TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Црна Гора нема птичји грип

А1 - 30.10.2005

Министерот на здравство на Црна Гора Миодраг Павличиќ денеска изјави дека во земјата нема птичји грип, но оти одговорните служби се подготвени за заштита од евентуална пандемија на овој опасен вирус. Павличиќ рече дека црногорската Влада усвоила Национален план за заштита од птичји грип, чија цел е ...

Македонија утре ќе знае дали има птичји грип

А1 - 30.10.2005

Македонија најрано утре ќе знае дали во земјава има птичји грип. Лондонската лабораторија за А1 потврди, дека резултатите од примерокот кој по 10 дена пат стаса од Могила, ќе бидат готови најрано в понеделник, по што ќе и бидат соопштени на македонската ветеринарна управа.

Папагалот на Тито ставен под карантин поради птичји грип

А1 - 29.10.2005

Папагалот Коки на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито е ставен под карантин како мерка за претпазливост по откривањето на вирусот на птичји грип во Хрватска. Хрватските медиуми јавија дека Коки е ставен под карантин заедно со други птици на Бриони, поранешна летна резиденција на ...

Две лица загинаа во Виетнам од птичји грип

А1 - 29.10.2005

Две болни лица во Виетнам деновиве починаа од симптоми за кои се стравува дека се предизвикани од птичји грип, јавија денеска виетнамските весници. Според извештаите, 14-годишно девојче кое починало минатата недела, како и 26-годишно момче кое почина во четвртокот, во исхраната користеле месо од ...

ФУСТАНЧЕТО НА МОНИКА

Вест - 29.10.2005

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска ДА ГО ОСТАВИМЕ ЧОКРЕ- САМО ОН Е СМРТ ЗА КОКОШКИТЕ Ова е успешна недела- летна кокошката која може да има птичји грип. И тоа после 10 дена. Прво требаше пред 5 дена , па сите славевме, ама се испостави дека заглавила на Косово.

Типизација на вирусот на птичји грип можеше да се направи во МАНУ

Време - 29.10.2005

АКАДЕМИК ЃОРЃИ ЕФРЕМОВ Детекција и типизација на вирусот на птичји грип можеше да се направи во лабораторијата на МАНУ и резултатите што ќе ги добиевме од Лондон ќе беа само потврда на она што ќе го утврдевме овде, вели академикот Ѓорѓи Ефремов, директор на лабораторијата во МАНУ.

Резервирани 70 легла за евентуално заболени од птичји грип

Утрински - 29.10.2005

Како дел од мерките во Националната стратегија за справување со можната пандемија Жарко Караџовски не одговори како се случило СЗО да ја оквалификува нашата земја дека нема стратегија и за меѓународниот резил ги обвини новинарите ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Во случај на појава на птичји грип кај луѓето, ...

Проблемот е кокошката!

Дневник - 29.10.2005

Милан Банов Колку успокојувачка вест: кокошката од Могила може да се чува во контејнерот на Ветеринарската управа подолго време на температура од 4 0С, при што не постои објективна шанса да го загуби постојниот статус на мртва птица со или без птичји грип.

Ново жариште на Х5Н1 во Романија

Дневник - 29.10.2005

ПТИЧЈИ ГРИП НА БАЛКАНОТ Опасниот тип Х5Н1 од вирусот на птичјиот грип е регистриран и кај пцовисаната чапја што пред две недели беше откриена во Романија, близу до границата со Молдавија, јави Ројтерс. Во Романија претходно беа регистрирани уште две жаришта на птичји грип, во делтата на Дунав.

Караџовски тврди дека обелил образ во Копенхаген

Дневник - 29.10.2005

РЗЗЗ ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПТИЧЈИ ГРИП Раководителот на секторот за епидемиологија во Републичкиот завод за здравствена заштита, д-р Жарко Караџоски, кој бил на состанок за птичји грип во Копенхаген, вчера ги отфрли обвинувањата од СЗО дека Молдавија, Туркменистан и Македонија се единствените земји во ...

