TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сенкап ја тужи државата

Канал5 - 06.10.2007

СЕНКАП ја тужи Владата. Американско грчката компанија второрангирана на тендерот за продажба на ТЕЦ Неготино ја достави тужбата до Основен суд Скопје два, тврдат за канал 5 адвокатите на Поленак. Но, не откриваат детали. СЕНКАП ја тужи Владата.

Документите на Хач стигнаа во архива

Вечер Прес - 06.10.2007

Од конзорциумот Хач добивме информација дека тие во моментов ја избираат брокерската куќа, која ќе биде посредник во купопродажбата на акциите на централата на берза - велат во Министерството за економија Документите на компаниите од конзорциумот Хач, потенцијалниот купувач на неготинската ...

Контрадикторни ставови во Владата за ТЕЦ „Неготино“

А1 - 05.10.2007

Контрадикторни ставови во Владата за продажбата на ТЕЦ „Неготино“. Вицепремиерот Ставревски тврди дека неготинската термоцентрала е исцрпена тема. Процесот треба да се доврши во економија. Прашањето е само техничко. Министерката за економија Вера Рафајловска денес ги доби материјалите кои ...

И понатаму молк за „Хач“ и за неговите партнери

Време - 05.10.2007

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ТЕНДЕРОТ ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО Во тендерската документација за продажбата на ТЕЦ „Неготино“ пишува дека понудувачите треба да испратат документ во кој се „детерминира кој колку акции ќе поседува“. Од Министерството за економија пак, никогаш не објаснија кој колку акции ќе добие од ТЕЦ ...

Случај „Хач“ најматно во септември

Макфакс - 05.10.2007

Скопје Обидот на Владата да потпише договор за продажба на термоцентралата Неготино со конзорциумот „Хач“ е најматен, а Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнал“(ТИ) е најбистар настан во септември во Македонија.

Владата се повлече од продажбата на ТЕЦ Неготино

Макфакс - 05.10.2007

Скопје Македонската влада нема да го потпише договорот за продажба нa ТЕЦ Неготино со конзорциумот Хач, кој победи на тендерот, бидејќи не ги исполнил сите услови. Ваква одлука донесе Владата на последната седница, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставревски, кој беше ...

Бугарите и Турците се појавија со документите

Време - 04.10.2007

СЕ БЛИЖИ РАЗВРСКАТА ЗА ТЕЦ „НЕГОТИНО“? Победниците на тендерот за ТЕЦ „Неготино“ вчера ги доставија документите до Министерството за економија. Во министерството се појавиле претставниците на бугарската фирма „Фајненс инженеринг“ и на турската „Јунит инвестмент“.

ХАЧ не дојде кај Рафајловска

Вест - 04.10.2007

НА СРЕДБАТА СО КУПУВАЧИТЕ НА ТЕЦ НЕГОТИНО Конзорциумот ХАЧ, што вчера во Министерството за економија требаше да ги достави дополнителните документи за купување на ТЕЦ Неготино, се појави во преполовен состав. На средбата со министерката Вера Рафајловска немаше претставник од канадската компанија ...

Договорот за „Неготино“ заглави на „техничко ниво“

Утрински - 04.10.2007

Остана тајна што разговараа Рафајловска и претставниците на „Хач“ Дознаваме дека дополнителните документи што ги бараше Владата повторно не биле комплетни Се' уште не е на повидок датумот кога Владата ќе го потпише договорот со „Хач“ за ТЕЦ „Неготино“.

Документите дојдоа, „Хач“ не

Дневник - 04.10.2007

Двајца претставници на конзорциумот „Хач“ вчера во Министерството за економија доставија дополнителни документи, кои се неопходни за Владата да реши дали на овој инвеститор ќе му ја продаде термоцентралата „Неготино“. И овој пат во земјава не дојде претставник на канадската компанија „Хач“, која се ...

Договорот за продажба на ТЕЦ-от неизвесен?

Вечер Прес - 04.10.2007

Датумот за потпишување на купопродажниот договор за продажба на ТЕЦ "Неготино" на конзорциумот предводен од Хач се уште не е прецизиран. На закажаната средба во Министерството за економија со министерката Вера Рафајловска вчера не се појавија претставниците на Хач и Мекдоналд.

Канаѓаните од „Хач“ не дојдоа во Скопје

А1 - 03.10.2007

Канаѓаните од „Хач“ и британците од „МОТ Мекдоналд“, две носечки фирми на конзорциумот „Хач“, не се појавија во Министерството за економија, каде требаше да ги достават новите податоци за конзорциумот. Дојдоа само претставници на бугарската „Фајненшл инженеринг“ и турско холандската „Јунит ...

Хач не дојде кај Рафајловска - документите за конзорциумот ги испрати по курири

Канал5 - 03.10.2007

Во преполовен состав конзорциумот Хач се појави пред министерката Рафајловска. Пропадна уште еден обид таа, а и јавноста, лично да се запознае со канадската Хач и британската компанија Мот Мекдоналд. Дојдоа само претставниците на регионалните компании од конзорциумот - бугарската Фајненс инженеринг ...

Ставрески: Ќе извезуваме струја

Дневник - 02.10.2007

Дефектот на првиот блок во РЕК „Битола“ не е сериозен и енергетскиот систем е стабилен, тврди вицепремиерот Зоран Ставрески. Според него, нормално е да има дефекти во објектите што се стари и многу години не биле одржувани. Она што се случува не треба да не' загрижува.

Нови препукувања на власта и опозицијата за ТЕЦ „Неготино“

Утрински - 01.10.2007

Опозицискиот СДСМ и натаму тврди дека Владата сака да го даде ТЕЦ „Неготино“ на непозната бугарска фирма. Портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ, во саботата изјави дека владината одлука да се продолжи рокот за доставување на документацијата од конзорциумот што победи на тендерот за продажба на ...

Владата има верифицирани документи

Вечер Прес - 01.10.2007

Владата не го дели капиталот ниту по земјата, ниту по бојата, туку според условите што се пропишани на тендери. Во случајот со Хач, Владата има верифицирани документи дека конзорциумот што го предводи оваа компанија е составен од четири компании, вели владиниот портпарол, Ивица Боцевски одговарајќи ...

Поништен тендерот за ТЕЦ Неготино

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Владата го поништи тендерот за термоцентралата Неготино, на кој како најдобар понудувач беше избран конзорциумот „Хач“. Ваквата одлука уследи само неколку дена откако тендерската комисија, која претходно го избра „Хач“ како прворангиран, реши дека овој конзорциум не ги исполнил условите што ...