TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бојкот на активностите на ДУИ

Време - 29.09.2007

ЗДРУЖЕНИЕ НА НОВИНАРИ Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од МВР да ги испита сите инциденти во кои настрадаа претставници на медиумите. Од ЗНМ повикуваат и на информативен бојкот на активностите на ДУИ се додека оваа партија официјално не се извини за нападот врз новинарот од ...

ЛДП му поднесе интерпелација на Елмази

Вест - 29.09.2007

Вчера пратеничката група на ЛДП до Собранието поднесе предлог-интерпелација за работата на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Интерпелацијата за Елмази, како што информираше Андреј Жерновски на денешната прес- конференција во Собранието, ЛДП ја поднесува поради "незаконското и ...

На Рамазан со зголемен адреналин

Време - 29.09.2007

АЛБАНСКИТЕ ВЕСНИЦИ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО СОБРАНИЕТО “Рамазан ги фати албанските пратеници“ е насловот од дневниот весник на албански јазик „Лајм“, веднаш по тепачката во Собранието. „Резил“ со големи букви осамна насловната страница во истиот весник.

ЛДП поднесе интерпелација за Елмази

Време - 29.09.2007

ПОРАДИ НАСИЛНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕТО ЛДП вчера поднесе интерпелација за заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, поради незаконско и скандалозно учество во инцидентите во Собранието. - Првпат во историјата на политичкиот живот на Македонија, член на Владата употреби сила врз член ...

Власта го бара главниот збор, опозицијата не дава

Време - 29.09.2007

КАВГИ ЗА СОСТАВОТ НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ Собранието вчера не формира Анкетна комисија која треба да ја испита одговорноста за тепачките меѓу пратениците, бидејќи и власта и опозицијата сакаат да го имаат мнозинството во комисијата.

Нема договор за составот на анкетната комисија

Утрински - 29.09.2007

Власта и опозицијата и вчера не успеаја да се договорат и да ја најдат формулата околу составот на анкетната комисија што треба да го испита и да утврди одговорност за собранискиот скандал со тепачките меѓу пратениците. И власта и опозицијата инсистираат да имаат мнозинство во седумчлената комисија.

Не е време за пишување, туку за работа

Утрински - 29.09.2007

Мислења ЈАНИ МАКРАДУЛИ Министерката Јанкуловска да не осудува напади врз новинари, туку да ги открива виновните Почитувани читатели, се извинувам зашто во денешното издание нема да има писмо од Никола! Навистина, не е време за пишување, не помагаат долги писма, време е за брз, искрен, отворен и ...

Владата ги покани новинарите на средба

Дневник - 29.09.2007

Вицепремиерот Зоран Ставревски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера попладнето ги поканиле на средба новинарот на А1 -телевизија Лирим Дулови и главниот уредник на телевизија Алсат, Мухамед Зеќири. Информативната служба на Владата не соопшти што е целта на средбата.

ЛДП поднесе интерпелација за Елмази

Дневник - 29.09.2007

Пратеничката група на ЛДП поднесе интерпелација за работата на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, бидејќи тој со своето насилничко однесување во Собранието изврши напад врз улогата и функционирањето на Сообранието, соопшти вчера Андреј Жерновски, координатор на пратеничката група ...

Новинарите ја бојкотираа ДУИ

Дневник - 29.09.2007

Новинарите заминаа од протестот на Демократската унија за интеграција во знак на протест поради нападите врз нив Новинарските екипи вчера го бојкотираа митингот на Демократската унија за интеграција во Скопје во знак на протест поради нападите на претставниците на медиумите што се случија неделава.

Нерешено, губитнички!

Дневник - 29.09.2007

Таман ќе речеше некој дека „јадецот“ им остана на другите, самите се погрижија да го изедначат срамниот резултат. Едните удираа шлаканица на новинар, други возвраќаа така што на новинари им кршеа ребра! Во вторникот и во петокот се „одигра“ еден од најсрамните „мечеви“ на демократијата кај нас, чиј ...