Босанските власти оформија штаб за набљудување и превенција од птичјиот грип

Канал5 - 29.10.2005

Босанската влада воспостави штаб за набљудување и превенција од птичјиот грип. Со штабот раководи министерот за трговија со странство. Вирус H5N1 во Босна нема, но заразените лебеди во хрватска беа пронајдени недалеку од босанската граница.

Нема вакцини за грип

Канал5 - 29.10.2005

Македонија нема вакцини против хуманиот грип. Нарачаните 32.000 инјекции од француската фармацевтска куќа „Пастер Мелиер“ се уште не се испорачани во земјава. Неизвесно е дали на 1-ви ноември ќе почне најавената имунизација против грипот. Македонија нема вакцини против хуманиот грип.

Животот во Кокошиње замира поради неасфалтираниот пат

А1 - 28.10.2005

Дури стаса информација од Лондон има или нема птичји грип во Могила, ние најдовме друго село во кое, барем според неговото име, опасноста од оваа болест треба да е најголема - кумановско Кокошиње, крстено по големиот број кокошки кои некогаш ги имало во секоја куќа.

Стратегијата за заштита од птичји грип испратена до СЗО

А1 - 28.10.2005

На Светската здравствена организација дури денеска и е испратена македонската стратегија за заштита од птичји грип. Тоа го сторило претставништвото на СЗО во Македонија кое вчера доби непреведената верзија. „Во текот на денешниот ден во утринските часови беше доставено до регионалната канцеларија, ...

Во февруари можна закана од птичји грип во Турција

А1 - 28.10.2005

Нова закана од појава на птичји грип во Турција се очекува во февруари следната година, предупредува доцент Јоздемир Адзел од Универзитетот во Ван. Според Адзел, тоа е период кога преселните птици ќе мигрираат во Турција преку Иран и Русија, каде беа регистрирани случаи на птичји грип.

Дактилографката е крива за се!

Вест - 28.10.2005

САМО МАКЕДОНИЈА, МОЛДАВИЈА И ТУРКМЕНИСТАН НЕМААТ СТРАТЕГИЈА ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП Македонија допрва ќе го проследи својот план до СЗО, оти тој иако е подготвен, мора да се преведе од македонски на англиски јазик, а освен тоа, проблемот кај нас, според Министерството за здравство е во бирократските ...

Македонија има стратегија за птичји грип

Време - 28.10.2005

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ЈА ДЕМАНТИРА СЗО Планот за справување со евентуална пандемија од птичји грип бил усвоен од Владата на 20 октомври и во средата вечер бил доставен до канцеларијата на СЗО во Скопје, велат од Министерството за здравство.

Во Кина почина девојче од птичји грип

Утрински - 28.10.2005

Нова жртва во Азија на опасниот вирус Две лица во Франција под сомневање за птичји грип Едно 12-годишно девојче почина од симптоми на грип во село во централниот дел на Кина каде што беше пријавен трет случај на птичји грип за една недела, објави вчера "Саут чајна морнинг пост".

Забрана за вакцинација заработија пет приватни амбуланти

Утрински - 28.10.2005

По контрола на приватните здравствени установи Законот е категоричен дека за задолжителната вакцинација се овластени здравствените домови, а по потреба за епидемиолошки индикации може да се вклучуваат и здравствените заводи Државниот здравствен и санитарен инспекторат им издаде забрана за вршење ...

Македонија нема стратегија за справување со птичји грип

Утрински - 28.10.2005

Светската здравствена организација и удри шлаканица на нашата Влада Според Министерството за здравство, ставот на СЗО е дезинформација, бидејќи Владата уште минатата недела изготвила национален план за справување со птичјиот грип Јасмина Јовановска Светската здравствена организација Ј удри ...

Вакцини на минимум

Дневник - 28.10.2005

ЗАШТИТА ОД ПТИЧЈИ ГРИП Македонија ќе добие само 15.000 вакцини против птичји грип од Институтот за имунологија и вирусологија "Торлак" во Белград. Уште во април Заводот за здравствена заштита во Скопје, без да плати, порачал 32.000 дози вакцини од Институтот "Пастер Мерие" во Париз, но не се знае ...

