TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во "меган" најден револвер

Вечер Прес - 29.04.2006

Триесетгодишен тетовец кај кого во четвртокок полицијата пронајде револвер и куршуми кривично ќе одговара. Против А.С. од Тетово, полицијата поднела пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Екипата на "Блаже Конески" супер сезнајковци

Вечер Прес - 29.04.2006

Екипата на ОУ "Блаже Конески" го освои првото место на суперфиналниот натпревар во ученичката квизотека од општи знаења, кој се одржа во училиштето "Димитар Миладинов". За покажаното знаење тричлената екипа ја освои и најпосакуваната награда - десетдневно летување во Охрид, а училиштето доби ...

НИКОЈ НЕ ЈА САКА "МОЛИКА"

Вечер Прес - 29.04.2006

Вчера беа отворени понудите за продажба на несуштинските делови на АД ЕЛЕМ. Комисијата од Министерството за економија вчера, до доцна попладне, ги разгледуваше пристигнатите понуди за фабриката за опрема и делови ФОД ДООЕЛ Новаци од Битола и за хотелите "Крушино 96" од Кичево и "Попова Шапка" од ...

Мик Џегер го "откачи" Буш !

Вечер Прес - 29.04.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш, зачуден и изненаден кога деновиве во виенскиот елитен хотел "Империјал", со големо извинување му соопштиле дека претседателскиот апартман, кој чини 4.300 евра на ноќ, е зафатен. Буш, кој во јуни доаѓа во Виена, сакал да го резервира апартманот, во кој по ...

"Моја штикла" студентска химна

Вечер Прес - 29.04.2006

Штиклата на Севе стана неслужбена химна на загрепските студенти. Иако не се емитува на радијата и телевизиите, песната дошла до урбаната студентска публика и станала нивен симбол во побуната против медиумите, родителите и општествените авторитети.

Хелена Папаризу два пати "ќе крева нозе"

Вечер Прес - 29.04.2006

За годинешниот натпревар за песна на Евровизија што ќе се емитува на телевизискиот канал ЕРТ се потрошени три милиони евра (25 проценти од годишниот буџет) за овој натпревар. Овие пари се потрошени за подготвување на 37 разгледници кои се подготвени врз основа на резултатите од испитувањето ...

„Јас Исидора“ на фестивал во Турција

Дневник - 28.04.2006

Со современиот балет „Јас Исидора“ во кореографија и либрето на Олга Панго, Македонската опера и балет утре заминува за Трабзон, Турција, каде што ќе учествува на меѓународен театарски фестивал. Претставата ќе биде изведена на 2 мај.

Само "шпедитерите" сигурни

Вечер Прес - 28.04.2006

Кошаркарите на Ф.Работнички се првите финалисти во разигрувањето за шампионската титула (натпреварите во серијата подобар од седум почнуваат на 6 или 10 мај), каде што ќе играат со подобриот од средбата Вардар О. - МЗТ Скопје 2000.

Кларк "изгубил" уште 1.500 криминалци!

Вечер Прес - 28.04.2006

Притисокот за оставка на британскиот министер за внатрешни работи Чарлс Кларк се зголемува по откривањето дека бројот на пуштените криминалци имигранти од затвор е многу поголем од бројката 1.023. Сега тој се товари за уште 1.500 затвореници за кои не се знае ниту каде се, ниту дали се британски ...

Тргнува лавината на "Личен поглед" на Гаро Јуниор

Вечер Прес - 28.04.2006

Денес е ден на Гаро Тавитјан. Во Домот на Армијата од 20 часот "Парамециум продукција" организира концертна промоција и коктел во чест на младиот уметник, а по повод најновото издание "Personal View", "Личен поглед". Гаро јуниор, синот на маестралниот тапанар на "Леб и сол", Гарабет, неколку години ...

"Слободна зона" од четврти мај

Вечер Прес - 28.04.2006

Филмот "Слободна зона" ќе го гледаме од четврти до седми мај (21 ч.) во Арт кино "Фросина" во МКЦ. За ова дело израелскиот режисер Амос Гитаи беше номиниран за "Златната палма" во Кан, а актерката Хана Лазло ја доби наградата за најдобра актерка.

Пушти 1.000 криминалци и остана "жив"

Вечер Прес - 27.04.2006

Британскиот премиер Тони Блер ја отфрли оставката на министерот за внатрешни работи Чарлс Кларк, чие Министерство ослободи повеќе од илјада странски затвореници без соодветна контрола.Ресорното Министерство вчера призна дека не преземало мерки за депортирање на 1.023 странски криминалци, ослободени ...

