TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Државниот врв не може да се договори што рекла Нуланд

А1 - 11.11.2007

Серијата препукувања во власта продолжува. Причина е посетата на американската амбасадорка во НАТО, Викторија Нуланд, која дојде со порака за мобилизирање на државниот врв. Претседателот и Владата не можат да се договорат што рекла Викторија Нуланд, на кое место е Македонија во Јадранската група.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Црвенковски дека има лична корист ако земјава не влезе во НАТО

Канал5 - 11.11.2007

Црвенковски шири дезинформации – американската амбасадорка Нуланд не ја рангирала Македонија на трето место – со ваков став кој го пренесе портпаролот излез денеска владејачката партија – го обвинија Црвенковски дека сака да и наштети на Македонија – зашто ќе имал лична корист ако земјава не влегла ...

Груевски: Советот за европски интеграции е стара идеја

А1 - 10.11.2007

Советот за европски интеграции е стара идеја на која Владата веќе работи. Ова е одговорот на премиерот Груевски на предлогот на лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска за формирање Европска коалиција за европска Македонија, која ќе работи за што побрз влез во Европа и НАТО.

Црвенковски си игра Викторија со НАТО

Време - 10.11.2007

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ПРИ ПОСЕТАТА НА ВИКТОРИЈА НУЛАНД НА СКОПЈЕ Цветин Чилиманов Тивок дипломатски скандал предизвика соопштението од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, издадено по неговата средба со американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд.

Нуланд: Нема да ги рангирам претендентите за членство

Вест - 10.11.2007

СООПШТЕНИЕТО НА КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТМ НАПРАВИ ЗБРКА Не сакам да ги коментирам доверливите моменти од разговоротите, изјави амбасадорката на САД во НАТО на новинарското прашање за ннејзината завчерашна средба со Претседателот Бранко Црвенковски Различни пораки произлегоа од завчерашните средби ...

Патриоти идиоти

Вест - 10.11.2007

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Груевски можеби ќе спринтира како што му велат Американците, ама Елмази не може да го смени ни со нокаут 1 Никогаш не сме биле поблиску до НАТО. На трето место. Така барем му рекла американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд на претседателот Бранко ...

Името се заплеткува во агендата за НАТО

Утрински - 10.11.2007

Нуланд рекла дека Македонија треба да биде подготвена за компромис во спорот со Грција ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Последните опомени за Македонија пред самитот на НАТО во Букурешт во април, стигнаа во четвртокот од САД во Скопје преку нивната амбасадорка во Алијансата, Викторија Нуланд.

Кој и како ќе го деблокира спроведувањето на мајскиот договор Груевски – Ахмети?

Канал5 - 10.11.2007

Освен жестока критика за не сработеното, посетата на американската амбасадорка во НАТО Нуланд донела и иницијатива - работите околу клучниот услов - мајскиот договор меѓу Груевски и Ахмети да мрднат од мртва точка, дознава Канал 5.

Премиерот смирува по пораките дека се коцкаат шансите за НАТО

Канал5 - 10.11.2007

Посетата на американската амбасадорка во НАТО Нуланд ги втурна во нов конфликт премиерот и претседателот. Груевски и Црвенковски се конфронтираат за содржината на пораката која Нуланд ја испорача во Скопје. Посетата на американската амбасадорка во НАТО Нуланд ги втурна во нов конфликт премиерот и ...

САД лути на Црвенковски оти објавил доверливи разговори

А1 - 09.11.2007

Американците му забележуваат на претседателот Црвенковски, затоа што по вчерашната средба со нивната амбасадорка во НАТО, Викторија Нуланд, објавил делови од разговорот кој амбасадорката го сметала за доверлив. Реакцијата доаѓа за делот од вчерашното соопштение од кабинетот на Претседателот во кое ...

Последните две милји истрчајте ги спринт

Вест - 09.11.2007

АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО НАТО ВИКТОРИЈА НУЛАНД ПОРАЧА Македонската јавност се навикна на метафори и симболични изјави од странските дипломати кога се работи за членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Амбасадорката на САД во Алијансата Викторија Нуланд вчера, по средбата со премиерот Никола Груевски, ...

