TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Либан ја отфрла предлог-резолуцијата на ОН

А1 - 06.08.2006

Либан ја отфрла предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за ставање крај на судирите меѓу Израел и Хезболах, бидејќи таквиот документ ќе им овозможи на изралеските воени сили да останат на либанска територија, изјави денеска претседателот на либанскиот Парламент Набих Бери.

Најмалку 10 загинати при напад на Хезболах во Израел

А1 - 06.08.2006

Најмалку десет лица се убиени во ракетен напад што го извршиле припадници на радикалното шиитско движење Хезболах врз северниот дел на Израел. Неколку ракети погодиле станбена зграда во населбата Кфар Гилади, северно од градот Киријат Шмона.

Најмалку десет Израелци убиени во ракетен напад на Хезболах

Канал5 - 06.08.2006

Најмалку десет лица се убиени, а 15 ранети кога ракети на Хезболах испукани од јужниот дел на Либан погодија станбени објекти во населбата Кфар Гилади во северниот дел на Израел Ерусалим, 6 август (МИА) - Најмалку десет лица се убиени, а 15 ранети кога ракети на Хезболах испукани од јужниот дел на ...

Сандеј Тајмс: Резолуцијата на СБ на ОН за Либан е победа на САД и на Израел

Канал5 - 06.08.2006

Постигнатата спогодба за резолуција за Либан на која во ОН работат американските и француските дипломати е победа на САД и Израел, затоа што во неа се намалени инсистирањата на официјален Париз за итен прекин на воените операции, пишува лондонски Сандеј тајмс Лондон, 6 август (МИА) - Постигнатата ...

Израел ќе прекине со воени дејствија по распоредувањето на меѓународен контингент во регионот

Канал5 - 06.08.2006

Израел ќе ги прекине воените дејствија во јужен Либан веднаш откако меѓународен контингент ќе биде подготвен да заземе позиции во регионот, изјави денеска израелскиот министер за правда Хаим Рамон Тел Авив, 6 август (МИА) - Израел ќе ги прекине воените дејствија во јужен Либан веднаш откако ...

Туомиоја - Мир во Либан само по решавање на израелско-палестинскиот конфликт

Макфакс - 06.08.2006

Хелсинки Финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја, чија држава претседава со ЕУ, изјави денеска дека во Либан не може да има траен мир, додека не биде обновен израелско-палестинскиот мировен процес. „Сите ние знаеме дека резолуцијата 1701 на СБ на ООН за прекин на воените дејствија меѓу ...

Деветмина убиени при ракетен напад на Северен Израел

Макфакс - 06.08.2006

Ерусалим Девет лица се убиени, а четворица ранети, при ракетен напад што Хезболах изутрината го изведе врз територијата на Северен Либан. Според израелската полиција,, бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи дел од ранетите се во критична состојба.

СБ на ОН добија нацрт резолуција за војната во Либан

Макфакс - 06.08.2006

Њујорк/Бејрут Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН) денеска ја проучува нацрт резолуцијата која би требало да ги прекине воените дејства во Либан. Нацртот го усогласија синоќа САД и Франција, а денеска е поздравен и од Британија.

Грчката војска најверојатно ќе учествува во мировната мисија на ОН во Либан

Макфакс - 06.08.2006

Атина Грција најверојатно со воени бродови ќе учествува во мултинационалните сили на Обединетите нации(ОН) во Либан, јавуваат грчките медиуми. Од грчкото министерство за одбрана изјавуваат дека од ОН засега немаат официјално барање за учество на грчката војска во мировните сили.

Израел ќе ја продолжи војната доколку Хезболах не се разоружа

Макфакс - 06.08.2006

Ерусалим Израел ќе ги обнови воените операции доколку мировните сили на Обединетите Нации (ОН) не ги разоружаат припадниците на Хезболах, пишуваат израелските медиуми, повикувајќи се на владини извори. Израелското предупредување е реакција на постигнатиот договор помеѓу либанскиот премиер Фуад ...

Во израелските бомбардирања загинале и 28 Сиријци

Макфакс - 06.08.2006

Бејрут При израелските бомбардирања на либанско - сириската граница загинаа 28 Сиријци, соопшти либанското министерство за цивилна одбрана. Ова е прв пат за време на израелско - либанскиот судир да загинат толкав број на Сиријци, наведуваат либанските власти.

Израелци жалат поради прекинот на огнот - паѓа поддршката за Владата

Макфакс - 06.08.2006

Ерусалим Мнозинството Израелци бараат оставка од Министерот за одбрана Амир Перец и жалат поради одлуката на владата да го прифати предлогот на Обединетите Нации (ОН) за прекин на едномесечната војна. Околу 70 насто од анкетираните граѓани не се согласуваат со одлуката на израелската Влада за ...

Шпанија ќе испрати 950 војници во Либан

Макфакс - 06.08.2006

Мадрид Шпанија е подготвена да испрати 950 војници во меѓународната мировна мисија во Либан (УНИФИЛ), која треба да брои вкупно 15.000 мировници, јави шпанското радио „Кадена сер“. Истиот извор додава дека заедно со војниците во Либан ќе бидат испратени 30 до 40 тенкови од Шпанија.

Осум израелски командоси ранети во десантот врз Тир

А1 - 05.08.2006

Осум командоси од израелските военовоздухопловни сили се ранети, од кои двајца потешко, при синоќешната операција во либанскиот град Тир. „Операцијата беше насочена против позициите на Хезболах, од кои вчера се истрелани ракети врз израелскиот град Хадера“, соопшти воен портпарол на Израел.

Израел ги сруши мостовите по кои Либан добива хуманитарна помош

Вест - 05.08.2006

БЕЈРУТ, 5 август (Ројтерс) - Најмалку 22 лица загинаа и 30 други се повредени кога израелски воени авиони го бомбардираа вчера селото Каа во североисточен Либан. Селото се наоѓа во близина на зградите на царината задолжена за либанско-сириската граница, објавија локалните медиуми.

Израел го бомбардира Бејрут, Хезболах ќе го ракетира Тел Авив

Време - 05.08.2006

ПРОДОЛЖУВА ВОЕНАТА КРИЗА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Израелските воени авиони вчера бомбардирале четири моста на крајбрежен автопат северно од Бејрут и повеќе предградија на либанскиот главен град, јави новинската агенција АФП. Авионите бомбардирале два моста на крајбрежниот автопат на 20 километри северно ...

