TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ И ЕЛЦИН

Вест - 28.04.2007

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ СРЕДБАТА НА КЛИНТОН СО МАКЕДОНСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЌЕ БЕШЕ ФАНТАСТИЧНА. ИСТО КАКО ГОЛЕМИНАТА НА ПИПЕРКИТЕ Смртта на Борис Елцин погоди многу светски лидери, сегашни и поранешни. Некои од нив отидоа лично на неговиот погреб, а многу од нив ја имаат напишано светската ...

Источна политика

Дневник - 28.04.2007

Што загуби Македонија со неприсуството на државниот врв на погребот на Елцин во Москва? Се пропушти можноста да се поклони пред човекот што меѓу првите ја призна Република Македонија под уставното име Борис Николаевич Елцин, првиот демократски избран претседател на модерна Русија почина.

Елцин погребан крај уметниците

Вест - 26.04.2007

МОСКВА, 26 април (Ројтерс) - Расплаканата вдовица на Борис Елцин застана над неговиот отворен ковчег за да му го бакне лицето, неколку минути пред првиот претседател на независна Русија да биде закопан со полни државни почести на вчерашниот погреб.

Елцин ја призна независноста на Македонија

Утрински - 26.04.2007

Несомнен е позитивниот став на Руската Федерација спрема осамостојувањето на Македонија Ахил Тунтев Руската Федерација се прости од својот поранешен претседател Борис Николаевич Елцин кој, секако, ќе остане запаметен во современата историја на рускиот народ.

Црвенковски и Груевски се препукуваа и за погребот на Елцин

Утрински - 26.04.2007

Покојниот руски претседател беше голем пријател на Македонија БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Смртта на поранешниот руски претседател Борис Елцин ги затече Владата и шефот на државава, па на неговиот погреб во Москва, по сопствена желба, бил испратен вицепремиерот Живко Јанкуловски.

Елцин погребан на место со многу симболика и мистичност

Утрински - 26.04.2007

Првиот претседател на Русија по распадот на СССР погребан со државни почести и според православните обичаи Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - На Новодевствените гробишта во Москва вчера попладне беше погребан Борис Елцин, првиот претседател на Русија по распадот на СССР.

Плотуни, солзи и скандал за збогум

Дневник - 26.04.2007

Комунистичките депутати во Думата одбија да станат кога пратениците со едноминутно молчење му оддадоа почит на поранешниот претседател на Русија Русија и државници од целиот свет вчера се простија од поранешниот руски претседател Борис Елцин, кој со највисоки државни и црковни почести беше погребан ...

И со смртта - историски!

Вечер Прес - 26.04.2007

Во историјата на руската држава Елцен ќе влезе и како прв претседател чиј погреб го одобри канонски тврдата Руска православна црква, по погребот на царот Александар 3 во 1894 година На московските гробишта во манастирот "Новодевичи" вчера се погребани посмртните останки на првиот демократски избран ...

Државниот врв се потпиша во книгата на жалост за Елцин

Вечер Прес - 26.04.2007

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, Премиерот Никола груевски и првиот претседател Киро Глигоров, во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, по повод смртта на поранешниот претседател на Руската Федерација Борис Елцин, се потпишаа во книгата на жалост.

Вицепремиерот Јанкулоски на проштална церемонија за Елцин

Вечер Прес - 26.04.2007

Македонска делегација, предводена од заменик- претседателот на Владата Живко Јанкулоски му оддаде последна почит на поранешниот претседател на Руската Федерација Борис Елцин, во светиот храм "Христос Спасителот" во Москва. На прошталната церемонија, беа најавени да присуствуваат и поранешните ...

Погребан Борис Елцин

А1 - 25.04.2007

Борис Николаевич Елцин е погребан попладнево на гробиштата Новодевичје во Москва со воени почести. Од поранешниот претседател на Русија последни се простија сопругата Нина, на која и беше предадено руското знаме што го прекриваше ковчегот и роднините.

Руската Дума му оддаде почит на Борис Елцин, комунистите седеа

А1 - 25.04.2007

Пратениците на руската Државна дума со едноминутно молчење му оддадоа почит на првиот избран руски претседател Борис Елцин, кој почина завчера, додека пратениците на фракцијата на Комунистичката партија на Русија (КПРФ) одбиваа да станат и да му оддадат почит на Елцин.

Русите се простија со Елцин

Вест - 25.04.2007

МОСКВА, 25 април (Ројтерс) - Стотици Руси вчера чекаа во редици пред Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва за да му оддадат последна почит на некогашниот руски претседател Борис Елцин, човекот кој го растури Советскиот Сојуз и ја поведе Русија во првите хаотични години на независност.

