TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Четири нови случаи на птичји грип во Грција

А1 - 05.03.2006

Лабораториските анализи на мострите од трите угинати лебеда и еден корморан во Северна Грција покажале присуство на смртоносниот вирус Х5Н1, соопшти грчкото Министерство за земјоделство. Со тоа, вкупниот број на заразени птици од птичји грип во Грција достигна 26.

Во Полска потврдени првите два случаи на птичји грип

А1 - 05.03.2006

. Според него, вирусот Х5 е откриен кај два лебеда кои се пронајдени мртви во четвртокот во центарот на северниот полски град Торун, на 200 километри северозападно од Варшава. На дивите лебеди се вршат натамошни тестови со кои треба да се утврди дали е во прашање смртоносниот тип Х5Н1, кој веќе го ...

Вирусот Х5Н1 можна причина за смртта на две девојчиња во Азербејџан

Канал5 - 05.03.2006

Две девојчиња за кои се сомнева дека биле инфицирани со вирусот на птичјиот грип Х5Н1, починаа на југот на Азербејџан, соопшти денеска заменик министерот за здравство на земјата. Москва/Баку 5 март (МИА) - Две девојчиња за кои се сомнева дека биле инфицирани со вирусот на птичјиот грип Х5Н1, ...

Полска ги потврди првите два случаи на птичји грип

Канал5 - 05.03.2006

Полскиот министер за земјоделство Кшиштов Јургел денеска ги потврди првите два случаја на птичји грип во својата земја. Варшава, 5 март (МИА) - Полскиот министер за земјоделство Кшиштов Јургел денеска ги потврди првите два случаја на птичји грип во својата земја.

Потврден смртоносниот вирус H5N1 во Шведска

Макфакс - 05.03.2006

Стокхолм Вирусот на птичјиот грип пронајден кај умрените диви птици во Шведска е високопатогениот H5N1, соопшти денеска шведскиот Институт за ветерина. “Лабораторијата во Вејбриџ потврди дека станува збор за вирусот H5N1, токму како што мислевме“, се вели во соопштението на Институтот.

Потврдено присуство на птичји грип во Србија

Макфакс - 05.03.2006

Белград Европската референтна лабораторија во Вејнбриџ, по прелиминарните испитувања, го потврди присуството на вирусот птичји грип кај еден домашен петел и еден лебед, пронајдени на територијата на Србија на почетокот на месецот.

Уште една германска покраина засегната од птичји грип

Макфакс - 05.03.2006

Берлин Птичјиот грип во Германија кој беше откриен кај диви птици во средината на февруари, се прошири во уште една покраина во таа земја. Долна Саксонија потврди синоќа дека дива гуска е носител на вирусот H5 , со што стана шестата германска покраина во која е регистриран вирусот.

Тригодишно дете почина од птичји грип во Индонезија

А1 - 04.03.2006

Едно тригодишно дете во централна Индонезија почина од птичји грип, соопшти претставник од индонезиското Министерство за здравство, повикувајќи се на резултати од една локална лабараторија. Тој информира дека момчето починало во вторникот во болница во Индонезија, како и дека примероци од неговата ...

Пет нови случаи на птичји грип во Австрија

А1 - 04.03.2006

Во Австрија се потврдени пет нови случаи на смртоносниот вирус Х5Н1 кај диви птици, јавуваат денеска австриските медиуми. Угинатите птици биле пронајдени кон крајот на минатиот месец во западната австриска провинција Форалберг. Мостри од птиците се испратени на дополнителни анализи.

Нема да се забрани увозот на пилешко од ризичните земји

Време - 04.03.2006

ЧОКРЕВСКИ ГИ СЛЕДЕЛ ПРЕПОРАКИТЕ НА ФАО И ЕК Во земјава нема да се забрани увозот на производи од живина од земјите каде што е регистриран вирусот на птичји грип кај дивите птици, се додека тој не прејде на домашната живина, рече Слободен Чокревски на вчерашната прес-конференција.

Трговијата со пилешко со Србија не е запрена

Утрински - 04.03.2006

Согласно со меѓународните препораки да не се спречува размената меѓу земјите Македонија ја спушти рампата само за земји кај кои болеста е регистрирана кај домашните птици Прометот со пилешко месо со Србија и Црна Гора, кај која постои сомневање за постоење на птичји грип, не е запрен, согласно со ...