Израел ги бомбардира христијанските територии над Бејрут

Утрински - 05.08.2006

Израелските напади веќе го уништија главниот автопат Бејрут - Дамаск, додека преминот преку планинските патишта сж уште е опасен БЕЈРУТ - Израелскиот воздушен напад извршен вчера врз еден импровизиран паркинг во близина на либиската граница со Сирија, во источната долина Бекаа, уби 27 цивили, а ...

Хезболах уби пет израелски војници

Утрински - 05.08.2006

ТИР - Герилците на Хезболах вчера убија пет израелски војници во жестоки борби во јужен Либан, додека израелските сили се обидуваа да ги прошират областите под нивна контрола со примена на жестоко бомбардирање. Израелската армија соопшти дека убила десет герилци на Хезболах.

Авиони ја пресекоа хуманитарната „папочна врвца“ за Либан

Дневник - 05.08.2006

Разурнти се четири моста на главниот крајбрежен автопат во христијанскиот регион северно од Бејрут, поради што се блокирани конвоите за хуманитарна помош до цивилите Повеќе од 27 цивили загинаа при израелски воздушен напад врз северен Либан, Хезболах возврати со десетици ракети врз Израел, а светот ...

Најмалку девет лица ранети при ракетен напад на Хезболах врз Хаифа

Канал5 - 05.08.2006

Најмалку девет лица се ранети при денешниот ракетен напад на Хезболах врз северните предградија на израелскиот пристаништен град Хаифа, соопштија болнички извори Хаифа, 5 август (МИА) - Најмалку девет лица се ранети при денешниот ракетен напад на Хезболах врз северните предградија на израелскиот ...

Осум израелски командоси ранети во десантот врз либанскиот град Тир

Канал5 - 05.08.2006

Осум командоси од израелските воено воздухопловни сили се ранети, од кои двајца потешко, при синоќешната операција во либанскиот град Тир Ерусалим, 5 август (МИА) - Осум командоси од израелските воено воздухопловни сили се ранети, од кои двајца потешко, при синоќешната операција во либанскиот град ...

Израел извршил десантен напад во Тир

Макфакс - 05.08.2006

Тел Авив Израелски специјални сили мината ноќ извршиле десантен напад врз објект во пристаништето Тир, втор десант од почетокот на војната. Нападот во кој има повеќе настрадани од двете страни, бил извршен со хеликоптерски десант на помала единица на воено-поморски специјалци, кои сакале да уништат ...

Израел ја загуби војната во Либан

Макфакс - 05.08.2006

Бејрут Израел ја „прокоцка“ шансата со војната во Либан – оцени поранешниот либанскиот генерал Амин Хтејт. „Државата што не нападна не ги исполни своите цели, сообразно, ја прокоцка својата шанса“, изјави вчера генералот во интервју за руската државна агенција РИА Новости.

Тел Авив подготвува засолништа

Вечер Прес - 05.08.2006

Тел Авив вчера почна со подготовка на засолништата по заканите на Хезболах дека ќе го бомбардира овој град кој има 1,5 милиони жители. Хезболах вчераутро испали седум ракети на територијата на Израел, откако лидерот на оваа организација, шеикот Хасан Насрала, претходно понуди примирје и прекин на ...

Далема: Разоружувањето на Хезболах е задача на Либан

Макфакс - 05.08.2006

Рим Разоружувањето на Хезболах во добар дел е задача на Либан, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Далема. „Правилата на Обединетите нации за разграничување на непријателските сили се втемелени во Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност.

Уште 170 француски инженерци се истоварија во Либан

Макфакс - 05.08.2006

Бејрут Брод со 170 француски војници инженерци стигна денеска во пристаништето Накура во Либан, јавуваат француските медиуми. Француските војници ќе се приклучат на 49-мината инженерци кои во Либан се распоредени веќе една недела.

Најмалку десет ракети паднале во јужен Либан

Макфакс - 05.08.2006

Вашингтон Израелската војска објави утринава дека најмалку десет ракети паднале во јужен Либан, пренесува Си Ен Ен. Истреланите ракети се од типот Каќуша, но засега не е познато дали ги истрелале припадници на Хезболах или некоја друга воена организација.

Либан ќе распореди свои војници на југот

Макфакс - 05.08.2006

Бејрут Либанската армија ќе започне да распоредува свои 15.000 војници во јужниот дел на државата, на границата со Израел, кој ги повлекува своите сили од тој регион. Ова го соопшти извор од армијата. „Во оваа фаза нема определена дата, но распоредувањето ќе се случи во следните неколку денови“, ...

Масовни антиизраелски и антиамерикански протести

Макфакс - 05.08.2006

Багдад Стотици илјади демонстранти во Багдад, Дамаск и Каиро изразија во петокот протест против Израел и САД, давајќи поддршка на Хезболах во борбата против еврејската држава. Илјадници демонстранти, извикувајќи „смрт за Израел“ и „смрт за Америка“ протестираа во Багдад, поддржувајќи го Хезболах во ...

Израел продолжува со бомбардирањата ширум Либан

А1 - 04.08.2006

Израелската армија продолжува со бомбардирањата на цели ширум Либан паралелно со големата копнена офанзива на југот на земјата. 22-ца либански цивили се убиени во бомбардирањето на израелските авиони во селото Каа, на либанско-сириската граница.

Најмалку 22 лица загинаа при израелски напад во Либан

А1 - 04.08.2006

Најмалку 22 лица загинаа и 30 други се повредени кога израелски воени авиони го бомбардирале денеска селото Каа во североисточен Либан. Селотот се наоѓа во близина на зградите на царината задолжена за либанско-сириската граница, објавија локалните медиуми.

Во израелските напади во Либан убиени 900 лица

Време - 04.08.2006

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСЛАМСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА Во израелската офанзива против Хезболах се убиени повеќе од 900 Либанци и 3.000 се ранети, изјавил Рами Моктада, функционер во либанското министерство за надворешни работи, на состанокот на лидерите на 17 муслимански земји на Организацијата на исламската ...

ФИБА-Европа ќе му наложи на Израел да игра на неутрален терен

Време - 04.08.2006

КОШАРКА Игор Крстевски Кошаркарска репрезентација на Израел, еден од противниците на Македонија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) в година во Шпанија, многу е веројатно дека своите мечеви како домаќин ќе ги игра на неутрален терен. Ова се последните најави од ФИБА-Европа.

Милион Либанци се раселија, тврди либанскиот премиер

Вест - 04.08.2006

БЕРЈУТ, 4 август (Ројтерс) - Израелски воени авиони вчера го ракетираа Либан, а копнените војски се бореа против герилците на Хезболах додека светските сили се трудат да изработат план за да се прекине војната во којашто Бејрут вели дека досега загинаа 900 луѓе, а три илјади се ранети.

