Постојните договори за вработување на неопределено време, што во моментов ги имаат над 350.000 работници во земјава, се изедначуваат со договорите за работа што се предвидуваат во новиот закон за работни односи. Ова значи дека работодавците нема да можат по стапувањето во сила на новиот закон да им ...
Во рамките на годинешниот "Exit фестивал", што од 7 до 10 јули ќе се одржи на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, организаторите ќе ја спроведат кампањата "Срце". Станува збор за кампања во која ќе земат учество околу десетина волонтери, кои специјално за оваа пригода посетувале семинари, а ќе ...
Годинашниот лауреат на најпрестижната поетска награда на "Браќа Миладиновци", која се доделува во рамките на манифестацијата Струшките вечери на поезијата, е Петар Бошковски за неговата најнова стихозбирка "Вратика". Изборот е направен во конкуренција од 30 пријавени книги, објавени во периодот ...
Дваесет килограми висококвалитетен хероин се запленети во полициска акција што во четвртокот попладне е изведена на влезот во Кичево. Дрогата била скриена во багажникот на автомобил "ауди А-6" со скопски таблички во метален сеф со двојни ѕидови и била наменета за македонскиот наркопазар, ...
-Градот ќе иницира во многу скоро време ангажирање на нови десетина инспектори, чија обврска ќе биде целосна контрола на такси превозот во Скопје. Тие ќе треба поригорозно да ги санкционираат сите оние што немаат легална дозвола за работа, односно популарно наречените "диви" таксисти да ги ...
Косово вчера не воведе царини за Македонија. И покрај транспарентната најава за воведување на "транзициски царини" за македонските стратешки производи од страна на косовската влада почнувајќи од 1 јули, во пракса до тоа не дојде.
"Меркатор" Македонија в понеделник писмено ќе ја обжали јавната лицитација на локацијата спроти Народна банка поради, како што наведува во денешното соопштение, евидентните нерегуларности околу процедурата што ја спроведе Министерството за транспорт и врски.
Демократската партија и Социјалистичката партија имаат еднакви шанси за победа на парламентарните избори во Албанија што ќе се одржат в недела, објавуваат албанските медиуми. Според резултатите од последните испитувања на јавното мислење, за опозициската Демократска партија на поранешниот албански ...
"По доаѓањето во градот, се договоривме да се одржи голем народен собир. Се појавив, држејќи го во едната рака албанското, а во другата македонското знаме, велејќи: "Под овие знамиња се бореа вашите предци... ние сме наследници на тие традиции".
На "Суперхикс", некако, Европа им стана нивна втора татковина. По Прага, Виена, Линц, Рим... имаат нови европски дестинации На 15 јули ќе настапат на "Дрти Олд Фестивал" во хрватска Пожега, на 16 во Сомбор. На 21 август на Тратноу Опен Аир (Чешка), на 25 август во Илз (Австрија) на 26 август во ...
Во џезот едно име секогаш ќе биде асоцирано со најдоброто во таа форма. Тоа име е Дјук Елингтон. Неговото животно дело само по себе е историја на џезот и е клуч кон најубавите моменти во оваа музика. Елингтон се покажа како еден од најплодните композитори, на исто ниво како Ирвинг Берлин, Гершвин, ...
Синдикатите за образование, наука и култура (СОНК) и за одбрана по минатонеделниот социјален протест, по којшто издејствуваа средба со премиерот Владо Бучковски за утврдување на најниската плата за вработените во овие дејности, ги продолжуваат преговорите со ресорните министерства.
Во рамките на прославата на своето десетгодишно постоење, "Синтезис" денеска, со почеток во 20.30 часот ќе одржи целовечерен концерт на локалитетот Хераклеа во Битола. Настапот во Битола е во рамките на манифестацијата "Гоцеви денови", а под покровителство на Министерството за култура.
"За жал, првото транспарентно јавно наддавање во државава помина неславно и срамно". Вака од "Меркатор Македонија" ја оценуваат завчерашната јавна лицитација во Министерството за транспорт и врски за плацот спроти НБРМ, кој го доби грчки "Веропулос" по цена од 300 евра за метар квадратен.
По долга апстиненција од македонската сцена, на Опенинг Акт за 2005-та на Егзит фестивалот ќе биде никој друг туку Ристо Вртев и "Арханѓел". И тоа на главната сцена во друштво со Лајбах, Апокалиптика и Андерворлд... Во врска со овој фестивал, "Егзит 05", кој се одржува од седми до десетти јули во ...
