TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се повеќе Американци против втор мандат на Буш

А1 - 24.08.2003

Се поголем број Американци не би поддржале уште еден мандат на актуелниот претседател Џорџ Буш, стравувајќи американските сили да не останат заглавени во Ирак, објавува денеска „Њузвик“. Ова е прва анкета во која се наведува дека 49% од испитаниците не би гласале по втор пат за Буш, наспроти 44% ...

Во Ирак досега загинаа 64 американски војници

Утрински - 23.08.2003

Во секојдневните судири и напади БАГДАД - Еден американски маринец е убиен во акцијата која била спроведена јужно од Багдад, изјави вчера портпаролот на армијата, додека Вашингтон и понатаму врши дипломатски притисок да се испратат повеќе војници и од други земји.

Советот за безбедност се подели околу Ирак

Утрински - 23.08.2003

Обединети нации Франција соопшти дека ако САД сакаат другите држави да испраќаат војници во Ирак, треба да разменуваат доверливи информации и да имаат заедничка воена команда. "Поделбата на товарот и одговорноста во светот на еднаквите и суверените земји значи размена на информациите и ...

ОН не даваат сини шлемови и пари за да го смират Ирак

Дневник - 23.08.2003

ПАУЕЛ ВО МИСИЈА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Франција, Русија и Германија го отфрлија барањето на Пауел, со оцена дека ОН мора да добие поголема улога во управувањето на Ирак Американскиот државен секретар Колин Пауел побара од Обединетите нации да помогнат во обновата на Ирак испраќајќи сини шлемови во ...

Заробени двајца американски војници во Ирак

А1 - 22.08.2003

Непозната група тврди дека заробила двајца американски војници во Ирак. Претставник на Пентагон ги демантираше информациите. Либанската сателитска телевизја „Ел-Би-Си-Ај“ објави денеска коминике на групата и снимка од личните карти на двајцата Американци.

Светската банка и ММФ се повлекуваат од Ирак

Вест - 22.08.2003

Њујорк, 22 август - Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го известиле американското Министерство за финансии дека го повлекуваат својот персонал од Ирак, по нападот врз седиштето на ОН во Багдад, изјави неименуван официјален претставник на Вашингтон.

И американската армија и ОН згрешиле во Ирак

Утрински - 22.08.2003

Изјава на Кофи Анан ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, во средата вети дека ОН нема да бидат истерани од Ирак и нагласи дека САД беа одговорни за безбедноста околу сега уништеното седиште на ОН во Багдад.

Бројот на загинати во зградата на ОН во Багдад се искачи на 23

Утрински - 22.08.2003

Во текот на ноќта под урнатините беа пронајдени нови тела БАГДАД - Спасувачите извлекоа уште најмалку три тела од урнатините на уништеното седиште на ОН во Багдад, со што бројот на загинатите во осомничениот самоубиствен напад се зголеми на најмалку 23.

Американците биле предупредени дека се подготвува напад со камион бомба

Дневник - 22.08.2003

ПРЕД КРВАВИОТ НАПАД ВРЗ СЕДИШТЕТО НА ОН ВО ИРАК Ирачки политичари лојални на САД пет дена пред терористичкиот масакр во Багдад имале информации дека се подготвува напад со камион-бомба и за тоа ги известиле Американците Ирачкиот политичар лојален на САД Ахмад Чалаби изјави дека на 14 август ...

Седиштето на ОН во Багдад го урнала непозната група

А1 - 21.08.2003

Спасувачките екипи денеска извлекоа уште најмалку три мртви тела од урнатините на седиштето на Обединетите нации во Багдад, со што бројот на починати во бомбашкиот напад се зголеми на најмалку 23 лица. Oдговорноста за нападот ја презеде извесен Вооружениот фронтален одред на Втората армија на ...

ОН останува во Ирак и покрај 20-те загинати во нападот во Багдад

Вест - 21.08.2003

БАГДАД, 21 август (АП) - Агенти на ФБИ вчера бараа траги во урнатините на бомбардираниот комплекс на ОН во Багдад, а генералниот секретар на ОН Кофи Анан рече дека смртоносниот напад кој го уби неговиот највисок пратеник во Ирак нема да ги истера меѓународните сили од земјата.