Се подготвуваат муслимански „сини шлемови" за Либан

Утрински - 04.08.2006

Не е познато дали еврејската држава и нејзиниот сојузник САД ќе прифатат муслиманско учество во мировна операција ПУТРАЏАЈА - Лидерите на муслиманските земји вчера побараа итен прекин на израелските напади врз Либан и Газа и размислуваа за вклучување на муслимански сили во идни мировни операции.

Олмерт:Израел ја постигнува својата цел во Либан

Утрински - 04.08.2006

Околу 10.000 војници вчера се бореа со Хезболах, јави израелското воено радио БЕЈРУТ - Израелски авиони вчера го бомбардираа Либан, а пешадиски војници се бореа со герилците на Хезболах, додека светските сили се обидуваат да постигнат план за окончување на војната, која навлезе во четврта недела.

Израел смислено бомбардирал цивили

Утрински - 04.08.2006

БЕЈРУТ - Се чини дека израелската војска смислено бомбардирала цивили во Либан, а некои нејзини напади претставуваат воени злосторства, изјави вчера групата за човекови права Хуман рајтс воч (ХРВ) со седиште во САД. ХРВ соопшти дека тврдењето на Израел дека герилците на Хезболах се кријат меѓу ...

Израел води војна против невидлив непријател

Дневник - 04.08.2006

Грабнувањето на израелските војници не била непромислена акција, туку обид да се намами силниот противник на незгоден терен Ракети постојано фучат низ воздухот од јужен Либан кон Израел. Не може да се види кој ги стрела. На хоризонтот може да се види само чад и запустени насади маслинки.

Израел до среда треба да пријави во која земја ќе биде домаќин

Дневник - 04.08.2006

За една недела ќе се знае дали израелската кошаркарска репрезентација своите натпревари како домаќин во квалификациите за Европското првенство ќе ги игра во својата земја или на неутрален терен. Израел се наоѓа во иста група со Македонија и е еден од нашите два најголеми ривала за освојување на ...

Уште една недела војна во Либан

Дневник - 04.08.2006

Исламските земји побараа да учествуваат со војници во идната мировна мисија Премиерот Ехуд Олмерт изјави дека Израел е мошне блиску до остварувањето на својата цел во Либан и оти Обединетите нации веќе во следната недела ќе може да гласаат за испраќање мировни сили во регионот, јави МИА.

Каде што Исус точел црвено вино, денес се пролева црвена крв

Дневник - 04.08.2006

Кета во 1996 година беше арена на еден од најкрвавите инциденти воопшто во израелско-арапскиот конфликт - повеќе од сто луѓе загинаа кога Израел гранатираше база на ОН Во галилејскиот град Кана, Исус го направил своето прво чудо - на свадба претворил вода во вино, пишува во Евангелието според ...

Три жртви во израелски напади врз Либан

Канал5 - 04.08.2006

Најмалку двајца цивили се убиени, а 12 ранети утрово во израелските воздушни напади врз шетири моста на крајбрежниот пат што го поврзува Бејрут со северниот дел на Либан Бејрут, 4 август (МИА) - Најмалку двајца цивили се убиени, а 12 ранети утрово во израелските воздушни напади врз шетири моста на ...

Израелските војници се повлекуваат од јужен Либан

Макфакс - 04.08.2006

Ерусалим Дел од израелските војници почнаа да се повлекуваат од јужен Либан непосредно по стапување на сила на примирјето, соопшти портпаролот на израелската армија. Избегнувајќи да даде детали за повлекувањето на израелските сили, портпаролот на армијата, соопшти дека голем дел од војниците сепак ...

Загинаа два израелски војника во јужен Либан

Макфакс - 04.08.2006

Ерусалим Загинаа два израелски војника, а други двајца се ранети во јужен Либан, при напад со противтенковски ракети што денеска ги испука либанското движење Хезболах, соопшти израелската војска. Војниците загиналe во текот на жестока борба што ја воделе околу едно село, од каде, според израелската ...

Либан – Примирјето стапи на сила

Макфакс - 04.08.2006

Бејрут Примирјето меѓу Израел и Хезбулах, кое го договорија ОН, денеска стапи на сила, либански безбедносни извори тврдат дека на југот на земјата има затишје на борбите. Примирјето е првиот чекор во процесот што предвидува и испраќање на 15.000 војници на ОН во јужен Либан, кои ќе ја набљудуваат ...

Судир во Либан по објавеното примирје

Макфакс - 04.08.2006

Ерусалим Израелските војници утрината по прогласувањето на примирјето застрелале војник на Хезболах, кој се приближувал „на заканувачки начин“. Засега не е соопштено дали војникот е мртов, но израелските сили потенцираат дека делувале во самоодбрана.

Израел бомбардираше четири моста помеѓу Бејрут и северен Либан

Макфакс - 04.08.2006

Бејрут Четири стратешки мостови за транспорт, што го поврзуваат Бејрут со северен Либан, утринава беа уништени од израелската армија, соопшти либанската полиција. Целта на нападите, како што претходно најавија израелските власти, е уништување на инфраструктурата на Либан.

Д`Алема за размената на затвореници меѓу Хезболах и Израел

Макфакс - 04.08.2006

Бејрут Италијанскиот министер за надворешни работо Масимо д`Алема пристигна во Бејрут, за да учествува во разговорите за размена на затвореници меѓу либанската група Хезболах и Израел. Ова го соопшти официјален либански претставник.

Ќе се војува до крајот на идната недела?

Вечер Прес - 04.08.2006

Израелската офанзива во Либан ќе трае до крајот на идната недела и Хезболах и сите други кои сакаат да го загрозат суверенитетот на Израел, мора да знаат дека ќе платат висока цена. Ова е сижето на вчерашните категорични изјави на премиерот Ехуд Олмерт и министерот за правда, Хаим Рамон.

Засилување на мировниците во Либан, следната недела

Макфакс - 04.08.2006

Берлин Министерот за надворешни работи на Финска, Ерки Туомиоја се надева дека следната седмица во Либан ќе пристигне првото засилување на мировниот контингент на ООН. По средбата со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер, Туомија рече „Ние би сакале да ги видиме првите засилувања, како ...

Израел прифаќа преговори за киднапираните војници

Макфакс - 04.08.2006

Ерусалим Израел е подготвен да преговара за ослободување на двајцата војници кои Хезболах ги киднапира на 12 јули, соопшти синоќа шефот на израелската дипломатија Цили Ливни. Таа рече дека израелската влада нема намера да го заборави случајот и оти премиерот ќе назначи претставник кој ќе биде ...

