TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата го продава ЕСМ за само 632 милиони евра

Време - 19.02.2005

СПОРЕД ОПОЗИЦИЈАТА Владата одлучила да продаде дел од „Електростопанство на Македонија“ за околу 632 милиони евра, а во нејзина сопственост да остане дел вреден околу 50 милиони евра, тврди опозицијата. Според пратеникот на ВМРО-народна, Спиро Мавровски, ова е многу ниска цена ако се има предвид ...

Граѓаните да решат за ЕСМ

Дневник - 19.02.2005

ВМРО-НАРОДНА ВМРО-народна бара Собранието да распише референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за приватизацијата на Електростопанство на Македонија. Иницијативата за референдум е поддржана од Земјоделската партија на Марјан Ѓорчев и од либералите на Стојан Андов.

Го плаќаме цехот за немоќта и гревовите на државата

Дневник - 19.02.2005

ИНТЕРВЈУ: АТАНАС ТУНЕВСКИ, ПРОФЕСОР НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ Владата брза со приватизацијата на ЕСМ за да обезбеди средства со кои ќе се обиде да направи некаков развоен циклус во следната година, за да има подобри резултати на следните парламентарните избори.

Загубите и лошото менаџирање не се причина за продажба

Дневник - 19.02.2005

Загубите на ЕСМ, високите производствени трошоци, техничките и комерцијалните загуби, поточно кражбите на струја, презадолженоста и превработеноста во компанијата не се и не можат да бидат фактор што влијае за продажба. Ако државата, спротивно на секоја економска логика, го задолжила ЕСМ да го ...

Референдум за ЕСМ?!

Вечер - 19.02.2005

Пратеникот од ВМРО Народна, Спиро Мавровски, ја достави во Собранието предлог-одлуката за распишување референдум за продажбата на ЕСМ. Мавровски бара одлуката да се стави на дневен ред на првата наредна седница, а ако Собранието реши да распише референдум, ќе биде покрената иницијатива за собирање ...

Се вжештува отпорот против продажбата на ЕСМ

А1 - 18.02.2005

Се вжештува отпорот против продажбата на ЕСМ. Ако Собранието не распише референдум, опозицијата има резервен план - ќе ги собира потребните 150 илјади потписи, по што Парламентот ќе мора да го стори тоа. И граѓански здруженија денеска објавија дека ќе собираат потписи против продажбата на ЕСМ.

ВМРО-Народна бара референдум за продажба на ЕСМ

А1 - 18.02.2005

Пратеникот Спиро Мавровски од ВМРО-Народна партија, поддржан од пратениците на неговата пратеничка група, бара македонското Собрание да распише референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за или против приватизацијата на Електростопанство на Македонија.

Владата не кажува зошто брза со продажбата на ЕСМ

Време - 18.02.2005

ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ДОМАШНОТО БОГАТСТВО НА ТАПЕТ Мирче Котевски <> Владата упорно одбива да образложи зошто брза да го продаде „Електростопанство на Македонија“, кога ниту една меѓународна институција не го бара тоа од неа. Вака размислуваат познавачи според кои процесот на приватизацијата на ...

Мавровски ќе собира потписи за референдум за ЕСМ

Утрински - 18.02.2005

Најава БИТОЛА - Пратеникот од ВМРО-Народна Спиро Мавровски смета дека Република Македонија брзоплето и сама си става јамка врз вратот со одлуката да го продаде државното електростопанство. Тој рече дека неговата партија веќе му предала барање на претседателот на Собранието пратениците да се ...

Јавноста нема информации за продажбата на ЕСМ

Утрински - 18.02.2005

"Транспарентност - Македонија" Кога се донесува одлука за приватизација на област која има директно и многу важно влијание врз стандардот на граѓаните и врз економијата, на општата и на стручната јавност треба да им се понудат сите релевантни информации за причините за приватизација, за ефектите ...

Продажбата на ЕСМ ќе предизвика тензии

Утрински - 18.02.2005

"третиот пат" Коалицијата †Третиот патти преку парламентот ќе иницира распишување референдум за продажбата на ЕСМ, бидејќи оценува дека е тоа највредниот капитален систем кој, доколку се продаде, ќе предизвика влошување на социјалната положба на граѓаните, а ќе страда и целото стопанството.

Опозицијата бара референдум за ЕСМ

Дневник - 18.02.2005

БИТОЛА Пратеникот и локален лидер на ВМРО-народна, битолчанецот Спиро Мавровски, вработен во РЕК "Битола" поднел предлог Собранието да донесе одлука да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за продажба на ЕСМ.

Продажбата на ЕСМ да се отвори за јавноста

Дневник - 18.02.2005

ТРАНСПАРЕНТНОСТ - МАКЕДОНИЈА Приватизацијата на "Електростопанство на Македонија" мора да биде максимално транспарентна бидејќи тоа е најголем стопански ресурс во земјава, порача на вчерашната прес-конференција директорот на "Транспарентност Македонија", Зоран Јачев.

