Разбојништво, такво какво може да се види само на филм, се случи вчераутро во Чаир, на улицата "Максуд Садиќ". Четворица маскирани вооружени со автоматски пушки запленија комбе на "Македонски Пошти" полно со пари. Неофицијално, недостасуваат 37 милиони денари.
Државниот суд во Илиноис донесе пресуда со која го отфрли барањето за отштета од 10,1 милијарда долари од "Филип Морис САД" поради наводни обвинувања дека компанијата сакала да ги измами потрошувачите користејќи ја класификацијата "лајт" на некои цигари.
Александар Димитровски и браќата Владимир и Бојан Дуковски се осудени на по осум месеци затвор затоа што, според обвинението, во неколку наврати со фалсификувани мастер-кард картички од автомат на "Комерцијална банка" подигнале 1.117.000 денари.
По шест концерти, кои од минатата сабота до затсиноќа се одржуваа во МКЦ, вечерва на Скопски саем се случува финалето на манифестацијата "Таксират 007", зад која организациски стои Литиум рекордс. На Саем ќе настапат германската треш метал група "Дистракшн", македонската група "Фолтин", босанскиот ...
Културно-уметничкото друштво "Билјана" кое функционира како друштво на членовите на Сојузот на слепите лица на град Скопје вчера и денеска ја одбележува 35-годишнината од основањето. Во Домот на хуманитарните организации "Даре Џамбаз" во Скопје вчера беше одбележана свечена академија на која им беа ...
Новата гама скутери на „Хонда" ќе конкурира во најбројниот сегмент на европскиот пазар, во класата од 125 до 150 ццм. Моделот „ПС 125и" ќе се испорачува со водено ладен четири тактен мотор со еден цилиндер. Бензинот електронски се впрскува што овозможи подобра искористливост на горивото и зголемена ...
МПИ "Жито Караорман" Кичево по продажбата на акциите на дел од вработените ја промени сопственичката структура и од ситно акционерство се претвори во друштво со доминантен сопственик кој располага со 56 отсто од вкупниот капитал.
Завчеравечер непознат сторител ги искасапил гумите на неколку десетици автомобили кои ноќта се затекнале на улиците во Кичево. Случаите сите до еден се пријавени во полиција, но барем засега не се знае кој им го расипа денот на повеќетемина Кичевци.
Дека и во игра со многу грешки средбата може да биде привлечна покажа дуелот во Струмица помеѓу екипите на Струмица 2005 и Тоа сум јас. На 13 секунди до крајот гостинскиот кошаркар Софковски постигна тројка за водство на скопјани 60:59.
Големата награда на Здружението на фоторепортери на Македонија "Живко Јаневски" годинава отиде во рацете на Дарко Андоновски, фоторепортер во редакцијата "Вечер" за фотографијата "По концертот". Андоновски, исто така, е добитник и на дипломата Фото-приказна за фотографиите "Завеано село Дренак".
Хрватскиот генерал Анте Готовина, кој се привикнува на условите во затворот во Шевенинген, почнал да се дружи со другите обвинети и ги пофалил кулинарските вештини на поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
По барање на граѓаните, воведена е нова траса на автобуската линија "73", која од Хром, преку Тафталиџе 1 и 2, Капиштец, Центар, Кисела Вода, 11 Октомври сообраќа до населбата Усје. Во иднина трасата по која ќе се движи овој автобус ќе ги поврзува и сообраќајниците "Адолф Цибировски" и "Митрополит ...
Сплет на околности вчера доведе до доцнење на печатењето и дистрибуирањето на "Вечер". Нашите читатели веруваме ќе најдат разбирање и оваа мала, од технички причини произлезена грешка во чекори имаа можност да ја компензираат со интернет изданието кое стаса навреме до нив.
Луксузен алпинист Буквата "г" во историјата на теренските возила секогаш се пишувала голема. Заслужен за тоа е бескомпромисниот теренец кој успеа да се одржи во топ-форма цели 26 години. Класата "г" мораше да се обнови, но мораше да се задржи изворната форма и, се разбира, квалитетите во тешки ...