Пекол во Штабот на ОН во Багдад

Утрински - 21.08.2003

БАГДАД - Се верува дека многу тела сў уште се наоѓаат закопани во остатоците на урнатата зграда на штабот на ОН во Багдад, откако камион-бомба експлодираше пред седиштето, при што загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои и специјалниот претставник на ОН, Серџо Виеира де Мело.

Американците го бараат патот за дома од Ирак

Утрински - 21.08.2003

Воената интервенција се претвора во ноќна мора за администрацијата на Буш Кога ја почна интервенцијата во Ирак, претседателот на САД, Џорџ Буш, изјави дека Американците ќе останат толку долго колку што ќе биде потребно - и ниту ден повеќе.

Анан:ОН остануваат во Ирак

Утрински - 21.08.2003

НАЈАВА СТОКХОЛМ - Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, изјави дека персоналот на ОН ќе остане во Ирак и покрај големата експлозија во седиштето на ова светско тело во Багдад. "Ние ќе ја продолжиме нашата работа. Ќе истраеме, имаме работа што треба да ја сработиме.

Светот е шокиран по бомбашкиот напад во Багдад

Утрински - 21.08.2003

По нападот без преседан во ирачкото седиште на Обединетите нации ЏАКАРТА - Светот е шокиран и жали за загубата на еден од неговите најпочитувани дипломати и ги повика ОН да не дозволат бомбашкиот напад, кој е без преседан врз ирачкото седиште на ОН, да ги одврати од мисијата.

Огромен камион-бомба ја урна хуманата мисија на ОН во Ирак

Дневник - 21.08.2003

ПО КРВАВИОТ НАПАД ВО БАГДАД Најмалку 20 лица се убиени, а стотина повредени по завчерашниот крвав напад врз претставништвото ОН во Ирак, во кој загина и високиот претставник на ОН Серџо Виеира де Мело Најмалку 20 лица, меѓу нив и високиот претставник на Обединетите нации во Ирак, Серџо Виеира де ...

Експлодира автомобил-бомба во седиштето на ОН во Багдад

А1 - 20.08.2003

Најмалку 24 лица загинаа, меѓу кои специјалниот пратеник на Обединетите нации во Ирак, Серџо Виеира де Мело, а околу 100 се повредени во вчерашниот напад со автомобил-бомба врз седиштето на Светската организација во Багдад. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Автомобил бомба го разнесе седиштето на ОН во Багдад

Вест - 20.08.2003

Багдад, 20 август (АП) - Силна автомобил-бомба вчера го разнесе седиштето на Обединетите нации во Ирак, сместено во багдадскиот хотел "Канал", при што загинаа најмалку тројца а многумина се повредени. Меѓу.... Багдад, 20 август (АП) - Силна автомобил-бомба вчера го разнесе седиштето на Обединетите ...

Бомбашки напад врз седиштето на ОН во Багдад - тројца загинати

Утрински - 20.08.2003

Терористички напад врз претставништвото на светската организација во Ирак БАГДАД - Најмалку три лица загинаа, а десетици беа повредени вчера во експлозија на автомобил бомба во седиштето на ОН во Багдад, јавија очевидци. Тие истакнаа дека забележале тројца загинати во зградата.

Автомобил-бомба го разурна штабот на ОН во Ирак

Дневник - 20.08.2003

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БАГДАД Силна експлозија на автомобил-бомба вчера попладне го разурна штабот на Обединетите нации во Ирак и предизвика "големи човечки загуби", јави Ројтерс. Според првите информации - 15 минути по терористичкиот напад, во хотелот "Канал" во Багдад загинале најмалку три лица, а ...

ПРВ ПАТ ВО 58 ГОДИНИ

Канал5 - 20.08.2003

Комитетот за безбедност на вработените во Обединетите Нации побара од Кофи Анан да ги суспендира сите операции во Ирак и да го повлече персоналот, додека не се преземат мерки за подобрување на безбедноста. Прв пат во историјата на светската органи Комитетот за безбедност на вработените во ...