TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОБСЕ ја поддржува полициската операција

А1 - 07.09.2003

ОБСЕ ја поддржува операцијата на етнички мешаната полиција што денеска е преземена против вооружените криминални групи во регионот на селото Брест и апелира до локалното население да остане мирно и воздржано, изјави портпаролот на ОБСЕ Изабел Де Рут.

ОБСЕ ја помага полициската операција околу Ваксинце

Утрински - 06.09.2003

МВР ги користи информациите на меѓународните организации Полициската операција околу Ваксинце ја помагаат полициските експерти на ОБСЕ во Македонија. Како што дознаваме од дипломатски извори, експертите на ОБСЕ се вклучени во планирањето на акцијата на МВР околу селото, насочена за фаќање на ...

МВР во фази ги апси криминалните банди

Вест - 05.09.2003

РЕОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ЛИПКОВСКИОТ РЕОН Министерот за внатрешни работи Хари Костов побара поддршката од локалното население да биде "повеќе практична, со определена практична доверба во МВР и практична пооддршка во акциите што ги спроведува Мин Министерството за внатрешни работи ...

Костов побара помош од локалното население за справување со криминалците

Утрински - 05.09.2003

На одржаната средба за смирување на состојбите што се одржа во Куманово во организација на ОБСЕ Борис Георгиевски Присуството и активностите на МВР за разбивање на криминалните групи во Кумановско-липковскиот регион, амнестијата за припадниците на поранешната ОНА кои сў уште не се евидентирале во ...

Градоначалникот на Липково нема да присуствува на ниту една средба

Утрински - 05.09.2003

БОЈКОТ КУМАНОВО - Градоначалникот на Липково, Хусамедин Халили, нема да присуствува на ниту една средба што ќе биде организирана во иднина. На прашањето, зошто тој ги бојкотирал средбите во Ваксинце и во Куманово, неговиот советник за безбедност Абедин Зимбери рече дека неговиот градоначалник нема ...

Полициските пунктови не може да се разместуваат по нечија волја

Дневник - 05.09.2003

КОСТОВ ВО МИСИЈА ЗА РЕД И ПОРЕДОК ВО КУМАНОВО Населението од кумановско-липковскиот крај ја поддржува акцијата на полицијата за фаќање на криминалните групи во тој регион, но неопходни се поголема доверба во МВР и практична поддршка од населението за полицијата на теренот, изјави завчеравечер во ...

Напнатоста попушта, населението не е против акцијата на МВР

Дневник - 05.09.2003

ПРОДОЛЖУВА БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛНИТЕ БАНДИ Населението од кумановско-липковскиот крај ја поддржува акцијата на полицијата за фаќање на криминалните групи во тој регион, МВР бара поголема доверба и практична поддршка од населението.

Во Липковско регистрирани истрели во селото Брест

А1 - 04.09.2003

Според полициските извештаи во липковскиот регион ноќеска биле регистрирани само истрели од автоматско оружје во околината на селото Брест. Тие истрели според МВР се единственото нарушување на јавниот ред и мир во тој регион.

Акцијата е во ред и нема врска со етничка припадност

Вест - 04.09.2003

МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ЦЕЛОСНО СТОЈАТ ЗАД ПОЛИЦИЈАТА Тековната полициска операција околу Ваксинце и Арачиново се однесува на воспоставувањето ред и поредок во овој дел на земјата, и одделувањето на криминалните групи од обичните граѓани.

Не фрлам атомска бомба на мравка

Вест - 04.09.2003

МИНИСТЕРОТ ХАРИ КОСТОВ ТВРДИ ДЕКА АНА НЕ Е ОПСНА И ВЕЛИ: Можеби кај дел од јавноста или кај некои луѓе постои желба за гледање како хеликоптери фрлаат бомби или како пукаат тенкови, но тоа не се мерки со кои се решаваат мали криминални неповрзани терористички групи, Министерот за внтарешни работи ...

Полицијата од вчера се прераспоредува од пунктови на стратегиски позиции

Утрински - 04.09.2003

Жителите на Ваксинце, преку пратениците од Карадачкиот регион, излегоа со пет барања до Владата Сашко Димевски МВР од вчера претпладне, неколку часа по средбата, на дел пратеници-Албаници со жители и претставници на вооружени групи во Ваксинце, почна со прераспоредување на своите специјални сили во ...

