TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Казни за лекарите што ќе работат и во приватни ординации

Време - 11.11.2006

ВЛАДАТА ГИ НАЈАВИ ПРВИТЕ РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО Секој лекар за кој ќе се утврди дека работи дополнително надвор од матичната институција ќе биде суспендиран на шест месеци, а на приватната ординација ќе и биде одземена лиценцата за работа за истиот тој период.

Операција на слепо црево чини исто колку промена на ауспух!

Време - 11.11.2006

СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ Синдикатот на Клиничкиот центар во името на сите вработени ќе поднесе тужба против Владата поради непочитување на колективниот договор и неисплаќање на платите во согласност со зголемувањето, изјавија претставниците на синдикатот на вчерашната ...

На болниците и на клиниките ќе им се плаќа според извршената услуга

Утрински - 11.11.2006

Со реформите здравствените установи ќе се осамостојат и ќе имаат по двјаца директори Со Фондот за здравствено осигурување и со клиниките и болниците од јануари идната година ќе раководат по двајца директори. Едниот ќе биде економски менаџер, додека другиот ќе биде стручен директор.

Вработените од Клинички центар ќе тужат за платите

Утрински - 11.11.2006

Вработените од Клиничкиот центар ќе поднесат тужба поради исплата на платите без покачување кое им следува согласно со Колективниот договор. За претседателот на Синдикатот на Клинички центар, д-р Дејан Ставриќ, непочитувањето на Колективниот договор е флагрантен пример за кршење на законот и затоа ...

Нема државна плата за лекари што работат приватно

Дневник - 11.11.2006

Трајно одземање на дозволите за работа се предвидуваат и за лекарот од јавното здравство што дополнително работи во приватна болница , но и за установата На лекарите од јавното здравство од Нова година ќе им биде забрането да работат дополнително во приватни здравствени установи.

Кој не почитува закон ќе остане без лиценца

Вечер Прес - 11.11.2006

Лекарската лиценца времено ќе биде одземена на шест месеци. Шест месеци ќе и биде одземена дозволата за работа и на приватната здравствена установа ако не го почитува законот. Но, ако инспекциските служби ова го забележат по втор пат, тогаш ќе ја изгубата дозволата за работа - се дел од законските ...

Лекарите незадоволни од планираните реформи

А1 - 10.11.2006

Први длабоки реформи во здравството кои отворија фронт на незадоволство кај лекарите. Крај на наместените тендери, корупција, скапи лекови протежирани од веледрогериите. Осамостојување и домаќинско работење на клиниките. По двајца директори, лекар и економист, со врзан потпис, кои ќе бидат сменети ...

Конфликт на интереси е работење во јавна и во приватна болница

Утрински - 10.11.2006

Ако некој истовремено работи во јавна и во приватна здравствена установа дефинитивно има класичен конфликт на интереси. Ова го изјави министерот за здравство, д-р Имер Селмани, кој не прецизира случај, туку својот став го оправда со тоа дека ако нема лек, или не работи некој апарат, пациентите од ...

Клинички центар ќе се трансформира во институција со повеќе правни субјекти

Утрински - 10.11.2006

На Клинички центар ќе се активира хипербарната комора која со години не е во употреба, како и проектот за кардиохирургија. Ова се само дел од проектите за кои вчера разговарале директорот на Клинички центар, проф. д-р Борче Георгиевски, и министерот за здравство, Имер Селмани, кој вчера беше во ...

Дополнителна дејност надвор од матичната институција казниво со одземање лиценца

Канал5 - 10.11.2006

На лекарите ќе им биде забрането да работат приватно надвор од својата здравствена установа. Оној кој ќе ја прекрши оваа забрана на владата ќе биде строго санкциониран. На лекарите ќе им биде забрането да работат приватно надвор од својата здравствена установа.

Ќе се активира хипербарната комора

Вечер Прес - 10.11.2006

Хипербарната комора за детоксикација, која со години не е во употреба, наскоро ќе биде активирана во Клиничкиот центар. Комората која ќе овозможи поквалитетно лекување на пациентите се очекува да биде завршена за неколку месеци, најави вчера директорот на Клиничкиот центар Борче Георгиевски, по ...