Три компании досега подигнале тендерска документација за купување на зградата на Светскиот бизнис центар во Скопје. Заинтересирани за купување се две словенечки фирми, од кои едната ЛБИС - дел на Нова Љубљанска банка, како и француската компанија "Балкан хотелс енд ресор инвестмент" регистрирана во ...
"Мизар" на концертот во Штип, посветен на Даниел Драмскиот креативен центар при гимназијата "Георги Димитров" од Скопје, кој порано го носеше името "Без влакна на јазик", ќе биде преименуван во "С'клет", според авторскиот печат кој го остави новинарот Даниел Михајловски.
Најстариот и најатрактивен трговски центар во земјава - ГТЦ прави напор продажбата низ неговите дуќани да биде посовремена и полесна. По примерот на големите трговски центри во Европа. Идејата да се направи кај нас нешто што ќе биде трендовско - во светот одамна познато и докажано, потекнала од ...
Народњаци - забавњаци, во весело расположение, разиграни, распеани ќе биде ликот на новогодишното издание на емисијата Дом и дизајн, со водителката Маја Поцевска. Два и пол часа забава со блок народни и блок забавни песни со Фонтана, Адријана Јаневска, Биоритам, Биба Додева, Феруз и Иљми Мустафов , ...
Опозицијата дава целосна поддршка на власта во спроведувањето на реформите кои Република Македонија ќе ја одведе во Европската Унија, е генералниот заклучок од вчерашната трибина на претставниците на политичките партии од позицијата и опозицијата која се одржа во Маврово, во организација на ...
Јас сум убеден дека Македонија има капацитет да се справи и да ја постигне крајната цел, да стане рамноправна членка на ЕУ. За таа цел, и Европската комисија на 9 декември даде оценка дека политичките партии во Македонија покажаа исклучителна храброст во спроведувањето на Охридскиот договор и дека ...
Како никогаш досега, некогашниот лидер на групата "Фобиа" од Скопје работи на новиот материјал кој ќе се најде на неговиот нов албум, предвиден својата промоција да ја има во почетокот на март 2006. На албумот ќе се најдат десетина нови композиции, а веројатно ќе има нешто и од хитовите на "Фобиа".
"Ова не е судење на генералот Анте Готовина. Во Хаг им судат на сите бранители и на целиот хрватски народ", и рекол огорчениот 55-годишен бранител Иво Буковац на сопругата Вишњица, откако го гледал преносот од изрекувањето на обвинението, а потоа ги следел и ТВ емисиите "Латиница" и "Отворено".
Со одлука на Градскиот комитет за урбанизам и сообраќај, воведена е нова автобуска линија "2А" која претставува продолжение на трасата на актуелната "2". Според возниот ред, автобусите на оваа линија на семафорите во населбата "Автокоманда", кај Шумарскиот факултет, наместо да продолжи право, ќе ...
Претседателот Бранко Црвенковски и експремиерот Хари Костов добија допис од швајцарската "Американ експрес банк", дека наведените сметки и банкарски изводи во неделникот "Фокус" за нив се непознати. Според Црвенковски, во дописот што го добил пред два дена, стои дека Банката не ги препознава и ...
На Македонска банка и останаа уште неполни два месеци да се продаде. Деновиве се интензивирани преговорите со француската банкарска групација Кредит Агрикол, откако неодамна сопственикот на Банката, бизнисменот од Србија, Јовица Стефановиќ Нини одби да ги продаде акциите на словенечкиот финансиски ...
Скопските филмофили побараа од "Манаки филм" повторно да го гледаат "Пепелашко". Желбата им е задоволена: во наредниве неколку дена ќе биде репризирана приказната инспирирана од животот на легендарниот спортист, некогаш ветувачки боксер во тешка категорија, Џим Бредок, кој поради серијата изгубени ...