Власта со птичјиот грип сакаше да ќари од ЕУ

Дневник - 28.10.2005

ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ ЛИДЕР ТАНТАРОВ ТВРДИ Владата прерано информира за евентуална појавата на птичји грип во земјава, која стана хит на месецот, обвини Сојузот на земјоделците на Македонија (СЗМ). - Власта ја соопшти приказната за птичјиот грип во јавноста за да добие пари од Европската Унија.

Птичјиот грип изгубен во преводот

Дневник - 28.10.2005

СЗО Не ОБВИНИ ДЕКА НЕМАМЕ СТРАТЕГИЈА Македонија, Туркменистан и Молдавија се единствените земји-членки на Светската здравствена организација од Европа што немаат стратегија за борба против птичјиот грип ако тој се претвори во пандемија, изјави шефот на СЗО за Европа, Марк Дензон.

Утре ќе се знае има ли птичји грип во Македонија

Канал5 - 28.10.2005

Најрано утре претпладне ќе се знае дали во Македонија има птичји грип. Во британската лабораторија Вејбриџ втор ден работат на испитување на мострите од могилските кокошки. Од што умреа тие, прв ќе дознае директорот на ветеринарната управа Чокревски.

Постепено се нормализира продажбата на живинарските производи

Канал5 - 28.10.2005

Состојбата со продажбата на јајца и пилешко месо на домашниот пазар постепено се нормализира. Во моментов проблем е делот од производството што се пласираше во соседните земји, велат живинарите две недели откако се јавија сомневањата за птичји грип во земјава.

САД ја зголеми сумата за спречување на појавата на птичјиот грип

Канал5 - 28.10.2005

Американскиот Сенат ја удвои сумата, што пред еден месец беше одобрена за евентуалната пандемија на птичјиот грип. Американскиот Сенат ја удвои сумата, што пред еден месец беше одобрена за евентуалната пандемија на птичјиот грип.

Дактилографките на Владата не изрезилија во СЗО?!

Вечер Прес - 28.10.2005

Македонија, заедно со Туркменистан и Молдавија, се единствените земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од Европа кои немаат изработено каква било стратегија во борба со птичјиот грип доколку тој се претвори во пандемија Ова, го изјавил шефот на СЗО за Европа, Марк Дензон, во ...

Русија информира за нови случаи на птичји грип на Сибир

А1 - 27.10.2005

Во Сибир се регистрирани нови случаи на птичји грип кај кокошки и патки, соопштија регионалните ветеринарни служби, прецизирајќи оти околу 900 птици умреле во село Ротовка во Омската област. Тестовите покажале дека птиците биле заразени со вирусот на птичји грип Х5Н1, кој од 2003 година е причина ...

Нема птичји грип во кумановско

А1 - 27.10.2005

Републичкиот ветеринарен инспекторат и ветеринарната управа на Република Македонија по целосно извршените анализи на 13 диви гулаби, 8 кокошки и една шатка, потврдија дека во Куманово и Кумановско нема птичји грип, јавува Макфакс.

СЗО: Македонија нема стратегија за птичјиот грип

А1 - 27.10.2005

Европа е на нозе. Први два случаи на птичји грип во Франција. Двајцата туристи кои биле во посета на парк за птици во Тајланд имаат симптоми на болеста. Во петок со сигурност ќе се знае дали се работи за смртоносниот вирус. „И по нивното враќање, според нашите информации, Владата на Франција ...

Европската комисија тврди дека нема опасност од јадење јајца и живина во ЕУ

Вест - 27.10.2005

БРИСЕЛ, 27 октомври (Ројтерс) - Европската комисија вчера соопшти дека потрошувачите во ЕУ не се изложени на опасност со јадењето на јајца или месо од живина откако потрошувачката во државите во блокот нагло опадна поради појавата на птичјиот грип.

