TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Македонија навива за вас“ официјална навивачка химна

А1 - 11.11.2007

Композицијата „Македонија навива за вас“ во изведба на починатиот Тоше Проески вчера беше избрана за официјална навивачка химна на Македонија. Дванаесетте композиции, кои што влегоа во најтесниот круг на проектот „Македонија навива“ на Агенцијата за млади и спорт, синоќа беа претставени во ...

„Македонија навива“ која ја испеа Тоше Проески е химната на македонските спортисти

Канал5 - 11.11.2007

„Македонија навива“ која ја испеа Тоше Проески е химната на македонските спортисти. Вака решија повеќе од 213 илјади гласачи кои ја потврдија победата на Проески. Парите од испратените пораки ќе одат за лекување на тригодишниот Тео Тасев.

Официјална победа на „Македонија навива за вас“ на Тоше

Време - 10.11.2007

ИЗБРАНА НАВИВАЧКАТА ХИМНА Бисерка Велковска -Блажева Песната „Македонија навива за вас“, последната што ја сними македонската и балканска мегаѕвезда Тоше Проески пред трагичната смрт, и официјално беше прогласена за навивачка химна во саботата на големото шоу во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем.

Заврши истрагата за сообраќајката на Тоше

Утрински - 10.11.2007

Предметот би требало да пристигне во Скопје во текот на идната недела По читањето на предметот, скопското Јавно обвинителство ќе одлучи дали ќе го суди возачот на џипот Ѓорѓи Ѓорѓиевски ГОРАН АДАМОВСКИ Заврши истрагата за несреќата во која загина најголемата балканска ѕвезда Тоше Проески.

Цеца ќе пее за Тоше

Утрински - 10.11.2007

Српската турбофолк-ѕвезда Светлана Ражњатовиќ-Цеца ќе пее за Тоше. Таа е иницијатор за организација на голем хуманитарен концерт во Србија, во чија реализација ќе се вклучат и други колеги, а средствата од продадените влезници ќе бидат донирани за довршување на работите во манастирот „Св.

Во Метрополис арената на Скопски саем вечер ќе се избира официјалната навивачка химна

Канал5 - 10.11.2007

Во Метрополис арената на Скопски саем вечер ќе се избира официјалната навивачка химна. На изборот ќе бидат претставени 12 композиции. За нив ќе се гласа телефонски. Меѓу нив е и последната снимена песна на Тоше Проески. Во Метрополис арената на Скопски саем вечер ќе се избира официјалната навивачка ...

Кој го украл договорот на Тоше?!

Вечер Прес - 10.11.2007

По сите ексклузивни информации и изјави кои ВЕЧЕР ги објави деновиве први можеме, детално, да ги реконструираме последните часови пред несреќата на Тоше Проески, како и деновите потоа. Дента, пред да се упати на пат, Тоше Проески го минал во Крушево.

Цеца покренува хуманитарен проект

Вечер Прес - 10.11.2007

Цеца во спомен на трагично загинатиот Тоше Проески со неколкумина свои колеги покренала иницијатива за голем хуманитарен концерт. Средствата, според изјавата на Цеца за српските медиуми, ќе бидат донирани за манастирот во Крушево, чија изградба нашиот Тоше ја потпомагаше во изминатите години.

И Хашките затвореници жалат за Тоше

Вест - 09.11.2007

ВО ШЕВЕНИНГЕН ОТВОРЕНА КНИГА НА ЖАЛОСТ ПО СМРТТА НА МЕГАSВЕЗДАТА ПРОЕСКИ Во книгата на жалост први сочуство до семејството Проески изразиле Бошковски и Тарчуловски, но запишани се и пораките на многу српски, хрватски и босански генерали на војска и паравојска, поранешни претседатели и парламентарци ...

Македонија бира навивачка химна

Вест - 09.11.2007

УТРЕВЕЧЕР НА СКОПСКИ САЕМ Утре вечер во Метрополис арена на Скопски саем ќе се одбере македонската навивачка химна. Во конкуренција за најдобра се 12 песни кои ќе ги отпеат дел од македонската естрада, како што се Соња Тарчуловска, триото Јован Јованов, Елвир Мекиќ и Иван Јованов, групата "Нокаут", ...