Викторија ја чека Македонија во НАТО

Време - 09.11.2007

ПОСЕТА НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО НАТО Викторија Нуланд, амбасадорката на САД во НАТО, вчера во Скопје порача дека ја чека Македонија да влезе во НАТО на самитот во Букурешт, но воедно побара работа на мајскиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и упорност во преговорите со Грција во врска со ...

Македонија не може да се одмора на две милји пред НАТО

Утрински - 09.11.2007

Амбасадорката на САД во НАТО изјави дека е потребно Македонија со спринт да го истрча маратонот кон Алијансата За завршниот спринт е потребно исполнување на мајскиот договор, Охридскиот договор, реформи, изјави Викторија Нуланд на вчерашната прес-конференција ТАМАРА ГРНЧАРОСКА „Ги повикувам сите ...

Македонија последна во редот за во НАТО

Дневник - 09.11.2007

Мојот претседател (Буш) сака да ве види во НАТО, но, за жал, од трите земји (во Јадранската група), сега сте на третото место, му рекла Нуланд на Црвенковски , соопштија од кабинетот на претседателот САД сакаат да ја видат Македонија во НАТО, но, за жал, од трите земји-кандидатки, таа е на третото ...

Економскиот контекст на НАТО

Дневник - 09.11.2007

Членството во НАТО ја зголемува личната и деловната безбедност и ја зајакнува предвидливоста и стабилноста на бизнис-опкружувањето и политичката клима . Тоа води кон подобрување на конкурентноста и атрактивноста на земјата, што се потврди низ примерите на сите земји што се интегрираа во НАТО во ...

Албанија далеку од алијансата

Дневник - 09.11.2007

Албанија не е подготвена за зачленување во НАТО, изјави завчеравечер во Тирана американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд.Според Нуланд, Албанија со своите војници во мировните мисии во Авганистан и во Ирак, армиски претставува земја што извезува сигурност, но на планот на внатрешните ...

Шеќеринска му нуди на Груевски коалиција за европска Македонија

Канал5 - 09.11.2007

Шеќеринска му нуди на Груевски коалиција за европска Македонија – по критичниот извештај од Брисел и ултимативните пораки од Нуланд за НАТО, лидерката на СДСМ излезе со предлог итно да се формира националниот совет за евро-интеграции, во кој би учествувале сите клучни политички фактори во државава ...

Експертите ја коментираат пораката од САД дека Македонија ги коцка шансите за влез во НАТО

Канал5 - 09.11.2007

„Владата засилено ќе работи за да ги исполни обврските кои вчера Виткорија Нуланд ги наведе како клучни за успех на македонската кандидатура за влез во НАТО“. Тоа е владиниот коментар по пораката на американската амбасадорка во НАТО- испорачана на неколкуте средби во Скопје - дека времето е кусо и ...

Името може да е пречка за приемот на Македонија во НАТО

Макфакс - 09.11.2007

Скопје Тешко е да се каже дали Грција ќе го искористи правото на вето, но прашањето за името може да ја попречи поканата за членство на Македонија, смета германскиот амбасадор Ралф Андреас Бред. „Дали Грција ќе го искористи овој спор како инструмент пред самитот на НАТО, во моментов е тешко да се ...

Црвенковски ќе го прими британскиот амбасадор во НАТО

Макфакс - 09.11.2007

Скопје Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе го прими амбасадорот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во НАТО Стујарт Елдон. Како што најави кабинетот на претседателот Црвенковски тој денеска ќе има средба и со претставничката на Светска банка во Скопје Џејн Армитиџ.

Мора да направите спринт до јануари!

Вечер Прес - 09.11.2007

Мојот Претседател сака да ве види во НАТО. За жал, од трите земји кандидати, сега сте на третото место, рекла Нуланд на средбата со претседателот Црвенковски Целосно да се имплементира Мајскиот договор меѓу власта и ДУИ, комплетно да се спроведе Законот за полиција со подзаконските акти, да се ...

Македонија да ги забрза реформите за во НАТО

Макфакс - 09.11.2007

Скопје Македонија во следните два до три месеци треба да ја засили динамиката за исполнување на преостанатите обврски за добивање покана за членство во НАТО, на самитот во април 2008. Ова го укажа британскиот амбасадор во НАТО Стујарт Елдон на средба денеска во Скопје со шефот на македонската ...