Државата затајува, "Зегин" ќарува

Вест - 27.10.2005

ИГРАНКА СО ВАКЦИНИТЕ ЗА ГРИП Министертвото за здравство одлучи да ги купи од "Зегин" преостанатите количини од 10.000 вакцини, за кои нема сигурна потврда дали имаат ефект врз пациентите, бидејќи испитувањата на земените мостри во домашната лабораторија неможат да докажа дали гл Пациентите во ...

Хрватските лебеди пцовисале од Х5Н1

Дневник - 27.10.2005

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД БРИТАНИЈА СТИГНАА ДО ЗАГРЕБ Вирусот на птичји грип откриен кај дивите лебеди во Хрватска е од типот Х5Н1, кој може да биде смртоносен и за луѓето, потврдија испитувањата во лабораторијата во Вејбриџ, Британија, јави Ројтерс.

Птиците да се чуваат од преселниците

Дневник - 27.10.2005

ОРНИТОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Во Македонија има висок ризик од појава на птичјиот грип бидејќи е на маршрутата на птиците преселници, поради што се препорачува живината да се држи затворена. Во Калишта, Струшко, домашната живина слободно се шета до езерото, каде што може да слетаат птици заразени со ...

Приватните ординации продолжуваат со вакцинирање

Канал5 - 27.10.2005

Санитарната здравствена инспекција како да не сака да си ја врши работата и да го прекине вакцинирањето во приватните ординации. Ова може да се заклучи од денешниот пример. Приватната „Неуромедика“ продолжува да закажува термини за вакцинација против грип.

Во Сибир е регистрирано уште едно жариште на птичјиот грип

Канал5 - 27.10.2005

Во Русија нема заразени луѓе со овој смртоносен вирус. Големо олеснување и во Кина, откако анализите покажале дека неодамна починатото девојче и нејзиното братче, сепак, немале птичји грип. Во Русија нема заразени луѓе со овој смртоносен вирус.

СЗО алармираше - Македонија меѓу трите земји во Европа без стратегија за птичјиот грип

Канал5 - 27.10.2005

Во лабораторијата во англиски Вејнбриџ почнаа анализите на мострите земени од могилските кокошки. Ова го тврди директорот на ветеринарната управа Чокревски,кој е во контакт со испитувачите. Во наредните денови од крвта и ткивото на кокошките треба да се утврдат од што умрела живината.

Сматок

Вечер Прес - 27.10.2005

Македонската јавност веќе 10 дена си легнува и станува со кокошката од Могила. Тензијата и неизвесноста не попушта, "риалити шоуто" наречено птичји грип секојдневно е со нови содржини, а на јавноста во континуитет и се сервира само "сматок".

Русија пријави вакцина против птичји грип

А1 - 26.10.2005

Русија пријави синоќа пронаоѓање вакцина против птичји грип, која е во фаза на прототип. Вакцината ќе биде проверена на 20 доброволци во ноември, соопшти Научно истражувачкиот институт за грип при руската Академија на медицинските науки од Санкт Петерсбург.

Вирусот на птичји грип во Хрватска е од типот Х5Н1

А1 - 26.10.2005

Вирусот на птичји грип, регистриран во Хрватска, е од типот Х5Н1, што е смртоносен за луѓето, соопшти денеска претставник на хрватската ветеринарна управа, цитиран од агенцијата Франс прес. Според Владимир Савиќ од хрватската ветеринарна управа, смртоносниот тип на птичјиот грип е откриен при ...

Индонезија повтрди четрт смртен случај од птичји грип

Вест - 26.10.2005

ЏАКАРТА, 26 октомври (Ројтерс) - Министерството за здравство на Индонезија вчера соопшти дека тестовите потврдиле оти еден човек кој почина во септември боледувал од причји грип, со што бројот на умрени од вирусот порасна на четири во оваа држава.

Вакцините на „Зегин“ се исправни

Време - 26.10.2005

СПОРЕД РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗИТЕ Вакцините „ваксигрип“ на „Зегин“ се исправни и нема никаква пречка тие да се употребуваат за превенција од грип, изјави вчера директорот на Бирото за лекови. - Вакцините се чувале во магацините на „Зегин“ и анализите покажаа дека тие се исправни.