Стивна страдањето во Либан

Макфакс - 04.08.2006

Бејрут/Тел Авив Страдањата на цивилите во Либан започнато на 12 јули, стивнаа со молкот на оружјето кое започна изутрината во 5 часот по Гринич. Пред да стапи во сила примирјето на кое се согласија вчера Израел и Либан, т.е. шиитската група Хезболах, најмалку девет цивили го загубија животот во ...

Израел ја „прокоцка“ војната во Либан

Макфакс - 04.08.2006

Бејрут Израел ја „прокоцка“ шансата со војната во Либан – оцени денеска поранешниот либанскиот генерал Амин Хтејт. „Државата што не нападна не ги исполни своите цели, сообразно, ја прокоцка својата шанса“, изјави генералот во интервју за руската државна агенција РИА Новости.

Поддршка за силите на ОН во Либан

Макфакс - 04.08.2006

Бејрут Повеќе земји дадоа согласност да испратат засилување на мировните сили на Обединетите нации кои ќе се распоредат во Либан, соопшти синоќа премиерот на таа земја Фуад Синиора. Тој ги наведе Мароко, Индонезија, Италија, Турција, Шпанија и Малезија.

Цивилите започнаа со враќање во јужен Либан

Макфакс - 04.08.2006

Бејрут Илјадници либански цивили веќе се наоѓаат на патиштата од северен кон јужен Либан, со цел да се вратат во своите домови кои ги напуштија поради израелските бомбардирања. Колоните возила особено се забележани на правците што водат кон градот Сидон.

Првиот човек на израелската армија призна неуспех

Макфакс - 04.08.2006

Тел Авив Првиот човек на израелската армија генерал полковник Дан Халутц, за прв пат јавно призна неуспех на воен план во кампањата против Хезболах во јужен Либан. Началникот на Генералштабот на Армијата, Халутц, ова го наведува во писмо упатено до единиците на Армијата, но притоа ја отфрла ...

Бејрут повторно мета на израелската офанзива

А1 - 03.08.2006

Продолжува израелската офанзива во Либан. Мета - либанскиот главен град Бејрут. Најмалку четири силни експлозии одекнале во јужните предградија на Бејрут, каде се позиционирани стратешките позиции на Хезболах. Од почетокот на војната пред три недели овој дел на Бејрут е речиси срамнет со земја.

Израел призна грешка при бомбардирањето на Кана

А1 - 03.08.2006

Израелската Армија призна дека направила грешка при бомбардирање на либанскиот град Кана, во кој загинаа 56 цивили, вклучувајќи и десетици деца. По спроведената истрага, израелската војска призна дека не знаеле оти во гранатираната зграда во тој либански град се наоѓале цивили.

Олмерт: Блиску сме до својата цел

А1 - 03.08.2006

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт за италијанскиот весник Кориере дела Сера изјави дека Израел е мошне блиску до својата цел во Либан и оти ОН во следната седмица ќе гласаат за мир. „Хезболах двапати или трипати ќе размисли пред да не нападне и мислам дека сме близу до таа цел“, нагласи Олмерт.

Во Либан се борат десет илјади израелски војници

А1 - 03.08.2006

Речиси десет илјади припадници на армијата на Израел се вклучени во воените операции во Либан против припадниците на Хезболах, објави денеска Армиското радио во Израел. Според портпарол на армијата, трупите се распоредени во десетина села каде се стационирани борците на Хезболах.

Израел навлегува во Либан, Хезболах враќа со ракети

Вест - 03.08.2006

БЕЈРУТ, 3 јули (Ројтерс) - Герилците на Хезболах го бомбардираа северен Изарел со ракети и се бореа со околу 6.000 израелски војници во Либан откако Ерусалим се обврза дека ќе продолжи со воените дејствија се додека во регионот не биде распоредено силно меѓународно воено присуство.

Копнена офанзива во јужен Либан, дожд ракети во Израел

Време - 03.08.2006

ПРОДОЛЖУВА ВОЕНАТА КРИЗА НА БЛИСКИ ИСТОК Израелските копнени сили вчера се судриле на четири фронта со Хезболах во пограничните делови на Либан, а шиитската терористичка група за еден час лансирала 40 ракети на територијата на Израел, јави новинската агенција АФП.

Специјалци на израелската армија заробија пет осомничени припадници на Хезболах

Утрински - 03.08.2006

БЕЈРУТ - Герилците на Хезболах вчера се бореа со 6.000 израелски војници на пет фронтови во јужен Либан, со што ескалираше конфликтот кој израелскиот премиер вети дека ќе продолжи се додека не пристигнат силни меѓународни сили.

Франција бара примирје, па мировни сили

Утрински - 03.08.2006

ПАРИЗ - Франција вчера соопшти дека нема да присуствува на состанокот на ОН на кој ќе се дискутира за меѓународни сили за јужен Либан, истакнувајќи дека прво треба да се разработи политички договор како да се оконча тринеделниот конфликт.

Иран и натаму ќе го поддржува Либан

Утрински - 03.08.2006

ТЕХЕРАН - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вчера го поздрави Хезболах и вети дека нема да се откаже од поддршката за либанскиот отпор против Израел, јави државната телевизија. „Единствениот начин да се успее е да продолжи отпорот против окупаторскиот режим (Израел)", изјави Хамнеи, ...

Командоси извршија десант во Балбек

Дневник - 03.08.2006

Повеќе од 6.000 израелски трупи навлегоа подлабоко на територијата на јужен Либан, а командоси извршија смел хеликоптерски десант длабоко на либанската територија и заробија пет члена на Хезболах Повеќе од 6.000 израелски трупи навлегоа подлабоко на територијата на јужен Либан, а командоси извршија ...

Во Либан загинале 900 лица и 3.000 се повредени, тврди либански официјален претставник

Канал5 - 03.08.2006

Во израелската офанзива против Хезболах загинале преку 900 Либанци и 3.000 се повредени, изјави претставникот на либанското Министерство за надворешни работи Рами Моктада Путраџаја, 3 август (МИА) - Во израелската офанзива против Хезболах загинале преку 900 Либанци и 3.000 се повредени, изјави ...

Итен состанок на Организацијата на исламската конференција за Блискиот Исток

Канал5 - 03.08.2006

Претседатели, премиери и видни политички претставници од 17 муслимански земји, вклучувајќи ги Иран, Индонезија, Пакистан и Турција на вонредниот состанок на Организацијата за исламска конференција (ОИК) што се одржува во Малезија ќе изразат загриженост од воените дејствија на Израел во Либан и на ...