Нема договор за комисијата

Дневник - 29.09.2007

Власта и опозицијата по неколкучасовна координација ни вчера не успеаја да го договорат составот на анкетната комисија, која ќе го испитува инцидентот во Собранието. И власта и опозицијата инсистирале да имаат мнозинство во седумчлената комисија.

Медиумски бојкот на ДУИ

Вечер Прес - 29.09.2007

Во знак на револт, поради инцидентот од вторникот кога во Собранието член на партиското обезбедување на ДУИ физички го нападна новинарот на А1 Телевизија, Лирим Дулови, сите новинари, сниматели и фоторепортери вчера го бојкотираа протестот на интегративците, организиран под мотото "Стоп за ...

Пратениците се штитат за да не бидат санкционирани

Вечер Прес - 29.09.2007

Не можам да сфатам како ДУИ, со поддршка на СДСМ, протестираат против наводно државно насилство, кога токму тие го почнаа тоа во Парламентот, вели Павле Трајанов Парламентарните партии не сакаат да ги расветлат инцидентите од вторникот, кога во Собранието се степаа пратеници на ДУИ и ДПА, при што ...

ЛДП бара оставка од Елмази

А1 - 28.09.2007

Вториот полицаец во државата Рефет Елмази да си поднесе оставка. Либералдемократите денеска до Собранието поднесоа интерпелација, како што велат, поради неговото скандалозно учество во инцидентите пред четири дена. „За првпат во историјата на политичкиот живот во РМ член на Владата употребува ...

Дулови бара Ахмети јавно да го осуди нападот

А1 - 28.09.2007

Новинарот на А1 Телевизија Лирим Дулови денеска со протестно писмо преку медиумите побара од претседателот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди физичкиот напад што врз него во македонското Собрание го изврши член од неговата политичка партија.

Новинарите го бојкотираа протестот на ДУИ

А1 - 28.09.2007

Денешниот протест на ДУИ доби ист третман како вчерашниот прес на Владата. Медиумите во знак на протест против скандалозниот напад врз новинарот на А1 Лирим Дулови, кој доби шлаканица од член на претседателството на партијата во Собранието, го напуштија денешниот протест на ДУИ пред споменикот на ...

Зошто Градска болница треба да остане до Собранието

Време - 28.09.2007

Пишува: Зоран Андоновски Боже, какви луѓе врват низ парламентот. Какви се типови се мотаат по ходниците на законодавниот дом. Во од им удираат шлаканици на новинари, говорат за списоци за ликвидација на колеги парламентарци. Фаќаат за гуша неистомисленици.

Сите жалат, никој не признава дека е крив

Време - 28.09.2007

ПО СРАМНИТЕ НАСТАНИ ВО СОБРАНИЕТО Прекршочна пријава за напаѓачот на новинарот на А1-телевизија, приватна тужба против пратеникот Рафиз Алити за напад врз собраниско обезбедување и тројца суспендирани полицајци поради неовластена примена на сила врз новинар на „Алсат М“ телевизија.

ДУИ го замрзнува учеството во работата на Собранието

Утрински - 28.09.2007

Демократската унија за интеграција го замрзнува учеството на пленарните собраниски седници и бара да се формира анкетна комисија што ќе го истражува целиот случај со инцидентот во Собранието што се случи во вторникот. Оваа одлука ја донесе Претседателството на партијата на вонредната седница на ...

Анкетна комисија ќе ги испитува тепачките

Утрински - 28.09.2007

Собранието вчера доцна попладне ја донесе одлуката за формирање анкетна комисија која ќе ги испита случувањата на 25 септември и ќе ја утврди одговорноста за скандалозните инциденти во законодавниот дом. Одлуката парламентот ја донесе едногласно - со гласовите и на власта и на опозицијата, но во ...

Арифи бара заштита од Шврговски

Дневник - 28.09.2007

Бонева, која Арифи ја посочи како сведок, не можеше да потврди дали Тачи и' се заканувал и ја нападнал Арифи, бидејќи не разбира албански Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи вчера побара јавниот обвинител да го повика на информативен разговор лидерот на ДПА Мендух Тачи, бидејќи ја нападнал ...

