Едно лице загина, а две се полесно повредени во вчерашната несреќа што се случи на патот кон браната "Матка-2" во Скопје. Од одрон на карпа почина педесетогодишниот инженер Борко.В од Скопје, вработен во "Електростопанство" - Македонија Со полесни повреди минале две лица, исто така вработени во ...
Двајца маскирани вооружени со пиштоли ја ограбија експозитурата на "Македонска банка", лоцирана на булеварот "Партизански Одреди" во скопската населба Карпош 3. Разбојниците вчераутро околу 7,20 часот влегле во просториите на експозитурата и ги нападнале вработените А.П.(54) и В.В.
Реакциите на Предлогзаконот што го изготвува Министерството за финансии во соработка со Министерството за економија за воведување "специфична акциза" за увоз на нови возила, не стивнуваат. Граѓаните се непријатно изненадени, а импортерите шокирани.
Од трите вчера одиграни средби во НБА сезоната, на две триумфираа гостинските екипи. Мавериксите неочекувано лесно дојдоа до победа во дуелот со, до овој натпревар, непоразениот состав на Мајами Хит (93:113), иако настапија без Мајк Финли.
Дваесет и осумгодишниот Африм Бучи, пет години постариот од него Дејан Трајковски, вработен во Царинската управа на ГП "Блаце" двајцата од Скопје, и Александар Смонтар (22), полицаец на Блаце, од Велес, се осомничени за обид за шверцување текстилна стока вредна над 2,8 милиони денари.
Вчера, во МТВ министерот за животна средина и просторно планирање, Љубомир Јанев, и многу автори од националната куќа ја проследија проекцијата на новиот документарен филм, "Бистра", заеднички проект на Културно-документарната програма на МТВ и Министерството за животна средина и просторно ...
Распуштањето на Комисијата за позитивна листа под знак прашање ги става зацртаната ревизија на бесплатната палета лекови што паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување и нејзиното проширување со современи препарати.
Отворањето на економскиот пакет на финансии, во кој една од значајните ставки е измената на условите за увоз на нови автомобили, предизвика бурни реакции во јавноста, пред е` , во бизнисот со автомобили. Станува збор за веќе позната работа објавена во "Службен весник" од 2002, за либерализација на ...
Во конкуренција од 136 филмови, "Големата вода" на македонскиот режисер Иво Трајков, отпатува во САД, каде што денеска и утре ќе има две проекции на меѓународниот филмски фестивал АФИ во Лос Анџелес. Во најновите остварувања од филмската продукција на 40-тина земји, се претставува филмот во ...
Заедничкиот настап на референдумот и завчераш ното потпишување на декларацијата за стратешките интереси на РМ, се појдовните основи на кои, најверојатно, ќе се водат преговорите за широко опозиционо групирање. Освоените, речиси, половина милион гласови ги охрабрија партиите да размислуваат за ...
Стручњаците на Економскиот институт во Белград ги проценија недвижнините на Војската на СЦГ кои веќе не се во употреба. Според процените, недвижнините вредат околу милијарда евра, а застареното оружје и опремата вредат до 300 милиони евра.
Познатиот српски производител на минерална вода, фабриката "Књаз Милош", неделава ја посетија трите најзаинтересирани фирми за купување на доминантниот пакетакции. Први дојдоа претставници од словенечкиот гигант "Пивоварне Лашко", по нив ФПП "Балкан лимитид", а вчера делегацијата на компанијата ...
Листата на “среќни девојки" кои се забавуваат со американскиот роксуперстар Лени Кравиц, деновиве се пополни со уште едно име од шоубизнисот. Станува збор за девојката на Франческо Тоти, преубавата манекенка и ТВ-водителка, Илари Блази, која за време на неговиот концерт во Милано, во паузите “се ...
Македонските писатели забележуваат дека нивната Асоцијација е доста затворена и нема изградено став по однос на битни прашања од културата, литературата и политиката. Ваквите состојби кои се провлекуваат подолго време, деновиве резулираа со ракции на писателите кои јавно проговорија за актуелните ...
Единството и еднаквоста на лидерите на опозицијата, на вчерашното потпишување на Декларацијата, беше манифестирано со седнување на иста долга маса покриена со зелено платно. Сепак, имаше една мала разлика. Пред сите потписници имаше зелено шишенце со минерална вода, само пред претседателот на ...
Министерот за здравство, Реџеп Селмани, вчера ја разреши националната Комисија за позитивна листа која како експертско тело предлага кои лекови ќе влезат во палетата што за осигурениците паѓа на товар на Фондот за здравствено осигурување.
БИТОЛА.- Со прес-конференцијата закажана во 10 часот, денеска Народниот театар од Битола ги почнува свеченостите по повод 60-годишнината од своето постоење. До 14 ноември, кога се навршуваат точно 60 години, кога првпат во ослободена Битола беше изведена претставата "Ѓоре Магаревски", од Владо ...
Академската сликарка Жаклина Глигориевска, вечерва, во Музејот на современа уметност, во Скопје, во 20 часот, ќе се претстави со проектот насловен "Место". За разлика од нејзините претходни дела кои ја следеа логиката на ѕидот, овој проект претставува едно комплексно амбиентално дело, кое не само ...
Полицијата во Кичево поднесе три кривични пријави против дваесет и шестгодишниот Ѓ.П. од Кичево и дваесет и петгодишниот Г.К. од Скопје. Двајцата се сомни- чат дека сториле овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции. Кичевецот Ѓ.П.
Универзитетот "Вебстер" во Женева со своите атрактивни факултети е дестинацијата, каде што меѓу 170 националности се едуцираат и студенти од Македонија. Меѓу нив се Венера Крлиу и Висар Шаља од Скопје, кои со одличен успех го стекнуваат своето високо образование.
Во ресторанот "Езерце" во Градскиот парк во Скопје, беше лоцирана првата клапа на најновиот македонски филм "Контакт", кој од вчера почна да се снима и кој во наредните 36 работни дена ќе се реализира на локации во околината на Скопје.
Веќе ништо не е како некогаш. И зелените пазари одамна ја загубија својата привлечност и намена. Меѓу некогаш препознатливото шаренило од мириси и бои на овошјето и зеленчукот, последниве неколку години, таму задолжителен декор се и поевтините, увозни парталчиња, неизбежната пластика, железарија, ...
Во паркот пред домот на АРМ деновиве беа поставени нови, стилски клупи за седење, со модерен дизајн и во комбинација на метал и дрво. Исти клупи ќе се монитираат на просторт пред кино "Култура" како и во паркчето зад Собранието на РМ.
По 12. коло на Првата фудбалска лига лидерот Работнички уште пове- ќе ја заврсти својата позиција на врвот на табелата, оставајќи им на конкурентите Вардар и Победа да ги менуваат местата во трката за второто место. Во ова коло сите пет екипи од Скопје постигнаа полн погодок, искористувајќи ја ...
И покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување со средствата што ги прибира го покрива тековното работење и за првпат по подолго време не ги зголемува долговите, проблемот со старите долгови останува отворен. Фондовските обврски тежат околу 26 милиони евра, а оние на здравствените организации ...
Неделава што измина Министерството за внатрешни работи во неколку наврати се обидело да разговара со раководството на прогласената "Слободна територија Кондово" и со него да направат, кажано во допломатски жаргон, како што политикантиве кај нас обично милуваат да кажат, билатерален договор.