Претседателот и премиерот за утре напладне закажаа средба на која премиерот Груевски треба да даде предлог кој да биде новиот македонски преговарач за името, откако Црвенковски го разреши Никола Димитров. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска изјави дека Владата се уште размислува кој ќе биде номиниран за преговарач.
Државниот врв утре на средба во кабинетот на Бранко Црвенковски ќе одлучува кој ќе биде новиот преговарач во спорот за уставното име помеѓу Грција и Македонија, откако Претседателот пред две недели го разреши Никола Димитров од оваа функција.
По две недели без преговарач за името, претседателот Црвенковски и премиерот Груевски утре ќе оддржат средба посветена на името. И додека шефот на дипломатијата Милошоски вели дека се уште се бара наследникот на Димитров, во јавноста се позасилено кружат имињата на амбасадорите Јолевски и Ханџиски и на професорот Иванов како кандидати за преговарач.
Професорот Ѓорѓи Иванов, амбасадорот на Македонија во Вашингтон Зоран Јолевски и неговиот колега во Атина Благоја Ханџиски се трите имиња кои влегле во најтесниот избор за нов македонски преговарач во спорот за името меѓу Македонија и Грција, дознаваме од владини извори. Официјално, пак, никој не сака да коментира ниту да предвиди кога Македонија ќе го добие новиот преговарач.
Наследникот на Димитров ќе биде избран по враќањето на Груевски од САД. Димитар Чулев. Благој Ханџиски, Зоран Јолевски и Ѓорѓи Иванов се трите имиња што се вртат како речиси сигурни за можен наследник на македонскиот преговарач во грчко-македонскиот спор околу името по разрешувањето на Никола Димитров.
Благоја Ханџиски, македонскиот амбасадор во Грција, Зоран Јолевски, амбасадор во Вашингтон и професорот Ѓорѓи Иванов се тројцата кандидати од кои премиерот Никола Груевски треба да го избере новиот преговарач во спорот за името што се води под покровителство на ОН, објавуваат владини извори за неколку медиуми.
Во Кабинетот на Претседателот се уште не е пристигнат предлог од Владата, кој да биде новиот преговарач во грчко-македонскиот спор. Шефот на државата Бранко Црвенковски, кој денеска имаше работен ручек со уставните судии, ќе чека прво да го добие и официјално предлогот од премиерот, по што ќе се произнесе.
Скопје, 14 ноември (МИА) - Амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски, неговиот колега во Грција Благој Ханџиски и професорот Ѓорѓи Иванов, се најсериозни кандидати за нов македонски преговарач за името, објавуваат денеска дел од македонските печатени медиуми, повикувајќи се на владини извори.
Амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски, неговиот колега во Грција Благој Ханџиски и професорот Ѓорѓи Иванов, се најсериозни кандидати за нов македонски преговарач за името, објавуваат денеска дел од македонските печатени медиуми, повикувајќи се на владини извори.
Тројцата најсериозни кандидат за нов преговарач за името одбиваат да ги коментираат најавите за нивно можно назначување. Не сакам да ги коментирам плановите на моите претпоставени – изјави актуелниот амбасадор во Грција, Благој Ханџиски. За професор Ѓорѓи Иванов, се уште се е на ниво на шпекулација. И тој нема коментар на најавите дека е еден од кандидатите.
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски утре ќе одржат средба на која се очекува да стане збор за назначувањето нов македонски преговарач за името, како и за други прашања од заедничка надлежност на шефот на државата и на Владата. Списокот на можни кандидати за нов преговарач во спорот за името се сведе на тројца.
Ќе се почека на наследникот на Димитров. Соња Крамарска. Измина веќе една седмица од отповикувањето на амбасадорот Никола Димитров од македонски преговарач во спорот за името со Грција, а не може ниту да се насети кој ќе биде негов наследник. По бурната седмица на меѓусебни обвинувања и престрелки, и претседателот Црвенковски и премиерот Груевски отпатуваа во странство.
Игор Чавески Поранешни дипломати, актуелни амбасадори и луѓе што уживаат најголема доверба кај премиерот Никола Груевски се луѓето кои се наоѓаат на листата на најсериозни кандидати за нов македонски преговарач во спорот за името. Едно од најзвучните имиња што е ставено во барабанот за можен преговарач е тоа на актуелниот македонски амбасадор во Атина, Благоја Ханџиски.