Во Либан се борат десет илјади израелски војници

Канал5 - 03.08.2006

Речиси десет илјади припадници на армијата на Израел се вклучени во воените операции во Либан против припадниците на Хезболах, објави денеска Армиското радио во Израел Ерусалим, 3 август (МИА) - Речиси десет илјади припадници на армијата на Израел се вклучени во воените операции во Либан против ...

Блискоисточниот конфликт може да стане „заразен“

Макфакс - 03.08.2006

Рим Конфликтот меѓу Израел и Хезболах во Либан може да стане заразен и крие во себе опасност од интернационализација. Ваква оценка синоќа изнесе италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Д’Алема, предупредувајќи на интернационализација на конфликтот.

Еден израелски војник загинал и тројца ранети во Либан

Макфакс - 03.08.2006

Дубаи Израелски војник загинал, а тројца се ранети во експлозија на мина на која наиде нивниот тенк во јужен Либан, јавија денеска телевизиите ал Арабија и ал Џазеира. Телевизиските станици не објавија кога се случила експлозијата, ниту кој е изворот на иформацијата.

Израелска жртва во ракетен напад на Хезболах

Макфакс - 03.08.2006

Ерусалим Хезболах денеска ракетираше позиции во северен Израел при што загина едно лице, јавија агенциите, повикувајќи се на израелски болнички и полициски извори. Според истите извори, уште најмалку едно лице е рането во ракетниот напад во кој била погодена куќа.

Израел очекува прекин на огнот до понеделник

Макфакс - 03.08.2006

Ерусалим Израел очекува прекинот на огнот со Хезболах да стапи до недела вечер или најдоцна во понеделник. Ова го пренесуваат агенциите повикувајќи се на висок анонимен израелски раководител. Истиот извор навел дека тајмингот ќе зависи од одлуката на израелската Влада за Резолуцијата на Обединетите ...

Израелскиот кабинет ја прифати Резолуцијата на ОН

Макфакс - 03.08.2006

Ерусалим Кабинетот на израелскиот премиер Ехуд Олмерт ја прифати денеска резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на судирот со либанскиот Хезболах. Сите членови на кабинетот, со исклучок на еден, гласале за Резолуцијата која би требало да стави крај на едномесечниот судир ...

Ахмадинеџад–Ликвидација на Израел за мит на Блискиот исток

Макфакс - 03.08.2006

Техеран Решението за либанско – израелскиот конфликт е уништување на Израел, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Тој во говорот на вонредниот самит на муслиманските лидери во Куала Лумпур повика за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, шиитска милитантна група која Иран ја ...

Израел призна грешка при бомбардирањето на Кана

Макфакс - 03.08.2006

Тел Авив Израелската Армија призна дека направила грешка при бомбардирање на либанскиот град Кана, во кој загинаа 56 цивили, вклучувајќи и десетици деца. По спроведената истрага, израелската војска призна дека не знаеле оти во гранатираната зграда во тој либански град се наоѓале цивили.

„Амнести“ го обвини Израел за воени злосторства

Макфакс - 03.08.2006

Лондон Амнести Интернешнал (АИ) денеска го обвини Израел за воени злосторства. Во Извештајот на АИ се истакнува дека Израел го прекршил меѓународното право со намерно уништување на либанската цивилна инфраструктура за време на војната против герилците на Хезболах.

Над 900 лица се жртви на конфликтот во Либан

Макфакс - 03.08.2006

Бејрут Над 900 лица загинале, а околу 3.000 се ранети во тринеделната израелска офанзива против “Хезболах“ во Либан, соопшти денеска либанскиот премиер Фуад Синиора. „Третина од жртвите се деца под 12 години“, потенцираше Синиора, на самит на муслиманските држави, што се одржува во Малезија.

На територијата на Либан оперираат околу 10 000 израелски војници

Макфакс - 03.08.2006

Тел Авив Во Либан оперираат околу 10 000 израелски војници, распоредени во15 области, јави радиото на вооружените сили на Израел, Галеи Цахал. Истиот извор наведе дека цел на операциите е воспоставување „безбедна зона“, која ќе се простира на површина од шест до осум километри долж израелско - ...

Муслиманските држави да се дел од меѓународните сили во Либан

Макфакс - 03.08.2006

Куала Лумпур Лидерите на муслиманските држави побараа нивните земји да партиципираат во идните меѓународни мисии кои треба да дејствуваат во јужен Либан. Барајќи итен прекин на огнот, муслиманските лидери на состанокот во Куала Лумпур, најавија и дека ќе побараат меѓународна истрага за воените ...

Амнести Интернешнал го обвини Израел за воени злосторства

Макфакс - 03.08.2006

Лондон Амнести Интернешнал денеска го обвини Израел за воени злосторства, истакнувајќи дека го прекршил меѓународното право со намерно уништување на либанската цивилна инфраструктура за време на војната против герилците на Хезболах.

АИ ќе го објави извештајот за уништувањето во Либан

Макфакс - 03.08.2006

Лондон Организацијата за заштита на човековите права Amnesty International денеска ќе го објави извештајот за уништувањето на цивилната инфраструктура во Либан. Оваа организација во неколку наврати предупреди дека во судирите меѓу израелската војска и Хезболах непотребно се уништува цивилната ...

Тешки борби водат израелската армија и герилците на Хезболах

А1 - 02.08.2006

Тешки борби водат израелската армија и герилците на Хезболах за градот Балбек, град на 5 километри од границата меѓу Израел и Либан. Во битката за Балбек има жртви на двете страни. Агенциите јавуваат дека најмалку 12 луѓе загинале во израелското бомбардирање на Балбек.

Ехуд Олмерт: Израел не сака да окупира ниту педа либанска земја

А1 - 02.08.2006

Израел не сака да освои или да окупира ниту педа од либанската теритиорија, целта на нашата операција не е уништувањето на Либан, изјави израелскиот премиер Ехуд Олмерт во интервју за Би-Би-Си. Олемрт нагласува дека навлегувањето на израелската војска во делови од Либан има за цел неутрализирање на ...

Заробени петмина припадници на Хезболах, тврди израелската армија

А1 - 02.08.2006

Израелските сили заробија петмина припадници на Хезболах и убија или ранија други 10 во операција во текот на ноќта во Балбек, изјави началникот на Генералштабот на израелската армија Дан Халиц. Во соопштение објавена на ТВ-каналот Ал Манар, Хезболах негираше дека петте лица се нејзини членови и ...

Нови напади врз Израел од Либан

Канал5 - 02.08.2006

Речиси 40 проектили за само еден час утрово паднаа врз северен Израел, објавија израелските медиуми Ерусалим, 2 август (МИА) - Речиси 40 проектили за само еден час утрово паднаа врз северен Израел, објавија израелските медиуми.

