TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Од 9 до 2

Вест - 20.10.2001

САКАМ ДА КАЖАМ Леле маче, што убаво ти стои скафандерот 1Какви сме за греота, уште антракс ни фалеше. Не знаеш што е полошо, Устав да менуваш, или антракс да дишеш. Солана и Робертсон да ти доаѓаат секоја недела, или сомнителни писма да отвараш. Американците мислат си имаат проблем.

Македонија набави пет скафандри

Вест - 20.10.2001

АНТРАКСОТ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ВО РАБОТЕЊЕТО Поштенските службеници кои работат со пратки, задолжително мора да имаат работни мантили, маски и хируршки ракавици, а по завршувањето на работата мора да се дезинфицираат. Скафандрите ќе ги носат петте ...

Македонија купува скафандери и формира тим за борба со антраксот

Дневник - 20.10.2001

БИОТЕРОРИЗМО?шири стра?во земЈав?/span> Македонија купува скафандери ?формир?ти?за борб?со антраксо?/SPAN> Во земјав?се појавуваат се повеќе сомнителни писм? ?Министерството за здравств?препорачув?ти?да не се отвораат, ?ак?се отвора? пликовит?да се стават во пластичн?ќесе ил?некако?друг контејне?за ...

Терористите испратиле порака до жртвите: "Земете си пеницилин!"

Дневник - 20.10.2001

БИОТЕРОРИЗАМ ВО САД Земете пеницилин веднаш. Смрт на Америка. Смрт на Израел. Алах е голем - пишувало во писмото испратено до уредникот Брокау Писмата со антракс испратени до американскиот сенатор Том Дешл и до уредникот на "Ен-би-си" Том Брокау содржеле слични пораки во кои се велича Алах, јави ...

38 случаи на антракс во САД досега

А1 - 19.10.2001

Вкупниот број на откриени случаи на антракс во САД во моментов изнесува 38, но се почести се најавите дека заразната бактерија е присутна и во други земји, откако вчера беше откриен првиот случај во Кенија. Претпладнево беше евакуиран британскиот парламент поради закана од антракс, но по еден час ...

И Македонија ја зафати антракс паника

А1 - 19.10.2001

Досегашниото првично испитување на белиот прав кој беше откриен во писмото упатено до весникот „Вест“ - укажува на тоа дека станува збор за лажна пратка, но конечните резултати ќе бидат готови во понеделник тврдат во Републичкиот завод за здравствена заштита.

Нема антракс во писмата во Белград

А1 - 19.10.2001

Експерти на воено медицинската академија во Белград соопштија дека во ниту една од петте пратки кои се доставени на анализа не се пронајдени бактерии на антракс. Началникот за превентивна медицина на таа институција сепак не ја исклучи можноста од био-терористички напад на територијата на ...

Антракс и во Кенија

Вест - 19.10.2001

Писма со бел прав и во францускиот парламент, американската амбасада во Токио... Поштенска службеничка во Москва писмата ги фаќа заштитена со маска и ракавици ПАРИЗ/ТОКИО/ПЕКИНГ/ НАЈРОБИ - 19 октомври (Ројтерс) - Обезбедувањето вчера го затвори делот кај што се прима поштата во Долниот дом на ...

Неместо бактерии на антракс, бело брашно преку пошта

Вест - 19.10.2001

ШТИПСКА АНТРАКС ШЕГА Против Ангел М. (50) и Никола Х. Н. (41), двајцата вработени во ГП "Бетон" од Штип, полицијата ќе поведе прекршочна постапка поради вознемирување на граѓани. Имено, двајцата "бетонци" со намера да се пошегуваат со своите колеги, вчера попладне отишле во штипската пошта за да ...

Антракс паника и во Македонија

Вест - 19.10.2001

ОТКРИЕНИ ЧЕТИРИ ПИСМА СО СОМНИТЕЛНА СОДРЖИНА Македонија дури сега презема мерки за антраксот, иако, според сите анализи, таа е кризно подрачје, каде не е исклучена можноста за ширење на оваа смртоносна болест. За вработените во ризичните институции ќе Сите досегашни анализи потврдуваат дека ...

Со пеглање на писмата против антракс

Вест - 19.10.2001

ВАШИНГТОН, (Ројтерс) - Водечки експерт за биотероризам рече дека луѓето кои чувствуваат паника кога ја отвораат својата пошта поради стравот од антракс можат да употребат врела пегла на пареа и влажна ткаенина за да ги убијат бактериите.