Собранието со повеќе обезбедувачи

Дневник - 28.09.2007

Собранието работи под значително зголемена безбедност, по инцидентот во вторникот, кога дојде до тепачка помеѓу пратениците на ДПА и на ДУИ. Од МВР велат дека парламентот ќе продолжи да работи така се' додека не се смират страстите.

Канал 5 се придружува и на денешниот повик - да се бојкотира митингот во организација на ДУИ

Канал5 - 28.09.2007

Во знак на протест против партиското насилство екипата на Канал 5 заедно со новинарите, фоторепортерите и снимателите од останатите редакции го бојкотираше протестот на ДУИ поради нападот на бодигард на ДУИ Бекир Асани на лирим дулови од А1 во Собранието.

ЛДП поднесе интерпелација за Рефет Елмази

Канал5 - 28.09.2007

Интерпелација за работата на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Ја поднесоа пратениците на ЛДП. Велат дека Елмази треба да се соочи со одговорност поради, како што оценуваат, незаконско и скандалозно учество во инцидентите во собранието кога нападна пратеник од опозицијата.

Нема договор за анкетната комисија што треба да ги расчисти тепачките

Канал5 - 28.09.2007

Не успеа ургенцијата на дипломатите кај Груевски и Георгиевски итно да се формира парламентарна анкетна комисија за инцидентите - договарањето за составот продолжува следната недела без изгледи и дека ќе се случи. Зацементирани се позициите на власта дека сака мнозинство во таа комисија и на ...

Али Ахмети создава инциденти за лош европски извештај

Вечер Прес - 28.09.2007

ДУИ се уште нема да бара елементарната одговорност од пратеникот од нивните редови Садула Дураку, кој во вторникот го нападна Абдулади Вејсели. Според портпаролката Ермира Мехмети ќе се чека своето да го каже Комисијата, која треба да ја преиспита тепачката во собранието.

ДУИ го крие тепачот

Вечер Прес - 28.09.2007

Инаку, медиумите не ја бојкотираа прес-конференцијата на ДУИ, на која не беа дозволени прашања, и покрај фактот што токму партијата на Ахмети прва ги започна инцидентите со новинарите. По сето ова, останува дилемата, дали се потврдува тезата дека бојкотот на владината пресконференција е политички ...

Донесена одлука за формирање Анкетна комисија

А1 - 27.09.2007

Анкетна комисија ќе ги утврдува околностите, но и одговорноста на учесниците за инцидентите во Собранието од 25 септември. Одлуката за нејзиното основање експресно беше донесена на денешната итна собраниска седница, на предлог на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Теута Арифи бара заштита од заканите на Тачи

А1 - 27.09.2007

Потпретседастелката на ДУИ Теута Арифи побара државата да ја заштити од смртните закани врз неа од претседателот на ДПА Мендух Тачи. Но, од нејзина страна изостана осудата за инцидентот кога пратеникот од нивните редови Садула Дураку дигна рака врз претседателот на ПДП Абдулади Вејсели, а уште ...

МИМ: Безбедноста на новинарите е доведена во прашање

Време - 27.09.2007

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) остро реагира на инцидентите во Собранието на Република Македонија, при што новинари и професионалци од македонските медиуми беа физички нападнати, приведувани и спречувани да ги извршуваат своите секојдневни обврски.

ЗНМ: Осуда на безумието

Време - 27.09.2007

Здружението на новинарите на Македонија остро го осуди однесувањето на инволвираните во вчерашните инциденти во законодавниот дом. - Шлаканицата што вчера ја доби колегата Лирим Дулови, е тешка шлаканица за сите новинари, за сите граѓани, за образот на Македонија.

За влакно избегната престрелка пред Собранието

Време - 27.09.2007

ПО ЗАВЧЕРАШНИТЕ ТЕПАЧКИ МЕЃУ ДПА И ДУИ За влакно бил избегнат тежок инцидент завчера пред Собранието, кога вооружени активисти на ДУИ со неколку автомобили ја запоседнаа улицата пред парламентарната зграда, тврдат извори од партијата на Ахмети.

