TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опозицијата со доверба во државните органи

Утрински - 30.07.2005

Премиерот Бучковски задоволен по серијата средби со лидерите Неприфатлив предлогот за Бадинтерово мнозинство во избор на претседател на Собранието Од сите забелешки што му ги упатија опозициските лидери на премиерот Бучковски во врска со измените на Уставот, Владата одговори негативно само за ...

Жешко лето со големи пресврти на политичката сцена

Утрински - 30.07.2005

Даночната пирамида и безбедносните проблеми ја вжештија температурата во политичкиот живот во државава Бучковски поблиску до ВМРО-Народна, а ВМРО-ДПМНЕ до Црвенковски БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Даночната пирамида и безбедносните проблеми ја кренаа температурата на политичката сцена во државава.

Новиот устав во октомври

Вечер Прес - 30.07.2005

Владата на Република Македонија не го прифаќа предлогот на ПДП претседателот на Собранието и државниот обвинител да се избира според бадентеровото мнозинство. За цензусот на изборот за претседател на државата и за барањата на опозиционите партии претседателот на Врховниот суд и министерот за правда ...

Средбите на Бучковски завршија со спектар од барања и пазарења

А1 - 29.07.2005

Претседател на државата што се избира во собранието, со потпретседател албанец. Бадинтерово мнозинство при изборот на парламентарниот спикер, со што и тој би требало да биде албанец. Мнозински изборен систем, во кој ќе биде забрането коалицирање меѓу партиите.

ПДП бара спикерот и државниот обвинител да бидат Албанци

Време - 29.07.2005

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ Диана Младеновска ПДП ќе ги поддржи уставните измени со кои треба да се реформира судството, но бара во нив да влезе механизам со кој за претседател на Собранието и за врховен државен обвинител ќе може да се избере Албанец, а принципот на правична застапеност до крај да биде ...

ПДП бара претседателот на парламентот да биде Албанец

Утрински - 29.07.2005

Премиерот Бучковски ги заврши консултациите со лидерите на опозицијата Опозициските партии се спротивставија на идејата да се укине цензусот на излезени гласачи при изборот на претседател на државата Соња Крамарска Со одвоените средби со лидерите на Партијата за демократски просперитет, Абдулади ...

Вејсели од ПДП бара претседател на Собранието да биде Албанец

Дневник - 29.07.2005

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ Лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, побара од премиерот Владо Бучковски да се воспостави практика претседател на Собранието да биде Албанец. По нивната вчерашна средба, Вејсели рече дека со тоа ќе се обезбеди една од трите најважни државни функции да биде пополнета со претставник од ...

Владата е против барањето Албанец да е претседател на Собранието

Канал5 - 29.07.2005

Барањето на Партијата за Демократски просперитет (ПДП) претседателот на Собранието на Република Македонија да биде Албанец, а државниот обвинител да се избира според принципот на Бадинтер се неприфатливи за владата, соопшти на денешниот брифинг советникот за јавност на премиерот Владо Бучковски.

ПДП бара Бадинтерово мнозинство за спикер

Вечер Прес - 29.07.2005

Премиерот Владо Бучковски вчера ги заврши серијата разговори со претседателите на политичките партии за промена на Уставот на Република македонија во делот на судството, парничната постапка и легализацијата на прислушувањето.

ПДП бара спикер Албанец

А1 - 28.07.2005

Претседателот на собранието да биде Албанец. Со ова барање истапи денеска ПДП на консултациите со премиерот Бучковски околу предвидените уставни измени. Тоа би се направило така што при изборот на претседател на собранието би се барало да се гласа со бадентерово мнозинство, односно при изборот да ...

Јаневска му се налути на Бучковски зашто не била прва

Време - 28.07.2005

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ Премиерот Владо Бучковски завчера се сретна со в.д. претседателката на ВМРО-НП Весна Јаневска, која протестирала зашто тој не се сретнал прво со неа како лидерка на најголемата опозициска партија во парламентот.

Андов има доверба во државните органи за Кондово

Утрински - 28.07.2005

Продолжува серијалот разговори меѓу премиерот и опозицијата Андов вели дека не е џандар за да апси во Кондово каде што безбедносната ситуација не ја одредуваат само меѓуетничките проблеми Премиерот Бучковски ја продолжи серијата разговори со опозициските партии во врска со измените на Уставот во ...