Костов: АНА е минорна група и не е закана за Македонија

Утрински - 04.09.2003

Министерот за внатрешни работи ги информираше пратениците за безбедносната ситуација во земјава „Последните случувања во Кумановско-липковскиот регион нема да доведат до конфликт како што се случи во 2001 година", изјави вчера министерот за внатрешни работи, Хари Костов, пред собраниската Комисија ...

Барањата на АНА не заслужуваат внимание

Утрински - 04.09.2003

Никола Поповски за развојот на настаните во Ваксинце "Мислам дека се многу контрадикторни тие барања кои јавно ги слушнавме", оцени вчера шефот на парламентот, Никола Поповски, во врска со развојот на настаните во Ваксинце. "Апсолутно се во аут таквите барања затоа што се надминати и мислам дека не ...

Полицијата е против криминалците, а не против локалното население

Утрински - 04.09.2003

Меѓународната заедница за операцијата на МВР во Липковскиот регион ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Ситуацијата во Липковскиот регион е под контрола и севкупната ситуација во Македонија е мирна, е оцената која меѓународната заедница во нашава земја ја даде вчера по последните случувања во државата, особено во ...

МВР апелира за смирување на состојбите

Утрински - 04.09.2003

Средба со локалното население Куманово - Во насока на смирување на состојбите, вчера доцна попладне во Куманово се одржа состанок меѓу претставници на Министерството за внатрешни работи, на меѓународната заедница, на пратеници и градоначалници на општините од Кумановско-липковскиот регион.

Полициската операција ќе трае додека не го уапсат командант Чакала

Дневник - 04.09.2003

СПОРЕД МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ Во Ваксинце немаше преговори, туку само беа изнесени некои барања, вели портпаролката на ОБСЕ, Де Рут Меѓународната заедница ја поддржува акцијата на полицијата во кумановско-липковскиот регион и напорите да ги изведе пред правдата криминалците што се обидуваат да ...

Tерористичките групи се изолирани - следува апсење или елиминација

Дневник - 04.09.2003

ЛАЗАР КИТАНОВСКИ, СОВЕТНИК НА ПРЕМИЕРОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ На теренот се работи, полициската акција е во тек, но Владата не прави спектакли од тоа оти внимава и на меѓуетничките односи, вели Китановски l Какви се процените на Владата за безбедносната состојба по сите случувања деновиве? - Безбедносната ...

Црвенковски одби да разговара со пратениците што преговараа во Ваксинце

Дневник - 04.09.2003

ШАЌИРИ И РАМАДАНИ БЕЗ ПРИЕМ КАЈ ПРЕМИЕРОТ Премиерот Бранко Црвенковски одбил да ги прими на разговор пратениците Хисни Шаќири и Исмет Рамадани, кои завчера преговараа со локалните жители и со претставници на вооружените групи во Ваксинце, дознава "Дневник" од владини извори.

Пратениците-Албанци преговараа за мир под тежината на оружјето

Дневник - 04.09.2003

ФАРСА ОД ПРЕГОВОРИ ВО ВАКСИНЦЕ Додека се одвиваа разговорите во училиштето, во дворот шетаа до заби вооружени црнокошулаши Вратите на селското училиште во Ваксинце се отворија еден ден подоцна од официјалниот ден за почеток на учебната година.

Полицијата се повлекува од пунктовите и се распоредува на "стратегиски точки"

Дневник - 04.09.2003

НОВА ФАЗА ВО АКЦИЈАТА НА МВР Министерството за внатрешни работи вчера ги намали полициските пунктови во кумановско-липковскиот реон, но го засили своето присуство на "стратегиски позиции", соопшти Мирјана Контевска, портпаролка на МВР.

повлечени полициски пунктови во Кумановско

Канал5 - 04.09.2003

ПОВЛЕЧЕН Е ПУНКТОТ КАЈ РЕЧИЦА СОСЕДНОТО СЕЛО НА ВАКСИНЦЕ, КЕ БИДЕ И ТОЈ КАЈ ВРЕЛО, КАДЕ ШТО СЕ ЛОЦИРАНИ СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ НА МАКПЕТРОЛ. ПОЛИЦИСКИ СИЛИ KE ИМА НО ТИЕ НЕМА ПУНКТОВСКИ ДА БИДАТ ЛОЦИРАНИ ВО КУМАНОВСКО ЛИПКОВСКИОТ РЕГИОН, ВЕЛАТ ИНФОРМ ПОВЛЕЧЕН Е ПУНКТОТ КАЈ РЕЧИЦА СОСЕДНОТО СЕЛО НА ...

