TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кој повешто лаже

Вест - 24.09.2005

ПАРЛАМЕНТОТ ЈА ПОТВРДИ ДОВЕРБАТА ВО ВЛАДАТА Владата на премиерот Владо Бучковски вчера на полноќ доби доверба од Собранието по еднодневната расправа по иницијатива на опозицијата за изгласување недоверба. Доверба во владата искажаа 61 пратеник од владејачите партии СДСМ, ЛДП и ДУИ, а за нејзино ...

Владата лесно обезбеди доверба

Утрински - 24.09.2005

Собранието го отфрли барањето за доверба на Владата. Премиерот изјави парламентот не го потрошил денот залудно Неформалниот лидер на партијата што го покрена прашањето за изгласување недоверба на Владата и премиерот, чиј Кабинет требаше да биде сменет, во расправата, што е невообичаено, си делеа ...

Бучковски и Георгиевски си разменија комплименти

Утрински - 24.09.2005

Премиерот и неформалниот лидер на ВМРО-Народна се поштедија од критики Георгиевски, главно, зборуваше лошо за владите на Црвенковски и Костов, додека за Кабинетот на Бучковски не спомна ништо Премиерот Владо Бучковски во обраќањето пред парламентот искажа комплименти на адресата на неформалниот ...

Бучковски го повика Груевски да не шири дефетизам

Утрински - 24.09.2005

Апел Првиот човек на Владата, Владо Бучковски, на крајот од расправата за доверба на неговиот Кабинет, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да престане да шири дезинформации и дефетизам во јавноста. "Пласирате дезинформации за бунт во затворот, проверив нема ниту бунт ниту бутур.

Бучковски и Георгиевски си дадоа шанса

Дневник - 24.09.2005

ВЛАДАТА ЛЕСНО ДОБИ ВИЗА ОД СОБРАНИЕТО Собранието завчера на полноќ и изгласа доверба на Владата на Владо Бучковски, со што пропадна обидот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. За недоверба се изјаснија 23 пратеници на опозицијата, 61 пратеник на владејачкото мнозинство и даде ...

Бучковски ќе ја европеизира опозицијата

Вечер Прес - 24.09.2005

Само 23 пратеници завчеравечер гласаа за недоверба на Владата. Тито Петковски од СДСМ и Лилјана Поповска од ЛДП, беа воздржани, а останатите 61 од присутните во салата, му изгласаа доверба на премиерот Владо Бучковски и владиниот состав.

Бучковски доби доверба во Собранието

А1 - 23.09.2005

Фајтерската Влада и Премиерот оптимист со 61 глас од своите пратеници ја добија довербата. Очекувано, опозицијата влезе во изгубената битка. Бучковски и лидерот на ВМРО Народна, Георгиевски, си разменија комплименти и се поштедија од взаемни критики.

Политичките лидери заборавија на јавноста

А1 - 23.09.2005

Дојдоа со цел да поентираат, заминаа убедени дека го кажале своето. Како? Груевски, Георгиевски и Бучковски настапија на исто место во исто време со исти услови. Првиот во обид да остави впечаток. „10 или 9 месеци од оваа влада ние имаме константно зголемување на сиромаштијата“, рече Никола ...

Бучковски е погрешно информиран

Време - 23.09.2005

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЕСМ ВМРО-ДПМНЕ побара од премиерот Владо Бучковски јавно да одговори како е можно тој да не знае дека со продажбата на дистрибутивната компанија Владата продава и мали хидроцентрали. Претседателот на Комисијата за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Тунески, вчера рече оти премиерот ...

Бучковски ја повика опозицијата да се европеизира

Време - 23.09.2005

ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НЕ ПОМИНА Владата прексиноќа ја доби довербата од Собранието откако пратениците со 61 глас „против“, два „воздржани“ и 23 „за“ гласаа за интерпелацијата што ја покрена пратеничката група на ВМРО-НП, а ја поддржаа пратениците од сите опозициски партии.

Интерпелација

Вест - 23.09.2005

Собраниската расправа за доверба на Владата на премиерот Владо Бучковски вчера започна со затворен список на дискутанти. Спикерот Љупчо Јордановски, на инсистирање на опозицијата, со координаторите на пратеничките групи, претходно постигнал договор за поделба на времето на расправа, која е поделена ...

Опозицијата задоцни на расправата за доверба на Владата

Утрински - 23.09.2005

Собранието во издишана атмосфера расправаше за работата на Кабинетот на Владо Бучковски Оние што го поставија барањето за доверба не се појавија ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Собранието вчера едвај обезбеди кворум за да ја отвори расправата за доверба на Влада иницирана од пратениците од ВМРО-Народна, која се ...

ПДП не се согласува со Бучковски за Рамковниот

Утрински - 23.09.2005

Реакција ТЕТОВО - "Изненадени сме од содржината на одговорот на премиерот Владо Бучковски за прашањето околу имплементацијата на Охридскиот договор. Премиерот тврди дека Владата на РМ ја заокружила имплементацијата и дека овој значаен процес е веќе зад нас.

