TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Осудениците имаат право на државно вработување

Време - 09.10.2008

Уставниот суд на Македонија на вчерашната седница ја укина одредбата од Законот за надворешни работи со која кандидатите за вработување во Министерството се условуваа да не бидат осудувани.

Избрани двајца уставни судии

Време - 08.10.2008

Наташа Габер-Дамјановска и Гзимет Старова се новите уставни судии, избрани вчера од Собранието, едногласно и без дискусија, по предлог на претседателот Бранко Црвенковски.

Избрани новите двајца уставни судии

Утрински - 08.10.2008

Избрани новите двајца уставни судии Собранието на Република Македонија едногласно, без дискусија, на предлог на претседателот Бранко Црвенковски ги избра Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова за судии во Уставниот суд на Република Македонија, по што дадоа и потпишаа свечени заклетви.

Уставниот суд конечно комплетиран

А1 - 07.10.2008

Власта и опозицијата го подржаа предлогот на претседателот Црвенковски. Професорката на правниот факултет Гзиме Старова и професорката на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања Наташа Габер Дамјановска по речиси една година ќе ги пополнат двете преостанати места.

Старова и Габер избрани за уставни судии

Форум - 07.10.2008

Професорката на правниот факултет Гзиме Старова и професорката на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања Наташа Габер Дамјановска денеска беа избрани за уставни судии. Власта и опозицијата го подржаа предлогот на претседателот Бранко Црвенковски.

Комплетиран Уставниот суд

Алсат-М - 07.10.2008

Со изборот на новите двајца судии од страна на Собранието, по една година Уставниот суд успеа да се комплетира. Г’зиме Старова и Наташа Габер- Дамјановска ќе бидат новите членови на највисокиот суд. И двете се предложени од страна на претседателот Црвенковски.

По една година се комплетира Уставниот суд

Канал5 - 07.10.2008

Собранието без дискусија ги избра двата предлога на претседателот Бранко Црвенковски за судии во Уставниот суд на Македонија. Професорките Г’зиме Старова и Наташа Габер – Дамјановска ги пополнија преостанатите две празни места во Уставниот суд.

Собранието ќе избира уставни судии

Форум - 06.10.2008

Предлозите на претседателот Бранко Црвенковски, професорките Гзиме Старова и Наташа Габер – Дамјановска за уставни судии денеска се на дневен ред на 24-тата седница на Собранието. Пратениците треба да гласаат за предлозите со цел да се докомплетира на Уставниот суд.