Уставниот суд на Македонија на вчерашната седница ја укина одредбата од Законот за надворешни работи со која кандидатите за вработување во Министерството се условуваа да не бидат осудувани.
Наташа Габер-Дамјановска и Гзимет Старова се новите уставни судии, избрани вчера од Собранието, едногласно и без дискусија, по предлог на претседателот Бранко Црвенковски.
Избрани новите двајца уставни судии Собранието на Република Македонија едногласно, без дискусија, на предлог на претседателот Бранко Црвенковски ги избра Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова за судии во Уставниот суд на Република Македонија, по што дадоа и потпишаа свечени заклетви.
Власта и опозицијата го подржаа предлогот на претседателот Црвенковски. Професорката на правниот факултет Гзиме Старова и професорката на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања Наташа Габер Дамјановска по речиси една година ќе ги пополнат двете преостанати места.
Професорката на правниот факултет Гзиме Старова и професорката на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања Наташа Габер Дамјановска денеска беа избрани за уставни судии. Власта и опозицијата го подржаа предлогот на претседателот Бранко Црвенковски.
Со изборот на новите двајца судии од страна на Собранието, по една година Уставниот суд успеа да се комплетира. Г’зиме Старова и Наташа Габер- Дамјановска ќе бидат новите членови на највисокиот суд. И двете се предложени од страна на претседателот Црвенковски.
Собранието без дискусија ги избра двата предлога на претседателот Бранко Црвенковски за судии во Уставниот суд на Македонија. Професорките Г’зиме Старова и Наташа Габер – Дамјановска ги пополнија преостанатите две празни места во Уставниот суд.
Предлозите на претседателот Бранко Црвенковски, професорките Гзиме Старова и Наташа Габер – Дамјановска за уставни судии денеска се на дневен ред на 24-тата седница на Собранието. Пратениците треба да гласаат за предлозите со цел да се докомплетира на Уставниот суд.