ЕУ комесар: Израел има право да се брани

Канал5 - 02.08.2006

Израел има право да се брани од нападите на Хезболах, но не треба да му се дозволи да го збрише Бејрут од светската мапа, изјави комесарот на ЕУ за хуманитарна помош Луис Мишел Брисел, 2 август (МИА) - Израел има право да се брани од нападите на Хезболах, но не треба да му се дозволи да го збрише ...

Израел мора да биде подготвен за ирански напад

Макфакс - 02.08.2006

Ерусалим Израел мора да се подготви за можноста од ракетен напад од Иран, изјави денеска израелскиот министер Рафи Еитан. „Иран многу јасно рече дека ако биде нападнат, неговата примарна мета ќе биде Израел”, рече Еитан, член на потесниот израелски кабинет.

Дипломатска активност околу состојбата во јужен Либан

Макфакс - 02.08.2006

Дамаск Турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул денеска пристига во посета на Сирија, јавуваат медиумите. Ѓул со сириските власти ќе разговара за состојбата на Блискиот исток, пред одлуката на турската влада да испрати свои војници во мировната мисија во јужен Либан.

Хезболах согласен на прекин на огнот

Макфакс - 02.08.2006

Бејрут Хезболах е согласен да прекине со огнот веднаш откако Обединетите нации (ОН) ќе одредат конкретни рокови за окончување на воените дејствија. Ова денеска во телевизиско обраќање го соопшти водачот на шиитското милитантно движење Хезболах, Хасан Насрала.

Буш:Побрзо распоредување на мировните сили во јужен Либан

Макфакс - 02.08.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека е неопходно мировните сили на Обединетите нации во Либан да бидат распоредени што поскоро. „Тоа е нешто неодложно. Сега меѓународната заедница треба да реши кој ќе ги сочинува меѓународните сили, да им овозможи солидни ангажмани и да бидат ...

Израел продолжи со напади во Либан

Макфакс - 02.08.2006

Ерусалим Израел денеска продолжи со копнени и воздушни напади во југот на Либан, концентрирајќи се на местото Баалбек, длабоко на либанска територија. Израелците соопштија дека таму опколиле 5 лица, за кои тврдат дека се припадници на шиитското движење Хезболах.

Европа ќе испрати 8.000 војници во Либан

Макфакс - 02.08.2006

Рим Италија ќе обезбеди третина од шест до осум илјади европски војници за силите на ОН во Либан, во кои ќе учествуваат Шпанија, Холандија, Белгија и уште некои земји. Ова денеска го изјави италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Д’Алема.

Израел ја продолжи офанзива и покрај Резолуцијата на ОН

Макфакс - 02.08.2006

Њујорк, Ерусалим Израелската војска ја продолжи офанзивата навлегувајќи подлабоко на либанска територија, наспроти Резолуцијата за прекин на огнот што синоќа едногласно ја усвои Советот за безбедност на ОН. Израелската пешадија се приближува кон реката Литана, стратешка точка на југот на Либан, ...

Хезболах истрелал 190 ракети врз Израел

Макфакс - 02.08.2006

Тел Авив Шиитското движење Хезболах денеска изврши најмасовен ракетен напад врз Израел, стрелајќи 190 ракети, при што еден израелец е убиен, а 19 други се ранети. Ова е последниот биланс до доцна попладнето за кој јавуваат светските медиуми повикувајќи се на израелски извори.

Италија бара итна расправа за мировната мисија во Либан

Макфакс - 02.08.2006

Рим Италија побара од Финска, претседавач со Европската Унија, в петок, 25. август, во Брисел да свика итна средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ, на која би било разгледано европското учество во мировната мисија на ОН во Либан.

Израел ќе ја прошири копнената офанзива во Либан

А1 - 01.08.2006

Израелскиот кабинет за безбедност на синоќешното заседание одобри проширување на копнената офанзива во Либан и отфрли секаков прекин на огнот додека не бидат создадени меѓународни сили, соопшти учесник на заседанието кој побарал да остане анонимен.

Почна големата копнена офанзива на израелската армија

А1 - 01.08.2006

Почна големата копнена офанзива на израелската армија во јужен Либан. Реката Литани, 30 километри во либанската територија ќе биде границата на тампон зоната што израелската армија планира да ја формира во наредните 10-15 дена.

Израел прогласи 48-часовен прекин на бомбардирањата, ракетираше село

Време - 01.08.2006

ПО УБИСТВЕНИОТ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ЛИБАНСКОТО СЕЛО КАНА Израел прогласи 48-часовен прекин на воздушните напади во Либан по убиството на најмалку 52 цивили, од кои повеќето деца, во бомбардирањето на либанското село Кана, јави новинската агенција АФП.

Израел уште не е спремен за примирје

Вест - 01.08.2006

ЕРУСАЛИМ, 1 август (Би-Би-Си) - Израелскиот министер за одбрана Амир Перец изјави дека и покрај 48-часовниот прекин на воздушните напади на јужен Либан, Израел не може да се согласи на итен прекин на огнот. ЕРУСАЛИМ, 1 август (Би-Би-Си) - Израелскиот министер за одбрана Амир Перец изјави дека и ...

Израел се уште не е подготвен за примирје во Либан

Утрински - 01.08.2006

Офанзивата против Хезболах ќе се прошири и покрај 48-часовното суспендирање на воздушните напади ЕРУСАЛИМ – Израелските сили вчера извршија напади со авиони како поддршка за копнените операции во близина на либанското село Таиба, што се наоѓа близу границата, соопшти армиски портпарол.

Бомбите го прегазија ветувањето

Дневник - 01.08.2006

Не сме рекле никогаш дека ќе ги прекинеме нападите, рековме дека ќе продолжиме да ги заштитуваме нашите цивили и нашите војници - изјавил израелски воен извор Со нови бомбардирања на јужен Либан, Израел вчера ја прекрши сопствената одлука за 48-часовен прекин на огнот, јави Макфакс.

Илјада зошто и ниту едно затоа!?

Дневник - 01.08.2006

Израелците и Арапите имаат спротивставени вистини за историјата на нивниот конфликт, кој со децении ја диктира регионалната и светската стабилност Израелците и Арапите имаат апсолутно спротивставени вистини за историјата на нивниот конфликт, кој со децении ја диктира регионалната и светската ...

Израелскиот кабинет за безбедност одобри проширена копнена офанзива во Либан

Канал5 - 01.08.2006

Израелскиот кабинет за безбедност на синоќешното заседание одобри проширување на копнената офанзива во Либан и отфрли секаков прекин на огнот додека не бидат создадени меѓународни сили, соопшти учесник на заседанието кој побарал да остане анонимен Тел Авив, 1 август (МИА) - Израелскиот кабинет за ...

