TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сомалиските пирати киднапираа јапонски трговски брод

Канал5 - 16.11.2008

Могадишу, 16 ноември (МИА) - Сомалиските пирати киднапираа синоќа јапонски трговски брод со екипаж од петмина Јужнокорејци и 18 Филипинци. Бродот „Џемстар Винс“ бил нападнат од вооружени пирати во близина на сомалиското крајбрежје во околината на Аденскиот Залив, а судбината на екипажот се уште не е извесна.

Британски морнари убиле сомалиски пирати

Утрински - 14.11.2008

Британски морнари убиле сомалиски пирати. Кралската морнарица спречи пиратски напад врз дански товарен брод на брегот на Јемен, при што застрела две лица за кои сметала дека се сомалиски пирати. Министерството за одбрана потврди дека инцидентот се случил во вторникот, кога екипажот на „ХМС Кумберленд“ се обидел да се качи на традиционален дрвен брод со едро.

Британски маринци убија пирати

Форум - 13.11.2008

Војниците на една британска фрегата во Аденскиот залив убија двајца сомалиски пирати. Според соопштението на министерството за одбрана од Лондон, инцидентот се случил кога фрегатата му укажала помош на некој брод од Данска нападнат од пиратите. Британскиот брод патролира во рамките на опарацијата на НАТО против пиратите на Рогот на Африка.

Руски и британски воени морнари спречија напад на сомалиски пирати

Кирилица - 13.11.2008

Британските морнари воспоставиле контрола врз едреникот, каде што откриле двајца убиени, за кои се претпоставува дека се Сомалијци. Пронајден бил и еден ранет Јеменец, кој подоцна подлегнал на повредите и покрај укажаната помош, соопштија од британската ...

ЕУ им објави војна на пиратите

Форум - 11.11.2008

Воените бродови од Велика Британија, Франција, Германија, Грција, Холандија и Шпанија под водство на британската морнарица ја започнаа мисијата EUNAVOR, чија цел е заштита на трговските бродови кои пловат на сомалските територијални води, jавуваат новинските агенции Во мисијата засега ќе учествуваат седум бродови , а помош ќе имаат од еден специјален авион за воздушен надзор на ситоацијата на ...

Поморските меѓународни закони за лов на пиратите се комплексни

Алфа - 11.11.2008

Сомалиските пирати синоќа киднапираа панамски танкер, кој превезувал хемиски материјали, со екипаж од 20 лица по потекло од Филипините. Бродот патувал за Азија, кога бил киднапиран во Аденскиот Залив од вооружени пирати. Засега не се соопштени повеќе детали за инцидентот.

ЕУ ја одобри првата военопоморска операција против сомалиските пирати

Канал5 - 11.11.2008

Брисел, 10 ноември (МИА) - Европската унија ја одобри првата военопоморска мисија против активностите на сомалиските пирати покрај брегот на Сомалија и во Аденскиот залив. Мисијата, која денеска во Брисел ја одобрија министрите за одбрана на земјите-членки на Унијата, ќе се нарекува Еунафор Аталанта и таа ќе започне во декември во водите покрај Африканскиот рог.

Сомалиските пирати со нов плен

Кирилица - 11.11.2008

Со овој случај, бројот на нападите врз бродови во Индискиот Океан и во Аденскиот Залив оваа година достигна 83, а киднапирни се 33 брода. Дванаесет брода, со околу 200 членови на екипажи се уште се во рацете на ...

ЕУ одобрила мисија против пиратите во водите на Сомалија

Нетпрес - 11.11.2008

Европската унија вчера постигнала договор за ангажирање на авијацијата и морнарицата во борбата против пиратите во водите на Сомалија. Мисијата за која било разговарано уште кон крајот на октомври, била одобрена на состанокот на министри за надворешни работи во Брисел, пренесува Ројтерс.

Министерска средба на ЕУ

Форум - 10.11.2008

Министрите за надворешни работи и за одбрана на 27-те земји членки на ЕУ денеска на средба во Брисел треба да усвојат оперативен план за ангажман на европски воени бродови против пирати пред брегот на Сомалија. Мисијата треба да започне во декември. Министрите ќе разговараат и за идните односи со Русија.

Прва военопоморска операција на ЕУ против сомалиските пирати

Кирилица - 10.11.2008

, која денеска во Брисел ја одобрија министрите за одбрана на земјите-членки на Унијата, ќе се нарекува Еунафор Аталанта и таа ќе започне во декември во водите покрај Африканскиот ...