ПО СРЕДБАТА СО МИНИСТЕРОТ ПОПОВСКИ, ВОЕНИТЕ ПИЛОТИ ДЕЛУМНО ЗАДОВОЛНИ Заостанатата хранарина ќе им биде исплатена на пилотите, а за решавање на станбените проблеми, договороено е да се формира комисија која ќе работи на распределба на нераспределените станови и ќе има за "Министерот за одбрана Владо ...
По десетдневни протести за повисоки плати БЕЛГРАД - Српските работници во железницата во четвртокот го прекинаа десетдневниот штрајк, откако постигнаа договор со владата за зголемување на платата за четири отсто, соопштија синдикалните лидери.
Заврши штрајкот на железничарите во Србија. 29-те илјади вработени во српската железница од владата во Белград издејствуваа зголемување на платите за три проценти, што се толкува како своевиден компромис бидејќи штрајкувачите бараа 5 процентно поголеми плати.
По средбата со министерот за одбрана Штрајкот на летачкиот и на техничкиот кадар на Военото воздухопловство од ВП 1969 во касарната во Петровец од вчера привремено е ставен во мирување, бидејќи со Законот за одбрана е предвидено да трае најмногу три дена.
Прекинат штрајкот во Виница По речиси едномесечен штрајк, раководството на "Винка" ги прифати сите барања на незадоволните работници, по што беше прекинат штрајкот. Ванчо Димитровски, претседател на Синдикалната организација, истакнува дека е задоволен од крајниот исход на долгиот и мачен протест ...
За денешната втора по ред средба со министерот за одбрана Владо Поповски, штрајкувачите од авио бригадата во Петровец изјавија дека била поконкретна, а министерот им дал ветување дека ќе се заложи за исполнување на нивните барања.
Штрајкот на железничарите во Србија продолжува Штрајкот во "Југословенски железници", кој трае веќе десет дена, катастрофално се одразува и врз Македонија, бидејќи големи количества најразлична стока стојат "заробени" на пругите во СРЈ.
И вчера продолжи штрајкот во ВП 1969 во Петровец Скопје - Воените пилоти вчера продолжија да штрајкуваат, собирајќи се повторно пред влезот на касарната "Страшо Пинџур" во Петровец, но и извршувајќи ги неопходните активности на работното место заради зачувување на безбедноста на земјава.
ШТРАЈК НА ВОЗДУХОПЛОВНАТА БРИГАДА Штрајкот во воздухопловната бригада на АРМ што во согласност со Законот за одбрана дозволува да не се работи само три дена, вчера мораше да биде прекинат, информираше Штрајкувачкиот одбор. Одлучно е штрајкот да продолжи наредната недела, а денеска таа одлука ќе му ...
Поради законските ограничувања, по три дена заврши штрајкот на воените пилоти и останатите припадници на воздухопловната бригада. Но според синдикалците, поднесено е барање за нов тридневен штрајк со можност тој да биде подржан и со учество на други единици на арм.
ШТРАЈКОТ НА ПИЛОТИТЕ ВО АРМ ЗАВРШУВА ДЕНЕС Ако утрешниот одговор од министерот на нивните барања биде негативен, штрајкувачкиот одбор најавува дека за пет дена ќе продолжат со нови три дена штрајк, како што им дозволува Законот за одбрана "Нашиот штрајк официјално завршува денес, како што ...
ШТРАЈК ВО ВОЕНАТА АВИЈАЦИЈА Бидејќи во преговорите со министерот за одбрана не издејствуваа поголема плата, ниту пак им беше задоволено некое од другите барања, пилотите продолжија да штрајкуваат пред капијата на касарната "Страшо Пинџур" во Петровец.
Штрајкот на железничарите во Србија направи застој во снабдувањето на македонската индустрија со суровини. После шест дневно задржување, денеска еден воз со суровини е пропуштен од Србија во Македонија. 18 вагони со винил хлорид мономил шест дена чекаа во селото Ристовац, близу Македонија, а веќе ...
Припадниците на воздухопловната бригада на Армијата на Македонија денеска го продолжија штрајкот започнат во понеделник. Воените пилоти и техничкиот персонал бараат зголемување на вредноста на бодот или негово изедначување со сите припадници на АРМ, потпишување на колективен договор, изработка на ...
ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА АРМ ВО ШТРАЈК "За воената криза бевме жива мета, се враќавме со изрешетани хеликоптери, и никој, ни тогаш ни сега, не се запраша за нашето достоинство, да прашаше како живеат овие луѓе со 11.000 денари месечна плата...
Поради неисплатени плати ГЕВГЕЛИЈА - Повеќемесечниот штрајк во Радио и телевизија Гевгелија повторно е активиран, а вработените тоа вчера го најавија со едноминутен прекин на радио и телевизиската програма. Како причина за штрајкот Синдикалната организација ги наведува неисполнетите барања и ...
НЕУСПЕШНИ ПРЕГОВОРИ ВО Министерството за Одбрана Штрајкувачите бараат иста вредност на бодот за плата како сите други припадници на АРМ Воените пилоти и техничкиот кадар на Воздухопловната бригада на АРМ, незадоволни од третманот, вчера почнаа штрајк, бидејќи не добија конкретен одговор од ...
Воените пилоти и механичари на Армијата на Македонија денеска во 7 часот го започнаа највениот штрајк на воениот аеродром Петровец, барајќи да бидат исполнети повеќе економски и социјални барања. Организатор на штрајкот е синдикатот на вработените во одбраната, а воените пилоти бараат зголемување ...