ЧОЛАКОВСКИ: ВЛАДАТА НЕ ПРИФАЌА БАРАЊА ОД КРИМИНАЛЦИ И КИДНАПЕРИ

Канал5 - 04.09.2003

”Не можат класични криминалци и киднапери да условуваат и да поставуваат барања на кои сега се обидуваат да им дадат политичка тежина, оваа Влада ниту преговара, ниту, пак, има намера да разговара со такви криминалци”. Ова за МИА го изјави владиниот по ”Не можат класични криминалци и киднапери да ...

Чолаковски: „Владата не отстапува пред барања на криминалци“

А1 - 03.09.2003

Пратениците на ДУИ и ПДП, Хисни Шаќири и Исмет Рамадани, кои денеска се обиделе да му ја пренесат на Премиерот синоќешната листа на барања од Ваксинце, не биле примени од Црвенковски, бидејќи е договорено ставот на Владата во Куманово да го соопшти министерот за внатрешни работи, а тој гласи - ...

Полицијата се прераспоредува во липковскиот регион

А1 - 03.09.2003

Полицијата извршила прераспоредување на силите на терен во липковскиот регион. Некои полициски пунктови се повлечени, но остануваат оние околу селото Ваксинце, каде државните и локалните органи немаат речиси никаква контрола.

Костов: „Нема да се повтори 2001“

А1 - 03.09.2003

2001-та нема да се повтори, уверува министерот за внатрешни работи Хари Костов. Во денешниот настап пред собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Костов рече дека АНА не е закана за Македонија и дека оние што се легитимираат како АНА се групи криминалци, за кои не важи Законот за амнестија и ...

МВР продолжува со апсење на криминалните банди

А1 - 03.09.2003

Министерството за внатрешни работи ќе остане во кумановско - липковскиот регион поради апсењето на криминалните банди, изјави министерот за внатрешни работи Хари Костов по вечерашниот петиполчасовен состанок во Куманово со локалната власт, посветен на безбедносната ситуација.

Според меѓународниот фактор безбедноста под контрола

А1 - 03.09.2003

Во липковско-кумановскиот регион има неколку криминални групи, но безбедносната ситуација е мирна и под контрола, е заедничката оценка на Европската унија, ОБСЕ и САД. Овие групи, според меѓународните претставници, немаат поддршка од локалното население, но немаат одговор зошто во Ваксинце ...

Власта место да ја апси, разговара со АНА

Вест - 03.09.2003

ДОДЕКА ЧАКАЛА ПИЕ КАФЕ ВО КУМАНОВО Во МВР негираат дека разговорите во Ваксинце се преговори со терористичките банди во кризниот реон, а владиниот портпарол Сашо Чолаковски вели: "Владата ги почитува сите партиски и приватни иницијативи...

Пратениците од ДУИ ја смируваат тензијата во Карадачко

Утрински - 03.09.2003

Средба на пратениците - Албанци со жителите на село Ваксинце, но и со претставници на АНА Вчера попладне, десетина минути откога заврши рокот од 24-часовниот ултиматум на терористичката АНА упатен до МВР да ги повлече полициските сили од овој регион, во основното училиште во Ваксинце почна средбата ...

Пратениците-Албанци преговараат со Чакала и со неговите другари

Дневник - 03.09.2003

"МИРОВЕН ПРОЦЕС" ВО ВАКСИНЦЕ Албанските прваци имаат намера да го сменат "воинствениот речник на Бранко Црвенковски" Дваесетина пратеници-Албанци вчера попладне во Ваксинце појдоа на средба со водачите на вооружените групи и со локалното население, во обид да ги смират тензиите, кои се закануваат ...

АНА го прекина ултиматумот и најави офанзива

Дневник - 03.09.2003

НАПНАТОСТА ВО ЛИПКОВСКО ПРОДОЛЖУВА Од странски разузнавачки извори дознаваме дека во селото Ваксинце во моментов престојува вооружена и униформирана група од педесетина Албанци, но се претпоставува дека дополнителни вооружени групи се распоредени низ планинскиот појас над липковските села Вооружена ...

Населението се плаши од Авдул Јакупи - Чакала, а не од македонската полиција

Дневник - 03.09.2003

КРЕГ ЏЕНЕС, ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ОБСЕ го поддржува министерот за внатрешни работи и начинот на кој се справува со овој и со другите предизвици l Кога целата македонска јавност мислеше дека поминаа најтешките денови во спроведувањето на охридскиот договор, сведоци сме дека заканите за мирот и ...

