TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полицијата трага по Џевдат Камбери

А1 - 16.11.2008

Полицијата продолжува со потрагата по Џевдет Камбери, од Батинци . Вчера среде бел ден на Бит Пазар, најфреквентниот дел на Скопје, Џевдет Камбери го уби својот внук, Исљам Ајрединовски, кој се наоѓал на пазарот. Телото на убиенот беше меѓу тезгите додека полицијата вршеше увид на местото. Зад камерите луѓето коментираа дека е вистинско чудо што од истрелите не настрадал и некој од околните тезги.

Убиецот од Бит Пазар во сеуште во бегство

Алсат-М - 16.11.2008

МВР сеуште трага по убиецот на 31 годишниот Ислам Ајрединовски од скопското село Батинци. Според портпаролот на МВР Борче Пешевски полицијата ги преземала сите потребни мерки за приведување на убиецот и целосно расветлување на случајот. Ислам Ајрединовски, беше убиен вчера на пладне во Бит Пазар од страна на неговиот чичко, 47 годишниот Џевдет Камбери.

МВР се уште го бара Камбери

Канал5 - 16.11.2008

Полицијата се уште трага по Џевдед Камбери од скопското село Батинци кој во преполниот Бит Пазар го уби својот 31-годишен внук Исљам Ајрединовски. Камбери е недостапен за полицијата од вчера откако веднаш по убиството избегал. Полицијата го барала и во неговата семејна куќа во Батинци, но тој од вчера не се појавил таму.

Чичко уби внук во Скопје

А1 - 15.11.2008

31-годишниот Исљам Ајрединовски од скопското село Батинци е убиен денеска со неколку истрели од огнено оружје. Според првичните сознанија, причина за убиството биле семејни недоразбирања. Убиецот е во ...

На битпазар чичко уби внук

Телма - 15.11.2008

Убиство со огнено оружје се случи претпладнето во Скопје на Бит Пазар. Според првичните информации 47 годишен чичко истрелал неколку куршуми во својот внук Ислан (31) од скопското село Батинци денеска околу 11 часот. Според истите извори причина за убиството најверојатно е семејно недоразбирање.

Убиство во Батинци

Форум - 15.11.2008

Во саботата (15.11.), околу 11.00 часот на е убиен 31-годишен жител на скопското село Скопјанецот Џ.К.(47) со неколку истрели од пиштол го убил својот внук Исљам А.(31) од селото Батинци. Плицијата со истражен судија и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот. Според првичните сознанија, причина за убиството биле претходни семејни недоразбирања.

Чичко го уби својот внук на Бит Пазар

Алсат-М - 15.11.2008

Околу 11 часот на Бит Пазар е убиен 31 годишниот Ислам А. од скопското село Батинци од страна на неговиот 47 годишен чичко Џевдет К. Очевидци за Алсат велат дека на инцидентот му претходела кавга меѓу жртвата и убиецот. „Бевме тука кога слушнавме пукотници, мислевме дека пукаат петарди, кога ја свртевме главата видовме дека тој со пиштол во рака бега и излезе од пазарот.

Чичко уби внук во Скопје

Канал5 - 15.11.2008

Скопје, 15 ноември (МИА) - Триесетиедногодишниот Исљам А. од скопското село Батинци е убиен денеска со неколку истрели од огнено оружје, соопшти МВР. Настанот се случил околу 11 часот на улица „192“ во Скопје. Во него пукал неговиот чичко Џ.К. (47) од Скопје. Според првичните сознанија причина за убиството биле претходни семејни недоразбирања.

Чичко уби внук во Скопје

Кирилица - 15.11.2008

На местото на настанот во присуство на истражен судија и јавен обвинител е извршен увид од страна на екипа од СВР Скопје и во тек се мерки за пронаоѓање на ...

Чичко го убил својот внук

Сител - 15.11.2008

Чичко со огнено оружје пукал во својот внук утрово околу 11 часот на Битпазар. Триесет и едно годишната жртва починала на лице место со добиените куршуми во телото. Сторителот на злосторството побегнал и го оставил безживотното тело на својот роднина. Причината за ваквиот грозоморен чин најверојатно е семејни недоразбирањара кои се претвориле во трагедија.

Сред бел ден, убиство на преполниот скопски Бит Пазар

Канал5 - 15.11.2008

Убиство среде бел ден на Бит Пазар во Скопје. Чичко пукаше во внук. Еден час пред пладне, 47–годишниот Џевдет Камберовски истрелал неколку куршуми во 31-годишниот Исљам Ајрединовски од скопското село Батинци. Еден проектил, смртно го погодил. Камберовски веднаш потоа избегал. Други повредени нема.

Чичко убил внук среде бел ден

Нетпрес - 15.11.2008

Жител на скопското село Батинци бил убиен утрово во Скопје. Во него пукал неговиот чичко 47-годишниот Џ.Н. Причина за убиството биле претходни семејни недоразбирања. Како што информираат од скопската полиција, денеска околу 11 часот на ул.“192“ во Скопје, скопјанецот Џ.К. од пиштол испукал неколку истрели кој биле фатални за Исљам А. (31).