Комитет ќе одлучува каде ќе одат парите од концертот на Тоше

Време - 09.11.2007

СЕ ФОРМИРА ПРИОРИТЕТНА ЛИСТА Се уште не се знае во кои точно училишта ќе се донираат парите собрани од последниот концерт на Тоше Проески, рекоа вчера од УСАИД. Оттаму додаваат дека членовите на комитетот, кои се луѓе од забавниот живот, од областа на спортот, како и од Министерството за ...

Тоше внесе светлост во мојот живот

Утрински - 09.11.2007

МАГАЗИН: Антонија Шола Антонија преку електронска пошта ни раскажа поради што Тоше е гранде фигура за неа ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА Лична карта Антонија Шола (5.6.1979) десетина години е присутна на хрватската музичка сцена како текстописец, пејачка, на која и' недостасуваат уште два испита до ...

Тоше инспирација за пеење

Утрински - 09.11.2007

Боби Андонов од Австралија на „Златно славејче“ ќе ја пее песната „Ангел си ти“ од својот идол Боби Андоновски потсетува на Тоше по гласот, скромноста и насмевката САЊА НАУМОВСКА Со едноставен одговор - Тоше е најдобар, малиот Боби Андонов од Мелбурн, Австралија, вели дека нашата поп-икона му е ...

Јавноста и дел од учесниците ја одбраа спортската химна

Утрински - 09.11.2007

Избор И покрај реакциите, организаторот (АМС) останува на ставот дека изборот ќе се одржи утре (10 ноември) во „Метрополис арената“ КАТЕРИНА ШЕКЕРОВСКА Непосредно пред официјалниот избор на национална спортска химна, кој е закажан за утре во „Метрополис арената“ на Скопски саем, јавноста и дел од ...

„Еврофест 2007“ во знакот на Проески

Утрински - 09.11.2007

Пет песни посветени на македонската легенда Случајно, или со намера на судбината, но „Еврофест“ е првиот фестивал каде што македонскиот славеј Тоше Проески ја има вкнижено својата прва фестивалска победа во 1998 година со песната „Сонце во твоите руси коси“.

Не уривајте го митот за Тоше Проески

Макфакс - 09.11.2007

Скопје Не уривајте го митот за Тоше Проески е мото на многуте реакции на синоќешното интервју на дел од македонските новинари со неговата менаџерка Љиљана Петровиќ. Обожавателите и почитувачите на поп-иконата, која прерано замина во историјата, во најголем дел сметаат дека новинарите во обид да ја ...

Упропастени се доказите во случајот за Тоше

Вечер Прес - 09.11.2007

Случајот за сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески од првиот момент па се до објавувањето на фактите во ВЕЧЕР последниве денови беше збир на шпекулации, бизниси, клевети... се - само не респект кон Тоше и кон вистината.

Засадена цреша во училиштето на Тоше во Крушево

Макфакс - 08.11.2007

Крушево Црешово дрво засадено е денеска во основното училиште „Никола Карев“ во чест на починатиот Тоше Проески, кој беше вклучен во реконструкцијата на школото со УСАИД и норвешката Амбасада . Гестот со засадувањето на црешовото дрво е инспирирано од автобиографската песна „Цреша“ која се наоѓа на ...

Се сеќавам на се'

Вечер Прес - 08.11.2007

Мене воопшто никој не ме праша за ништо. Не дојде ниту полицаец, ниту истражен судија. Дојде еден полицаец и ми ја донесе возачката дозвола или можеби беше само торбичката, не се сеќавам. Претходно дојде еден адвокат, Хрват и се претстави...

Реконструкција на училиштето на Тоше Проески во Крушево

Макфакс - 08.11.2007

Скопје Свечена церемонија по повод завршувањето на реконструкцијата на ОУ „Никола Карев“ од Крушево ќе се одржи денеска. На свеченоста ќе говорат американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ, норвешкиот амбасадор Карл Виби, вицепремиерот Живко Јанкулоски, како и градоначалникот на Крушево Лефкија ...

Кучето на Тоше тагува

Вест - 07.11.2007

Шестмесечниот голден ретривер Бас, миленикот на трагично починатата мегаsвезда Тоше Проески, ниту јаде, ниту пие. Шестмесечниот голден ретривер Бас, миленикот на трагично починатата мегаsвезда Тоше Проески, ниту јаде, ниту пие.

Истрагата за Тоше се изгуби во Славонија

Утрински - 07.11.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ГОРАН АДАМОВСКИ Замрсен и сомнителен лавиринт стана истрагата за несреќата во која загина нашата непрежалена ѕвезда Тоше Проески. Ветената брза постапка се изгуби во големата и чиста славонска рамница. Доказите за сообраќајката исчезнаа во непрегледните пространства што го опкружуваат ...