Брисел засега нема информации за птичји грип во Македонија

Утрински - 26.10.2005

Според портпарол на Европската комисија БРИСЕЛ - Според досегашните сознанија, во Македонија нема птичји грип, соопшти вчера Европската комисија, но додаде дека за конечна потврда треба да се извршат дополнителните анализи. "Колку што ми е познато, резултатите од извршените испитувања не покажуваат ...

Испитувањето на могилката ќе даде точни резултати

Утрински - 26.10.2005

И покрај повеќедневното доцнење со испораката на сомнителната кокошка во Лондон Закопувањето на живината во Могила е направено согласно со препораките на СЗО АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Директорот на Управата за ветеринарство, Слободен Чокревски, тврди дека испитувањето на мострата од Могила ќе даде ...

Министерството за здравство ќе ги откупи вакцините од "Зегин"

Утрински - 26.10.2005

Заврши контролата на вакцините од приватните аптеки Министерството за здравство ќе ги откупи вакцините против грип од веледрогеријата "Зегин". Ова го потврди министерот за здравство, д-р Владимир Димов, кој рече дека иако резултатите од анализите сў уште не се официјализирани, според неговите ...

ЕУ забрани увоз на птици од Хрватска

Дневник - 26.10.2005

ПОРАДИ ПОТВРДЕНИТЕ СЛУЧАИ НА ПТИЧЈИ ГРИП Европската Унија вчера забрани увоз на птици и на производи од живина од Хрватска откако во таа земја беше потврдено присуството на опасниот вирус на птичји грип, јави Ројтерс. Претседателот на хрватскиот Кризен штаб за одбрана од птичји грип, Мате Брстило, ...

Нашата кокошка ќе ја дочека и независноста на Косово

Дневник - 26.10.2005

бавна ЗАШТИТА ОД ПТИЧЈИ ГРИП На Ветеринарната управа # требаат околу 100 милиони денари за да ја контролира ситуацијата со чумата кај живината и со евентуалната појава на птичји грип Доцнењето на испораката нема да влијае врз мострите од кокошка од Могила, и резултатот од анализите во Англија ќе ...

Одговорноста на анализа во Вејбриџ

Дневник - 26.10.2005

Љубица Балабан Да знаеше сомнителната кокошка од Могила каква одисеја ја чека со превозот до Лондон, ќе направеше напор и самата ќе одлеташе до референтната лабораторија во Вејбриџ, пред да биде уништена. Повеќе од една недела, крвта и брисевите од единствената сомнителна и од уште осум други ...

Птичји грип во кинеската провинција Хунан

Канал5 - 26.10.2005

Кинеските власти пријавија појава на птичји грип во централната провинција Хунан, соопшти светската здравствена организација. Кинеските власти пријавија појава на птичји грип во централната провинција Хунан, соопшти светската здравствена организација.

Приватните болници се уште вакцинираат граѓани

Канал5 - 26.10.2005

За најголемата приватна организација „Неуромедика“ не важи законот за здравство кои право на вакцинирање дозволува само на јавните здравствени установи. Законот во земјава е само на хартија во праксата е нешто поразлично. За најголемата приватна организација Неуромедика не важи законот за здравство ...

Во Индонезија четврти смртен случај од птичји грип

А1 - 25.10.2005

Индонезиските власти соопштија дека е регистриран четврти смртен случај од птичји грип во земјата. Резултатите од испитувањата, направени во Хонгконг, покажале дека момчето, кое починало два дена откако било примено во болница, е заразено од птичји грип.

ЕК забрани увоз на живина од Хрватска

А1 - 25.10.2005

Европската комисија денеска воведе забрана за увоз на живи птици и живински производи од Хрватска, откако во земјата беа регистрирани три жаришта на птичјиот грип. „Одлуката е донесена врз основа на потврдените случаи на вирусот Х5 на птичјиот грип откриен кај диви птици во Хрватска.

ЕК: Нема информации за птичји грип во Македонија

А1 - 25.10.2005

Според досегашните сознанија во Македонија нема птичји грип, соопшти денеска Европската комисија, но, додаде дека за конечна потврда треба да се извршат дополнителните анализи. „Колку што ми е познато, резултатите од извршените испитувања не покажуваат присуство на птичји грип, но, и покрај тоа, ...