Владата на Германија ќе решава дали ќе се одложи Мундијалот

Дневник - 04.03.2006

Откако во јавноста проструи веста дека Светското првенство може да биде откажано поради птичјиот грип, првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, изјави дека владата на Германија ќе го има последниот збор. Се поголемата загриженост од ширењето на птичјиот грип доаѓа по веста дека во Германија била ...

Авганистан очекува појава на птичји грип

Макфакс - 04.03.2006

Јангун Откако Азербејџан објави дека во земјата од смртоносниот вирус H5N1 починале три лица, а официјален Мианмар (поранешна Бурма) ги потврди првите случаи на заразена живина, авганистански официјални лица потврдија дека вирусот би можел наскоро да се прошири и во оваа земја.

Тригодишно дете почина од птичји грип во Камбоџа

Макфакс - 04.03.2006

Пном Пен Светската здравствена организација (СЗО) денеска потврди дека едно тригодишно девојче во Камбоџа починало од птичји грип. “Примероците покажаа дека детето било заболено од вирусот H5N1“, соопшти СЗО во заедничко соопштение со Министерството за здравство на Камбоџа.

Птичји грип во Јордан

Макфакс - 04.03.2006

Аман Министерството за здравство на Јордан потврди дека и во таа земја е забележано присуство на птичји грип. Вирусот Х5Н1 е пронајден кај примероците земени од угинати птици на една приватна фарма во северен Јордан, се вели во соопштението ...

Создадена е вакцина против птичји грип во Унгарија

Макфакс - 04.03.2006

Будимпешта Унгарските научници создадоа вакцина која ќе го заштити човекот од птичјиот грип, предизвикан од вирусот H5N1, изјави денеска унгарскиот премиер Ференц Ѓурчани. Вакцината, која е создадена од унгарската фармацевтска компанија „Омнивест“, „ги заштитува луѓето од вирусот Х5Н1”, изјави ...

Непотребна паника околу птичијот грип

Вечер Прес - 04.03.2006

Британски здравствени експерти и врвни епидемиолози тврдат дека "непотребно се крева паника" околу птичјиот грип, а посебно околу можноста тој да се пренесе од птиците кај луѓето. Шефот на Епидемиолошката служба на Британија Нил Фергусон, врвен експерт во таа област вели дека ризикот од птичјиот ...

Откриен вирус на птичји грип во близина на Истанбул

А1 - 03.03.2006

Вирус на птичји грип е откриен кај угината кокошка во селото Џелалие во близина на Истанбул, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Кокошката била пронајдена во вторникот во двор на куќа, а детето од семејството кое живеело во куќата веднаш е хоспитализирано, иако неговата здравствена состојба ...

Чокревски: Нема опасност од птичји грип во Македонија

А1 - 03.03.2006

Опасност од појава на птичји грип во Македонија нема, вели првиот човек на Ветеринарната управа, Слободен Чокревски. Миграторните птици се тие кои најчесто го пренесуваат вирусот, но веројатноста од зараза кај нас е минимална.

Во Азербејџан потврден случај на вирусот Х5Н1

А1 - 03.03.2006

На една живинарска фарма во Азербејџан е потврден првиот случај на смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип кај живина во земјата, соопшти азербејџанскиот министер за земјоделство и храна, Исмет Абасов. Вирусот Х5Н1 во Азербејџан беше откриен на почетокот на февруари, но кај угинати диви птици.

Спред британски експерти непотребна е паника за птичјиот грип

А1 - 03.03.2006

Британски здравствени експерти и врвни епидемиолози тврдат дека „непотребно се крева паника“ околу птичјиот грип, а посебно околу можноста тој да се пренесе од птиците кај луѓето. Шефот на Епидемиолошката служба на Британија Нил Фергусон, врвен експерт во таа област вели дека ризикот од птичјиот ...

Македонија нема да го запре увозот на српско пилешко

Вест - 03.03.2006

ПТИЧЈИОТ ГРИП СТАСА ДО СРБИЈА Појавата на птичји грип само кај дивите птици не треба да влијае на режимот на трговијата, објасни вчера директор на македонската Ветеринарна Управа Слободен Чокревски Македонија нема да го запре увозот на пилешки производи од Србија, каде вчера беше регистриран првиот ...

