Во Македонија мене ми се случува она што во Србија му се случува на Пахомије, изјавил Јован Вранишковски на прес конференцијата што вчера се одржала во манастирот Прохор Пчињски. Владиката Пахомије во Србија е обвинет за педофилија.
Македонската делегација на чело со претседателот на Собранието Никола Поповски и министрите за надворешни работи Илинка Митрева и за култура Благоја Стефановски денеска наместо во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, за првпат откако се чествува историскиот датум на Првото заседание на АСНОМ, положи ...
Белградските електронски медиуми денеска детално известуваат дека македонскиот национален празник Илинден е прославен на караулата „Прохор Пчински“, наместо во просториите во истоимениот манастир. Според нивните оценки, на прославата покрај високите државни делегации од двете земји, присуствувале и ...
„Не очекувам инциденти на `Прохор Пчински` и судири со националисти како што беше кога Шешељ ги извади спомен плочите“, изјави за А1 Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес. Тој смета дека македонските власти треба да го уапсат Зоран Вранишковски, а доколку утре тој е во Србија да ...
Српскиот епископ Иринеј денеска повтори дека Српската православна црква нема да и дозволи на македонската делегација да го одбележи Илинден во просториите на манастирот „Прохор Пчински“. Тој спомена дека одлуката може да се промени само доколку од македонската Владата „добие официјална потврда дека ...
Поставувањето на спомен обележјата во манастирот „Прохор Пчински“ се дел од обврската што треба да ја исполни Србија кон Македонија превидена во Договорот за разграничување меѓу двете држави. Властите во Белград ова не го испочитуваа, иако преземаа обврска.
Во манастирот „Прохор Пчински“ ништо не покажува дека утре ќе се слави државноста на ова историско место за Македонците. Спомен плочите од АСНОМ ги нема. Останаа само празните sидови и клинците каде требаше да се закачат овие историски обележја.
По најавите дека ќе биде проблематично утрешното чествување на македонската делегација на споменикот на АСНОМ СОЊА КРАМАРСКА Вчерашниот ден пред утрешната посета на македонска државна делегација на манастирот "Прохор Пчињски" измина во интензивни консултации на нашиот амбасадор во Белград, Виктор ...
Изјава на министерот за култура, Благоја Стефановски "Никој нема право да ни забрани да чествуваме за празникот Илинден во манастирот "Прохор Пчињски". Ваквото однесување претставува враќање на темниот вилает на Балканот", рече министерот за култура, Благоја Стефановски, запрашан за најновите ...
и покраЈ противењето на спц Српската влада ги поддржа намерите на Македонија да ја прослави 100-годишнината од Илинден и годишнината од АСНОМ во манастирот "Св. Прохор Пчињски" и нема разбирање за условувањата од Српската православна црква упатени до Владата во Скопје.
Македонска делегација утре дефинитивно заминува за Прохор Пчински. Илинден најверојатно ќе се чествува без вратени плочи од АСНОМ, но затоа, и покрај неизвесностите, во манастирот на дочек ќе дојде официјална српска делегација.
Најважните белградски весници на првите страници ги пренесуваат вчерашните заканувачки зборови на Иринеј, дека црквата нема да дозволи македонската државна делегација да го одбележи празникот Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“.
Уште никој не знае ќе се слави ли или не Илинден во Прохор Пчињски со плочите од АСНОМ. Иако за денеска беше најавен состанок на македонскиот амбасадор Виктор Димовски со срспскиот шеф на дипломатијата Горан Свилановиќ на кој требаше да се договори како ќе се слави во Пчињски, тоа не се случи.
Односот на СПЦ и нејзиното негирање на политичкиот договор за прослава на македонскиот државен празник на Прохор Пчињски е однос во кој од националистички позиции се спори позицијата на македонскиот народ, црква и држава. Таквиот однос нема битно да ги влоши меѓудржавните односи на Македонија и ...
СПЦ останува на ставот да не дозволи поставување на плочите и прослава на Илинден во „Прохор Пчињски" Српската православна црква нема да и дозволи на македонската државна делегација да чествува на Илинден во манастирот "Св. Прохор Пчињски" доколку македонската Влада не престане со ?незаконски и ...