Полицијата "за болва пали јорган"

Дневник - 03.09.2003

ЛИПКОВО Месното население од Липковско ги прифаќа етнички мешаните полициски патроли, но присуството на припадниците на МВР и на АРМ во непосредна близина на Ваксинце, ги заплашува локалните жители, кои од страв да не се повтори 2001 година масовно ги напуштаат домовите, изјави вчера Абедин ...

ВООРУЖЕНИТЕ ГРУПИ ВО ВАКСИНЦЕ ГИ ИЗНЕСОА БАРАЊАТА

Канал5 - 03.09.2003

Целосно повлекување на македонските специјални полициски единици од кумановско-липковскиот регион и на нивно место патролирање на етнички мешани патроли со еднаков број Македонци и Албанци и амнестија за сите поранешни припадници на ОНА.

Македонски државен врв- Нелогични се барањата на Албанците од липковскиот регион

Канал5 - 03.09.2003

Нема да се прават остапки кон криминалци, порачува владата. пратениците што вчера ги сослушаа барањата на бандите што оперираат во кумановското село ваксинце денеска побарале, премиерот Црвенковски одбил да ги сослуша. Голем дел од поставените барања с Нема да се прават остапки кон криминалци, ...

Хари Костов - Нема да се потвори конфликот од 2001 година

Канал5 - 03.09.2003

Нема да ни се случи 2001 година. АНА не е закана за Македонија и нема воена структура. Има повеке криминални групи кои своите интереси ги штитат со терористички методи. -Ваков е ставот на министерот за внатрешни работи, Хари Костов изнесен на дене Нема да ни се случи 2001 година.

Крег Џенес: „Ја поддржуваме полициската акција во Ваксинце“

А1 - 02.09.2003

Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Крег Џенес во интервју за A1 вели дека ОБСЕ е на теренот, а разговорите со пратениците Албанци се со цел на локалното население да му се предочи уште еднаш дека полициската акција е против Авдиљ Јакупи - Чакала и другите криминалци, а не против локалното население.

Владата нема да преговара со криминално екстремистички групи

А1 - 02.09.2003

Македонската влада нема намера да коментира ултиматуми на организации од типот на АНА или на самонаречени команданти на криминални и терористички групи, изјави денеска владиниот портпарол Сашо Чолаковски. Неговата изјава доаѓа откако т.н.

МВР и МО го контролираат кумановско-липковскиот регион

А1 - 02.09.2003

Полицијата и армијата ги контролираат сите стратешки позиции и инфраструктурни објекти во кумановско-липковскиот регион, стеснувајќи го обрачот околу вооружените групи, соопштуваат од Министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

Халили: „Состојбата во Липковско напната“

А1 - 02.09.2003

Градоначланикот на општина Липково Хусамедин Халили изјави дека ситуацијата во Липковско и натаму е напната, а специалните сили на македонската војска со оклопни возила се позиционирани околу наслените места во општината. Халили, во денешната изјава за албанската телевизиска станица „Њус 24“, вели ...

Албанските пратеници денеска разговараа со жителите од Ваксинце

А1 - 02.09.2003

Повлекување на специјалните полициски сили од кумановско-липковскиот регион и замена со мултиетнички полициски патроли, доследна примена на законот за амнестија на поранешните припадници на ОНА и прекинување на политички мотивирани судски процеси против нив, нивна ресоцијализација во општеството ...

Слупчане со селски стражи се брани од Чакала

Вест - 02.09.2003

БАНДИТЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ПРЕД НОС НА ПОЛИЦИЈАТА "Чакала има постојани контакти со меѓународните претставници. Некој него го поддржува, инаку тој досега ќе беше уапсен", вели Абедин Зимбери, советник на градоначалникот во Општина Липково Слупчане само ќе се брани од криминалните банди со сопствени стражи.

Криминалците го тероризираат локалното население во Кумановско

Утрински - 02.09.2003

ВЛАДА >„Криминалните групи во Кумановско-карадачкиот регион работат на штета на локалното население кое најмногу трпи, односно врз населението се изразува теророт на овие групи кои оперираат во тој регион. Активностите на МВР се во насока на заштита и во интерес на локалното население, а ги ...