Птичјиот грип слета и во Србија

Време - 03.03.2006

СОСЕДИТЕ ВО ПАНИКА, ВЕТЕРИНАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СПОКОЈНИ Угинат лебед заразен со вирусот на птичји грип Х5 бил пронајден на 20 километри од Сомбор, соопшти вчера Управата за ветерина на Министерството за земјоделство на Србија.

И во Србија откриен птичји грип

Утрински - 03.03.2006

Болест БЕЛГРАД - Србија вчера соопшти дека го забележала првиот случај на птичји грип кај мртов лебед пронајден во регионот на Сомбор, во близина на границата со Хрватска. Министерството за земјоделство соопшти дека тестот од мртвата птица бил позитивен на вирусот Х5 на птичји грип и дека ...

Домашен карантин за мачките и за кучињата

Утрински - 03.03.2006

ПРЕПОРАКА НА ЕУ Ветеринарните експерти од Европската унија вчера препорачаа превентивно затворање на сите мачки, а кучињата да се држат на ремен во зоните каде што е откриен смртоносниот вирус Х5Н1. "Контактите меѓу домашните животни, особено мачките, и дивите птици, во реоните каде што е потврден ...

И вирусот и кокошките пред порти

Дневник - 03.03.2006

ПТИЧЈИ ГРИП И ВО СРБИЈА Нема потреба од дополнителни мерки кон Србија по појавата на вирусот од типот Х5 во оваа земја, изјави вчера директорот на Ветеринарната управа, Слободен Чокревски. Тој присуствуваше на итната средба во Париз, од која членките на Светската организација за заштита на ...

Сите мачки ќе бидат "црни" за луѓето?

Дневник - 03.03.2006

ВИРУСОТ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП ПОКОРУВА ПРОСТРАНСТВА И НОВИ ЖИВОТИНСКИ ВИДОВИ Мачката што пцовиса од птичји грип во Германија пред неколку дена отвори ново прашање во растревожената Европа - дали мачките може да ја пренесат заразата на луѓето.

Чокревски смирува нема место за паника од птичји грип

Канал5 - 03.03.2006

Директорот на ветеринарната управа Слободан Чокревски вели дека кај нас се уште нема место за паника од птичји грип. Ветеринарната управа е во постојан контакт со надлежните власти во Србија. Директорот на ветеринарната управа Слободан Чокревски вели дека кај нас се уште нема место за паника од ...

ОТКРИЕН ВИРУС НА ПТИЧЈИ ГРИП КАЈ КОКОШКА ВО БЛИЗИНА НА ИСТАНБУЛ

Канал5 - 03.03.2006

Вирус на птичји грип е откриен кај угината кокошка во селото Џелалие во близина на Истанбул, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Анкара, 3 март (МИА) - Вирус на птичји грип е откриен кај угината кокошка во селото Џелалие во близина на Истанбул, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Мачките дома-кучињата на ремен!

Вечер Прес - 03.03.2006

Ветеринарните експерти на ЕУ вчера препорачаа во регионите каде се утврдени жаришта на птичји грип, мачките да бидат држени затворени, а кучињата да бидат врзани со ремен. "Во реоните во кои кај е потврдено постоење на типот Х5Н1 на вирусот на птичји грип, треба да бидат прекинати сите контакти ...

Прв случај на птичји грип во Азербејџан

Макфакс - 03.03.2006

Баку Прв случај на смртоносниот вирус H5N1 на птичјиот грип е потврден на една фарма за живина во Азербејџан, соопшти министерот за земјоделство Исмет Абазов. Вирусот, кој се пренесува на луѓето веќе беше откриен кај мртви птици на почетокот на февруари.

Нов случај на птичји грип во Словенија

А1 - 02.03.2006

Словенечкиот Национален ветеринарен институт денеска соопшти дека се утврдени симптоми на птичји грип кај дива патка најдена во околината на Птуј, по што областа 10 километри југоисточно од градот е заштитена поради висок ризик од зараза со вирусот Х5Н1.