До двотретинското мнозинство преку ВМРО-Народна

Дневник - 28.07.2005

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ВМРО-Народна партија ќе ги поддржи уставните промени иако постојат разлики меѓу ставовите за некои детали. Се договоривме да дојдеме до заеднички став преку работните тела во Собранието, рече партиската в.д.

СДСМ не дава потпис за досието "Бучковски"

Дневник - 28.07.2005

ЌЕ ИМА ЛИ АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЗДЕЛКИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ ВМРО-ДПМНЕ не може да ги собере потребните 20 пратенички потписи за да се формира анкетна комисија што би ги испитала зделките што ги склучувал премиерот Владо Бучковски кога беше министер за одбрана.

Андов бара претседателот да го бира собранието

А1 - 27.07.2005

Премиерот Бучковски ги привршува консултациите со опозицијата околу уставните измени. Денеска средба со либералот Андов, кој пак се појави со старо-новото барање, Претседателот на државата да го бира собранието. Во исто време, неговите ингеренции да бидат драстично намалени.

За Арбен Џафери поканата е цинична

Време - 27.07.2005

ДПА НЕ ОДИ КАЈ БУЧКОВСКИ Има многу причини поради кои Вашата покана можеме да ја оцениме како цинична, но сепак Ви изразуваме почит за преземената иницијатива. Вака го почнува своето писмо Арбен Џафери, претседателот на Демократската партија на Албанците, упатено до премиерот Владо Бучковски за ...

Македонија во ЕУ, но не по цена на името

Време - 27.07.2005

БУЧКОВСКИ ПРЕД СРЕДНОШКОЛЦИТЕ Македонија географски и припаѓа на Европа и местото и е во Европската Унија, но никако и никогаш по цена на промена на уставното име, изјави премиерот Владо Бучковски, одговарајќи на директни прашања од средношколците-учесници на младинската летна школа „Сино небо“, ...

На Бранко му останаа само Игор Шема и Савова

Вест - 27.07.2005

САМОПРОГЛАСЕНИ БУЧКОВИСТИ ПРАВАТ ПРОБЛЕМИ ВО СДСМ Партиски извори тврдат дека поранешниот лидер Бранко Црвенковски, актуелниот шеф на државата, не е тој што прави проблеми во СДСМ, бидејќи сите му свртеле грб кога Владо Бучковски станал новиот лидер, а проблем Потреси во СДСМ, барем на релација ...

Бучковски побарал Груевски да не го удира по честа

Време - 27.07.2005

СЕ КОНСУЛТИРА СО ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ Премиерот Владо Бучковски завчера од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски побарал да престанат дисквалификациите и напади против него и против другите политички личности што речиси секојдневно ги врши партијата на Груевски.

Нема цена за промена на уставното име

Утрински - 27.07.2005

БУЧКОВСКИ КруШево - "Македонија географски Ј припаѓа на Европа и таму Ј е местото. Нема цена што не сме подготвени да ја платиме за да стигнеме таму, но никако и никогаш по цена на промена на уставното имееи, изјави премиерот Владо Бучковски, на вчерашниот прв ден од десетдневната Младинска летна ...

Груевски останува тврд орев за Бучковски

Утрински - 27.07.2005

Премиерот на консултации со опозициските партии. ВМРО-Народна лута на Бучковски оти ја повикал прво ВМРО-ДПМНЕ Опозицијата бара од премиерот решителна акција во Кондово Соња Крамарска Премиерот Бучковски и вчера ја продолжи серијата разговори со лидерите на опозициските партии околу клучните ...

Бучковски и Груевски не ги закопаа воените секири

Дневник - 27.07.2005

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ Премиерот Владо Бучковски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не успеаја да ги приближат ставовите за безбедносната состојба и за уставните промени и да ја спуштат топката по повеќедневните меѓусебни престрелки.

Нема цена за уставното име!

Вечер Прес - 27.07.2005

"Македонија географски и припаѓа на Европа, таму и е местото и нема цена што не сме подготвени да ја платиме за да стигнеме таму, но никако и никогаш по цена на промена на уставното име", изјави премиерот Владо Бучковски, одговарајќи на директни прашања од средношколците-учесници на младинската ...

