По падот на последниот бастион на Tалибанците, градот Кандахар, локалните авганистански лидери одржуваат племенско собрание за да ги надминат разликите по прашањето кој да го контролира градот. Досега е договорено создавање совет кој ќе управува со градот.
Жител на Кабул слободно разгледува списанија со фотографии на жени ИСЛАМАБАД, 8 декември (Ројтерс) - Талибанскиот врховен лидер мулата Мухамен Омар го напушти своето последно упориште во Кандахар и веќе не се наоѓа во градот.
ПРИВРШУВА ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН Талибанските борци утврдени во јужниот авганистански град Кандахар вчера почнаа да го предаваат оружјето, но во градот во кој пред пет години се роди, а вчера загина талибанското движење го немаше врховниот лидер Мула Мохамад Омар, јави Ројтерс.
Талибанците денеска го предадоа и последниот бастион на југот на земјата, Кандахар. Според новинарски извештаи талибанските борци започнале со предавање на оружјето, по наредба на највисокиот талибански заповедник Мула Мохамед Омар, чија судбина се уште е неизвесна.
КАБУЛ, 7 декември (Ројтерс) - Талибанскиот врховен лидер мулата Мухамед Омар одлучи да го предаде Кандахар - своето последно упориште во Авганистан. Авганистанската агенција што ја пренесе оваа вест нема други детали околу преговорите со Омар кој се до оваа недела ги тераше своите борци да се борат ...
ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Ставот на талибанскиот лидер омекнал по жестоките бомбардирања на градот и разговорот со идниот премиер на Авганистан Талибанскиот врховен лидер Мула Мохамад Омар вчера се согласил без борба да им го предаде на опозициските сили Кандахар, последниот град во Авганистан што е под ...
Лидерот на Талибанците, мулата Мохамед Омар за агенцијата Исламик Прес изјави дека одлучи да го предаде Кандахар, последното упориште во Авганистан. Се очекува конечното предавање на контролата врз Кандахар да биде извршена за ден - два.
ВАШИНГТОН, 6 декември (Ројтерс) - Двајца американски војници загинале, а 20 биле повредени заедно со извесен број на антиталибански борци во вчерашното бомбардирање што по грешка било изведено северно од Кандахар. Инцидентот се случил кога бомбардерот Б-52 кој служел како поддршка за опозиционите ...
ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Според непотврдени извештаи, при нападите кај Тора Бора бил убиен и Ајман Завахри, водач на египетска терористичка група, кој му се придружи на Осама и стана негова десна рака Двајца елитни американски војници загинаа, а дваесетина се ранети при бомбардерски напад на авион ...
Тројца американски војници загинаа, дваесетина се ранети, заедно со се уште непознат број на антиталибански војници, кога врз нивните позиции северно од Кандахар, во Авганистан, по грешка американски бомбардер „Б-52“ го исфрли својот товар, соопшти американската централна команда.
БОН/ близу КАНДАХАР, 5 декември (Ројтерс) - Авганистанските фракции кои се состанаа во Германија постигнаа договор за формирање на преодна влада и преговараат околку местата во кабинетот додека продолжуваат борбите околу Кандахар.
КАБУЛ, 5 декември (Ројтерс) - Речиси 2.000 Авганистанци вчера се организираа за да ги протераат талибанските сили од планиските предели во источниот дел од државата каде што можеби се крие Осама бин Ладен. "Советот мобилизираше речиси 2.000 мештани за да ги истераат од Тора Борта Талибанците и ...
По еднонеделниот преговарачки маратон, делегатите на Конференцијата за Авганистан во основа го прифатија рамковниот договор за двегодишната преодна фаза. Сите четири делегации го одобрија текстот понуден од Обединетите Нации, во кој се предвидува и стационирање мировни трупи во главниот ...
ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН Маринците во базата на пустинскиот аеродром кај Кандахар вчера со транспортен авион добија нови засилувања, пред се, лесни оклопни возила "хамви", опремени со противтенковски оружја Американските борбени авиони завчера го засилија бомбардирањето на ридовите Тора Бора во источен ...
Антиталибанските борци стационирани близу Кандахар соопштуваат за огромен отпор од страна на Талибанците. Пред се, странските борци од арапските земји се борат со сета сила. Околу илјада американски маринци се наоѓаат пред влезот на Кандахар и чекаат наредба за дејство.
ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО АВГАНИСТАН Опозициски сили од две страни, а Американците од воздух и од новата база "како змија ја стегаат гушата" на талибанците и арапските терористи што го бранат градот Битката за последното упориште на талибанците, градот Кандахар, се приближува до точка на кулминација, оцени ...