Продажбата на ЕСМ е грабеж на столетието

Дневник - 18.02.2005

"ТРЕТИОТ ПАТ" ОБВИНУВА Со заговорот за продажба на ЕСМ за 300 до 400 милиони евра, власта се подготвува да го направи грабежот на столетието. Целта на СДСМ е со парите од продажбата да ја ублажи социјалната состојба во земјава пред парламентарните избори во 2006 година, оцени Павле Трајанов, лидер ...

Продажба со висок напон

Дневник - 18.02.2005

Коментар - Слободан Содиќ ЕСМ и државата си ја префрлаат вината меѓу себе обидувајќи се да ги подготват граѓаните за претстојната продажба на компанијата. Во таа насока беше и последната "алармантна" реакција од ЕСМ за големите кражби на струја.

ЕСМ-Вмро народна и ДЕН

Канал5 - 18.02.2005

Струјата е и треба да остане социјална категорија, е ставот на невладината организација за подобрување на условите за живот ДЕН. Ова здружение не се согласува со предложениот начин на продажба на ЕСМ. Од таму сметаат дека пазарна цена за струјата не треба Струјата е и треба да остане социјална ...

Трет пат: „Продажбата на ЕСМ злостор на столетието“

А1 - 17.02.2005

Расте отпорот против начинот на продажба на електростопанството. Опозицијата тврди дека продажбата ќе значи удар за стопанството и граѓаните, невладините организации обвинуваат дека владата нетранспарентно го води овој процес.

На пет вработени во ЕСМ, ЧЕЗ вработува половина човек

Вест - 17.02.2005

ЧЕШКОТО ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО СЕ ПРЕТСТАВИ ВО СКОПЈЕ Цените за македонските потрошувачи во процесот на либерализација на пазарот во еден период на адаптација ќе мора да се изедначат со цените во регионот, рече на вчерашната презентација генералниот менаџер Чешкото електростопанство ЧЕЗ на чешките ...

„Чез“: Ќе бидеме добри газди на ЕСМ

Време - 17.02.2005

ПОЧНА ТРКАТА ЗА НАЈСКАПАТА ДОМАШНА КОМПАНИЈА Чешката групација „Чез“ ако стане сопственик на „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ), и натаму ќе нуди евтина струја, а на вработените во домашната компанија со најголема вредност ќе им дава повисоки плати.

ЧЕЗ гарантира стабилни цени на струјата

Утрински - 17.02.2005

Чешкото електростопанство заинтересирано за купување на ЕСМ Едно од најсериозните стопанства за купување на ,,Електростопанство на Македонија, е чешкото електростопанство ЧЕЗ, кое е веќе сопственик на две дистрибуции во соседна Бугарија и една во Романија.

Чешкото електростопанство сака да го купи ЕСМ

Дневник - 17.02.2005

ЧЕСИТЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАА СВОЈАТА СТРАТЕГИЈА Чешкото електростопанство (ЧЕЗ), чиј доминантен сопственик е државата, ќе се појави на тендерот за продажба на "Електростопанство на Македонија". Ова на вчерашната презентација на компанијата го најави генералниот директор на ЧЕЗ, Мартин Роман.

Невладината Транспарентност бара експертска виза за продажба на ЕСМ

Канал5 - 17.02.2005

Владата не смее да го продаде ЕСМ без да го чуе гласот на експертите. Процесот на приватизација мора да биде отворен за јавноста, посочија денеска од невладината организација Транспарентност Македонија. Од таму најавуваат стручни трибини каде ќе се чуе ми Владата не смее да го продаде ЕСМ без да го ...

Иако државна ЧЕЗ - најпрофитабилна компанија во Чешка

Вечер - 17.02.2005

Чешкото електростопанство (ЧЕЗ) сериозно е заинтерсирано за купување на доминантниот пакет акции на "Електростопанството на Македонија". По купувањето на две дистрибутивни мрежи во Бугарија и една во Романија, со нашето ЕСМ, компанијата ќе го продолжи трендот на ширење во југоисточна Европа, што и ...

Судовите ги стимулираат кражбите

Вест - 16.02.2005

НА ЕСМ ЛАНИ МУ УКРАЛЕ 15 МИЛИОНИ ЕВРА СТРУЈА Бавното и неажурно судство ги одолговлекува споровите, или, пак, донесува условни пресуди или го ослободува прекршителот и на тој начин ги стимулира кражбите, тврдат во Електростопанство.Контрола на ЕСМ минатата недела во Скопско само во еден ден фатила ...

Скопско, Гостивар и Тетово рекордери по кражба на струја

Време - 16.02.2005

ЕСМ ГУБИ МИЛИОНИ ЕВРА ОД АРАМИЛАК Електричната енергија во земјава масовно се краде, а за тоа речиси никој не одговора, вели Сашо Новевски, портпарол на „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ). Само во минатата недела, екипи на компанијата што интервенирале во повеќе скопски населби констатирале ...