Албанија го забрани ловот на птици на Охридското езеро

А1 - 25.10.2005

Албанија го забрани ловот на преселни птици во албанскиот дел на Охридско езеро заради птичји грип, пренесува МИА. Албанските ветеринари и медицински власти ги засилуваат набљудувањата во реонот за откривање мртви птици. Како што јави солунската агенција МПА, властите во Тирана ги засилиле ...

Сомнителната кокошка дури в среда ќе отпатува за Лондон

Време - 25.10.2005

СПОРЕД ВЕТЕРИНАРНАТА УПРАВА Адријана Георгиев Сомнителната мостра од Могила во среда наутро со воен транспортер на КФОР треба да биде однесена во Велика Британија, изјави директорот на Ветеринарната управа на вчерашната прес-конференција.

Продажбата на јајца намалена за 80 отсто

Време - 25.10.2005

ПО ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ЗАБОЛЕНИТЕ КОКОШКИ Александра К. Мишовска За речиси 80 отсто се намалени побарувачката и потрошувачката на јајца во повеќето продавници во земјава, откако надлежните најдоа кокошка за која се сомневаат дека го има вирусот на птичјиот грип, а Хрватска и Косово го запреа увозот на ...

Ќе ставиме клуч на живинарските фарми

Вест - 25.10.2005

АКО ВЛАДАТА НЕ ПОМОГНЕ СО 45 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Македонските живинари бараат Владата инто да обезбеди 45 милиони денари за исхрана на кокошките, ако не даде пари тие ќе бидат принудени да им стават клуч на фармите. Тие трвдат дека во Македонија нема птичји грип и се противат на паушалните изјави за ...

Во Хрватска уште едно жариште на птичји грип

Утрински - 25.10.2005

СЛУЧАЈ Во Хрватска е откриено уште едно жариште на птичји грип во близина на Нашице, источна Хрватска. Ова е второ жариште во оваа земја регистрирано кај лебеди. И во Унгарија можен е птичји грип, но тој сў уште не е потврден кај дваесетина умрени гулаби.

Живинарите се закануваат со колеж на половина милион кокошки

Утрински - 25.10.2005

Производителите на јајца и живинско месо бараат помош од државата Живинарите апелираат Владата во најкус рок да интервенира и да помогне со 45 милиони денари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА За пет-шест дена, живинарите ќе почнат со масовно колење на живината, бидејќи тие поседуваат резерви на храна за уште ...

Фармерите останаа без пари, живината без храна

Дневник - 25.10.2005

Стравот од ПТИЧЈИ ГРИП ГО УНИШТИ ПАЗАРОТ Живинарските фарми ќе бидат затворени, а околу 3.000 вработени ќе останат без работа ако Владата многу брзо не одобри парична помош за да се обезбеди храна за живината. Ова вчера го изјавија членови на Здружението на живинарскиет фарми, кои побараа од ...

ВО ИНДОНЕЗИЈА ЧЕТВРТИ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ПТИЧЈИ ГРИП

Канал5 - 25.10.2005

Индонезиските власти соопштија дека е регистриран четврти смртен случај од птичји грип во земјата. Резултатите од испитувањата, направени во Хонгконг, покажале дека момчето, кое починало два дена откако било примено во болница, е заразено од птичји грип.

Забраната за вакцинирање од грип во приватните установи само на хартија

Канал5 - 25.10.2005

Законот за здравство во земјава функционира само на хартија. Приватните организации продолжуваат со вакцинирање и покрај тоа што надлежните постојано предупредуваат дека право на вакцинирање имаат само јавните здравствени установи. Законот за здравство во земјава функционира само на хартија.

Kомисија за земјоделство: за се помалата продажба на јајца и пилешко, криви се новинарските извештаи

Канал5 - 25.10.2005

Новинарите се виновни за штетата што ја трпат живинарите, затоа што сензационалистички и нерелано информираат за птичјиот грип. Ова е една од поентите од денешната дебата во собраниската Комисија за земјоделство, во која учествуваа и надлежните ветеринарни власти.

