TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штедачите во „Македонска“ парите ќе ги добијат на рати

А1 - 28.10.2007

Штедачите во „Македонска банка“ нема одеднаш да ги добијат назад сите вложени пари. На фирмите и граѓаните клиенти на банката парите ќе им се враќаат на рати, во процес кој ќе трае со месеци. Фондот за осигурување на депозити со соопштенија залепени на сите експозитури на банката денеска за ова ги ...

Гошев да ја управува Македонска и да ја продаде

Време - 27.10.2007

СФОМ СО БАРАЊЕ Синдикатот на работниците од финансиските организации побара од Народната банка да не ја ликвидира Македонска банка, туку да го преземе управувањето. - Гувернерот Петар Гошев, треба веднаш да пристапи кон остварување на законска можност да го повлече или измени решението за ...

Спречивме да исчезне капиталот од Македонска банка

Утрински - 27.10.2007

Петар Гошев Централната банка имаше сериозни индикации дека се прават подготовки да се префрлат пари, вели гувернерот на НБМ МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Господине Гошев, Македонска банка остана без дозвола за работа. Дали одлуката беше неопходна? - Беше повеќе од неопходна. Всушност, немавме друг избор.

Против ликвидацијата на Македонска

Вечер Прес - 27.10.2007

Синдикатот на работниците од финансиските организации на Република Македонија - СФОМ вчера побара од НБРМ да не ја ликвидира Македонска банка. - Гувернерот на НБРМ Петар Гошев, треба неодложно и веднаш да пристапи кон остварување на законска можност да го повлече или измени решението за ликвидација ...

Трајко ли ја позлати Стопанска банка!

Вечер Прес - 27.10.2007

По одлуката за ликвидација на Македонска банка сметките на пензионерите, како и на старата девизна заштеда, без јавно познати критериуми се префрлени во Стопанска банка! Сега се најавува таков трансфер и на 20 милиони евра од Фондот за осигурување на депозити ! Колку во овие тајни постапки има ...

Ликвидацијата на „Македонска“ удри по трговците

А1 - 26.10.2007

Блокирани бизниси, нарушени трговски односи. Ликвидацијата на „Македонска банка“ удри по трговците. На Благоја Дојчиновски, сопственик на приватна компанија и претседател на фондацијата „Милениумски крст“, во „Македонска банка“ му останале заглавени околу 100.000 евра, пари од кои дел се од ...

Во битката меѓу НБМ и Нини настрадаа вработените на Македонска банка

Утрински - 26.10.2007

Вработените сметаат дека постоеја и други решенија освен ликвидација На гувернерот Петар Гошев приоритет му се штедачите: од вчерашниот протест пред НБМ Вработените во Македонска банка не го разубедија гувернерот на Народна банка на Македонија, Петар Гошев, да го повлече решението со кое и' ја ...

Вработените во Македонска банка ќе бараат дел од стечајната маса

Дневник - 26.10.2007

Ќе ги искористиме сите правни механизми за да не останеме на улица, порачаа вработените во Македонска банка, кои по ликвидацијата на банката останаа без работа . Тие вчера два часа протестираа пред Народната банка на Македонија.

Не стивнува битката меѓу Македонска банка и гувернерот Гошев

Канал5 - 26.10.2007

Не стивнува битката меѓу Македонска банка и гувернерот Гошев. Управниот одбор на банката што се ликвидира денеска како срамно и недолично го оцени образложението на гувернерот според кој, Македонска мора да се затвори за да се заштитат штедачите и да не се повтори Експорт импорт или ТАТ.

За девет месеци Комерцијална заработила над 12 милиони евра

Канал5 - 26.10.2007

Близу 775 милиони денари или повеќе од 12 милиони евра заработила Комерцијална банка во првите девет месеци годинава. Близу 775 милиони денари или повеќе од 12 милиони евра заработила Комерцијална банка во првите девет месеци годинава Станува збор за неоданочена добивка.

Протест на вработените од Македонска

Вечер Прес - 26.10.2007

Вработените од Македонска банка вчера протестираа пред Народната банка против решението на гувернерот Петар Гошев за одземање на дозволата за работа на банката. Милица Цанева од Синдикатот на Македонска банка вели дека вчера биле примени од Гошев, кој им потенцирал дека решението е извршно и ...

„Македонска банка“ можела да се спаси од ликвидација

А1 - 25.10.2007

„Македонска банка“ можела да се спаси од ликвидација. Затворањето не било единственото решение за банката. А1 ексклузивно обелоденува детали од решението на Народната банка, со кое гувернерот Гошев и ја одзема дозволата за работа на „Македонска“ и наредува старт на ликвидациската постапка.

Гошев да се премисли за ликвидацијата

Време - 25.10.2007

ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКА БАНКА НА ПРОТЕСТ Вработените во „Македонска банка“ денеска два часа мирно ќе протестираат пред зградата на Народната банка, против решението на гувернерот Петар Гошев за одземање на дозволата за основање и работа на банката.

Вработените од Македонска банка денес ќе протестираат пред НБМ

Утрински - 25.10.2007

Вработените во Македонска банка сметаат дека гувернерот Гошев имал и други решенија Според НБМ, тоа што им се случи на вработените во Македонска е последица на однесувањето на акционерите на банката Вработените од Македонска банка денес од 10 до 12 часот ќе протестираат пред зградата на Народна ...

