TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Утре почнува со работа анкетната комисија за инцидентите во собранието

Канал5 - 07.10.2007

Стојан Андов за утре наутро свика состанок со членовите на анкетната комисија - почнуваат да течат седумте дена по кои комисијата треба да излезе со заклучоци за инцидентите. Стојан Андов за утре наутро свика состанок со членовите на анкетната комисија - почнуваат да течат седумте дена по кои ...

Од анкетната комисија се чека јасен заклучок за собраниската тепачка

Дневник - 06.10.2007

Пратениците вчера едногласно го потврдија составот на анкетната комисија, која в понеделник ќе почне да ги испитува инцидентот во Собранието и одговорноста на пратениците-учесници во тепачките. Комисијата по седум работни дена ќе треба да му поднесе извештај на Собранието.

ЕУ бара одговорност за тепачките

Вечер Прес - 06.10.2007

Пратениците вчера едногласно го потврдија составот на Анкетната комисија што ќе треба да ги утврди околностите и одговорноста за минатонеделните инциденти во Собранието. На пленарната седница не присуствуваа само пратениците на ДУИ, но и тие претходно делегираа свој член во Комисијата, што треба да ...

Потврден составот на анкетната комисија

А1 - 05.10.2007

Собранието го потврди составот на анкетната комисија која треба да ги утврди околностите во врска со минатонеделните инциденти. Според претходно постигнатиот договор, власта ќе има тројца, вклучително со претседателот, а опозицијата четири членови во комисијата, која одлуките ќе ги носи со просто ...

Пратениците очекуваат Комисијата да ја каже вистината за инцидентот

Утрински - 05.10.2007

Стојан Андов не го слушал Оли Рен, гледал фудбалски натпревар СВЕТЛАНА УНКОВСКА Пратениците очекуваат Анкетната комисија задолжена да ги испитува инцидентите во Собранието да даде реален извештај со што ќе се прикажат вистинските состојби и ќе се лоцираат одговорностите.

Собранието за составот на Анкетната комисија

Макфакс - 05.10.2007

Скопје Македонското Собрание денеска треба да ја одржи 73.седница на која се очекува да бидат избрани членовите на Анкетната комисија за неодамнешните настани во Парламентот. Според најавата, пратениците треба да изберат претседател и членови на Анкетната комисијата од седум члена.

Потврден составот на Анкетната комисија на Собранието

Макфакс - 05.10.2007

Скопје Македонското Собрание денеска го потврди составот на Анкетната комисија што ќе ги утврдува околностите во кои се случија минатонеделните инциденти и тепачки во Собранието. Пратеникот Стојан Андов е именуван за претседавач на Комисијата, додека Ристо Пенов, Никола Поповски, Трајко ...

Извештајот за седум дена

Време - 04.10.2007

КОМИСИЈА ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ Стојан Андов за претседател, а Трајко Велјановски, Тахир Хани, Никола Поповски, Ристо Пенов, Борис Кондарко и Агим Рамадани за членови, е предлог-составот на анкетната комисија што треба да ги посочи виновниците за инцидентите во Собранието минатата недела.

Во комисијата за тепачките мнозинство ќе има опозицијата

Утрински - 04.10.2007

Анкетната комисија за инцидентите во Собранието ќе ја води Стојан Андов По седумдневно натегање, власта и опозицијата вчера, конечно, се договорија за составот на Анкетната комисија за собранискиот скандал, во која опозиционерите ќе имаат мнозинство - нивни ќе бидат четири од седум членови, а со ...

Андов на чело на анкетната комисија

Дневник - 04.10.2007

Стојан Андов е претседател, а Трајко Велјановски, Борис Кондарко, Никола Поповски, Агим Рамадани, Тахир Хани и Ристо Пенов се членови на собраниската комисија што ќе ги испитуваат минатонеделните инциденти во Собранието. Овој состав вчера го утврди Комисијата за избори и именувања по речиси ...

Георгиевски најави investigation!

Вечер Прес - 04.10.2007

Сериозна истрага за тепачките во Собранието најави првиот парламентарец Љубиша Георгиевски откако партиите вчера го усогласија составот на Анкетната комисија, што ќе треба да ги утврди околностите, но и одговорноста за минатонеделните инциденти во законодавниот дом.

Утврден составот на Анкетната комисија

А1 - 03.10.2007

Експресно по вчера постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата, Собраниската комисија за избори и именување денеска го утврди составот на Анкетната комисија, која треба да ги расветли минатонеделните инциденти во Собранието.

Анкетната комисија ќе се стокми денеска?

