Владата на Брегот на слоновата коска и бунтовниците се согласија во текот на денешниот ден да потпишат примирје, соопштија синоќа посредниците. Посредниците од западна Африка се обидуваат да го прекинат 16-дневниот бунт кој однесе стотици животи.
Западно-африканските челници синоќа на вонреден самит во Акра донесоа одлука да упатат мировни сили во Брегот на слоновата коска каде се во конфликт владините сили и побунетите војници, кои држат под контрола дел од земјата. Сенегалскиот претседател Абдулаје Ваде изјави дека неговите војници веднаш ...
Продолжува бунтот во Брегот на Слоновата Коска Француски војници вршат евакуација на странските државјани од Брегот на Слоновата Коска, каде што бунтовничките сили ги држат под контрола северниот и централниот дел на државата.