ЕВРОКОМИСИЈАТА ЗАБРАНИ УВОЗ НА ЖИВИНА ОД ХРВАТСКА

Канал5 - 25.10.2005

Европската комисија денеска воведе забрана за увоз на живи птици и живински производи од Хрватска, откако во земјата беа регистрирани три жаришта на птичјиот грип. Брисел, 25 октомври (МИА) -Европската комисија денеска воведе забрана за увоз на живи птици и живински производи од Хрватска, откако во ...

Вело Марковски: Не постои вакцина против птичјиот грип

А1 - 24.10.2005

Гостин во студиото на А1 е д-р Вело Марковски, специјалист инфектолог. Марковски е специјалист за грип и има искуство со вируси. Работеше во стручната екипа кога Сарсот беше присутен. Д-р Марковски, како е можно кокошката од Могила да не стигне до сега во Лондон? Нема ли начин да се транспортира ...

Европа забрани увоз на месо и живина од Хрватска

А1 - 24.10.2005

Европската денеска забрани увоз на месо од Хрватска и живина, по откритието дека од саботата таму има птичји грип. Грипот се шири во Хрватска по Славонија, случаи на птичји грип се пронајдени и во југоисточниот дел на земјата.

Брод во карантин на Малта поради страв од птичји грип

А1 - 24.10.2005

Товарен брод, кој пловел под кипарско знаме, е ставен во карантин во пристаништето на главниот град на Малта, Ла Валета, откако на бродот се откриени две мртви птици. Крајбрежните власти наредиле персоналот да остане на бродот и забраниле пристап до него.

Кокошките ќе умрат од глад, а не од грип

А1 - 24.10.2005

Запрениот извоз, опаднатата продажба но и незаинтересираноста на власта - го уништува живинарството. Фармерите бараат под итно 45 милиони денари од Владата, за да можат да обезбедат храна за преку милион кокошки. Храна има само до крајот на неделава .

Живинарите тврдат дека во Македонија нема птичји грип

А1 - 24.10.2005

Живинарите од земјава бараат Владата итно да обезбеди 45 милиони денари за исхрана на кокошките. Тие тврдат дека во Македонија нема птичји грип и се против, како што велат, паушалните изјави за некакви сомнителни случаи. Според членовите на Здружението на живинари, за актуелната катастрофална ...

И Хрватска стана жртва на птичјиот грип

Време - 24.10.2005

НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАБОЛЕНИ ПТИЦИ Првиот случај на птичји грип во петокот попладне бил потврден и во Хрватска. Во рибник во близината на Ораховица бил издвоен вирусот на птичји грип поттип Х5. Вирусот бил откриен кај шест од 12 угинати лебеди во рибникот.

Сомнителната кокошка се загуби на пат за Лондон

Време - 24.10.2005

АДРИЈАНА ГЕОРГИЕВ Сомнителната кокошка од Могила, болна од птичји грип, се загуби на патот за Лондон. Ниту Ветеринарната управа, ниту кој било во државава, па дури ни македонската амбасада во Лондон не знаат каде е примерокот за анализа и кога ќе пристигне во лабораторијата во Велика Британија.

Во хрватака прв случја на птичји грип

Вест - 24.10.2005

Десет илјади домашни птици се уништени во Хрватска за да се спречи ширењето на вирусот на птичји грип, кој во петокот беше откриен кај 12 угинати лебеди во близина на Зденица. испитувањето покажало дека се работи за поттип на вирусот кој не е опасен за луѓето.

И руските научници создале вакцина против птичји грип

Утрински - 24.10.2005

Европските научници се натпреваруваат во откривање вакцина Европските научниците влегоа во натпревар кој попрв ќе создаде вакцина против птичјиот грип. Први излегоа унгарските научници, а деновиве го сторија тоа и руските експерти за вирусологија.