Тоше ќе станеше ѕвезда како Роби Вилијамс

Дневник - 07.11.2007

По трагичната смрт на Тоше Проески, повеќе светски компании се заинтересираа за снимање филм за животот и за кариерата на македонската мегаѕвезда, вели еден од неговите англиски менаџери Брајан Тејлор од фирмата „Пипл ин моушн“ и еден од менаџерите на Тоше Проески за светскиот пазар, вели дека ...

ТВ Нова нуди сапуница за Тоше!

Вечер Прес - 07.11.2007

Има ли вина за последиците од судирот кај камионот, но и кај возилото "фолксваген туарег". Пред се поради неотворените сигурносни воздушни перничиња. Ако откажале перничињата, кој смее да тврди дека немало и други проблеми со џипот.

Народот ќе ја избира својата химна!

Вечер Прес - 07.11.2007

"Народот е тој што треба да ја одбере навивачката химна. Тоа ќе биде песната што ќе се изгласа и ќе победи", вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Ивица Георгиевски, застанувајќи наспроти неколкуте идеи за поништување на самиот избор.

Предметот против возачот на Тоше во Обвинителството

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Министерството за правда до Обвинителство ја достави документацијата од Хрватска за кривично гонење на Ѓорѓи Георгиевски, осомничен за предизвикување на сообраќајката, во која што загина Тоше Проески. Георгиевски се сомничи за сторено кривично дело против безбедноста на сообраќајот ...

Ќе излезе англискиот албум на Тоше

Утрински - 06.11.2007

Деталите околу објавувањето на песните ќе се прецизираат за десетина дена во Лондон Неизвесноста околу објавувањето на англискиот албум на Тоше Проески, се чини, дека е при крај. Неофицијално, како што дознаваме, за десетина дена во Лондон ќе патуваат претставници на „Аворд продукција“, кои заедно ...

Истрагата за несреќата во која загина Тоше заглави во Хрватска

Утрински - 06.11.2007

Неофицијално, истрагата заглавила при вештачењето на џипот "туарег", чии воздушни перничиња не се активирале, како и на приколката на италијанскиот камион со белградска приколка, управуван од Славиша Кузмановиќ, чии задни светла, наводно, не биле исправни Предметот за трагедијата кај Нова Градишка ...

Каролина Гочева ја поддржа песната на Тоше Проески за навивачка химна

Утрински - 06.11.2007

Каролина Гочева вчера упати отворен предлог и повик до организаторот на претстојниот избор за нова навивачка химна Музичката ѕвезда Каролина Гочева вчера упати отворен предлог и повик до организаторот на претстојниот избор за нова навивачка химна, тоа да биде последната песна на нејзиниот прерано ...

Нема истрага за Тоше Проески!

Вечер Прес - 06.11.2007

Шокантно: по несреќата во која загина Тоше Проески хрватските истражни органи не земале никакави изјави ниту од Ѓорѓи Ѓорѓевски кој го возел џипот Туарег, ниту од Љиљана Петровиќ, која била сопатник во возилото во кое загинал совозачот Тоше Проески! Хрватскиот истражен судија Стјепан Франиќ за ...

Македонија ќе избира национална спортска химна в сабота

Утрински - 05.11.2007

Тоше Проески за време на снимањето на химната „Македонија навива за вас“ во студиото на Александар Митевски На големото финале ќе учествуваат 12 изведувачи, меѓу кои и последната песна на Тоше Проески „Македонија навива за вас“ Македонија наскоро ќе ја добие официјалната национална спортска химна.

Синалко му оддаде почит на Проески

Дневник - 05.11.2007

Одбојкарскиот второлигаш Синалко од Крушево на вистински начин му оддаде почит на својот најмил член, трагично починатиот Тоше Проески, со натпревар - спектакл во салата „Војвода Ѓорѓи Стојанов“, во родниот град на големата македонска ѕвезда.

Се монтира случајот за сообраќајката на Тоше Проески!

Вечер Прес - 05.11.2007

ВЕЧЕР, ексклузивно, објавува полициска снимка на камионот во кој, наводно, се удрил џипот во кој се возел Тоше Проески при кобниот судир. Според сите извештаи од Хрватска, а потоа преземани и во Македонија, џипот удрил во задниот дел од камионот и се забил под него.