TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Премиерот Груевски утре ќе предложи нов преговарач

Алфа - 16.11.2008

Претседателот и премиерот за утре напладне закажаа средба на која премиерот Груевски треба да даде предлог кој да биде новиот македонски преговарач за името, откако Црвенковски го разреши Никола Димитров. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска изјави дека Владата се уште размислува кој ќе биде номиниран за преговарач.

Црвенковски и Груевски ќе договараат преговарач?!

Форум - 16.11.2008

Државниот врв утре на средба во кабинетот на Бранко Црвенковски ќе одлучува кој ќе биде новиот преговарач во спорот за уставното име помеѓу Грција и Македонија, откако Претседателот пред две недели го разреши Никола Димитров од оваа функција.

Утре средба Црвенковски - Груевски

Сител - 16.11.2008

По две недели без преговарач за името, претседателот Црвенковски и премиерот Груевски утре ќе оддржат средба посветена на името. И додека шефот на дипломатијата Милошоски вели дека се уште се бара наследникот на Димитров, во јавноста се позасилено кружат имињата на амбасадорите Јолевски и Ханџиски и на професорот Иванов како кандидати за преговарач.

Изборот на преговарач во спорот со името се стесни на три имиња

Вест - 14.11.2008

Професорот Ѓорѓи Иванов, амбасадорот на Македонија во Вашингтон Зоран Јолевски и неговиот колега во Атина Благоја Ханџиски се трите имиња кои влегле во најтесниот избор за нов македонски преговарач во спорот за името меѓу Македонија и Грција, дознаваме од владини извори. Официјално, пак, никој не сака да коментира ниту да предвиди кога Македонија ќе го добие новиот преговарач.

Новиот преговарач ќе биде од триото Ханџиски, Јолевски и Иванов

Утрински - 14.11.2008

Наследникот на Димитров ќе биде избран по враќањето на Груевски од САД. Димитар Чулев. Благој Ханџиски, Зоран Јолевски и Ѓорѓи Иванов се трите имиња што се вртат како речиси сигурни за можен наследник на македонскиот преговарач во грчко-македонскиот спор околу името по разрешувањето на Никола Димитров.

Ханџиски, Јолевски и Иванов во трка за преговарач

Форум - 14.11.2008

Благоја Ханџиски, македонскиот амбасадор во Грција, Зоран Јолевски, амбасадор во Вашингтон и професорот Ѓорѓи Иванов се тројцата кандидати од кои премиерот Никола Груевски треба да го избере новиот преговарач во спорот за името што се води под покровителство на ОН, објавуваат владини извори за неколку медиуми.

Црвенковски го чека предлогот за преговарач

Алфа - 14.11.2008

Во Кабинетот на Претседателот се уште не е пристигнат предлог од Владата, кој да биде новиот преговарач во грчко-македонскиот спор. Шефот на државата Бранко Црвенковски, кој денеска имаше работен ручек со уставните судии, ќе чека прво да го добие и официјално предлогот од премиерот, по што ќе се произнесе.

Јолевски, Ханџиски и Иванов можни наследници на Димитров

Канал5 - 14.11.2008

Скопје, 14 ноември (МИА) - Амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски, неговиот колега во Грција Благој Ханџиски и професорот Ѓорѓи Иванов, се најсериозни кандидати за нов македонски преговарач за името, објавуваат денеска дел од македонските печатени медиуми, повикувајќи се на владини извори.

Јолевски, Ханџиски и Иванов најсериозни кандидати за наследници на Димитров

Кирилица - 14.11.2008

Амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски, неговиот колега во Грција Благој Ханџиски и професорот Ѓорѓи Иванов, се најсериозни кандидати за нов македонски преговарач за името, објавуваат денеска дел од македонските печатени медиуми, повикувајќи се на владини извори.

Kaндидатите за нов преговарач за името без коментар

Сител - 14.11.2008

Тројцата најсериозни кандидат за нов преговарач за името одбиваат да ги коментираат најавите за нивно можно назначување. Не сакам да ги коментирам плановите на моите претпоставени – изјави актуелниот амбасадор во Грција, Благој Ханџиски. За професор Ѓорѓи Иванов, се уште се е на ниво на шпекулација. И тој нема коментар на најавите дека е еден од кандидатите.

Утре средба Црвенковски - Груевски за нов преговарач за името

А1 - 16.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски утре ќе одржат средба на која се очекува да стане збор за назначувањето нов македонски преговарач за името, како и за други прашања од заедничка надлежност на шефот на државата и на Владата. Списокот на можни кандидати за нов преговарач во спорот за името се сведе на тројца.

Ќе се почека на наследникот на Димитров

Утрински - 11.11.2008

Ќе се почека на наследникот на Димитров. Соња Крамарска. Измина веќе една седмица од отповикувањето на амбасадорот Никола Димитров од македонски преговарач во спорот за името со Грција, а не може ниту да се насети кој ќе биде негов наследник. По бурната седмица на меѓусебни обвинувања и престрелки, и претседателот Црвенковски и премиерот Груевски отпатуваа во странство.

Се бара маж за преговорите за името

Време - 10.11.2008

Игор Чавески Поранешни дипломати, актуелни амбасадори и луѓе што уживаат најголема доверба кај премиерот Никола Груевски се луѓето кои се наоѓаат на листата на најсериозни кандидати за нов македонски преговарач во спорот за името. Едно од најзвучните имиња што е ставено во барабанот за можен преговарач е тоа на актуелниот македонски амбасадор во Атина, Благоја Ханџиски.