Елцин ќе почива на Новодевствените гробишта во Москва

Утрински - 25.04.2007

По враќањето од Јордан и Израел, каде што престојуваше од 25 март до 2 април, во Москва почна да се чувствува многу лошо МОСКВА - Во најголемата црква Храмот на Исус спасителот вчера попладне беше донесен сандакот со телото на починатиот Борис Елцин.

Елцин беше таткото на „гладната руска демократија“

Утрински - 25.04.2007

Елцин и таткото на Перестројката Горбачов не се поднесуваа, но во едно беа слични: сакаа да бидат фалени на Запад Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Ако се остават настрана изјавите во духот на онаа христијанска реченица „за мртвите се' најдобро“ како и претераното постхумно фалење на ...

Русија се простува со егоцентричниот ослободител

Дневник - 25.04.2007

Елцин имаше его на титан и постојана желба да биде во главната улога на политичкиот театар , и во трагедиите и во комедиите Борис Елцин еднаш го прашаа да го посочи својот најголем успех како претседател. Тој одговори дека, над се', сакал спокојство во Русија.

Погребан Борис Елцин

Канал5 - 25.04.2007

По официјалната погребна церемонија во московскиот храм „Христос Спасител“, со воени почести беше погребан поранешниот руски претседател Борис Елцин, пренесува МИА. Москва, 25 април (МИА) - Поранешниот руски претседател Борис Елцин кој почина во понеделникот на 76 години, денеска ќе биде погребан ...

На погребот на Елцин Македонија ја претставуваше вицепремиерот Живко Јанкуловски

Канал5 - 25.04.2007

Претседателот и премиерот повторно во кавга. Овој пат причината е зошто ниту Црвенковски ниту Груевски не беа денеска во Москва на погребот на поранешниот руски претседател Борис Елцин. Владиниот портпарол ја отвори расправијата со кабинетот на шефот на државата во своето објаснување зошто ...

Вицепремиерот Јанкуловски ќе присуствува на погребот на Елцин

А1 - 24.04.2007

Утрешниот погреб на Елцин, според најавите, ќе ги собере на едно место светската политичка елита, поранешни и сегашни лидери. Македонија ја претставува вицепремиерот задолжен за земјоделство и образование Живко Јанкуловски. Како изгледа оваа иницијална листа? Меѓу другите, поранешните претседатели ...

Утре ден на жалост во Русија поради смртта на Елцин

А1 - 24.04.2007

Рускиот претседател Владимир Путин го прогласи 25 април за ден на жалоста по повод смртта на првиот претседател на Русија Борис Елцин , соопшти Кремљ. Елцин ќе биде погребан на 25 април на московските гробишта Новодевичје, каде се погребани многу руски великани, а граѓаните ќе можат да се простат ...

Почина рускиот експретседател Борис Елцин

Вест - 24.04.2007

МОСКВА, 24 април (АП) - Борис Елцин, кој го финализираше распадот на Советскиот Сојуз и ја поведе Русија на пат кон демократијата и пазарната економија како првиот посткомунистички претседател на државата, почина на 76 години, соопшти вчера Кремљ.

Почина поранешниот руски претседател Елцин

Утрински - 24.04.2007

Борис Николаевич беше првиот народно избран лидер во историјата на Русија Почина поранешниот руски претседател Борис Елцин, јавија вчера руските медиуми, повикувајќи се на соопштението од Кремљ. Елцин беше првиот демократски избран претседател на Русија откако Михаил Горбачов поднесе оставка како ...

Почина Елцин

Дневник - 24.04.2007

Поранешниот руски претседател Борис Николаевич Елцин почина вчера на возраст од 76 години. Причината за смртта на Елцин вчера не беше објавена, но тој долго имаше проблеми со срцето . На почетокот на вториот претседателски мандат, во 1996 година, хирурзите му вградија петкратен бај-пас на срцевата ...

Почина Борис Елцин

Вечер Прес - 24.04.2007

Поранешниот рускиот претседател Борис Елцин вчера почина на 76-годишна возраст, соопшти портпарол на Кремљ. Тој во два мандата беше претседател на Русија, а него го замени сегашниот руски претседател, Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ не ги соопшти причините за смртта на ...

Почина поранешниот руски претседател Борис Елцин

А1 - 23.04.2007

Почина Борис Елцин, првиот демократски избран претседател на Русија, човекот кој ја донесе демократијата во Русија. Беше на власт од 1991-ва до последниот ден на дваесеттиот век, кога се повлече предавајќи му ја должноста на Владимир Путин. Во бурната политичка кариера Елцин имаше падови и успеси.