Писмо до амбасадорката на СиЦГ во Македонија Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Теута Арифи, вчера упати писмо до амбасадорот на Србија и Црна Гора во Македонија, Бисерка Матиќ-Спасоевиќ, по повод состојбата со враќањето на спомен-обележјата од Првото заседание на АСНОМ ...
НОВИ ЗАКАНИ ОД БЕЛГРАД ПРЕД ИЛИНДЕН Не одговараме на ултиматумите од СПЦ, туку се подготвуваме за прослава, велат македонските власти Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека нема да и дозволи на македонската државна делегација да го чествува Илинден во манастирот "Св.
Коментар - Катерина Блажевска Само ден пред прославата на Илинден, Српската православна црква го услови своето гостопримство во "Св. Прохор Пчињски" со скандалозен куп барања, кои го надминуваат дури и генеричкото значење на поимот ултиматум.
Претседателот на собранието Никола Поповски останува на ставот: „Ќе ја предводам делегацијата во Прохор Пчињски, а не сакам да ги коментирам одлуките на СПЦ“. Тој воопшто не сакаше да ги коментира ставовите на Иринеј и неговите пораки дека прослава во Пчињски нема да има.
Владиката Иринеј изјави дека СПЦ нема да дозволи македонската делегација да го одбелжи Илинден во манастирот Прохор Пчињски, ниту плочите да се вратат во манастирскиот комплекс. СПЦ оваа одлука може да ја промени само доколку македонската влада писмено вети, дека нема дискриминаторски да се ...
Политиката на ултиматуми и непризнавање на СПЦ кон МПЦ и последниот понижувачки спор околу прославата на македонската државна делегација на Илинден во Прохор Пчињски, доведе до една максимално напната состојба која се заканува да ги влоши и меѓудржавните односи.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН Ако не бидат вратени спомен-плочите, чествувањето ќе се одвива на бина, која ќе биде подигната пред манастирската чешма Претседателот на Собранието Никола Поповски одлучил да ја предводи државната делегација која на 2 август треба да положи цвеќе во манастирот "Св.
Претседателот на Собранието Никола Поповски денеска потврди дека ќе ја предводи државната делегација на чествување на Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, на 2 август, каде што ќе положат цвеќе, независно дали плочите ќе бидат вратени во манастирот или не.
ВЛАДА >„Решавањето на спорот со спомен-плочите во манастирот "Св. Прохор Пчињски" сега се наоѓа на ниво на заводите за заштита на споменици на Македонија и на Србија", изјави вчера портпаролот на македонската Влада, Сашо Чолаковски.
Дипломатска комуникација меѓу Белград и Скопје Комуникацијата меѓу македонската и српската влада се движи во посакуваната насока и оптимисти сме дека сто години од државноста на 2 Август во манастирот ?Прохор Пчињски" ќе биде достојно одбележана, изјави вчера за ?Утрински весник", ...
ВРАЌАЊЕ НА ПЛОЧИТЕ ВО "ПРОХОР ПЧИЊСКИ" Српската влада и Српската православна црква се уште немаат постигнато договор за поставувањето на спомен-плочите во манастирот "Св. Прохор Пчињски", а македонската влада се уште се повикува на ветувањето од српскиот премиер Зоран Живковиќ дека за ...
Јован Ристов, директор на Заводот за заштита на спомениците на Македонија, за прославата на Илинден КАТИЦА ЧАНГОВА Денеска ќе се знае дали во манастирот "Прохор Пчињски" ќе бидат вратени спомен-плочите кои се сведоштво за одржувањето на заседанието на АСНОМ во 1944 година, а со тоа и дали ...
СПОРЕД НИШКИОТ ВЛАДИКА ИРИНЕЈ Манастирскиот комплекс "Прохор Пчињски" е во надлежност на Српската православна црква и таа ќе реши кога во манастирот ќе бидат вратени трите спомен-плочи од Првото заседание на АСНОМ, изјавил нишкиот владика Иринеј по средбата со претставници на српскиот Завод за ...