Ваксинце и Лојане се празни, но во другите села е нормално

Утрински - 02.09.2003

МВР ја контролира ситуацијата во Карадачкиот регион, но не презема акција Полициските сили ја држат под контрола ситуацијата во повторно актуелниот Кумановско-карадачки регион, каде што последните неколку дена распоредија зголемен број припадници, како дел од широката операција за фаќање и ...

Косовци мобилизираат во Липковско

Дневник - 02.09.2003

СЕ ЗГОЛЕМУВА ТЕНЗИЈАТА ВО КУМАНОВСКО Неколку вооружени групи вршат мобилизација на локалното албанско население во кумановско-липковскиот регион, а селата Ваксинце и Лојане се евакуирани, откако две вооружени групи од Косово викендов им наредиле на жителите да заминат, тврдат за "Дневник" извори од ...

МВР со командоска акција против бандите на "Џејми Шеј" и кланот Халили

Дневник - 02.09.2003

ПО СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Министерството за внатрешни работи со брза и енергична акција треба да се справи со вооружените екстремно-криминални групи во кумановско-липковскиот регион, за да се избегне замката на фронтално дејствување што тие ја посакуваат, вкопувајќи се во атарот на ...

Македонија пред инвазија од Косово

Дневник - 02.09.2003

СЕ ЗАКАНУВА НОВА ВОЈНА Вооружени и униформирани групи Албанци вршат мобилизација на локалното албанско население во кумановско-липковскиот регион, а селата Ваксинце и Лојане веќе се евакуирани. Две групи од Косово викендов им наредиле на жените и на децата да заминат и почнале присилна регрутација ...

ЧОЛАКОВСКИ: ИНЦИДЕНТИТЕ ИМААТ ЗА ЦЕЛ ПОПРЕЧУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Канал5 - 02.09.2003

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја безбедносната ситуација во државава, оцени дека последните инциденти имаат за цел да ја нарушат и да го попречат спроведувањето на Рамковниот договор. ”Со нив се сака да се минира процесот на целосна стаб Владата на денешната седница, разгледувајќи ја ...

ЧОЛАКОВСКИ: НЕМА РАЗГОВОРИ СО КРИМИНАЛЦИ И ТЕРОРИСТИ

Канал5 - 02.09.2003

Македонската влада нема намера да коментира ултиматуми на организации од типот на АНА или на самонаречени команданти на криминални и терористички групи, изјави денеска портпаролот на македонската влада Сашо Чолаковски. Неговата изјава Македонската влада нема намера да коментира ултиматуми на ...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛИПКОВО ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО МЕЃУНАРОДНИ ПРЕТСТАВНИЦИ

Канал5 - 02.09.2003

Градоначалникот на општина Липково Хусамедин Халили попладнево ќе оствари средба со меѓународни претставници на која, меѓу другото, ќе стане збор и за безбедносната состојба во липковско. Како што изјави Халили, зголеменото присуство на полицијата во Липк Градоначалникот на општина Липково ...

Чолаковски: „МВР ќе го заштити населението на Ваксинце“

А1 - 01.09.2003

„МВР ќе го заштити населението на Ваксинце и ќе ја продолжи акцијата за елиминирање на криминалните групи кои ги тероризираат мештаните. Нема да се дозволи ситуацијата да ескалира“, изјави денеска владиниот портпарол Сашо Чолаковски по седницата на Владата.

Ваксинце во обрач

А1 - 01.09.2003

Големи полициски сили се стационирани околу Ваксинце. Според она што може да се види таму, со подвижни полициски пунктови се покриени сите патишта околу ова кумановско село. Полицијата не го сопре нашето движење кон селото, но ни препорача да не одиме подалеку од раскрсницата од каде се двои патот ...

Полицијата во Ваксинце низ нишан се гледа со бандите на Чакала

Вест - 01.09.2003

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ЧАКАЛА Месното население од Ваксинце од страв да не се најде во вкрстен оган меѓу полицијата и бандите од петокот го напушта селото Полициската акција за откривање на паравоените формации на командантот Чакала во липковскиот регион, продолжи и за време на викендот.

Жителите од липковските села бегаат стравувајќи од нови конфликти

Дневник - 01.09.2003

ПОРАДИ ПРИСУСТВОта НА ПАРАВОЕНИ ФОРМАЦИИ Колона моторни возила натоварени претежно со деца биле забележани во ноќта помеѓу саботата и неделата како се движат од насока на селото Ваксинце и другите липковски села кон Куманово. Во селата останале само постарите лица.