од Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески, вчера и денес учествува на 5. Виенски економски форум. Тема на овогодинешниот форум е „Можности за инвестирање во земјите од Јадранско до Црно Море и Каспискиот регион - искористување на реалната шанса".

Славески: "Македонија нема потреба од ммф"

Телма - 11.11.2008

Македонија нема потреба од финансирање од Меѓународниот монетарен фонд , а регионалната соработка не е вистински одговор на светската финансиска криза. Ова го оцени министерот за финансии на Македонија Трајко Славески во разговор објавен во британскиот весник Гардијан.

Славески со нова провокација до Гошев да ги намали каматите

Алфа - 11.11.2008

Народната банка да ја намали основната каматна стапка, му порача од Виена министерот за финансии Трајко Славески на гувернерот Петар Гошев. Оваа изјава на Славески кој присуствува на петтиот виенски економски форум ја пренесува лондонски „Гардијан“.

Славески: Македонија нема потреба од ММФ

Алсат-М - 11.11.2008

Македонија нема потреба од финансирање од Меѓународниот монетарен фонд, а регионалната соработка не е вистински одговор на светската финансиска криза. Ова го оцени министерот за финансии на Македонија Трајко Славески во разговор објавен во британскиот весник Гардијан.

Рајфајзен ќе почека да стивне глобалната криза

Дневник - 11.11.2008

Рајфајзен ќе почека да стивне глобалната криза Рајфајзен банка ќе ја одложи инвестицијата во Македонија до стивнувањето на глобалната криза во финансискиот сектор. Ова му го соопштил претседателот на Управниот одбор на банката, Херберт Степич, на министерот за финансии, Трајко Славески, на средбата на Економскиот форум во Виена. - Останува интересот на Рајфајзен банка за влез во Македонија.

Македонија нема потреба од ММФ

Вечер Прес - 11.11.2008

Македонија нема потреба од ММФ. Македонија нема потреба од финансирање од Меѓународниот монетарен фонд, а регионалната соработка не е вистински одговор на светската финансиска криза. Ова го оцени министерот за финансии на Македонија, Трајко Славески, во разговор објавен во британскиот весник "Гардијан".

Славески на економски форум во Виена

Форум - 10.11.2008

Делегација од Министерството за финансии, предводена од министерот за финансии Трајко Славески, денеска и утре ќе учествува на петтиот Виенски економски форум на тема "Можности за инвестирање во земјите од Јадранско до Црно Море и Kаспискиот регион-Искористување на реалната шанса.

Трајко Славески на форум за инвеститори

Н.Македонија - 10.11.2008

Делегација од Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески, денеска и утре ќе учествува на 5. Виенски економски форум. Тема на годинашниот форум е „Можности за инвестирање во земјите од Јадранско до Црно Море и каспискиот регион - искористување на реалната шанса“.

Министерот Славески на петтиот Виенски економски форум

Сител - 10.11.2008

Делегација од Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески денеска и утре ќе учествува на 5-тиот Виенски економски форум. Тема на овогодинешниот форум е „Можности за инвестирање во земјите од Јадранско до Црно Море и Каспискиот регион - Искористување на реалната шанса“.

Министерот Славески на петтиот Виенски економски форум

Кирилица - 10.11.2008

Од Министерството за финансии информираат дека министерот Славески ќе има обраќање на Форумот на тема „Финансирање на инвестициите, помошта од ЕУ и меѓународните финансиски институции“, а ќе учествува и во министерскиот панел каде што ќе одговара на прашања од заинтересираните ...

Славески на бизнис форум во Виена

Канал5 - 10.11.2008

Владите да не ги стопираат домашните проекти, особено не инвестициите во инфраструктурата, иако повеќе европски национални економии се соочуваат со катастрофални последици од глобалната криза. Ова е еден од заклучоците на петтиот Виенски економски форум.

Ќе влезе ли рајфајзен банка на македонскиот пазар?

Сител - 10.11.2008

Ако ги има во сите земји во регионот, зошто да не инвестираат и кај нас. Славески не открива, дали австриската реномирана банка сака да купи поголема банка или да отвори свои филијали во земјава. На петтиот по ред Виенски Форум , каде се разговара за можностите за инвестирање од Јадранско до Црно Море и каспискиот регион, преовладува песимизам.

Славески на економски форум

Вечер Прес - 10.11.2008

Славески на економски форум. Делегација од Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески, учествува на петиот Виенски економски форум на кој ќе се зборува за можности за инвестирање во земјите од Јадранско до Црно Море и Каспискиот регион.

Славески на Виенски економски форум

Макфакс - 10.11.2008

Делегација од Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески ќе учествува на Петтиот Виенски економски форум, кој започнува денеска. Тема на годинешниот дводневен форум е „Можности за инвестирање во земјите од Јадранско до но Море и Каспискиот регион - Искористување на реалната шанса“.

Предложен нов рекорден буџет

Макфакс - 10.11.2008

Расходната страна на предлог буџетот на Македонија за 2009 проектирана е на околу 2,67 милијарди евра, што претставува апсолутно најобемен буџет досега. Истовремено приходната страна е проектирана на околу 2,49 милијарди евра, со што буџетскиот дефицит е на ниво од 2,8 отсто од Бруто домашниот производ.