Како да се постапи при закана со антракс или друг биолошки агенс

Вест - 19.10.2001

Во многу земји се јавија случаи на заканувачки писма за антракс. Како треба да постапите ако добиете или отворите сомнително писмо или пакет: А. НЕМА ПОТРЕБА ОД ВОЗНЕМИРЕНОСТ 1. Причинителот на антракс може да предизвика инфекција на кожата, гастроинтестиналниот тракт или белите дробови.

Писмо инфицирано со антракс пристигна во Кенија

Дневник - 19.10.2001

ПРВ СЛУЧАЈ НА ПОШТЕНСКИ АНТРАКС НАДВОР ОД САД Кениски бизнисмен од Најроби вчера добил писмо кое содржело бактерии на антракс, јави Ројтерс. Писмото било испратено од американскиот град Атланта, а по пат минало и низ сојузната држава Флорида, од која почна да се шири епидемијата на "поштенски ...

Писмото на испитување, "поштарките" на преглед

Дневник - 19.10.2001

ЛАЖeН АНТРАКС По пронаоѓање сомнително писмо со бел прашок во Поштата кај Универзалната сала во Скопје, вработените службенички вчера се јавиле на медицински испитувања на Клиниката за инфективни болести. МВР вчера потврди дека сомнителното писмо не содржи експлозив, а прашокот се уште се испитува.

Антраксот ги разниша берзите

А1 - 18.10.2001

Денеска цените на акциите на европските берзи доживеаја голем пад откако стравувањата поврзани со влијанието на вирусот антракс врз потрошувачите доведе до пад на цените на акциите во САД и во Азија. Во Лондон главниот индекс на акциите падна за 2 проценти.

Антракс паниката ја зафати и Македонија

А1 - 18.10.2001

Писмо со бел прав упатено до уредникот на „Вест“ Горан Михајловски било откриено завчера во пошта 11 која се наоѓа кај Универзалната Сала. Пратката ја донело непознато лице кое инсистирало да биде испратена препорачано. На ковертот на горниот лев агол со грчки букви била напишана кратенка на некоја ...

Бин Ладен го купил антраксот од Русите

А1 - 18.10.2001

Антраксот во САД пристигнал од Русија, а не од Ирак, иако таа земја најверојатно поседува 8,5 тони течен антракс, пишува британскиот весник Independent. Потпирајќи се на сведоштвото на казачки дисидент, кој беше заменик директор на тајната советска програма за развој на биолошкото оружје, познато ...

Пронајдено сомнително писмо во поштата кај Универзална сала

Дневник - 18.10.2001

ЗАКАНИ СО БИОТЕРОРИЗАМ Завчеравечер околу 20 часот вработените во Поштата 11 кај Универзална сала во Скопје забележале сомнително писмо, кое било адресирано до редакцијата на еден скопски дневен весник. Вработените веднаш го алармирале Министерството за внатрешни работи, по што припадници на ...

Антракс во Сенатот, заразени 29 службеници

Дневник - 18.10.2001

нов НАПАД ВРЗ САД Американскиот Сенат вчера беше евакуиран откако беше утврдено дека 29 службеници биле во контакт со смртоносната бактерија антракс, чии спори се пронајдени во вентилацискиот систем на објектот. Сите заразени службеници работеле во канцеларијата на сенаторот Том Дешл, кој пред три ...

Седуммесечно бебе - нова жртва на антракс во САД

Вест - 17.10.2001

И лидерот на демократите во американскиот Сенат, Том Даскл, добил писмо во кое се наоѓал сомнителен бел прав Њујорк, 17 октомври - Седуммесечно бебе на службеник од американската телевизија Еј-Би-Си Њуз е заразено со антракс, откако на 28 септември било во зградата на телевизијата во Њујорк.

Американски сенатор добил писмо со антракс!

Дневник - 17.10.2001

ПАНИКА ВО САД Поштенскиот антракс досега инфицираше 13 лица, меѓу кои се едно 7-месечно бебе од Њујорк и 73-годишен старец од Флорида Истакнатиот американски сенатор Том Дешл добил писмо што содржело бактерии на антракс во форма на бел прав, јави Ројтерс.

