TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изгасени поголем дел од пожарите во Калифорнија

А1 - 28.10.2007

Пожарникарите во Калифорнија изгасија поголем дел од пожарите што во текот на изминатата недела ја зафатија оваа држава, пренесуваат локалните медиуми. Останатиот дел од пожарите сепак, и понатаму се опасност за 20.000 куќи. Во гаснењето на пожарите помогнало студеното време и слабиот ветер, што ...

Пожарите во Калифорнија под контрола - воздухот исполнет со пепел и прав

Канал5 - 28.10.2007

Со намалување на брзината на топлиот ветер „Санта Ана“ на калифорниските пожарникари им е овозможено да ги стават под контрола речиси сите пожари кои во текот на изминатата седмица го опустошија јужниот дел на оваа држава, но жителите, кои полека се враќаат во своите домови, се соочуваат со нови ...

Продолжува борбата со огнената стихија

Време - 27.10.2007

КАЛИФОРНИЈА,САД Во опожарената планинска област во близина на границата меѓу САД и Мексико американските гранични патроли откриле четири јагленосани тела, со што бројот на жртвите во шумските пожари во оваа сојузна американска држава се зголеми на 14, пренесе МИА.

Пожарите убија 14 луѓе

Дневник - 27.10.2007

Штетите само во Сан Диего се проценуваат на милијарда долари Американските гранични патроли открија четири јагленисани тела во опожарената планинска област близу границата помеѓу САД и Мексико во Калифорнија, со што бројот на жртвите на шумските пожари во оваа сојузна американска држава се зголеми ...

Глобалното затоплување виновно за пожарите во САД

А1 - 26.10.2007

Бројот на големите шумски пожари на западната полутопка е значително зголемен од средината на 80-тите години од минатиот век, а тоа главно се должи на глобалните промени на климата. Ова се наведува во најновото издание на списанието „Science“, каде е појаснето и дека сезоната на пожарите во овој ...

Пронајдени четири јагленосани тела од пожарите во Калифорнија

А1 - 26.10.2007

Американските гранични патроли открија четири јагленосани тела во опожарената планинска област во близина на границата меѓу САД и Мексико во Калифорнија, со што бројот на жртвите во шумските пожари во оваа американска сојузна држава се зголеми на 14 лица.

Некои од пожарите биле подметнати?

Време - 26.10.2007

КАТАСТРОФАЛНИ СТИХИИ ВО КАЛИФОРНИЈА Американските медиуми јавуваат дека дел од пожарите што опустошија огромна територија во Калифорнија и протераа милион луѓе од домовите, биле подметнати. Во областа Сан Бернардино, полицајците уапсиле еден осомничен подметнувач, а застрелале друг подметнувач, кој ...

Промената во времето ги забави пожарите во Калифорнија

Утрински - 26.10.2007

Околу 15 пожари се' уште горат низ јужниот дел, но официјални лица изјавија дека прв пат ја имаат контролата во свои раце ЛОС АНЏЕЛЕС - Шумските пожари во Калифорнија кои уништија 1.300 куќи и принудија евакуација на 500.000 лица беснеат веќе петти ден, но пожарникарите забележаа промена на времето ...

Пиромани ја запалиле Калифорнија

Дневник - 26.10.2007

Пожарите во Калифорнија се подметнати, покажа истрагата на американското ФБИ, кое објави награда од 50.000 долари за информација што би помогнала за апсење на пироманите, јави Макфакс. - ФБИ и припадниците на шумската полиција пронашле материјални докази дека некои од пожарите се подметнати, по што ...

Билансот на жртвите во пожарите во Калифорнија се зголеми на 14 лица

Канал5 - 26.10.2007

Американските гранични патроли открија четири јагленосани тела во опожарената планинска област во близина на границата меѓу САД и Мексико во Калифорнија, со што бројот на жртвите во шумските пожари во оваа американска сојузна држава се зголеми на 14 лица.

Горат над 1.724 квадратни километри!

Вечер Прес - 26.10.2007

Штетите од пожарите што посебно го погодија округот Сан Диего, во американската сојузна држава Калифорнија, се очекува дека ќе изнесуваат повеќе од една милијарда долари, изјави директорот на окружните спасувачки служби Рон Лејн.

Пожарите во Калифорнија ги прекинаа ТВ сериите

А1 - 25.10.2007

Поради големите пожари што веќе неколку дена горат во јужна Калифорнија, снимањето на некои холивудски тв серии, меѓу кои и популарната „24 часа“, со Киф Сатерленд во главна улога, било прекинато. Снимањето на новите епизоди од „24 часа“, што се снимаат во воената база „Марин Корпс Ер Стејшн Ел ...

Пожарот во Калифорнија намерно предизвикан

А1 - 25.10.2007

Пожарите во Калифорнија се предизвикани со умисла, заклучи ФБИ по започнатата истрага и објави награда од 50.000 долари за информација за пироманите. Агентите на ФБИ и припадниците на горските безбедносни служби пронашле материјални докази дека некои од пожарите се подметнати, по што се спроведени ...

Половина милион луѓе бегаат од пожарите

Време - 25.10.2007

КАЛИФОРНИЈА, САД Бројот на домовите изгорени во серијата пожари што го зафатија југот на Калифорнија се искачи над 1.300, а притоа падна и втората жртва. Над половина милион Американци биле евакуирани од домовите што се загрозени од пожарите, јави новинската агенција Асошиејтед прес.