Нуланд: Мојот претседател сака да ве види во НАТО

А1 - 08.11.2007

Мојот претседател сака да ве види во НАТО, за жал од трите земји кандидати сега сте на третото место. Вака според кабинетот на Претседателот изјавила американската амбасадорка во НЕТО Викторија Нуланд на средбата со Црвенковски. Посочила конкретни обврски и рокови што земјава треба да ги исполни.

Амбасадорката Нуланд во Скопје

Дневник - 08.11.2007

Министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Лазар Еленовски денеска ќе имаат заедничка работна средба со амбасадорката Викторија Нуланд , постојана претставничка во Мисијата на САД во НАТО во Брисел. Целта на престојот на делегацијата предводена од амбасадорката Нуланд, која е ...

Нуланд: Шансите на Македонија за влез во НАТО во моментов се послаби и од хрватските и од албанските

Канал5 - 08.11.2007

Македонската кандидатура за НАТО не само што заостанува зад хрватска, туку и зад Албанија. Таква порака денеска во Скопје донела американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд. Не ја криела загриженоста за забавеното темпо на реформите во земјава.

Нуланд:Македонија најлоша во Јадранската група

Макфакс - 08.11.2007

Скопје Македонија е на последно место од земјите членки на Јадранската група според подготвеноста за влез во НАТО. Ова денеска, на средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, го изјавила амбасадорката на САД во НАТО, Викторија Нуланд, соопшти Кабинетот на Црвенковски.

Американска поддршка за Македонија во НАТО во 2008

Макфакс - 08.11.2007

Скопје Македонија треба да продолжи со реформите со цел во април 2008 година да добие покана за влез во НАТО, за што има јасна американска поддршка. Ова денеска го укажа амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во НАТО, Викторија Нуланд која е во официјална посета на Македонија.

Амбасадорката на САД во НАТО во посета на Македонија

Макфакс - 08.11.2007

Скопје Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во НАТО, Викторија Нуланд денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Во рамки на посетата, Викторија Нуланд денеска ќе се сретне со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, како и со ...

Приемот во НАТО нема врска со името

Вест - 06.11.2007

МИНИСТЕРОТ МИЛОШОСКИ ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски не го поврзува спорот за името со Грција со евентуалната покана за прием во НАТО следната година на самитот во Букурешт во април. По средбата со амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел тој изјави: ...

Грција сака да блокира покана за во НАТО

Дневник - 06.11.2007

Пред одлуката за покана за зачленување во НАТО на Македонија и' претстојат решение на спорот за името и исполнување на политичките критериуми што се' уште не се исполнети . Тоа ќе биде и пораката на американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд, која утре ќе дојде во Скопје, а чија земја ...

Милошоски: Името не спаѓа во критериумите за НАТО

А1 - 05.11.2007

Никој во НАТО не го поврзува спорот за името со Грција со македонското членство во Алијансата. За Македонија има јасни критериуми, во нив не спаѓа името. Ова денеска во Брисел го изјави Антонио Милошоски, шефот на дипломатијата, по средбата со амбасадорите на земјите членки на НАТО, кој дојде во ...

НАТО е приоритет, но не и по цена на името

Вест - 05.11.2007

ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ "НАТО е наш врвен приоритет, но истовремено менувањето на уставното име по желба на Грција е превисока цена за овој голем приоритет и тоа за нас е апсолутно неприфатливо, дури и по цена на НАТО!" изјави вчера во интервју за МИА премиерот Никола Груевски.

Не го даваме името ни за НАТО!

Дневник - 05.11.2007

Менувањето на уставното име на Република Македонија по желба на Грција е превисока цена за големиот приоритет - зачленување во алијансата - и тоа за нас е апсолутно неприфатливо, дури и по цена на НАТО, истакнува премиерот Никола Груевски во интервјуто за државната агенција МИА.

Следните месеци клучни за влез на Македонија во НАТО

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Следните неколку месеци се од круцијална важност за аспирацијата на Македонија да стане членка на НАТО, порача денеска во Скопје висок функционер на Алијансата. Помошник генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Мартин Ердман, по средбата со премиерот Никола ...