Одлука на Израел за ширење на копнената офанзива

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим Зелено светло за ширење на копнената офанзива против герилските борци на Хезболах, утринава даде израелскиот премиер Ехуд Олмерт. Копнената офанзива по предлог на израелската армија, ќе се навлезе неколку километри подлабоко на либанска територија, со што практично се поместува досегашната ...

Олмерт – Хезболах нема да биде опасност за Израел

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим Хезболах повеќе нема да ја застрашува еврејската држава – изјави денеска израелскиот премиер Ехуд Олмерт, откако започна израелската копнена офанзива во јужен Либан. Додека на теренот се водат жестоки борби околу неколку села во јужен Либан, Олмерт тврди дека „Хезболах веќе не ќе може да ...

Израел започна копнена офанзива во јужен Либан

Макфакс - 01.08.2006

Бејрут/Ерусалим Израел започна широка копнена офанзива во јужен Либан, откако за тоа доби зелено светло од Владата и Парламентот во Ерусалим. Жестоки борби се водат уште од минатата ноќ околу три села во јужен Либан при што најмалку 20 борци на шиитското движење Хезболах биле убиени, а настрадале и ...

Арбур бара истрага за злосторства врз цивилите во Либан и Израел

Макфакс - 01.08.2006

Женева Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Луиз Арбур побара од ОН да спроведат истрага за нападите врз цивили во Либан и на северот на Израел. „Постои јасна и итна потреба ситуацијата да се разјасни преку систематска, независна, доверлива и детална истрага“, изјави Арбур на ...

Израелската војска зазеде два христијански града во јужен Либан

Макфакс - 01.08.2006

Марјајон Израелските сили денеска зазеле два христијански града во јужен Либан, јавуваат западните агенции повикувајќи се на изјави на очевидци. Според истите извори, израелските војници влегле во градот Марјајон, на осум километри од границата, како и во градот Клаиах и селото Бурј ал-Молок, а на ...

Либан ќе додели по 40 илјади долари на оштетените семејства

Макфакс - 01.08.2006

Бејрут Либанската влада ќе им додели по 40 илјади долари на сите семејства чии куќи беа оштетени во израелската офанзива во Либан, соопшти денеска либанскиот премиер Фуад Синиора. Помошта нема да биде доделувана на жителите од јужните предградија на Бејрут, каде што урбанизацијата се развивала ...

Израел ќе ја одложи копнената офанзива врз Либан

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим Израел ќе ја одложи најновата воена кампања во Либан за да им пружи уште една шанса на дипломатските обиди за завршување на војната, соопштија израелски официјални лица. Израелското министерство за безбедност вчера одобри проширување на копнената офанзива во Либан, но премиерот Ехуд Олмерт ...

Перец:Можен е втор удар врз Хезболах

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим Израелскиот министер за одбрана Амир Перец најави дека е можен втор удар врз Хезболах. „Ќе разгледаме се што изгледа како неуспех. Ќе ставиме се на маса, зошто наша цел е да се подготвиме за втора рунда од вооружените дејства со силите на либанската шиитска партија“, се вели во синоќешното ...

Халуц:Војната во Либан заврши со победа на Израел

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим Шефот на Генералштабот на израелската армија, Дан Халуц денеска изјави дека војната во Либан завршила со победа на Израел. Халуц, на денешната владина седница, истакнал дека Израел ја уништил инфраструктурата на радикалната исламистичка организација хезболах.

Запнаа преговорите за нацрт резолуцијата за Либан

Макфакс - 01.08.2006

Њујорк Дипломатските напори за постигнување на брз договор околу нацрт резолуцијата на Обединетите нации за прекин на огнот во Либан засега не успеваат, јавуваат американските медиуми. Според истиот извор, проблем настанал во пеглањето на разликите меѓу САД и Франција во поглед на барањето на ...

Состанок на арапските министри за надворешни работи

Макфакс - 01.08.2006

Министрите за надворешни работи на арапските земји денеска треба да се сретнат во Каиро, јавуваат медиумите. На состанокот што треба да се одржи во седиштето на Арапската лига во Египет, министрите ќе разговараат за состојбата во Либан по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Хезболах уништил израелски воен брод

Макфакс - 01.08.2006

Бејрут Либанското шиитско движење Хезболах тврди дека уништило израелски воен брод во близина на пристаништето Тир. Информацијата објавена синоќа на либанската телевизија беше демантирана од израелските власти, иако, непосредно пред веста, беше јавено дека била истрелана ракета во близина на Тир.

Израел го одби рускиот предлог за 72 часовен прекин на огнот

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим: Израелскиот претставник во Обединетите нации (ОН) Дан Гилерман денеска го одби рускиот хуманитарен предлог за 72 часовно примирје во Либан, јавуваат медиумите. Рускиот претставник во ОН, Виталиј Чуркин побарал прекин на воените дејствија со цел да се достави хуманитарна помош до ...

Израел против брзо распоредување на либанската војска на границата

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим Израел е против распоредување на либанската војска се додека не бидат распоредени меѓународните мировни сили. Ова денеска го изјави израелскиот министер за одбрана Амир Перец, кој нагласи дека Израел ќе го спречи распоредувањето на либанската војска во близина на израелско либанската ...

Ништо од примирје!

Вечер Прес - 01.08.2006

И покрај објавата на Израел дека ги прекинува воздушните напади во следните 48 часа, нивните воздушни и копнени сили извршија синхронизирани напади во близина на либанското село Таиба, што се наоѓа близу границата. Изненадувањето е дотолку поголемо што нивната воена команда тврди дека со тоа не е ...

Израел го продолжи бомбардирањето во јужниот дел на Бејрут

Макфакс - 01.08.2006

Бејрут Израелската авијација ги обнови денеска бомбардирањата на јужните предградија на Бејрут, откако синоќа со летоци го предупреди населението да го напушти градот. Авионите ги бомбардираа истите позиции што беа мета и на нападите утрото, при што биле урнати четири згради.

ОН испитува израелско кршење на човекови права во Либан

Макфакс - 01.08.2006

Женева Советот на Обединетите нации за права на човекот денеска ќе заседава за наводите на случаи на израелско кршење човекови права во судирите во Либан. .Посебната седница ја побараа група муслимански земји, кои се очекува да изнесат аргументирани обвинувања на сметка на Израел во врска со ...