Македонија допрва набавува тестови за докажување птичји грип

Утрински - 24.10.2005

Ветеринарната управа досега вирусот на грип кај птиците го утврдувала само преку антитела Според наши сознанија, мострите од кокошката-могилка уште не се заминати од Приштина и тоа може да се случи дури задутре. Најрано што може да се очекуваат резултати е до крајот на неделава ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА ...

Да се укине на забраната за увоз на живина

Дневник - 24.10.2005

БАРАЊЕ ОД ГРЦИЈА Грчкото Министерство за земјоделство вчера побара од Македонија, Албанија и од Бугарија да ја укинат забраната за увоз на живина и живински производи од Грција, воведени по откривањето на сомнителните случаи на птичји грип кај јужниот сосед, јави МИА, повикувајќи се на атинската ...

Крива Паланка остана без епидемиолог

Дневник - 24.10.2005

НЕМА КОЈ ДА ВРШИ ПРЕВЕНТИВА НА 26.000 ЖИТЕЛИ Околу 26.000 жители од Крива Паланка и Ранковце останаа без постојан епидемиолошки надзор. Повеќе од еден месец, по пензионирањето на досегашниот специјалист, во обете општини нема епидемиолог што континуирано ќе ја следи состојбата на тоа подрачје, а ...

Птичји грип во Хрватска и во Шведска

Дневник - 24.10.2005

СМРТОНОСНИОТ ВИРУС СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА Уништувањето на птиците се одвива според утврден план и тоа на живинарските фарми во радиус од 3 километри од местото каде што се пронајдени лебедите Смртоносниот вирус Х5Н1, што го предизвикува птичјиот грип и од кого можат да заболат и луѓето, е пронајден во ...

Инспектори во лов на вакцини против грип

Дневник - 24.10.2005

ОД ДЕНЕСКА Инспектори на Бирото за лекови од денеска ќе вршат вонредни контроли кои приватни здравствени организации незаконски продаваат вакцини и вршат имунизација против грип. Аптеките кај кои ќе биде утврдено дека продаваат вакцини, ќе бидат затворени најмалку три месеци.

Осумдесет процентен пад на продажбата на живинарските производи

Канал5 - 24.10.2005

Продажбата на пилешки производи и јајца паднала дури за 80 проценти, а извозот е стопиран. Вака Здружението на живинарите ја опишаа состојбата во која се наоѓаат, по информациите дека во земјава имало птичји грип. Продажбата на пилешки производи и јајца паднала дури за 80 проценти, а извозот е ...

Потврден вирусот на птичји грип и во Источна Хрватска

Канал5 - 24.10.2005

Присуство на вирус на птичји грип денеска е потврдено и во близина на Нашице, Источна Хрватска врз основа на земените примероци од пцовисаните лебеди. Присуство на вирус на птичји грип денеска е потврдено и во близина на Нашице, Источна Хрватска врз основа на земените примероци од пцовисаните ...

Најдени мртви гулаби во Унгарија, нема потврда за птичји грип

Канал5 - 24.10.2005

Осумнаесет мртви гулаби биле најдени викендов во градот Сегедин, на бреговите на реката Тиса, во близина на унгарската граница со Србија и со Романија, но првите тестови не потврдија присуство на птичји грип. Осумнаесет мртви гулаби биле најдени викендов во градот Сегедин, на бреговите на реката ...

Уништени 4000 парчиња живина

Вечер Прес - 24.10.2005

Во селото Могила заврши акцијата за уништување на живината како превентивна мерка против птичјиот грип. Во рок од три дена ветеринарни инспектори од Битола и Прилеп уништија над 4.000 кокошки, гуски, пајки и мисирки, а единствено во карантин се ставени некои ретки видови на гулаби.

ПТИЧЈИ ГРИП ОТКРИЕН И ВО ХРВАТСКА

Вечер Прес - 24.10.2005

Хрватскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Младен Павиќ, соопшти дека во Хрватска е потврден првиот случај на птичји грип. Вирусот е откриен кај примероци од 12 угинати диви лебеди што биле пронајдени на рибник на еден земјоделски комбинат во местото Ораховица во источниот дел ...