Битолската чапја нема птичји грип

А1 - 02.03.2006

Мострите од мртвата барска чапја пронајдена деновиве во битолското село Добрушево се негативни на птичји грип,. Ова како што јавува Макфакс од Битола, го изјави државниот ветеринарен инспектор Нина Димовска, презентирајќи ги резултатите од анализите извршени во Ветеринарниот институт во Скопје.

ЕУ со препорака: Mачките и кучињата во домашен карантин

А1 - 02.03.2006

Ветеринарните експерти на ЕУ денеска препорачаа во регионите каде се утврдени жаришта на птичји грип, мачките да бидат држени затворени, а кучињата да бидат врзани со ремен. „Во реоните во кои кај е потврдено постоење на типот Х5Н1 на вирусот на птичји грип, треба да бидат прекинати сите контакти ...

Регистриран прв случај на птичји грип во Србија

А1 - 02.03.2006

Угинат лебед заразен со вирусот на птичји грип Х5 е пронајден на 20 километри од Сомбор, соопшти Управата за ветерина на Министерството за земјоделство на Србија. По анализите на примероците од лебедот направени во Научно-ветеринарниот институт во Нови Сад и Ветеринарниот специјалистички институт ...

И милениците го пренесуваат вирусот Х5Н1

Вест - 02.03.2006

МАЧКА УМРЕ ОД ПТИЧЈИ ГРИП ВО ГЕРМАНИЈА БЕРЛИН, 2 март (Ројтерс) - Германските граѓани во областите каде што се појави птичји грип вчера беа предупредени да ги чуваат домашните мачки во затворен простор, кучињата да го шетаат на ремен и да внимаваат да БЕРЛИН, 2 март (Ројтерс) - Германските граѓани ...

Никој не е заштитен од вирусот

Време - 02.03.2006

НОВИ СЛУЧАИ НА Х5Н1 Патогениот вирус на птичји грип се шири во Европа и секојдневно се регистрираат нови случаи на угинати птици, јавуваат медиумите. Во Германија е регистрирано и тоа дека болеста се пренела и на мачка, што е прв ваков случај во Европа.

Регистриран првиот случај на птичји грип во Србија

Канал5 - 02.03.2006

Угинат лебед заразен со вирусот на птичји грип Х5 е пронајден на 20 километри од Сомбор, соопшти Управата за ветерина на Министерството за земјоделство на Србија. Белград, 2 март (МИА) - Угинат лебед заразен со вирусот на птичји грип Х5 е пронајден на 20 километри од Сомбор, соопшти Управата за ...

Во реоните со птичји грип - мачките по дома, кучињата на ремен, препорача Еврокомисијата

Канал5 - 02.03.2006

Ветеринарните експерти на ЕУ денеска препорачаа во регионите каде се утврдени жаришта на птичји грип, мачките да бидат држени затворени, а кучињата да бидат врзани со ремен. Брисел, 2 март (МИА) - Ветеринарните експерти на ЕУ денеска препорачаа во регионите каде се утврдени жаришта на птичји грип, ...

Петорица мртви од птичји грип во Азербејџан

Макфакс - 02.03.2006

Женева Пет лица починаа од вирусот на птичјиот грип H5N1 во текот на изминатата недела во Азербејџан, соопшти Светската здравствена организација. Освен кај сега починатите, вирусот на птичјиот грип бил пронајден и кај други две лица во Азербејџан.

ПВО против птичји грип

Макфакс - 02.03.2006

Москва Противвоздушната одбрана на Русија треба да биде вклучена во борба против миграцијата на птиците заразени со птичји грип. Овој радикален начин за решавање на проблемот со птичјиот грип во Русија го предлага партијата на контроверзниот политичар Владимир Жириновски.

Битолската чапја нема птичји грип

Макфакс - 02.03.2006

Битола Мострите од мртвата барска чапја пронајдена деновиве во битолското село Добрушево се негативни на птичји грип. Ова како што јавува Макфакс од Битола, го изјави државниот ветеринарен инспектор Нина Димовска, презентирајќи ги резултатите од анализите извршени во Ветеринарниот институт во ...