Срамен ден за македонското СОБРАНИЕ

Време - 27.09.2007

ПАРЛАМЕНТОТ ПОД СИЛНО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Сунчица Стојановска Под силно полициско обезбедување, во напната атмосфера, пратениците вчера влегуваа во Собранието, по завчерашната серија тепачки, навреди и закани меѓу пратеници на ДПА и ДУИ во и надвор од собраниската сала.

Вејсели: Насилството го скроија СДСМ и ДУИ

Време - 27.09.2007

Прва појава на насилство во институциите на системот, скроена по мерата на опозициската коалиција на СДСМ и ДУИ, е коментарот на лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, за собраниската драма во која главните актери беа токму тој и пратениците на ДУИ, Садула Дураку и Рафиз Алити.

ДУИ не дојде, Тачи вели невин сум

Вест - 27.09.2007

ВО ПАРЛАМЕНТОТ ТИВКО По завчерашната тепачка во Собранието меѓу пратениците од албанските партии и нападот на новинарот Лирим Дулови од ТВ А1 од член на обезбедувањето на ДУИ, вчера во и околу законодавниот дом вриеше од полициско обезбедување.

ДУИ во заложништво во Собранието

Утрински - 27.09.2007

МИСЛЕЊА Ермира Мехмети Владата на ВМРО-ДПМНЕ воспостави диктатура врз албанската заедница во Македонија Инцидентот што се случи во вторникот во Собранието не е доказ дека во Македонија постои внатреалбански конфликт. Тој претставува ескалација на провокациите кои една година континуирано им ги ...

Политичката елита бара излез по големиот скандал

Утрински - 27.09.2007

ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Македонската политичка елита вчера се мобилизира за да ја смири топката по завчерашните инциденти во Собранието, за кои во вечерните часови постоеше сериозна опасност да се прелеат пред зградата на парламентот.

ДУИ најави протестен собир на плоштадот „Скендер-бег“

Утрински - 27.09.2007

ТЕТОВО - Централниот одбор на ДУИ одлучил на Собранието да му предложи да се формира комисија што ќе го анализира последниот инцидент во парламентот и надвор од него. Дури потоа да се реши пратеничката група евентуално да го замрзне учеството на пленарни седници, се' додека не се расчисти со ...

Вејсели: Инцидент од кујната на СДСМ

Дневник - 27.09.2007

ДУИ се обиде да минира се' што е постигнато во Македонија за реформите и за дијалогот за побрзо вклучување во НАТО и во ЕУ, оцени вчера лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели. Инцидентот во Собранието Вејсели ги оцени како „голем срам и за Албанците и за Македонија како држава“.

Партиските обезбедувачи „редовни гости“ во Собранието

Дневник - 27.09.2007

Никој во Собранието вчера не сакаше да каже како завчера таму се најдоа дваесетина партиски насилници, кои дополнително придонесоа да се вжешти атмосферата, по тепачката помеѓу пратениците од ДПА и ДУИ. Немаше одговор ниту чиј гостин бил Бекир Асани, кој пред очите на сите му удри шлаканица на ...

ЗНМ: Нокаутирана демократијата

Дневник - 27.09.2007

Насилниците ги нокаутираа демократијата и слободата на говорот, ги тепаат и притвораат новинарите и снимателите за да ја скријат вистината, соопшти во својата реакција Здружението на новинарите на Македонија. Роберт Поповски, претседател на Здружението, вели дека таквите постапки и овој пат ќе ...

Осуда од новинарите-Албанци

Дневник - 27.09.2007

Здружението на новинарите-Албанци во Македонија го осуди насилството врз новинарот на А1-телевизија Лирим Дулови од активист на ДУИ и врз снимателот на телевизијата Алсат од припадници на МВР. „Насилството врз новинарите и спречувањето да ги извршуваат новинарските обврски се неприфатливи.