Опозицијата ја преспа интерпелацијата

Дневник - 23.09.2005

СОБРАНИСКА РАСПРАВА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА Опозициските партии вчера едвај успеаја да обезбедат кворум од 61 пратеник за собраниската расправа за доверба на Владата на Владо Бучковски, иако самите ја поднесоа иницијативата. На почетокот на седницата во салата имаше 55 пратеници од кои само 12 од ...

Бучковски ја доби довербата

Канал5 - 23.09.2005

Без изненадувања – кабинетот на Бучковски ја доби довербата на парламентарното мнозинство, исход кој опозицијата го имаше пресметано и пред да ја достави интерпелацијата за владата. Oднапред изгубената битка на моменти ја демотивираше опозицијата.

ПДП бара помош од ЕУ и САД

Вечер Прес - 23.09.2005

Партијата за демократски просперитет, писмено ќе бара од ЕУ и САД, како медијатори на Охридскиот договор, да се заложат за негово доследно имплементирање. Тие не се задоволни од одговорот на премиерот Владо Бучковски, на нивното неодамна испратено писмо во кое бараат информации за степенот на ...

Опозицијата киксна на кворумот

Вечер Прес - 23.09.2005

Опозицијата вчера не успеа да обезбеди кворум за навремен старт на седницата за гласање доверба на Владата, што самите ја иницираа. Освен два - тројца, останатите пратеници од ВМРО Народна, вклучително и лидерот во сенка, Љупчо Георгиевски, не се појавија на почетокот.

Жестоки дебати на расправата за интерпелација

А1 - 22.09.2005

Координаторот на ВМРО-Народна партија, Чедомир Краљевски претпладнево во Парламентот ја образложи иницијатава на својата пратеничката група за изгласување на недоверба на Владата. Како главни причини зошто актуелната Влада треба замине, Краљевски ги посочи влошената економска, политичка и ...

Млака интерпелација, Бучковски се лади

Време - 22.09.2005

СОБРАНИЕТО РАСПРАВАШЕ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА ВЛАДАТА На границата на кворумот, без вообичаената напнатост и динамика и повеќе слично на седница за пратенички прашања, почна вчерашната собраниска расправа за доверба на Владата. Прашањето на доверба го покренаа пратениците од ВМРО-НП, со помош на ...

ПДП ќе се жали и до Вашингтон

Време - 22.09.2005

ПОРАДИ НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ПДП ќе се жали до ЕУ и САД дека нецелосно се спроведува рамковниот договор, иако премиерот Владо Бучковски оценил дека документот е завршена работа. Премиерот така одговорил на барањето на ПДП Владата да подготви информација за рамковниот договор и да ја ...

Ќе нема "квискотека" при расправата за Владата

Утрински - 22.09.2005

Еден ден пред седницата за доверба на Кабинетот на Бучковски, спикерот Љупчо Јордановски направи џентлеменски договор со опозицијата Владејачките партии се согласиле дискусиите да одат во сооднос 2:1 во корист на опозицијата, а говорите да траат по 20 минути Премиерот Владо Бучковски денеска пред ...

Бучковски очекува нов предлог од Нимиц за името

Утрински - 22.09.2005

Интервју на премиерот на македонската Влада за македонската програма на Глас на Америка Бучковски очекува на средбата со претседателот Буш да се разговара и за разликите со Грција околу името "Македонија направи крупен чекор напред кон приближувањето на НАТО и прашање на денот е кога ќе се потврди ...

Нимиц ќе излезе со нов предлог за името

Дневник - 22.09.2005

БУЧКОВСКИ ЗА ГЛАСОТ НА АМЕРИКА Премиерот Владо Бучковски во интервјуто дадено за Гласот на Америка на македонски јазик вели дека очекува многу поинтензивни контакти во Њујорк помеѓу нашите преговарачи и специјалниот посредник на ОН Метју Нимиц.

Опозицијата договорено ќе ја тресе Владата

Дневник - 22.09.2005

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО Без "брзи прсти", туку во сооднос два спрема еден во корист на опозицијата, пратениците ќе ја напаѓаат и бранат работата на министрите на денешната седница за доверба на Владата на Владо Бучковски, по иницијатива на пратениците на ВМРО-Народна партија.

Гласање на доверба за Влада на Бучковски

Канал5 - 22.09.2005

За влакно, седницата за гласање доверба на владата на Бучковски, наместо на полноќ, ќе завршеше на пладне. Министрите точни, опозиционерите ги немаше во салата. Влегоа откако спикерот Јордановски се закани дека ќе го прекине заседанието. Се најавуваше земјотрес, се случи млака дебата.

Дваесет минути за напад, три за одбрана

Вечер Прес - 22.09.2005

Принципот "брзи прсти" нема да биде употребен на денешната собраниска седница, на која ќе се расправа за доверба на Владата. Координаторите на пратеничките групи се договориле со претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, на денешната седница пратениците да се пријавуваат за дискусија по веќе ...