Новиот албум "Lo-lee-ta-too" на битолчаните "Фолтин", беше промовиран вчера, во кафе-барот "Ескејп" со свирка во живо на најновиот хит, обработката на песната "Милица". Нив ќе ги гледаме и в сабота на "Таксират". Промоцијата, иако инвентивна, не помина во знакот на славење, туку напротив, за да се ...
легенда: Голем скандал изби неколку дена по ждрепката за групите на СП 2006 година. "Скај Италија" го обвини златното момче на германскиот фудбал Лотар Матеус за манипулирање при извлекувањето на противниците на неговата репрезентација.
Скопската публика затсиноќа на Таксират 007 го доживеа Рамбо Амадеус. Предизвикот да се оди на Рамбо секогаш е во основа ист-неговата музика чија силна страна е изведбата во живо, а челична сила е текстуалниот дел и ноншалантноста со која тој се однесува.
Денес, во 10 часот, во МТВ ќе се удри првата клапа на новата серија од 25 получасовни епизоди "Сашка и Сашко". Тое е замислена како една модерна, невообичаена играна серија. Главни ликови се една млада, убава, еманципирана интелектуалка и еден стабилен, современ маж, кои се сосема различни по ...
Во присуство на премиерот Владо Бучковски на свечена церемонија во Ерусалим беше означен почетокот на работата на Почесниот конзулат на Република Македонија во Израел, што ќе биде лоциран во Тел Авив, а чија цел е афирмација на македонските потенцијали, пред се на економски план кај израелските ...
Во Уметничката галерија во Битола, денеска (12 ч.) ќе биде отворена изложбата на акварели од Миливоје Богосављевиќ од Србија и Црна Гора. Збирката што ќе биде претставена содржи 25 акварели изработени за време на престојот на авторот (инаку по вокација вајар) во Македонија, како инспирација од ...
Весна Таковска по повеќе години го напушти врвот на осигурителната компанија "Табак осигурување". Како што дознаваме, Собранието на акционерите на последната седница ја разреши Таковска од функцијата претседател на Одбор на директори на компанијата.
Либералот Стојан Андов се уште е дел од коалицијата. "За подобра Македонија", иако на неколку наврати, за важни прашања покажа различен став од носечката партија ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат во опозиционите редови. "Различните мислења не се доволна причина за прекинување на соработката со ЛП или со ...
Не верувај им на Данајците (читај Грците) ни подарок кога носат! Оваа историска вистина се потврди деновиве, кога во лондонски "Сандеј тајмс" излезе скандалозниот текст против "осведочениот пријател на Македонија", конзервативниот лидер во подем, Дејвид Камерон.
Стопанската комора на Македонија ќе побара од Владата да ја земе слободната економска зона "Бунарџик" под своја капа. Ваква иницијатива до Комората била поднесена од повеќе компании-членки кои имале намера во бесцаринската зона да изградат фабрики со помош на свои партнери од странство.
Кој би можел да објасни каков флуид се создава во воздухот кога ќе се сретнат манекенка и познат фудбалер. По романсата меѓу Џанлуиџи Буфон и Алена Середова, Франческо Тоти и Илари Бласи ... се наѕира нова љубавна приказна на две личности од јавниот живот на Англија.
Вчера, во просториите на хотелот "Холидеј ин" пред бројни гости беше промовирано енциклопедиското издание на Македонскиот олимписки комитет (МОК) посветено на летните, зимски олимпијади и параолимпијади со наслов "Олимпизам" од авторите Маринковиќ, Наумовски, Јовановски и Сидоровски.
Партијата на Макдедонците од Грција "Виножито" ќе се жали до грчкиот суд против претставници на владата поради изнесени навреди и клевети. Повод за жалбата се обвинувањата дека членовите на "Виножито" сакаат да го нарушат територијалниот интегритет на Грција и да го отцепат северниот дел од ...
Советникот на Општина Аеродром, Миле Гиневски, предлага измена на Законот за локална самоуправа што ќе овозможи, по пат на референдум, отповикување на градоначалниците кои ги изневериле очекувањата на своите гласачи. Овој советник, на наредната седницата на Советот, ќе ја достави иницијативата, ...
