TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скопје и Куманово и денеска ги нишаа земјотреси

А1 - 28.04.2002

Два земјотреси денеска го потресоа подрaчјето на Скопје и Куманово. Последниот земјотрес апартот во сеизмолошката опсерваторија го регистрираше во 14 часот и 9 минути. Епицентрот и на овие земјотреси е во регионот на Прешево и Витина на Косово.

Вчера три земјотреси со интензитет од 3 до 5 степени

Утрински - 27.04.2002

Апаратите на Сеизмолошката опсеравторија и натаму регистрираат потреси Во текот на вчерашниот ден, апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираа перманентна сеизмичка активност на истото епицентрално подрачје во кое во средата беше почувствуван ...

Три жртви на силен земјотрес во Тбилиси

Дневник - 27.04.2002

ГРУЗИЈА Тројца луѓе вчера загинаа во најсилниот земјотрес што ја потресол Грузија во изминатите 40 години, јави Ројтерс. Потресот со интензитет од 6 Рихтерови степени урнал повеќе покриви во стариот дел од главниот град Тбилиси и убил тројца продавачи во еден стар дуќан.

Нова серија земјотреси во текот на ноќта

А1 - 26.04.2002

Нова серија земјотреси од епицентралното подрачје на Витина, што уште од средата го погаѓаат регионот на јужно Косово, синоќа беа повторно регистрирани и почувствувани на поширокото подрачје на Балканот. Апаратите на сеизмолошката опсерваторија во Скопје и телеметриските станици во Македонија ...

Скопје може да го потресе земјотрес од 8 степени во наредните два века

Вест - 26.04.2002

ЗЕМЈИШТЕТО, ПО ЗАВЧЕРАШНИОТ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС, СЕ СМИРУВА Силниот земјотрес во средата се случил 20 километри под површината на земјата. Според резултатите од примената на статистичките методи во истражувањето на сеизмичноста на Македонија, следува дека во наредните 200 години постои можност во ...

Регистрирани серија земјотреси со послаб интензитет

Утрински - 26.04.2002

Зголемената сеизмичка активност продолжува и натаму БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА Зголемената сеизмичка активност продолжува, и по завчерашниот силен земјотрес со епицентар во соседна Србија земјиштето и натаму се тресе. Откако во средата неколку минути пред 13 часот беше почувствуван потрес со интензитет во ...

Епицентарот на земјотресот е во подрачјето на Урошевац

Утрински - 26.04.2002

СЕИЗМОЛОГИЈА Најсилните познати земјотреси од епицентралното подрачје Урошевац се од 1755 и во август 1921 година, двата со епицентрален интензитет од 9 степени според Европската макросеизмичка скала и со магнитуда од 8,1 степен по Рихтеровата скала.

Ноќеска почувствувани уште два земјотреса

А1 - 25.04.2002

Два земјотреси со интензитет меѓу 4 и 5 степени според Макросеизмичката европска скала 98 се почувствуваа во подрачјето Куманово - Скопје, соопшти денеска Сеизомолошката опсерваторија при Природно - математичкиот факултет во Скопје.

Скопје во паника

Вест - 25.04.2002

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА Серија земјотреси, од кои најсилниот со јачина од пет степени според Рихтер, вчера напладне ја затресоа цела Македонија. Земјотресот, чиј епицентар е 45 километри североисточно од Скопје, најсилно се почувствува во главниот град и предизвика паника м Силен земјотрес со ...

Земјотресот бучеше поради близината на епицентарот

Утрински - 25.04.2002

М-р Вера Чејковска, асистентка при Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ Вчерашниот земјотрес, со оглед на интензитетот, со право ги вознемири граѓаните во цела Македонија. На што се должи ваквото силно тресење на земјината почва? - Ова е активност на една мала тектонска плоча на која се наоѓа ...

Силен земјотрес предизвика паника во Македонија

Утрински - 25.04.2002

Балканот вчера го тресеа серија земјотреси со епицентар во реоните на Прешево и на Урошевац во Србија Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Валандово и во Крива Паланка, вчера ...

Силен земјотрес ја растревожи Македонија

Дневник - 25.04.2002

ВЧЕРА НАПЛАДНЕ Во земјава потресот предизвика страв и незначителни штети, но во епицентралното подрачје на Косово едно лице загинало, а стотина биле повредени Земјотресот со сила од 7 до 8 степени според Меркалиевата скала, во епицентралното подрачје во Витина и во Гњилане на Косово, кој се случи ...

Земјотрес - Еден загинат и стотина повредени во Гњилане

А1 - 24.04.2002

Земјотресот што рано попладнево предизвика вознемиреност во Скопје, силно се почувствува и во Софија, каде што жителите ги напуштија домовите, како и во Белград и во Атина каде што сеизмолозите соопштија дека, по главниот, имало уште четири посилни удари со сила од 4,5 степени според Рихтеровата ...