Прв случај на птичји грип во Србија

Макфакс - 02.03.2006

Белград Мртов лебед пронајден во северниот дел на Србија бил заразен со вирусот H5 на птичјиот грип, соопшти српското Министерство за земјоделство. Според истите извори, анализите направени во два института во Србија, во Нови Сад и Краљево, го потврдиле постоењето на вирусот H5.

ЕУ препорача “домашен“ карантин за мачки и кучиња

Макфакс - 02.03.2006

Брисел Ветеринарните експерти од Европската унија (ЕУ) денеска препорачаа превентивно затворање на сите мачки, а кучињата да се држат на ремен во зоните каде е откриен смртоносниот вирус H5N1. “Контактите меѓу домашните животни, особено мачките, и дивите птици, во реоните каде е потврден ...

Почина жена со симптоми на птичји грип во Ирак

Макфакс - 02.03.2006

Багдад Жена со симптоми на птичји грип денеска почина во регионот Насирија, во Ирак, соопштија локалните власти, додавајќи дека моментно се прават дополнителни тестови во Багдад и Каиро. “Смртниот случај се испитува и се очекуваат дополнителни резултати од лабораторијата“, прецизираше лекарот ...

Нема потреба од дополнителни мерки кон Србија поради птичјиот грип

Макфакс - 02.03.2006

Скопје "Нема потреба од дополнителни мерки кон Србија", изјави Слободен Чокревски, директор на македонската Управата за ветеринарство, по појавата на вирусот на птичјиот грип од типот H5 кај северниот сосед. Во соопштението се наведува дека Ветеринарната управа на Македонија е во постојан контакт ...

Птичјиот грип продолжува да се шири во светот

А1 - 01.03.2006

На ферибот што пловел на релација Тунис-Марсеј пронајдени се пет угинати птици, чии примероци испратени на анализа. Според претставник на француските ветеринарни служби, најверојатно не станува збор за птичји грип, бидејќи во ова време од годината, по долгиот лет, птиците често слетуваат на ...

И Шведска доби птичји грип

Вест - 01.03.2006

СТОКХОЛМ, 1 март (Ројтерс) - Шведска вчера соопшти дека ги регистрирала првите случаи на агресивен облик на птичји грип што најверојатно ќе се потврди како смртоносниот Х5Н1, кај две диви пајки најдени на балтичкото крајбрежје.

Потрошувачката на пилешко опадна за една третина

Време - 01.03.2006

ПОРАДИ СТРАВОТ ОД ПТИЧЈИ ГРИП Поради паниката од птичји грип, продажбата на домашно и увезено пилешко месо во земјава е опадната за повеќе од триесет отсто, велат продавачите на месо. Во продавниците најмалку се продава пилешкото месо од увоз, особено резервите од Турција, но значително намалена ...

За птичјиот грип илјадници се информираат на „вики“-сајт

Време - 01.03.2006

ВОЛОНТЕР УСПЕА „ДА ГИ ИЗЕДЕ“ ВРВНИТЕ ЕКСПЕРТИ За птичјиот грип и за сите можни аспекти на светска епидемија на оваа злокобна болест може да научите многу ако ги следите официјалните информации на владините тела или од медицинските здруженија.

Птичји грип уби мачка!

Дневник - 01.03.2006

ГЕРМАНИЈА Патогениот вирус на птичјиот грип Х5Н1 е потврден кај пцовисана мачка во Германија, јави МИА. Ова е прв случај смртоносната болест да се појави кај цицач во Европа, што укажува дека вирусот брзо мутира. Мачката е пронајдена на северниот остров Риген, каде што пцовисаа повеќе од 120 диви ...

ПТИЧЈИОТ ГРИП СЕ ШИРИ ВО СВЕТОТ

Канал5 - 01.03.2006

На ферибот што пловел на релација Тунис-Марсеј пронајдени се пет угинати птици, чии примероци испратени на анализа. Марсеј, 1 март (МИА) - На ферибот што пловел на релација Тунис-Марсеј пронајдени се пет угинати птици, чии примероци испратени на анализа.

Медиумска кампања за заштита од птичјиот грип

Макфакс - 01.03.2006

Скопје Министерот за здравство Владимир Димов и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Хонгвеј Гао денеска во Скопје ќе ја промовираат медиумската кампања за заштита од птичјиот грип. На промоцијата посебен акцент ќе се даде на заштитата на децата од оваа болест.