Министерот со ограничени овластувања

Вечер Прес - 10.11.2006

Со јавните здравствени установи треба да раководат две лица, кои ќе бидат подеднакво одговорни за работењето на здравствените установи. Одговорните лица ќе функционираат на принципот на врзани потписи што ќе овозможи да има поголема заемна контрола во работењето и позитивни резултати во работата на ...

Министерот Селмани нема да не премисли за тужбата

Време - 09.11.2006

СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ДЕЦИДЕН Синдикатот на Клиничкиот центар што застапува 3.000 здравствени работници, од кои 750 лекари, деновиве ќе ја поднесе тужбата против Владата поради непочитувањето на Колективниот договор, без разлика на закажаната средба со министерот Имер Селмани идниот ...

Паника на Клиниката за очни болести

Дневник - 09.11.2006

Лекарите од Клиниката за очни болести се во паника по најавата дека Министерството за здравство планира в година да склучи приватно јавно партнерство со установи од терцијарното здравство Лекарите од Клиниката за очни болести се во паника по најавата дека Министерството за здравство планира в ...

Партнерство, а не приватизација

Дневник - 09.11.2006

(Повод: „Ќе се приватизираат очната клиника и дијализата“, „Дневник“, 8 ноември) Министерството за здравство не најавува приватизација на ниту еден сегмент од болничката здравствена заштита. Под приватизација се подразбира пренос на сопственоста на трето (приватно) лице.

Здравствените работници добија покачување на платите од два насто

Макфакс - 09.11.2006

Скопје Здравствените работници ќе добијат покачување на платите од два насто, информираат од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Според ова „реално покачување“ од два насто, ќе бидат исплатени платите за месец септември, октомври, ноември и декември 2006 година.

Министерот за здравство објави војна на корупцијата во здравството

Макфакс - 09.11.2006

Скопје Министерот за здравство Имер Селмани објави денеска војна на корупцијата во здравството, повикувајќи ги дури и пациентите кои биле жртви на уцена, да му се јават лично. Сите знаеме дека на Клинички центар, не ретко се случува пациентите да бидат уценувани за да потплатат некого, за да ...

Лекарите од Клинички ќе ја тужат Владата

Време - 08.11.2006

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ Синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје утре ќе поднесе тужба против Владата за непочитување на Колективниот договор со кој се зголемија платите на здравствените работници, најавија синдикални активисти.

Ќе се приватизираат очна хирургија и дијализа

Дневник - 08.11.2006

Најверојатно приватизацијата планирана за во наредната година ќе биде според моделот јавно приватно партнерство, вели заменик-министерот за здравство Владимир Лазаревиќ Очната хирургија и дијализата во Клиничкиот центар од почетокот на наредната година ќе се приватизираат според моделот на јавно ...

Македонско - турска соработка во здравството

Макфакс - 08.11.2006

Скопје/Истанбул Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка во областа на здравството. Ова го договорија ресорните министри на Македонија, Имер Селмани, и на Турција Реџеп Акдаг, во петокот во Истанбул. На средбата, како што соопшти македонското Министерство за здравство, ...

Дел од клиниките ќе се приватизираат – владата најавува дека прва ќе биде очната хирургија

Канал5 - 07.11.2006

Приватен капитал ќе влегува во клиничкиот центар. Владата најавува склучување на приватни партнерства со одредени клиники. Приватен капитал ќе влегува во клиничкиот центар. Владата најавува склучување на приватни партнерства со одредени клиники.

Синдикатите за здравство на нова рунда преговори за платите

Макфакс - 07.11.2006

Скопје Синдикатот за здравство и синдикатот на Kлинички центар, денеска, се на нова рунда преговори со министерот за здравство Имер Селмани. Тема на преговорите се примањата на здравствените работници кои се уште не ја добиле октомвриската плата.

Со штрајк или со тужби здравствените работници ќе го бараат покачувањето на платите

Утрински - 06.11.2006

На Владата и' се дава рок за преговори уште oвaa недела ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Синдикатот на здравствените работници се заканува со штрајк или дека ќе ги тужи здравствените установи доколку не се најде решение за (не)исплата на покачувањето на платите што им го даде минатата власт.