TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Соборот на СПЦ го одобри нацртот постигнат со МПЦ

А1 - 02.06.2002

Светиот архиерејски собор на Српската православна црква ја усвои и ја одобри нацрт спогодбата за воспоставување на црковно единство меѓу српската и македонската црква. Во соопштението на СПЦ се изразува очекување дека овој нацрт ќе го усвои и арархијата на македонската црква.

Што навистина потпишале македонските и српските свештеници во Ниш

Дневник - 01.06.2002

Документи "Српската православна црква, односно Пеќката патријаршија, имајќи ги во вид реалните духовни и пастирски потреби, и одлуките на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква број 47/1958, 6/1959 - записникот 57 од 17/4 јуни 1959 година, им признава на постоечките епархии на ...

Монасите на владиката Наум отворија фронт со свештениците

Дневник - 01.06.2002

БРАНУВАЊАТА ВО МПЦ ИЗЛЕГОА НАДВОР ОД СИНОДОТ Лобирањето на монасите блиски до струмичкиот владика во корист на "нишката спогодба," предизвика отворено незадоволство кај другите монаси и свештеници на МПЦ Струмичкиот владика Наум ги мобилизира своите приврзаници- монаси отворено да лобираат во ...

Агатангел како свети Ѓорѓија

Дневник - 01.06.2002

Портрет: Митрополит Брегалнички Агатангел Минатата недела на брегалничкиот владика Агатангел првпат му се случило во текот на литургијата да не го спомне името на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Верниците од САД бараат нишкиот договор да се отфрли

Утрински - 31.05.2002

Порака од црквата "Св. Петар и Павле" од Индијана до МПЦ Најновото однесување на СПЦ спрема нашата автокефална Македонска православна црква со таканаречениот нишки документ ги вознемири сите членови при првата македонска православна црква изградена надвор од татковината "Св.

Автономијата значи бришење на историјата на Македонската црква

Утрински - 31.05.2002

Доне Илиески, еден од најдобрите познавачи на историјата на МПЦ, за најновите случувања ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ, КОСТА ПОПОВСКИ Ако по 35 години автокефален живот Македонската православна црква се врати на автономија и прифати и признае над неа да има друга црква и туѓ поглавар, ќе претставува ...

Црквата не е на владиците, туку на верниците

Дневник - 30.05.2002

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Малку недостигаше тројцата владици на Македонската православна црква завчера да им фрлат анатема на новинарите и на јавноста поради тоа што тие се противат на предлогот од црковните великодостојници нашата црква да стане "автономна Охридска архиепископија".

Новинарите не и мислат добро на МПЦ

Вест - 29.05.2002

ТРОЈЦАТА ВЛАДИЦИ КОИ ПАРАФИРАА ДОКУМЕНТ ЗА АВТОНОМИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА ГИ ОБВИНУВААТ МЕДИУМИТЕ Единство и автономијата со СПЦ не е погубно за МПЦ, туку медиумите тенденциозно ја доведуваат јавноста во заблуда, бидејќи многу работи ги кажуваат произволно и без аргументи, сметаат тројцата ...

Владиката Петар го брани нишкиот документ за автономија

Утрински - 29.05.2002

Прес-конференција на потписниците на контроверзниот договор за автономија меѓу МПЦ и СПЦ †Нишкиот документ е најдобра верзија во поглед решавањето на статусот на МПЦ, за разлика од сите досегашни договори. Но, тоа не значи дека е последен документ.

"Автономна Охридска архиепископија" ја води црквата до автокефалност

Дневник - 29.05.2002

ТРОЈЦАТА ВЛАДИЦИ ЈА БРАНАТ НИШКАТА СПОГОДБА Сите цркви со кои сме контактирале рекле дека спорот мораме да го решиме со СПЦ бидејќи автокефалијата што сме ја прогласиле на "пучистички начин" немаат намера да ни ја признаат, изјави митрополитот Тимотеј Предлогот за "автономна Охридска ...

Продолжуваат недоразбирањата во МПЦ околу „нишкиот документ“

А1 - 28.05.2002

Владиците Петар, Тимотеј и Наум, потписници на нишката нацрт-спогодба денеска потврдија дека предлогот - МПЦ да биде признаена како автономна Охридска Архиепископија за нив, со евентуални мали дотерувања, е прифатлив. „Тоа е максимумот што може да се добие во овој момент“, изјавија членовите на ...