Нови случаи на птичји грип во Европа

Макфакс - 01.03.2006

Скопје Нови случаи на птичји грип кај диви птици се регистрирани денеска во неколку земји во Европа, јавуваат агенциите. Четири нови случаи, и тоа од смртоносниот тип H5N1, се откриени кај лебеди на територијата на Грција, соопшти грчкото Министерство за земјоделство.

Палестинците прогласија вонредна состојба поради птичјиот грип

Макфакс - 01.03.2006

Рамалах Палестинската самоуправа денеска прогласи вонредна состојба, надевајќи се дека на тој начин ќе го спречи ширењето на вирусот на птичјиот грип H5N1 , кој минатата недела беше откриен и на територијата на Израел, соопштија палестинските власти. „Владата прогласи вонредна состојба.

Пронајдена вакцина, но луѓето ќе причекаат!

Вечер Прес - 01.03.2006

Вирусот на птичјиот грип Х5Н1, од кого досега починаа над 90 лица на азискиот континент, како да станува нова закана за човештвото, иако досега таа објективно е мала и таква ќе остане се додека вирусот се пренесува врз луѓето само преку контакт со заразена птица и не е пренослив од човек на човек.

Потврден птичјиот грип во Авганистан

Макфакс - 01.03.2006

Кабул Потврдено е присуството на птичјиот грип по испитувањето на примероци од мртви птици во Авганистан, а постои опасност вирусот да е од смртоносниот тип H5N1, соопштија денеска авганистанските власти. Вирусот H5 е откриен кај мртви птици во источната провинција Кунар, на границата со Пакистан, ...

Птичјиот грип потврден во пет региони во јужна Русија

Макфакс - 01.03.2006

Москва Заразата со птичји грип, досега, е потврдена во пет региони поради што се уништени повеќе од 700 илјади парчиња живина, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации. Последниот случај на птичји грип е откриен во Чеченија, кај угинати лебеди, но се уште не е забележано масовно ...

Три нови случаи на H5N1 во Словенија

Макфакс - 01.03.2006

Љубљана Словенија синоќа потврди три нови случаи на смртоносниот птичји грип од типот Х5Н1 откриен кај диви лебеди. „Мртвите лебеди се пронајдени во близина на Марибор, каде веќе има воведено строги мерки на претпазливост и затоа не планираме воведување други“, изјави директорот на словенечката ...

Во Романија ново жариште на птичји грип

А1 - 28.02.2006

Романија денеска потврди присуство на вирусот Х5Н1 на птичјиот грип кај домашни птици во селото Топалу, во југоисточниот дел на земјата. Романското Министерство за земјоделство соопшти дека птичји грип е регистриран во вкупно 35 села, од појавата на заразата во октовмри минатата година.

Вирусот Х5Н1 откриен и во Шведска

А1 - 28.02.2006

Вирусот Х5Н1 на птичјиот грип денеска е откриен кај две угинати диви птици на југот од Шведска, соопштија властите во Стокхолм. Птиците биле најдени во близина на градот Оскарсхамн на југоисточното крајбрежје на Балтичкото Море, околу 250 километри јужно од Стокхолм.

Во Македонија уште една мртва птица

Време - 28.02.2006

ВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА Мртва барска чапја била пронајдена во еден од одводните канали во близина на селото Добрушево, на неколку километри од Битола, информираат од Ветеринарниот институт. Ветеринарите ја отстраниле птицата и испратиле примероци за испитување во Скопје, а резултатите се ...

Најдена пцовисна чапја во битолско

Вест - 28.02.2006

ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВЕТЕРИНАРИТЕ СПИЈАТ ВО ЧЕВЛИ Пцовисана барска чапја завчера вечерата е пронајдена во одводен канал во битолското село Добрушево. Птицата ја пронашле деца кои си играле во близина на каналот. Тие веднаш го известиле локалниот ловџија, кој повикал ветеринарна екипа за да ...