ЛДП бара Мендух Тачи да се повлече од политиката

Дневник - 27.09.2007

Претседателот на ДПА Мендух Тачи треба да ја напушти политичката сцена затоа што им наштетува на Владата и на Македонија, побара вчера лидерот на ЛДП Јован Манасиевски. Тој потсети дека Тачи се' уште е на црната листа со САД и оцени дека по тепањето на пратеничката и заканите упатени за нејзиното ...

Груевски повика на смиреност, ДУИ на протести

Дневник - 27.09.2007

Лидерите на СДСМ и на ДПА Радмила Шекеринска и Мендух Тачи вчера меѓусебно се обвинија и си најавија тужби за завчерашната тепачка во Собранието . ДУИ од Мала Речица ги повика Албанците на масовни протести пред споменикот на Скендер-бег поради „државната репресија“ и најави бојкот на Собранието, ...

Собраниска комисија да расчисти што се случуваше завчера во собранието

Канал5 - 27.09.2007

Собранието не успеа да формира анкетна комисија која ќе утврди вина за скандалозните инциденти во парламентот. По вчерашната интервенција на дипломатите лично кај премиерот Груевски и спикерот Георгиевски да се расветлат нападите врз пратеници и новинари - денеска 37 мина од партијата на Груевски ...

Теута Арифи излезе на прес конференција да ги демантира тврдењата на Тачи

Канал5 - 27.09.2007

Потпретседателката на ДУИ го повикува јавниот обвинител Шврговски да го повика на распит првиот човек на ДПА Мендух Тачи, по заканите за ликвидација кој и ги упатил на пратеничката од ДУИ. Арифи денеска повтори дека од Тачи добила смртни закани и била физички нападната.

Смирување на тензиите, потоа одговорност

Вечер Прес - 27.09.2007

Премиерот Никола Груевски вчера ги свика лидерите на парламентарните партии во кабинетот на спикерот Љубиша Георгиевски за да се обидат да ја смират топката по завчерашната тепачка меѓу пратенците на ДУИ и ДПА. На средбите не присуствуваше само лидерот на ДУИ Али Ахмети, чии пратеници вчера не се ...

ДУИ ќе го бојкотира Собранието

А1 - 26.09.2007

ДУИ од утре ќе ги бојкотира пленарните седници на Собранието. Бараат формирање парламентарна комисија, која ќе ги истражи вчерашните и денешните случувања, бидејќи владиното мнозинство континуирано врши притисок врз челниците на ДУИ и врз Албанците.

Снимките од собраниските камери остануваат тајна

А1 - 26.09.2007

Снимките од собраниските камери засега остануваат тајна. Но, камерите на телевизиите успеаја да регистрираат дел од шлаканиците, заканите, тензиите по собраниските ходници. На една од снимките јасно се гледа како еден од членовите на претседателството на ДУИ го удира новинарот на А1 Лирим Дулови.

Политичките средби не дадоа резултат

А1 - 26.09.2007

По вчерашните инциденти во Собранието, Груевски денеска во кабинетот на спикерот Георгиевски се сретна и со неговите коалициски партнери, но и со опозицијата, која претходно бараше средба со Груевски. По разговорите, Премиерот изјави, вчерашните инциденти не треба да се повторат.

Активисти на ДУИ се обидоа да го блокираат Собранието

А1 - 26.09.2007

По низата настани внатре во Собранието, синоќа по 19 часот и 30 минути, група активисти на ДУИ ја блокираа раскрсницата пред Собранието. Првично, според партиски извори, сакале да обезбедат безбедно заминување на пратениците на ДУИ, но сега ДУИ се повлече, велат дека било спонтано собирање.

Општа тепачка меѓу ДУИ и ДПА

Вест - 26.09.2007

БОРБА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ПАРЛАМЕНТОТ Полицијата запленила четири пиштоли и два калашникова. Пратеничката Теута Арифи заврши во амбуланта, откако Мендух Тачи ја давел и ја полеал со вода, заканувајќи и се дека од салата нема да излезе жива Пратениците на ДУИ и на ДПА се степаа вчера во Собранието.