Гувернерот Гошев нема да ја смени одлуката за Македонска банка

Дневник - 25.10.2007

Вработените во Македонска банка денеска ќе протестираат, но гувернерот соопшти дека нема да ја смени одлуката за ликвидација на банката. - Раководството на Народната банка целосно ја разбира ситуацијата во која се најдоа вработените во Македонска, но потсетува дека со закон е задолжена да обезбеди ...

Протест на вработените од Македонска пред Народна банка

Канал5 - 25.10.2007

Повеќе од 200 вработени во Македонска денеска протестираа пред Народната банка. Безуспешен беше обидот да го убедат гувернерот да го повлече решението за ликвидација на банката со кое тие остануваат без работа. Повеќе од 200 вработени во Македонска денеска протестираа пред Народната банка.

Вработените бараат принудна управа во Македонска

Вечер Прес - 25.10.2007

Со протест пред зградата на Народната банка, вработените на Македонска банка, денеска, ќе се обидат да го убедат гувернерот Петар Гошев да го преименува решението со кое и ја одзеде дозволата за работа. Синдикатот на Македонска банка смета дека гувернерот презел најстрога казна иако на располагање ...

Вработените во „Македонска банка“ ќе протестираат

А1 - 24.10.2007

Вработените во „Македонска банка“ утре ќе протестираат пред Народна банка. Бараат да се отповика решението на гувернерот за ликвидација и „Македонска банка“ да продолжи со нормална работа. „Предлагаме гувернерот на НБРМ да го преименува решението, да го преземе управувањето со банката, со цел таа ...

„Крадењето“ на клиентите им пречи на банките

Време - 24.10.2007

КОНКУРЕНТИТЕ ИЗДЕЈСТВУВАА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА БАНКА Македонска банка е ликвидирана поради интересите на поголемите банки во Македонија, тврди член на синдикатот на банката. - Во банкарските кругови се шират две верзии за ликвидацијата на Македонска банка.

Ацо Дамчевски е ликвидатор на Македонска банка

Утрински - 24.10.2007

Ацо Дамчевски, со решение на судот, ќе биде ликвидатор на Македонска банка. Дамчевски, кој беше стечаен управник на скопската фабрика „Алумина“, ќе почне со работа, најверојатно, од денеска. Тој треба да утврди колкави се долговите на штедачите.

Последен обид да се спаси Македонска банка

Канал5 - 24.10.2007

Последен обид да се спаси Македонска банка. Револтирани од затворањето, вработените повторно побараа да не се спроведува ликвидацијата. Последен обид да се спаси Македонска банка. Револтирани од затворањето, вработените повторно побараа да не се спроведува ликвидацијата.

Продадени уште 2,16% од Комерцијална банка

Вечер Прес - 24.10.2007

Првиот ден од новата берзанска недела најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка при што во уште една блок трансакција беа истргувани 2,16 проценти од главницата на банката за 5,4 милиони евра. Претходно, во две блок трансакции, во минатата недела, беа продадени 2,7 проценти од капиталот на ...

Македонска банка бара милионска отштета од државата

Вечер Прес - 24.10.2007

Раководството на банката поднело тужба во судот во Стразбур бидејќи во земјава се уште не постои управен суд каде што субјектите можат да се жалат и да ја бараат правдата кога постои спор со управен орган Македонска банка бара милионска отштета од државата пред судот во Стразбур откако гувернерот ...

Македонска банка не може да ја спречи ликвидацијата

Канал5 - 23.10.2007

Нема можности Македонска банка да ја спречи ликвидацијата, откако судот вчера и официјално ја отвори постапката по која банката ќе престане да постои. Банкарски експерти тврдат дека раководството единствено може да добие на суд.

„Македонска банка“ бара отштета од државата

А1 - 22.10.2007

„Македонска банка“ бара отштета од државата од повеќе милиони евра. Случајот оди пред судот во Стразбур. Во изјава за А1 правниот застапник на банката Анита Бегова вели дека раководството денеска поднело тужба против државата не поради ликвидацијата, туку поради тоа што во земјава се уште не постои ...

Странци повторно ја напаѓаат Комерцијална банка?

Утрински - 22.10.2007

Минатата недела во две блок-трансакции беа истргувани вкупно 2,7 отсто од основната главница на Комерцијална банка Менаџментот на банката останува на определбата стратегискиот партнер да биде реномиран банкарски бренд МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Комерцијална банка повторно е предмет на засилени берзански ...

Нови сопственички промени во Комерцијална Банка

Канал5 - 22.10.2007

Нови промени во сопственичката структура на Комерцијална банка. Во блок трансакција денеска на берзата беа продадени 2,16 проценти од капиталот на банката вредни 5,4 милиони евра. Една акција во блокот чини 7.700 денари. Нови промени во сопственичката структура на Комерцијална банка.

Ацо Дамчевски ликвидатор на Македонска банка

Канал5 - 22.10.2007

Ацо Дамчевски ќе биде ликвидатор на Македонска банка. Судот донесе решение, тој во следните десет дена да утврди кој колкави влогови има во Македонска. Со назначувањето на Дамчевски и официјално почнува постапката за ликвидација на банката. Ацо Дамчевски ќе биде ликвидатор на Македонска банка.

Попис на штедните влогови во Македонска

Вечер Прес - 22.10.2007

Од денеска ќе почне попишувањето на штедните влогови на речиси 180.000 лица во Македонска банка која со одлука на гувернерот на Народната банка на Македонија, Петар Гошев е во ликвидација. Ликвидаторот на Банката ќе утврдува на кои лица колку пари им се заглавени во Македонска банка.