Избрзаната продажба на ЕСМ може да го уништи стопанството

Време - 16.02.2005

ЕКСПЕРТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Мирче Котевски Ако се дозволи продажба на „Електростопанство на Македонија“ за мала сума, без претходна либерализација на пазарот на електрична енергија, домашното стопанство може да биде целосно уништено, предупредуваат домашни експерти.

Во Македонија масовно се краде електричната енергија

Утрински - 16.02.2005

Електростопанството трпи огромни загуби поради дивите корисници на струја Од кражби на струја ЕСМ лани регистрира рекордна загуба од 14 милиони евра Граѓаните од Струга, Гостивар, Тетово, Скопје и Куманово масовно ја крадат електричната енергија.

Во Велешта украдени 72 отсто од испорачаната струја

Дневник - 16.02.2005

"ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО" ТВРДИ Во струшкото село Велешта во јануари исчезнале 72 процента од испорачаната електрична енергија. Според процентот на кражба на струја, тие се апсолутни шампиони во системот на ЕСМ, вели портпаролот на компанијата, Сашо Новевски.

Чесите тропнаа на врата за купување на ЕСМ, со уверување дека се најдобри во регионот

Канал5 - 16.02.2005

Презентирајки дека се најдобра енергетска групација во регионот, чесите први тропнаа на врата за купување на македонското Електростопанство. Зошто биле најдобри за влез во Македонија? Нуделе најефтини цени на електрична енергија во регионот, долгороч Презентирајки дека се најдобра енергетска ...

Со добра правна рамка, продажбата на ЕСМ носи само бенефит

Канал5 - 16.02.2005

Обезбедување добра правна рамка пред продажбата на Електро компаниите обезбедува да се избегнат евентуални насакани ефекти кои би донеле штета наместо корист, е ставот на Светската банка за приватизацијата на нашето ЕСМ. Според постојаната претставни Обезбедување добра правна рамка пред продажбата ...

Лани украдената струја вредна 15 милиони евра

Вечер - 16.02.2005

Ако процентот на наплата на електрична енергија во "Електростопанство на Македонија" успее да се искачи на над 90 отсто, со проблемот со кражбите на струја, компанијата не може да се справи. Минатата година биле украдени 400 милиони киловатчасови електрична енергија, што е во вредност од околу 15 ...

Oд крадење струја ЕСМ е покусо за 15 милиони евра

А1 - 15.02.2005

Кражби на струја го доведоа во незавидна ситуација македонското електростопанство во годината кога се очекува негова приватизација. Лани од крадење на струја ЕСМ е покусо за 15 милиони евра. Украдени се околу 400 милиони киловат часови струја, што е годишна потрошувачката на една поголема фабрика ...

ЕСМ го обвини населението од западна Македонија дека алармантно им ја краде струјата

Канал5 - 15.02.2005

На ЕСМ му фалата 15 милиони евра поради масовно крадење на струја Непосредно пред продажбата на ЕСМ раководството реши да обелодени дека кражбата на струја станала алармантна. Тетовско, кумановско, гостиварско, струшко и скопско неовластено кори На ЕСМ му фалата 15 милиони евра поради масовно ...

Со продажбата на ЕСМ ќе има поскапа струја и нови невработени

А1 - 14.02.2005

Ако го продаде електростопанство владата ќе ја направи една од клучните приватизациони грешки, поради која најмногу ќе трпат граѓаните сметаат експертите. Го критикуваат моделот што е одбран: да се продаде целото ЕСМ. Приватниот газда ќе нема кој да го контролира.

Владата сака да го обезвредни ЕСМ

Време - 14.02.2005

ВМРО-ДПМНЕ Најавената сума од 300 до 400 милиони евра што Владата ја очекува за продажбата на ЕСМ е смешна. Само хидроцентралите и дистрибутивната мрежа вредат околу две милијарди долари, а годишниот профит од ХЕЦ е 50 милиони евра, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да се приватизира максимум 30 отсто од ЕСМ

Утрински - 14.02.2005

ВМРО-ДПМНЕ не е против продажбата на ЕСМ, но тоа да биде делумно ВМРО-ДПМНЕ не е против предвидената продажба на †Електростопанство на Македонијааи, но смета дека Владата тоа го прави нетранспарентно и прифаќа неадекватни суми.

Хидроцентралите не смее да се продаваат

Дневник - 14.02.2005

ВМРО-ДПМНЕ Хидроцентралите во Република Македонија не смеат да се приватизираат, изјави проф. д-р Атанаско Туневски, професор на Машинскиот факултет во Скопје, на вчерашната конференција за печатот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, хидроцентралите се највредните и најпрофитабилните објекти што ги имаме.

Да се приватизира само 30 отсто од ЕСМ

Вечер - 14.02.2005

"Најавената вредност од 300 до 400 милиони евра, што Владата ја очекува од продажбата на ЕСМ, е смешна. Само хидроцентралите и дистрибутивната мрежа вредат околу две милијарди долари, а годишниот профит од ХЕЦ е 50 милиони евра", рече Атанаско Туневски, професор на Машинскиот факултет во Скопје и ...