TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Враќањето на полицијата обврска која мора да се исполни

А1 - 20.04.2002

ОБСЕ денеска ги повика жителите на тетовските села да престанат со блокадите на патиштата и да им дозволат на етнички мешаните полициски патроли да си ја вршат работата. „Од средата, 17-ти април, процесот на распоредување на полицијата во регионот на Тетово е грубо нарушен.

Патот Тетово-Јажинце повторно блокиран

Вест - 20.04.2002

ЛОКАЛНИТЕ АЛБАНЦИ СО НОВИ УЦЕНИ ЗА ПОЛИЦИСКИТЕ ПАТРОЛИ ВО ТЕТОВСКО Блокирањето на полициското патролирање е потенцијално дестабилизирачка појава, не може да има толеранција за тоа Блокадите на патролирањата и другите активности на мултиетничките тимови во Тетовско, вчера прераснаа во масовни ...

Албанците бараат дислоцирање на полициските и на армиските пунктови

Утрински - 20.04.2002

Оневозможено патролирањето на потегот Тетово - Јажинце ТЕТОВО - На магистралниот пат Тетово - Јажинце на повеќе места вчера имало организирано и масовно поставување барикади од локалното население од албанска националност. Поставувани се блокади на патот со трактори, други моторни возила и ...

Блокадите во Тетовско продолжуваат

Утрински - 19.04.2002

Полициските патроли не можеа да влезат во селата ТЕТОВО - Блокадите на јавните патишта, но и влезовите во многу села и вчера беа причина етнички мешаните полициски екипи да не можат да влезат во селските населби и да продолжат со реализирање на Пилот-планот.

Тетовско блокирано од барикади на месното население

А1 - 18.04.2002

Лица од албанска националност претпладнево го блокирале сообраќајот во тетовската населба Дреновец 2, крај бенизинската пумпа на улицата „Иво Лола Рибар“, но подоцна патот бил ослободен, соопштија полициски извори. Според СВР Тетово, лица од албанска националност ја блокирале и главната ...

Нови блокади на Албанците од Тетовско

Вест - 18.04.2002

ВЧЕРА ПОЛИЦИЈАТА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ГОЛЕМ БРОЈ ТЕТОВСКИ И ГОСТИВАРСКИ СЕЛА Овојпат месното население во најголемиот дел на кризните тетовски села измислија наводен револт, користејќи ја фразата за нецелосна примена на Законот за амнестија и натамошното "неоправдано држење во зат Вчера локалната албанска ...

Со блокади се спречува патролирањето на полицијата

Утрински - 18.04.2002

ОПСТРУКЦИИ ТЕТОВО - Спроведувањето на Пилот-планот за патролирање на етнички мешаните полициски екипи, од вчера е доведено во прашање во речиси сите низински реони во Тетовско. Групи припадници од албанска националност некаде со трактори, на други места со возила на кои било поставено знамето на ...

Полицијата влезе во Порој и во Џепчиште

Утрински - 16.04.2002

ТЕТОВО - Екипи на македонската полиција во придружба на мониторинг-мисиите на ОБСЕ и "килибарните лисици" вчера влегоа во тетовските села Порој и Џепчиште. Полицијата и досега патролираше по магистралниот пат Тетово - Јажинце, кој практично минува низ двете села, но официјално во нивната ...

Полициски патроли и во Џепчиште

Дневник - 16.04.2002

ПРВПАТ ПО КРИЗАТА Не е јасно дали во наредниве денови полицијата ќе патролира и во Вејце и Јажинце Полициски тим вчера околу пладне, по средбата со градоначалникот на Џепчиште, го почна првото патролирање во тој општински центар.

Демолирана наплатната рампа на автопатот Тетово - Гостивар

А1 - 15.04.2002

Денеска целосно е уништена и демолирана наплатната рампа и придружните објекти на автопатот Тетово - Гостивар на излезот од Тетово, соопштија полициски извори. Екипа на СВР Тетово изврши увид на местото, а наплатната рампа поголем дел од денот не функционираше.