Половина милион раселени во Калифорнија

Вест - 25.10.2007

ПО ТРИ ДЕНА СТИВНУВА ОГНЕНАТА СТИХИЈА САН ДИЕГО, 25 октомври (АП) - По три дена разорна огнена стихија, пожарникарите и уморните граѓани вчера можеа малку да здивнат поради намалувањето на јачината на ветровите кои ја создадоа најголемата серија шумски пожар во Калифорнија.

Пожарите во Калифорнија протераа половина милион луѓе

Утрински - 25.10.2007

Гувернерот Шварценегер побара од претседателот Џорџ Буш да ги прогласи шумските пожари во Калифорнија за „голема катастрофа“ Огнот им се заканува на 68.000 дома, од дрвени куќи до луксузни вили, а 6.000 мажи и жени се ангажирани во гаснење на огнот САН ДИЕГО - Големите шумски пожари што беснеат ...

Милион луѓе бегаат пред пожарите во Калифорнија

Дневник - 25.10.2007

Метеоролозите предвидуваат дека топлите ветрови ќе продолжат да дуваат и во наредниве два дена, па пожарникарите ќе мораат жестоко да ги бранат во областите што засега не се опфатени од огнената стихија Американските власти евакуираа речиси еден милион жители на јужна Калифорнија за да ги спасат од ...

Шварценегер немоќен пред огнената стихија

Вечер Прес - 25.10.2007

Метеоролозите предвидуваат ветровите да продолжат да дуваат, така што на противпожарните служби не им преостанува ништо друго освен да се обидуваат да го спречат ширењето на пожарите во други области Противпожарните служби во американската сојузна држава Калифорнија прексиноќа признаа дека не се во ...

Калифорнија синоќа ја имаше најтешката ноќ

А1 - 24.10.2007

Јужна Калифорнија ја помина најтешката ноќ откако во регионот избувнаа големите пожари. Брзите ветрови кои ги предводеа метеоролозите го разнесуваа оганот насекаде. Но во текот на ноќта се случи пресврт, ветровите престанаа да дуваат, пожарите престанаа да се шират, а пожарникарите успеаја да ...

Сан Диего во пламен, 250.000 евакуирани

Време - 24.10.2007

КАЛИФОРНИЈА,САД Над 250.000 жители на градот Сан Диего во сојузната американска држава Калифорнија биле принудени да ги напуштат своите домови поради опасноста од проширување на шумските пожари, кои трет ден беснеат во околината на градот.

Пожарите во Калифонија се шират кон куќите на холивудските sвезди

Вест - 24.10.2007

ЛОС АНЏЕЛЕС, 23 октомври (АП) - Поради огромните шумски пожари кои веќе четврти ден беснеат во калифорнија, американскиот претседател Џорџ Буш вчера прогласи вонредна состојба во таа сојузна американска држава. Според последните извештаи, околу 250.000 жители на калифорнискиот град Сан Диего беа ...

Калифорниските власти признаваат дека не можат да се справат со пожарите

Канал5 - 24.10.2007

Противпожарните служби во американската сојузна држава Калифорнија синоќа признаа дека не се во состојба да се справат со стихијата, поради силните ветрови што ја зафатија областа и кои само го засилуваат пламенот и придонесуваат за ширење на пожарите.

Калифорнија во пламен!

Вечер Прес - 24.10.2007

Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер побара помош и од Пентагон Американскиот претседател Џорџ Буш прогласи вонредна состојба во Калифорнија со цел да се координираат активностите за справување со пожарите што ја погодија оваа сојузна американска држава.

Илјадници луѓе евакуирани поради пожарот во Калифорнија

А1 - 23.10.2007

Илјадници луѓе ноќта ја поминаа на трибините на стадионите, во училиштата и останатите јавни згради и објекти во обид да ги избегнат огнот и пожарите кои ја пустошат Јужна Калифорнија. Последните информации говорат дека над 300.000 жители на областа Сан Диего се евакуирани.

Евакуирани 250.000 жители на Калифорнија поради пожарите

А1 - 23.10.2007

Веќе трет ден беснеат шумските пожари во јужниот дел на американската држава Калифорнија и во околината на градот Сан Диего. 250.000 жители на овој град ги напуштија своите домови, поради опасноста од ширење на огнената стихија.

Околу 250.000 жители евакуирани од Сан Диего поради проширување на пожарите

Канал5 - 23.10.2007

Околу 250.000 жители на градот Сан Диего во американската држава Калифорнија беа принудени да ги напуштат своите домови поради опасноста од проширување на шумските пожари кои веќе трет ден горат во околината на градот. Сан Диего, 23 октомври (МИА) - Околу 250.000 жители на градот Сан Диего во ...

Вонредна состојба во Калифорнија поради пожари

А1 - 22.10.2007

Голем пожар беснее во областа на градот Малибу на тихоокеанскиот брег на САД, предизвикувајќи големи материјални штети. Илјадници граѓани на калифорнискиот град се евакуирани, откако пламенот целосно уништи голем број куќи на ридовите над Тихиот Океан.

Пожари беснеат на тихоикеанскиот брег на Калифорнија

Канал5 - 22.10.2007

Голем пожар беснее во областа на градот Малибу на тихоокенскиот брег на САД, предизвикувајќи големи материјални штети. Лос Анџелес, 22 октомври (МИА) - Голем пожар беснее во областа на градот Малибу на тихоокенскиот брег на САД, предизвикувајќи големи материјални штети.