Дневник - 03.10.2007

Начинот на одлучување на анкетната комисија и избор на претседател што ќе биде прифатлив за власта и за опозицијата се двете прашања за кои СДСМ и ДУИ ќе треба да се изјаснат денеска за конечно да се формира што која ќе ги испитува минатонеделните инциденти во Собранието.

Формирана анкетна комисија за инцидентите во парламентот

Канал5 - 03.10.2007

Се формираше анкетната комисија што треба да ги истражи инцидентите во парламентот. Парламентарна анкетна комисија предводена од Стојан Андов од понеделник почнува со истражување – како почнаа инцидентите и како дојде до физичките напади и навреди врз пратеници и новинари.

Тито бара смена на Елмази, ДПА се смета за чиста

Вечер Прес - 03.10.2007

Владејачките партии вчера се откажаа од мнозинство во Анкетната комисија, која треба да ги утврди виновниците за минатоделните инциденти во Собранието, по што се очекуваше таа конечно да се формира. Додека опозицијата веќе покрена иницијатива за смена на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет ...

Согласност за анкетна комисија за насилствата во Собранието

Макфакс - 03.10.2007

Скопје Партиите во Собранието на Македонија постигнаа денеска согласност за составот на анкетната комисија за истрага околу насилствата во парламентот од пред две недели. Ова денеска го соопшти претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски по консултациите меѓу партиите од власта и опозицијата.

ДПА и ДУИ нејќат вистината да излезе на видело

Вест - 02.10.2007

ПАРТИИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ ГО БЛИКИРААТ ФОРМИРАЊЕТО НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО СОБРАНИЕТО Двете албански партии во Собранието го блокираат формирањето на анкетната комисија, која треба да ги разветли насилствата во и околу Собранието.

Комисија за забошотување

Утрински - 02.10.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Една недела по срамниот инцидент со тепачките во парламентот, се' уште не е формирана анкетната комисија која треба да го испита скандалот. Парламентарното мнозинство и опозицијата никако не може да постигнат компромис околу пропорционалниот состав на Комисијата.

Пропадна уште еден обид за формирање анкетна комисија

Утрински - 02.10.2007

Вчера пропадна уште еден обид да се формира анкетна комисија што треба да го испита инцидентот со тепачките меѓу пратениците и да утврди одговорност за актерите во него. Власта и опозицијата повторно не успеаја да се договорат околу составот на Комисијата, и едните и другите се непопустливи и ...

Анкетната комисија во ќор-сокак

Дневник - 02.10.2007

ДПА и ДУИ не сакаат да се расветли минатонеделниот собраниски инцидент во кој се степаа нивни пратеници и беа нападнати новинари, е коментарот на СДСМ и ЛДП откако и вчера партиите не се договорија за составот на анкетната комисија.

Комисијата за собраниските инциденти и натаму блокирана

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Без договор заврши координацијата на пратеничките групи која денеска ја свика спикерот Љубиша Георгиевски, за деблокирање на Анкетната комисија за неодамнешните инциденти во парламентот. Анкетната комисија не работи веќе неколку дена, откако Демократска партија на Албанците (ДПА) го повлече ...

Учесниците во инцидентот го кочат формирањето?!

Вечер Прес - 02.10.2007

Пропадна уште еден обид на власта и опозицијата да се договорат за составот на анкетната комисија што треба да ја утврди одговорноста за инцидентите во Собранието. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, НСДП и ЛДП, директните учесници во инцидентот, ДУИ и ДПА, имаат забелешки на предлогот на претседателот ...

Обид за деблокирање на Анкетната комисија

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Состанок на координаторите на парламентарните партии за да се изнајде начин за деблокирање на работата на Комисијата, задолжена за расветлување на неодамнешните инциденти треба да се одржи денеска. Состанокот го свика претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски по одлуката на лидерот на ...

И денеска нема договор за составот на анкетната комисија за инцидентите во собранието

Канал5 - 01.10.2007

Партиите не можат да ја формираат анкетната комисија што треба да ги истражи инцидентите во парламентот – не можат да договорат кој да ја има одлучувачката улога - мнозинство во комисијата. Партиите не можат да ја формираат анкетната комисија што треба да ги истражи инцидентите во парламентот не ...

Седници на Собранието и на Анкетната комисија

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Анкетната комисија за утврдување на околностите на настаните во Собранието на Македонија случени на 25 септември годинава и одговорноста на учесниците денеска продолжува со својата работа. Собранието, денеска треба да го разгледа предлогот за донесување по итна постапка на законот за ...