"Месалазинот" на Реплек ќе патува во странска лабораторија и по налог на адвокатот на пациентите кои го тужат производителот на лекот што пред три недели беше повлечен од употреба. За разлика од официјалната пратка за Лондон во која се "спакувани" мостри земени од магацините на Реплек, на барање на ...
Битолската полиција поднесе пријава против четириесет и петгодишната С.Н. од Цапари. Осомничена е дека фалсификувала документи. Според наводите во пријавата, С.Н. пред две години од Италија увезла автомобил марка "алфа ромео".
"Делото на Фрањо Туѓман ќе биде запишано со златни букви во хрватската историја", рече премиерот и претседател на ХДЗ Иво Санадер, по повод шестата годишнина од смртта на првиот претседател на партијата, на комеморацијата што се одржа во саботата во загрепското Старо градско собрание, на кое ...
Градежните работи во одделот за дијализа во Чаир се во завршна фаза, а пациентите во него ќе можат да се вратат, најверојатно во втората половина на оваа недела, највуваат од Клиниката за нефрологија во чии рамки е и "Чаир". Според нивните објаснувања, деновиве, треба да се комплетираат одредени ...
Скопската група "Боргот" се победници на "Лузер фест 2005", кој се одржа во саботата во Младинскиот културен центар. На фестивалот настапија пет македонски и три групи од Загреб, Софија и Нови Сад, чии различни стилови овозможија добра атмосфера и забава за младите.
Марко Фујз директор за продажба на словенечката фирма "Енгротуш" надлежен за Македонија и градоначалникот на Битола Владимир Талески на средба во општината разговараа околу погодните локации за изградба на нивни маркети во Битола.
Новинарите ги следат девијантните појави во општеството и помагаат да се решат, но многу малку прават за сопствените права кои во земјава се на многу ниско ниво. Платите на новинарите во Македонија се движат од 50 до 500 евра, редовно не се исплатуваат, а некаде не се плаќаат и придонесите.
За финансирање на културата за 2006 година државата реално може да издвои 1. 235.305. 000 денари, средства што се помалку за 119 милиони или 8,81 отсто во однос на годинашниот ребалансиран буџет во висина од милијарда и 354 милиони денари.
Деновиве почна преселбата на 11 ромски семејства од узурпираната зграда на старото медицинско училиште во Штип во реновираната зграда на поранешната штипска кланица. Вкупно ќе бидат преселени 30 лица, Роми, но преселбата не ја прифатија уште шест Роми, кои рекоа дека не можат да ги прифатат ...
Во дописништвото на "Вечер" во Штип по телефон се јави Мијалче Богданов, возач на "Балкан Експресс", кој веке 4 години ја издржува 8-годишната затворска казна за наводен шверц со дрога. Мијалче Богданов во телефонскиот разговор за "Вечер" истакна дека е невин и оти тоа ќе го докаже на повторното ...
Академик Георги Старделов во своето поздравно обраќање до годинешните добитници на Светиклиментовата награда, настан што се случи во Собранието на РМ на празникот на свети Климента, цело време употребуваше "Св. Климент Охридски", а наградата официјално го носи името: "Климент Охридски".
Ако пред точно три години, "Алкалоид" успеа да ја продаде првата лиценца за лекот "кафетин", чекор со кој би можеле да се гордеат и да го посочат малкумина, оваа година најреномираната македонска фармацевтска куќа прави нов сличен продор.
Во петокот, на деветти декември, во Домот на АРМ, Скопје, нашиот најекстравагантен рокер, Симеон Иванов Канго, го прослави својот четириесетти јубилеј од своите музички почетоци. Концертот започна во 20 часот и триесет минути, со музичко - поетски орсториум и соло настап на Канго со акустична ...
Ноќта меѓу петокот и саботата, во расчекор од час и половина, во Скопје се случија два инциденти. И во двата се пукаше. Првиот е во еден час по полноќ во Градскиот парк, кај дискотеката на платоте пред "Планет". Вториот пак е регистриран околу три часот во Мичурин, во ноќниот клуб "Деспина".