Сомнителниот прав во писмо го растресе светот

А1 - 16.10.2001

Во САД се регистрирани два нови случаи на антракс со што бројката на заболени се искачи на 14 случаи. Едно од заразените е седумесечно бебе, син на продуцентот на вестите на ABC кој се зарази со антракс преку вдишување. Според директорот на телевизијата, бебето било присутно во зградата, но бидејќи ...

Македонија не се плаши од антракс

Вест - 16.10.2001

СВЕТСКАТА ПАРАНОЈА УШТЕ НЕ СТИГНАЛА КАЈ НАС Македонија, засега нема да преземе никакви мерки за заштита од инфективната болест антракс, оти, според проценката на нашите стручњаци, моменталната состојба во земјава не го бара тоа.

САД го прогласи антраксот за терористички напад

Вест - 16.10.2001

Бројот на заболени од антракс се искачи на 12, а американскиот секретар за здравство оцени дека случајот антракс е терористички напад, но се уште не може да се потврди дали е поврзан со Ал Каида на Осама бин Ладен Бројот на заразени лица со бактеријата антракс во америка се зголеми на 12, откако ...

Грција со засилени мерки за заштита од антракс

Вест - 16.10.2001

Атина, 16 октомври - Грција презема засилени мерки за заштита од антракс, јавија вчера грчките медиуми. Во грчкото Министерство за здравство постојано се одржуваат состаноци на кои се дискутира за регистрираните случаи на антракс во САД, како и за мерките, кои е потребо да се преземат поради ...

Антарксот во Македонија

А1 - 15.10.2001

Во Македонија се следат сите информации поврзани со антраксот тврдат во министерствто за здравство. Со цел подобро информирање на граѓаните и на здравсените работници републичкиот завод за здравствена заштита отвори е веб страница со податоци за тоа како се препознава и лекува болеста антракс од ...

Романски професор тврди дека создал антибактериолошко оружје против антракс

Вест - 15.10.2001

БУКУРЕШТ, 15 октомври - Романскиот професор Јоан Коман изјави дека создал супстанца која може многу брзо и ефикасно да ја искорени заразата од областите инфицирани со антракс. Производот "Аллдец - 98", на кој Коман работел 30 години, претствува мешавина од две супстанци кои заедно можат да ги ...

Во Флорида уште пет позитивни тестови на антракс

Вест - 15.10.2001

АНТРАКС ПАНИКА БОКА РАТОН, 15 октомври - Уште пет лица вработени во компанијата "Американ мидија инк" на Флорида, имаат позитивни резултати од тестовите за изложеност на антракс, соопшти вчера портпаролот на оваа компанија БОКА РАТОН, 15 октомври - Уште пет лица вработени во компанијата "Американ ...

Антракс и во писмото до "Мајкрософрт" во Рино

Вест - 15.10.2001

ВАШИНГТОН, 15 октомври - Тестовите за антракс, направени врз писмото што во саботата беше испратено од Малезија до канцеларијата на "Мајкрософт" во градот Рино, во американската држава Невада, се позитивни. Како што соопшти гувернерот на оваа држава, Кени Гин, во писмото имало вирус на кожен ...

Сомнително писмо испратено до германски весник

Вест - 15.10.2001

БЕРЛИН, 15 октомври - Четири лица биле сношти подложени на тестови за антракс во германскиот град Мајнц, откако една жена вработена во весникот "Мајнцер Рајнцајтун" отворила писмо во кое пронашла сомнителен бел прав. Писмото е однесено на лабораторико испитување, а врз четирите лица кои дошле во ...

Групата "Антракс" нема да си го смени името

Дневник - 15.10.2001

МУЗИКА Членовите на треш-метал групата "Антракс" признаваат дека нивното име "не е многу кул" во моментите кога на Флорида владее страв од антраксот, но велат дека немаат намера да го менуваат. Групата која издаде албуми под наслов "Spreadig the Disease" (Ширење на болеста) и "The Threat is Real" ...

Низ Америка фрчат писма со бактерии на антракс

Дневник - 15.10.2001

НОВ ВИД ТЕРОРИЗАМ Минатата недела во Њујорк и во Рино беа забележани два случаи на испраќање на писмо во кое имало бактерии на антракс, при што најмалку едно лице е заболено од оваа смртоносна болест, јави Ројтерс. Со поранешниот случај на испраќање антракс по пошта во гратчето Бока Ратон во ...