Птичји грип од видот H5N1 откриен и во Шведска

Канал5 - 28.02.2006

Вирусот H5N1 на птичјиот грип денеска е откриен кај две угинати диви птици на југот од Шведска, соопштија властите во Стокхолм. Стокхолм, 28 февруари (МИА) - Вирусот H5N1 на птичјиот грип денеска е откриен кај две угинати диви птици на југот од Шведска, соопштија властите во Стокхолм.

Хоспитализираниот Романец нема птичји грип

А1 - 27.02.2006

Тестовите извршени врз младиот Романец, кој вчера беше примен во инфективната болница во Букурешт со симптоми на птичји грип, се негативни. „Пациентот нема птичји грип, тестовите се негативни“, изјави синоќа директорот на букурештката инфективна болница Адријан Стрејну-Церчел.

Пронајдена мртва чапја кај Добрушево

А1 - 27.02.2006

Мртва барска чапја е пронајдена во еден од одводните канали во близина на селото Добрушево, неколку километри од Битола, јавува дописникот на Макфакс. Ветеринарни екипи синоќа ја отстраниле мршата во специјални вреќи, а примероци се испратени во Ветеринарниот институт во Скопје.

Нови случаи на птичји грип во Русија, Грузија и Нигер

А1 - 27.02.2006

Резултатите од анализите на примероци од угинатата живина во два реона во околината на рускиот град Ставропол, покажаа дека птиците биле инфицирани со вирусот Х5Н1на птичји грип, соопшти денеска главниот ветеринарен инспектор на Ставрополскиот Регион, Виктор Парахин.

Цел викенд мртва птица лежи пред „Бристол“

Време - 27.02.2006

Мртва птица лежи два дена пред хотелот „Бристол“. Никој не доаѓа да ја земе, а околните жители, како и вработените од хотелот, не сакаат да ја допрат оти стравуваат дека можеби таа птица е заразена од птичјиот грип. Тие прво пријавиле во Ветеринарната болница.

Швајцарија со прв ...

Вест - 27.02.2006

Женева, 27 февруари, - Швајцарија го забележи првиот случај на птичји грип, но потребно е дополнително тестирање за да се утврди дали станува збор за смртоносниот вид на вирусот Х5Н1, објави сојузната ветеринарна канцеларија "Имаме прв случај на птичји грип. Тоа е вирусот Х5.

Со птичјиот грип ќе живееме и во наредните години

Време - 27.02.2006

МИНИСТЕРОТ ДИМОВ НАЈАВУВА Ние во Македонија сакаме да се избегне паниката, но населението да ја добие вистинската информација. Треба да се знае дека болеста птичји грип се уште е во третиот стадиум, но и дека тоа ќе биде нешто со кое ќе живееме и во наредните неколку години, а не само два-три ...

Птичјиот грип тлее низ цела Европа

Утрински - 27.02.2006

Во Европа секојдневно нови жаришта на птичји грип. Фармацевтската индустрија на штрек за смртоносниот вирус Во Европа последните неколку дена се појавија нови жаришта на птичјиот грип. Во Словенија и во Хрватска е регистриран втор случај на диви птици заболени од смртоносниот Х5Н2 вирусот.

Птичји грип и политика

Дневник - 27.02.2006

ДИПЛОМАТСКИ БЕЛЕЖНИК Македонија од ЕУ не треба да очекува сериозна помош доколку во земјата се појави овој вирус. Ќе мора да се потпрете на домашните експерти и ресурси кога болеста ќе се појави и во вашата земја. Европската Унија одлучи да примени редица мерки со кои ширењето на вирусот, доколку ...

Прв случај на птичји грип во Швајцарија

Дневник - 27.02.2006

епидемиЈа Швајцарија вчера го потврди првиот случај на птичји грип на земјата, јави Ројтерс. - Ова е прв случај на птичји грип во Швајцарија. Поттипот на вирусот сега ќе треба да го утврди референтната лабораторија во Вејбриџ - рече Кети Марет, портпаролка на Федералната ветеринарна управа.

Нови случаи на птичји грип во Русија, Грузија и Нигер

Канал5 - 27.02.2006

Резултатите од анализите на примероци од угинатата живина во два реона во околината на рускиот град Ставропол, покажаа дека птиците биле инфицирани со вирусот Х5Н1на птичји грип, соопшти денеска главниот ветеринарен инспектор на Ставрополскиот Регион, Виктор Парахин.