Јаневска: Ние сме најголеми во опозицијата

Вечер Прес - 27.07.2005

Претседателот на ВМРО-Народна Весна Јаневска протестирала кај претседателот на Владата Владо Бучковски зошто не ги испочитувале како најголема опозициона партија и партиските разговори ги почнал со ВМРО-ДПМНЕ. Покрај ова Јаневска на вчерашната средба со премиерот ги изнела партиските ставови во ...

ВМРО Народна ја условува поддршката на уставните измени

А1 - 26.07.2005

Премеирот ја продолжува серијата средби со опозицијата. Денеска со Весна Јаневска од ВМРО-Народна. Нејзината партија ја условува поддршката на уставните измени со повлекување на амандманот, со кој се брише цензусот во вториот круг за избор на Претседател.

Бучковски ќе бара поддршка за озаконување на прислушувањето

Време - 26.07.2005

НА ПОЧНАТИТЕ МЕЃУПАРТИСКИ РАЗГОВОРИ Диана Младеновска Предлог - законот за следење на комуникациите е една од темите што премиерот Владо Бучковски сака да ги отвори во текот на разговорите со лидерите на опозициските партии во парламентот.

Груевски прв му отиде на Бучковски

Време - 26.07.2005

ПОЧНАА ЛИДЕРСКИТЕ СРЕДБИ Премиерот Владо Бучковски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера требаше да го почнат новиот циклус на меѓупартиски преговори и консултации за предложените измени на Уставот, безбедносната состојба во земјава и донесување на долгонајавуваниот закон за следење на ...

Бучковски во лов на гласови

Утрински - 26.07.2005

Почнаа политичките консултации за измени на Уставот за да се обезбеди двотретинско мнозинство За уставни измени се неопходни гласовите на пратеници од опозицијата Со вчерашните политички консултации кои започнаа со средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, премиерот Владо ...

Џафери му откажа на Бучковски

Дневник - 26.07.2005

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ Лидерот на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, вчера официјално соопшти дека од политички причини нема да присуствува на средбата со премиерот Владо Бучковски закажана за в петок. "Нема да присуствувам, бидејќи Вие не научивте да ги прифаќате барањата и пораките на ...

Ќе се прислушкуваат терористи, а не партии

Вечер Прес - 26.07.2005

Обезбедувањето широк консензус на парламентарните партии за уставните промени и особено двотретинска поддршка на законите за следење на електронските комуникации и за парнична постапка е главниот мотив за најновата серија средби на премиерот Владо Бучковски со лидерите на партиите од парламентот, ...

Бонева чека потписи

Вечер Прес - 26.07.2005

Пратениците од независната пратеничка група на Марјан Ѓорчев се единствените пратеници кои вчера дадоа поддршка на инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ за формирање собраниска анкетна комисија за испитување на јавните набавки на премиерот Владо Бучковски, додека бил министер за одбрана.

Заврши средбата Бучковски - Груевски

А1 - 25.07.2005

Заврши средбата помеѓу Владо Бучковски и Никола Груевски, по острата канонада на меѓусебни обвинувања и препукувања што се случија минатата недела, кога власта беше обвинета за директно преговарање со терористите во Кондово, а опозицијата беше обвинета, дека поради нејзините јавни настапи не може ...

Груевски со „не“ за уставните измени, ДПА се премислува

Време - 25.07.2005

ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЛИДЕРСКИТЕ СРЕДБИ Само опозициската Демократска партија на Албанците не потврдила дека ќе учествува на лидерските средби меѓу премиерот Владо Бучковски со челниците на водечките опозициски партии. Разговорите почнуваат денеска напладне меѓу Бучковски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола ...

Бучковски и Груевски ќе се разубедуваат за безбедноста

Дневник - 25.07.2005

ПРЕМИЕРОТ НА СЕРИЈА СРЕДБИ Премиерот Владо Бучковски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ќе разговараат за безбедносната состојба во земјава и за уставните промени. Тоа е прва во серијата најавени средби што Бучковски ќе ги има со лидерите на парламентарните партии.