Дураку му се нафрли на Вејсели

Време - 26.09.2007

ЗА МАЛКУ ТЕПАЧКА ВО СОБРАНИЕТО Садула Дураку, пратеник на ДУИ и поранешен министер за земјоделство, го фати за врат Абдулади Вејсели, лидер на ПДП, вчера во собраниската сала, додека траеше седницата за измените во Изборниот законик.

Скандал_ се степаа пратеници на ДПА и ДУИ

Утрински - 26.09.2007

Јас не сум виновен за ништо, како да сакаше да каже Мендух Тачи по скандалозните настани во Собранието. Наводно, тој ја фатил за гуша Теута Арифи, но никој за тоа немаше потврда Тепачката е огромен срам за Собранието. Пратениците од албанскиот блок си ја префрлаат одговорноста ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Во ...

Тупаниците станаа закон, шлаканиците реплика

Дневник - 26.09.2007

Премиерот Никола Груевски го осуди инцидентот, а лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска го оцени како најсрамен ден во Собранието Пратеници-Албанци се степаа вчера во Собранието, откако Садула Дураку од ДУИ го удри лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, и се фати за гуша со Ружди Матоши од ДПА.

Скандал во собранието – меѓупратеничка тепачка - новинарите претепани и приведени зашто снимале

Канал5 - 26.09.2007

Драма во Собранието - кавгите за изборниот законик кулминираа со физички пресметки меѓу патениците, настрадаа и новинари. Садула Дураку го фати за врат Абдулади Вејсели, Теута Арифи настрада од Мендух Тачи и заврши на ЕКГ, нападнат беше новинарот Лирим Дулови, екипа на Алсат заврши во полиција.

Средба Груевски, Тачи, Шеќеринска, Георгиевски

Канал5 - 26.09.2007

По вчерашните инциденти во собранието, премиерот Груевски денеска во кабинетот на спикерот прво се состана со коалициските партнери, а потоа и со лидерите на опозицијата. По вчерашните инциденти во собранието, премиерот Груевски денеска во кабинетот на спикерот прво се состана со коалициските ...

МВР без официјална потврда за синоќешниот инцидент пред Собранието

Канал5 - 26.09.2007

Во тепачката во парламентот настрадал и еден член на собраниското обезбедување. МВР потврдува дека еден од обезбедувањето е повреден, но не открива кој и зошто го нападнал. Во тепачката во парламентот настрадал и еден член на собраниското обезбедување.

Џевад Адеми: ДУИ бара Собраниска комисија да истражува што се случи вчера и денеска

Канал5 - 26.09.2007

Демократската унија за интеграции на денешниот вонреден Централен одбор, кој се одржа по барање на лидерот на партијата Али Ахмети, ги анализираше сите случувања кои се случија во Македонија во изминатите неколку денови. Тетово, 26 септември (МИА) - Демократската унија за интеграции на денешниот ...

I have a GUN

Вечер Прес - 26.09.2007

Срамен крај на собраниската расправа за изборниот законик, кој вчера заврши со општа тепачка меѓу пратениците на ДУИ и ДПА. Нетрпеливоста меѓу двете партии се вжешти по говорот на лидерот на ПДП Абдулади Вејсели, кој од ДУИ го оценија како провоцирачки и навредувачки.

Приватното обезбедување на ДУИ тепаше новинари

А1 - 25.09.2007

Освен што пратениците на ДУИ и ДПА меѓусебе се пресметуваа и приватното партиско обезбедување на партијата на Ахмети тепаше новинари. Новинарот на А1 Лирим Дулови денеска беше нападнат во Собранието. Еден од обезбедувањето на ДУИ на кукавички начин, во од му удри шлаканица.

Во Собранието тепачка меѓу пратеници и напад на новинар од А1

А1 - 25.09.2007

Драматичен ден во Собранието, тепачка меѓу пратениците, нападната пратеничка и напад над новинарот на А1. Се почна во финишот на дебатата по изборниот законик. Спикерот Георгиевски даде пауза, откако остриот говор на Вејсели од ПДП насочен кон ДУИ, а тие со довикувања од местото ја вжештуваше ...