Прелиминарни договoри за интерпелацијата

А1 - 21.09.2005

Власта и опозицијата се договорија - да нема подметнувања на утрешната собраниска седница од типот на брзи прсти - кој побрзо ќе го стисне копчето за расправа за доверба на Владата на Бучковски. На двајца пратеници од опозицијата право на збор ќе има еден пратеник од власта.

Не очекуваат интензивни разговори за името

Време - 21.09.2005

БУЧКОВСКИ ЗА „ГЛАСОТ НА АМЕРИКА“ Посредникот во разговорите за името, Метју Нимиц, наскоро треба да излезе со нов предлог, а деталите на јавноста ќе и бидат познати многу брзо, најави премиерот Владо Бучковски во интервју за Гласот на Америка.

Двајца на еден за да нема „брзи прсти“

Време - 21.09.2005

ОПОЗИЦИЈАТА И ВЛАСТА СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ДЕНЕШНИОТ ДУЕЛ По двајца пратеници на опозицијата ќе имаат против себе по еден пратеник од парламентарното мнозинство на денешната собраниска расправа за доверба на Владата што ја иницира ВМРО-НП.

Бучковски:Преговорите за членство ќе почнат во 2006-та но Брисел ќе ги услови со фер избори

Канал5 - 21.09.2005

Македонија направи сериозен компромис околу името на кој се заборава, бидејќи поминаа десет години го смени уставот и знамето. Компромисот кој сега го нудиме е двојната формула, изјави премиерот Владо Бучковски во интервју за „Војс оф Америка“.

На опозицијата нема да и требаат брзи прсти за утрешната собраниска седница

Канал5 - 21.09.2005

Скроено сценариото за утрешната собраниска седница на која ќе се гласа за доверба на владата на Бучковски. Јордановски и пратеничките групи се договориле предност да имаат опозиционерите. Скроено сценариото за утрешната собраниска седница на која ќе се гласа за доверба на владата на Бучковски.

Договорена интерпелација

Вест - 20.09.2005

ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ СИ СТОИ НА ЗБОРОТ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не се потпишал на барањето за гласање недоверба на владата, на која прв е потпишан е Љубчо Георгиевски, оти не верува во неговите намери Парламентарната опозицијата вчера во Собранието го достави барањето за недоверба на ...

Бучковски има проблем со фракционерство во СДСМ

Утрински - 20.09.2005

Според Павле Трајанов Премиерот Владо Бучковски има проблеми со фракционерство во својата партија, ја губи поддршката во парламентот и голем број членови го напуштаат СДСМ, па поради тоа треба да даде оставка, смета лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Министерот за земјоделство главна мета на љупчовистите

Утрински - 20.09.2005

В четврток Кабинетот на Владо Бучковски ќе даде отчет за својата работа пред Собранието Сопартијците на Георгиевски се надеваат дека овој пат нема да се повтори искуството со "брзи прсти" и дека нема да им се случи квискотека Опозицијата, како и владејачките партии, подготвуваат стратегија за ...

Со "брзи прсти" против Владата

Дневник - 20.09.2005

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА В ЧЕТВРТОК ВМРО-Народна партија ќе ја спроведе тактиката "брзи прсти" при гласањето за доверба на Владата за да може што повеќе пратеници да ги фатат првите позиции во критиката на владејачката коалиција. Таму велат дека "брзите прсти" ќе бидат неизбежни ако не успеат да се договорат ...

Трајанов: „Бучковски има проблем со фракционерство“

А1 - 19.09.2005

Премиерот Владо Бучковски има проблеми со фракционерство во својата партија, ја губи поддршката во Парламентот и голем број членови го напуштаат СДСМ, па поради тоа треба да даде оставка, смета лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Во четврток интерпелација за Владата

А1 - 19.09.2005

Неформалниот лидер на ВМРО-Народна Георгиевски, преку собранието бара доверба на Влада, а во весникот „Фокус“ објаснува, дека ќе направи се, Бучковски докрај да го истера својот мандат. Политичка игра со власта или пак борба за престиж во опозицијата.

Пратениците на опозоцијата се подготвуваат за гласање за недоверба на владата

Канал5 - 19.09.2005

Министерство по министерство на чело со премиерот. Иницијаторите на гласањето доверба на владата, ВМРО Народна, нема да поштедат ниту еден од гарнитурата на Бучковски, а велат дека ќе зборуваат и за работата на некои од претходните министри.. Министерство по министерство на чело со премиерот.

В четврток ќе се критикува владата, без шанса да се урне

Вечер Прес - 19.09.2005

Собранието на РМ, најдоцна в четврток ќе расправа за интерпелација на Владата. Пратеничката група на ВМРО-НП, денеска и официјално ќе ги достави до претседателот на законодавниот дом, Љупчо Јордановски, потребните 20 пратенички потписи, по што интерпелацијата ќе мора да биде ставена на дневен ред ...