Израелските сили убија 20 борци на Хезболах

Макфакс - 01.08.2006

Ерусалим Во најновите напади во јужен Либан, за време на последните 48 часа, израелските сили убиле дваесет герилци на Хезболах, објави денеска војската. Портпаролката на израелската војска рече дека најновите жртви настрадале во судирите во три села, неколку километри внатре на либанска територија.

САД и Британија обвинети за соработка со Израел

Макфакс - 01.08.2006

Бејрут Иран посредно ги обвини Соединетите американски држави (САД) и Велика Британија за соработка со Израел во „неговата агресија“ врз Либан. „Сите што учествуваа во поткопување на меѓународните настојувања за примирје се партнери на ционистичкиот непријател во грозоморните злостори што ги изврши ...

Туомиоја - Одлуката на Израел неприфатлива

Макфакс - 01.08.2006

Брисел Финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја, чија земја претседава со Европската унија, оцени денеска дека одлуката на Израел за јакнење на воените акции во Либан е неприфатлива и оти тоа само ќе го зајакне екстремизмот на Блискиот Исток.

ЕК на Либан ќе му додели 42 милиона евра

Макфакс - 01.08.2006

Брисел Европската комисија во првично ќе додели 42 милиони евра за обнова на Либан, соопштено е од Брисел. Европскиот комесар за надворешни односи Бенита Фереро-Валднер ќе ја потврди готовноста на Европската унија за донирање на средствата на утрешната донаторска конференција за Либан.

Израелски авиони повторно бомбардираа села во Либан

А1 - 31.07.2006

Израелски авиони повторно бомбардираа села во близина на израелско либанската граница, и покрај објавата на владата дека на 48 часа, ке ги прекине воздушните напади во Либан. Нема прекин на огнот, армијата ќе ја продолжува офанзивата против Хезболах изјави министерот за одбрана Амир Перец на ...

Израел не го почитува сопственото примирје

А1 - 31.07.2006

Израел денеска ја прекрши сопствената одлука за 48 часовен прекин на огнот, извршувајќи нови авио напади во јужен Либан. Израелската авијација претпладнето нападна позиции на шиитското милитантно движење Хезболах во реонот на селото Тајбех, во јужен Либан, соопшти воен портпарол.

Стоп на новата војна во Либан

Вест - 31.07.2006

ПРОТЕСТ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ "Стоп на новата војна во Либан" беше мотото под кое во саботата пред Амбасадатата на САД во Скопје мирно протестираа членовите на Македонско-арапското друштво и нивните пријатели.

Масакр ја разгоре војната во Либан

Вест - 31.07.2006

ПРОДОЛЖУВА ОФАНЗИВАТА НА ИЗРАЕЛ Најмалку 54 либански цивили, од кои 37 деца, загинаа вчера во израелски воздушен напад врз местото Кана заради што Либан на американскта државна секретарка Кондолиза Рајс и даде до знаење дека не е добредојдена во Бејрут пред да дојде до прекин на ог КАНА, Либан, 31 ...

Израел уби педесетина либански цивили

Време - 31.07.2006

АВИОНИ СРАМНИЈА СО ЗЕМЈА ЗАСОЛНИШТЕ ВО ЛИБАНСКО СЕЛО Израелски авиони вчераутро срамниле со земја повеќе згради во јужното либанско село Кана и убиле најмалку 51 цивил, од кои 22 деца, јави новинската агенција АФП. Либанските спасувачки екипи со голи раце трагале по преживеани меѓу урнатините по ...

Упад во канцелариите на ОН во Бејрут по масакрот во Кана

Утрински - 31.07.2006

Демонстрантите упаднале во зградата по израелскиот воздушен напад во кој загинаа најмалку 54 лица, од кои 37 деца БЕЈРУТ - Либански демонстранти вчера упаднаа во седиштето на ОН во Бејрут, кршејќи ги прозорците и претурајќи низ канцелариите, по израелскиот воздушен напад во кој загинаа најмалку 54 ...

По израелското бомбардирање, на Рајс ч ја откажаа посетата на Бејрут

Утрински - 31.07.2006

Либанскиот премиер изјави дека не може да одржи разговори за решавање на кризата пред да биде постигнато примирје ЕРУСАЛИМ - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, чија дипломатска мисија е доведена во опасност по израелското бомбардирање врз едно либанско село, вчера ја откажа посетата на ...

Израел уби педесетина цивили во јужен Либан

Дневник - 31.07.2006

Рајс рече дека е длабоко погодена и тажна поради ужасната загуба на животите на невини луѓе во селото Кана, но не' повика на итен прекин на огнот Израелските ракети убија најмалку 54 цивили, помеѓу кои 37 деца, вчера во јужен Либан при воена операција во селото Кана, јави Ројтерс.

Да запре војната во Либан

Дневник - 31.07.2006

Стоп за новата војна во Либан беше мотото под кое завчера пред Амбасадатата на САД во Скопје мирно протестираа членови на Македонското-арапско друштво и нивните пријатели . - Либан досега преживеа седум војни, а по целосната обнова по последната војна не му се потребни нови жртви и уривања.

Привремениот прекин на нападите не значи крај на војната, рече израелскиот министер за правда

Канал5 - 31.07.2006

Прекинот на воздушните напади врз Либан за 48 часа во никаков случај не значи крај на војната против Хезболах, изјави денеска израелскиот министер за правда Хаим Рамон Ерусалим, 31 јули (МИА) - Прекинот на воздушните напади врз Либан за 48 часа во никаков случај не значи крај на војната против ...

Израел ќе ги прошири воените операции врз позиции на Хезболах во Либан, тврди Перец

Канал5 - 31.07.2006

Израел ќе ги прошири офанзивните операции врз позиции на Хезболах во Либан, изјави денеска министерот за одбрана на Израел Амир Перец Ерусалим, 31 јули (МИА) - Израел ќе ги прошири офанзивните операции врз позиции на Хезболах во Либан, изјави денеска министерот за одбрана на Израел Амир Перец.

Убиени 23 деца!

Вечер Прес - 31.07.2006

Израелското дваесетдневно бомбардирање на Либан бележи се потрагични биланси. Вчера раноизутрина, при нападот на местото Кана, разурнаа една трикатна зграда во која загина над 51 лице меѓу беа кои 23 деца. Ова злосторство беше повод за спонтани масовни демонстрации во главниот град на Либан, а во ...

Стоп за новата војна во Либан

Вечер Прес - 31.07.2006

Со мирен протестен марш пред американската амбасада во Скопје, македонските арапи завчера испратија порака за мир во Либан и Палестина. „Стоп за новата војна во Либан. Крвта е за живот, не е за пролевање.", извикуваа педесетина членови на арапско - македонското здружение.