Во Ниш не е потпишан таен, туку нацрт-документ

Утрински - 28.05.2002

Митрополитот австралиско-новозеландски Петар за преговорите со СПЦ Гоце Каревски БИТОЛА - "Во Ниш не е потпишан никаков таен, ниту пак јавен документ што во себе содржи некаква сила, туку само еден Нацрт-работен предлог, какви што сме потпишувале и на претходните четири средби со делегацијата на ...

Георгиевски преку Црквата сака да го откорени македонскиот народ

Утрински - 28.05.2002

Став на партиите за најновите случувања во МПЦ Промената на МПЦ во Охридска архиепископија од страна на Српската православна црква, од Грчката православна црква, а тие истите да не наоѓаат за сходно да го променат сопственото име во Пеќка патријаршија, односно во Атинска архиепископија, во најмала ...

Предлогот за "автономна Охридска архиепископија" е пеколен

Дневник - 28.05.2002

РЕАКЦИИ ЗА ЦРКОВНАТА СПОГОДБА ОД НИШ Со тоа ќе се негираше сето она што досега е направено во нашата црковна историја, тврди Доне Илиевски, автор на книгата "Автокефалноста на МПЦ" Ако Светиот синод на МПЦ ја прифатеше скандалозната "нишка спогодба", со тоа дефинитивно ќе ги погребеше својата ...

Семејството на покојниот г.г. Михаил повика на единство на црквата

А1 - 27.05.2002

Потписниците на документот од Ниш, владиците Петар, Тимотеј и Наум и нивната подготвеност наместо автокефалност, да прифатат автономност во рамките на Српската православна црква со преименување на Македонската православна црква во Охридска архиепископија предизвикаа жестоки реакции кај македонската ...

МПЦ не се откажува од името и од титулата на поглаварот

Вест - 27.05.2002

ПОД ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА, СИНОДОТ НЕ ГО УСВОИ НИШКИОТ ДОКУМЕНТ Потписниците на нишкиот документ тројцата владици Петар, Наум и Тимотеј ретерирале во расправата, а договорот од Ниш го бранел само владиката Јован, според кој, името на МПЦ мора да се смени во Охридска архие Светиот синод на ...

Синодот ја отфрли автономијата

Утрински - 27.05.2002

Драматична седница на највисокиот орган на МПЦ за преговорите за статусот за нашата Црква Членовите на Светиот архиерејски синод не го прифатија Нацрт-документот потпишан во Ниш за признавање на автономијата на МПЦ од Српската црква.

Г.г Стефан со титула архиепископ охридски и митрополит скопски

Утрински - 27.05.2002

Што содржи спорниот Нацрт-договор потпишан во Ниш? Спорен членот 7 околу светите литургии во кои треба да се спомене српскиот патријарх Павле Спорниот Нацрт-договор за воспоставување на црковното единство меѓу Македонската и Српската православна црква, на кој стојат потписите на митрополитот ...

Догорени синодски свеќи

Дневник - 27.05.2002

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Треба ли сега некој воопшто да се потсетува на деновите на обновувањето на автокефалноста, на народната самобитност, на архиепископите Доситеј, Ангелариј, Гаврил и Михаил, на секој оној искрен и чесен верник што ги пали свеќите пред олтарите на црквата во име на љубовта ...

Владиците Кирил и Агатангел ги вратија "автономистите" на патот за самобитност

Дневник - 27.05.2002

МПЦ ГО ОДБЕГНА РАСКОЛОТ Овие митрополити категорично се спротивставија на намерата на архиепископот Стефан и на владиците Петар, Наум и Тимотеј МПЦ да се врати во СПЦ како Охридска архиепископија Светиот синод на Македонската православна црква по заканата од внатрешен раскол завчера не ја донесе ...

МПЦ не смее да капитулира пред СПЦ

Дневник - 27.05.2002

ЕВРОПСКИ ЕКСПЕРТ ПРЕДУПРЕДУВА Проблемот на автокефалноста на Македонската православна црква е директно поврзан со признавањето на македонската нација и на името Македонија и затоа МПЦ не би смеела лесно да се повлекува пред СПЦ, предупредува европски експерт.