Састре згазна на "лудиот камен"

Вечер Прес - 27.04.2006

Спортот остана посиромашен за уште една од убавиците, кои секогаш се присутни како придружнички на ѕвездите што се миленици на милиони навивачи. Манекенката и актерка Инес Састре, која беше во вториот месец од благословената состојба, ја официјализира својата врска со грандиозна свадба.

Аристотеловата "Политика"

Вечер Прес - 26.04.2006

Издадена е уште една важна книга која ја пополнува празнината во философската преводна литература во Македонија. "Политика" од Аристотел е умно дело кое не учи на античките политички размислувања на големиот философ, кој често го споменуваме и по синтагмата "Зоон политикон".

Експлозивот "одлетал" за Скопје!

Вечер Прес - 26.04.2006

Командир на полициската бригада на СУП Белград е суспендиран минатата недела откако е откриено дека во текот на практичната вежба на Аеродромот "Никола Тесла" исчезнало пакетче со експлозив што потоа "одлетало" за Скопје. - Службените водичи на кучиња, саботата, имаа вежба на белградскиот аеродром, ...

Сека ќе "пали" низ Македонија

Вечер Прес - 25.04.2006

Мега популарната и сексапилна пејачка на "Гранд продукција", Сека Алексиќ, од утре со настап во спортската сала во Куманово ќе ја започне големата турнеја низ Македонија. Расната 25-годишна бринета задутре ќе ја забавува публиката во спортската сала во Струмица, на 28.

Џерард "фудбалер на годината" во Англија

Вечер Прес - 25.04.2006

Полуодбранбениот играч на европскиот клупски шампион Ливерпул - Стивен Џерард е избран за "Фудбалер на годината" од Асоцијацијата на професионални фудбалери на Островот. Џерард направи впечатлива сезона и до моментов има постигнато 19 гола за "црвените".

"Галеб" ќе се продава за 130.000 евра

Вечер Прес - 25.04.2006

Почетната аукциска цена на Титовиот брод "Галеб" ќе биде пониска од цената на старо железо, пишува вчерашниот лондонски "Сандеј тајмс". Весникот пишува дека "Галеб", бродот на покојниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, идниот месец ќе биде ставен на аукциска продажба во пристаништето во ...

"Штрковите" приземјени во својот храм

Вечер Прес - 25.04.2006

Кошаркарите на Вардар О, иако во полуфиналната серија од разигрувањето за титулата (подобар од пет) , во средбите со МЗТ Скопје 2000, стартуваа со негатива од еден поен брзо се вратија во игра, после несреќниот пораз во финалето од Купот, во Струмица, забележаа значајна победа која ги зголемува ...

Се помалку фалц "вегета"

Вечер Прес - 25.04.2006

Хрватска "Подравка" е една од најголемите прехранбени компании во Југоисточна Европа. Таа произведува 2.800 прехранбени артикли, а на пазарите е особено препознатлива по зачинот "вегета", која како бренд опстојува повеќе од 40 години.

„Франц Фердинанд" одбија 50 милиони долари

Вечер Прес - 25.04.2006

Не е за верување, но членовите на бендот "Франц Фердинанд", кои ќе свират на годинешниот Егзит, ги одбија 50-те милиони долари, што им ги понуди една компанија за користење на нивната музика во рекламна кампања. Бендот го одбил овој баснословен износ, затоа што тие сметаат дека тоа би го загрозило ...

Англиски Договор на "македонски сленг"

Вечер Прес - 25.04.2006

За денеска се закажани завршните зборови во случајот "Швајцарски сметки" по тужбата за клевета на експремиерот Хари Костов против сопственикот на "Фокус" Никола Младенов. "Вечер" ексклузивно дојде до Договорот, кој Младенов го приложи како доказ со кој тврди дека Хари Костов поседува сметки во ...

"Јас Исидора" на фестивал во Турција

Вечер Прес - 25.04.2006

Современото балетско остварување на Олга Панго, "Јас Исидора" на 30 април патува за Трабзон, Турција, каде ќе се претстави на познат меѓународен фестивал. Како што велат од Балетот, станува збор за фестивал каде многу земји од светот, меѓу кои и Русија, Бугарија, Молдавија, Романија, ги ...

Степанек "жртва" на Хингис

Вечер Прес - 25.04.2006

Швајцарската тенисерка Мартина Хингис ја доживува својата втора младост. Откако успеа по две години апстиненција да се врати на тениските терени, некогашниот прв рекет во светот реши повторно да и даде шанса на љубовта. Нова љубов на Мартина е нејзиниот колега, кој настапува во машката конкуренција ...