TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тапанџиоски се уште нема добиено покана за информативен разговор во полиција

Канал5 - 29.04.2007

Директорот на Агенцијата за вработување Стојче Тапанџиоски се уште нема добиено покана за информативен разговор во полиција. Министерката Јанкуловска вчера најави дека ќе биде повикан во МВР по неговото јавно тврдење дека на големо бришел од листата невработени за време на претходната власт, што ...

Тапанџиоски ќе биде повикан во полиција

А1 - 28.04.2007

По вчерашното тврдење на директорот на Агенцијата за вработување дека лично тој како службеник избришал 18 од стотиците илјади невработени, ќе биде повикан во полицијата. Од тоа зависи дали Тапанџиоски ќе биде кривично гонет.

СДСМ ме принуди незаконски да бришам лица од списокот на невработени

Време - 28.04.2007

СТОЈЧЕ ТАПАНЏИОСКИ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ПРИЗНА Стојче Тапанџиоски, директорот на Агенцијата за вработување, вчера призна дека како државен службеник во времето на СДСМ под принуда избришал голем број лица од списокот на невработени лица, пренесе МИА.

Владата ставила послушен бришач на невработени

Вест - 28.04.2007

СКАНДАЛ СО ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА Директорот на Агенцијата Стојче Тапанџиоски вчера јавно призна дека избришал 18 илјади лица од евиденцијата на невработени под политички притисок од претходната влада Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии Трајко Славески вчера на ...

Имало нови 27.000 вработувања, но Владата не знае каде

Утрински - 28.04.2007

Според министерот за финансии Славески и Агенција за вработување, најверојатно станува збор за приватниот сектор МАЈА ТОМИЌ Во март годинава во државава имало 371.816 невработени, а таа најнова бројка деновиве предизвика жолчни полемики и обвинувања меѓу власта и опозицијата.

Тапанџиоски: Со СДСМ бришев невработени

Дневник - 28.04.2007

Бришевме по сите можни и неможни основи, не го почитувавме законот, а жалбите, молбите и поплаките не вредеа ништо, е признанието на Тапанџиоски за времето кога бил службеник во скопскиот Центар за вработување Директорот на Агенцијата за вработување, Стојче Тапанџиоски, вчера јавно изјави дека ...

Кога ќе се врати од викенд директорот Тапанџиоски ќе оди во полиција

Канал5 - 28.04.2007

Додека Директорот на Агенцијата за Вработување Стојче Тапанџиоски е на викенд во Гевгелија, Министерството за внатрешни работи му готви покана за информативен разговор. Ќе го испитува кој и зошто го терал незаконски да брише од евиденцијата на невработените додека бил службеник во Агенцијата во ...

СДСМ ми нареди да бришам невработени

Вечер Прес - 28.04.2007

Тогашниот министер за труд Стевче Јакимовски бараше да се бришат од евиденцијата на невработени и граѓаните кои патуваа надвор од земјава - изјави вчера Тапанџиоски. Сегашниот директор на Агенцијата за вработување Стојче Тапанџиоски бил принуден да избрише голем број лица од списокот на невработени ...

Осигурувањето на ЕЛЕМ е доверлив документ

Време - 27.04.2007

ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА Пратеничката на СДСМ Верица Филипова четири месеци не може да добие одговор на прашањето како е склучен договорот за осигурување на АД ЕЛЕМ. Според одговорот на Министерството за економија, документот е од доверлив карактер и не може да биде предмет на јавна расправа.

Жесток дуел на Груевски и Шекеринска за невработеноста

Утрински - 27.04.2007

Конечно вистинска дебата во Собранието меѓу власта и опозицијата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Премиерот Никола Груевски и лидерката на СДСМ, Рамила Шекеринска, вчера во Собранието жестоко се конфронтираа, обвинувајќи се меѓусебно околу невработеноста и медиумската кампања на Владата.

Нефлексибилниот пазар на труд причина за високата невработеност

Утрински - 27.04.2007

МАЈА ТОМИЌ Во Македонија, генерално, се подобруваат состојбите на пазарот на трудот и течат реформи во политиката на вработување, но, сепак, еден од најгорливите проблеми на економијата останува неможноста за вработување. Недостига флексибилност на пазарот на трудот, а институциите не можат да се ...

Невработеноста не се намалува

Дневник - 27.04.2007

Стапката на долгорочна невработеност во Македонија е се' уште екстремно висока, нема доволно мобилна работна сила, а пазарот на трудот е нефлексибилен . Ова е посочено во последниот Извештај за политиката на вработување, кој го подготвија Меѓународната канцеларија на трудот и Советот на Европа.

Се исповеда актуелниот директор на Агенцијата за вработување

Канал5 - 27.04.2007

Колку невработени има, која партија вработила повеќе- Власта и опозицијата во отворена војна. Во обид да се расчисти дилемата Владата презентираше свои бројки. Оние на опозицијата биле манипулативни, нереални и нелогични. Колку невработени има, која партија вработила повеќе- Власта и опозицијата во ...

Плус - минус 50.000 невработени во игра

Вечер Прес - 27.04.2007

Шекеринска ја обвини власта дека продуцирала 50.000 нови невработени. добро е што никој веќе не верува на вашите лаги, реплицираше премиерот Груевски Владата за само шест месеци продуцираше 50.000 нови невработени, потроши 4 милиони евра за медиумска кампања, а Македонија ја нема на бизнис - ...

Висока невработеност а за работа се чека и по неколку години

Канал5 - 26.04.2007

Голем број невработени има во Македонија. Некои од нив со години чекаат работа. Земјава тоне – на европското дно е по стапката на невработеност. Поразителни податоци за домашниот пазар на труд обелоденија европските експерти во најновиот извештај за политиката за вработување во Македонија.

Помош за бизнис бараат 120 невработени

Дневник - 25.04.2007

Владиниот оперативен план на активни мерки за вработување предизвика голем интерес кај невработени во Крива Паланка. Најмногу заинтересирани има за поддршката од 2,5 илјади евра за почнување семеен бизнис и самовработување, за која барање поднесле околу 120 невработени.