TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Петар Стојчев, победник на пливачкиот маратон во Охрид

А1 - 30.08.2003

Бугаринот Петар Стојчев направи хет-трик со третата победа едно по друго на охридскиот пливачки маратон. Најуспешниот досега во светскиот куп годинава ја продолжи супериорната доминација во традиционалната манифестација која секое лето го збогатува колоритот на македонското спортско живеење.

Маратонот ја најави завршницата на деветтиот светски атлетски шампионат

А1 - 30.08.2003

Машката трка во најтешката и најисцрпувачката дисциплина, маратонот, ја најави завршницата на деветтиот светски атлетски шампионат во Париз. Минуваат двата последни мундијалски дена во градот на светлината. Мароканецот Жаод Гариб го изненади атлетскиот свет тиумфирајќи во најмакотрпната дисциплина, ...

Започна охридскиот пливачки маратон

А1 - 30.08.2003

На Свети Наум утрово стартуваше 17-тиот меѓународен пливачки маратон. Во водите на Охридското Езеро на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри запливаа 28 маратонци, 17 во машка и 11 во женска конкуренција. Овогодишниот охридски маратон е со најсилна конкуренција во серијата на светските маратони ...

Светската елита годинава во претоплите езерски води

Вест - 30.08.2003

17. ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН Присуството на 6 од десетте најдобри мажи и трите најдоброрангирани маратонки од Светскиот куп Охридскиот маратон го прават најсилна трка .- Победничката од 1992 Теодора Раптис, Јане Карајованов...... Охрид.

Стојчев го брка хет-трикот на Медина

Утрински - 30.08.2003

Маратонската елита денеска по 17-ти пат ќе го разбранува Охридско Езеро РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Бугаринот Петар Стојчев со дополнителен мотив ќе влезе во костец со 16-те ривали во машка и со уште 11 во женска конкуренција, колку што денеска од 10,30 ч. ќе се појават во Св. Наум на стартот на 17.

Бугаринот Петар Стојчев брка хет-трик во Охрид

Дневник - 30.08.2003

МАРАТОНСКО ПЛИВАЊЕ - 17. ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН Македонија на трката своите претставници ќе ги има во имињата на Теодора Раптис, Јане Карајованов, Сотирчо Трајковски и Михајло Ристовски Актуелниот лидер во Светскиот куп, Петар Стојчев, на денешниот 17.

Традицијата продолжува со спектакл

Вест - 29.08.2003

ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН Се е подготвено да стартува 17. по ред Охридски пливачки маратон, на кој годинава, на патеката "Климе Савин" во должина од 30 километри, со старт во Свети Наум и цел на пристанишетото во Охрид, ќе настапат 28 пливачи ( 13 жени), е истакното на вчерашната прес конференција ...

Елитата пристигна во Охрид

Дневник - 29.08.2003

ЗА 17. ОХРИДСКИ МАРАТОН Кирога Факундо и Дамјан Блау од Аргентина го откажаа учеството на 17. Охридски пливачки маратон, кој ќе се одржи в сабота на Охридско Езеро. Трката е дел од СК во маратонско пливање од календарот на ФИНА.

Подготовките за охрдскиот маратон при крај

А1 - 28.08.2003

Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски денеска во вилата „Билјана“ во Охрид прими делегација на Организациониот одбор на Охридскиот маратон, што треба да стартува в сабота. На средбата, на која присуствуваа и неколкумина еминентни пливачи-учесници на маратонот, се разговараше за ...

Прием за маратонците кај покровителот Трајковски

Дневник - 28.08.2003

ПЛИВАЊЕ Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски вечерва ќе приреди прием за организаторите на 17. Охридски пливачки маратон. На оваа традиционална средба во вилата "Билјана" во Охрид, покровителот на најзначајната спортска манифестација во земјава ќе биде запознат со последните ...

Прв тренинг на Аргентинците и Еѓипќаните

Вест - 27.08.2003

Пливање-Охридски Маратон Маратонските пливачи од Аргентина и Египет, учесници на Охридскиот маратон, по пристигнувањето во Скопје вчера, го одржаа првиот тренинг на базенот "Бисер" во Скопје, по кој заминаа на аклиматизација во Охрид.

Македонија и дефинитивно со четворица пливачи

Утрински - 27.08.2003

Прес во пресрет на 17. Охридски пливачки маратон Светската елита во маратонско пливање ќе се собере на 30-ти овој месец на 17. Меѓународен пливачки маратон во Охрид, кој и годинава ќе се одржи под покровителство на македонскиот претседател Борис Трајковски.

Раптис осма, Карајованов не ја заврши трката

Утрински - 27.08.2003

Шести маратон од Светскиот куп на ФИНА во Капри Македонската пливачка Теодора Раптис го освои осмото место во женска конкуренција, а Јане Карајованов не го заврши шестиот маратон од Светскиот куп на ФИНА од заливот Капри до Неапол, Италија, со должина од 33 км и со награден фонд од 30.000 долари.

Покровителот ја заборавил најсилната трка во Светскиот куп

Вест - 26.08.2003

Пливање - Охридски Маратон Покровителот на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Борис Трајковски не ни ја даде потребната поддршка која ја очекувавме, иако годинешниот 17-ти маратон претставува најсилната трка во рамките на Светскиот куп, истакна на вчерашниот брифинг, Дики Бојаџи, ...

Здравка Станковска на маратонот "Фарос" на Хвар

Утрински - 26.08.2003

Младата македонска надеж пред нов голем испит Македонската пливачка Здравка Станковска (18) в недела по вторпат ќе учествува на маратонот "Фарос" кај хрватскиот остров Хвар, со должина од 16 км., каде што во 2000 година го освои осмото место. Со оглед на тоа што во истиот викенд ќе се одржи и 17.

Премиерот го "спасил" маратонот, откако Трајковски потфрлил

Дневник - 26.08.2003

ПЛИВАЊЕ - 17. ОХРИДСКИ МАРАТОН Премиерот Бранко Црвенковски лично интервенирал со средства од Владата за да се спаси одржувањето на 17. Охридски пливачки маратон, и пет дена пред почетокот, и покрај големите проблеми, завршени се сите подготовки.