Мегаспектаклот "Лорд оф тхе данце" кој беше закажан за почетокот на април во Скопје, конечно со презакажани термини ќе се одржи на 12, 13 и 14 септември во Универзална сала. И наместо два, ќе има три концерти. Бидејќи билетите за овој настан веќе еднаш беа пуштени во продажба, а со самото тоа во ...
Некрополата "Димов гроб" која се наоѓа кај селото Уланци, во близина на Градско, следната недела ќе се доистражи, а со тоа во македонската археологија ќе биде запишана како единствена комплетно истражена некропола од Бронзено време.
Комуналното претпријатие од Гевгелија упати апел до граѓаните на Гевгелија и земјоделските производители од населените места Моин, Стојаково и Богородица, земјоделските површини ,бавчите и дворовите да не ги поливаат од регионалниот водовод бидејќи наскоро може да се случи да останат без доволно ...
Без многу врева во мирна атмосфера во кафулето "Медиум" момците и девојките од групата "Калдрма" пред малиот број на свои пријатели го промовираа нивниот прв деби спот. Видео-клипот каде како продуценти се појавува "Аворд ентертејмент" е снимен за песната "Три години стана како ме зафана", која е ...
Чипсот "читос пица", увезен од Грција, кој извесно времен беше повлечен од пазарот поради нивната забрана во земјата на производство, е безбеден за консумирање. Со анализите во специјализираните лаборатории во Лондон е утврдено дека во нив нема вештачка боја "пара ред" која беше главната причина за ...
Прексиноќа во Штип, околу 23.30 часот, се случи семејна трагедија. Во расправијата на улицата Цвета Јованова, меѓу татко и син, се слушнале истрели. Синот Тошо (20) ја зел ловџиската пушка на татко му и со неа го усмртил. Со еден истрел го погодил во главата и го "растурил" татка си, Драги Јованов, ...
Во авионот во кој се наоѓал норвешкиот премиер Кјел Магне Бондевик, завчера на аеродром во Копенхаген, удрило такси возило со кое патувал финскиот премиер, Мати Ванханен. Двајцата премиери се враќале дома по средбата на врвот на скандинавските држави, кога такси возилото удрило во крилото на ...
Францускиот производител на гуми "Мишелин" предложи да им ги врати парите за билети на гледачите на бојкотираното натпреварување во Формула 1 за Гран при на САД. Како што е познато, пред стартот на трките во Инди, "Мишелин" објави дека не може да гарантира за сигурноста на гумите и седум тимови, ...
Ниту еден политички фактор институционално или поединечно не се заинтересира и не се пријави за одбележување на Денот на Сребреница. Според доброупатени владини извори, Македонија досега не пријавила своја делегација која на 11 јули ќе оди на одбележувањето на падот на Сребреница, по кој од 12 до ...
ЕУ треба да докаже дека не е "христијански клуб" со тоа што во своите редови ќе ја прими муслиманска Турција, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган непосредно пред заседанието на Европската комисија на која треба да биде донесена одлука дали преговорите за членство на Анкара во Унијата ќе ...
Невработеноста реално опаѓа. Ова вчера го потврди министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски кој констатираше дека невработеноста во земјата е намалена за 5,4 отсто и во моментот изнесува 376.384 лица. Во изминатиот период на неопределено време се вработиле 12,5 насто повеќе од лани, ...
Доколку во Сплит непрописно паркирате и пајак ви го однесе автомобилот, по него морате да одите на локација, која ако не сте сплиќанец, не би можеле да ја најдете ниту со цела група извидници. Пајак - паркингот се наоѓа далеку надвор од градот, на патот кон југ.
Во Центарот за вработување во Тетово, како невработени се евидентирани 28.255 лица, или 211 помалку во споредба со претходниот месец. - Благодарение на зачестените инспекторски контроли кои се спроведуваат во фирмите и казнените санкции кон сопствениците кои нудат "работа на црно", бројот на ...
Снимањето на новата забавна емисија "Наше море", што на Канал 5 премиерно ќе се емитува во понеделниците, средите и петоците, почнува од сабота, и тоа директно од плажата Градиште 2, во Охрид. Репризните изданија, пак, ќе се емитуваат во останатите денови.
Македонскиот шампион Работнички К. со 2:0, кој е на подготовки во Бугарија, е поразен во првиот контролен натпревар од првакот на нашиот источен сосед ЦСКА од Софија. "Армејците" до победата дојдоа во вториот дел, со головите на Гргоров (60') и Јанев (74').
Во нашиот си главен град очигледно последниве години се почесто можеш да сретнеш луѓе од секаков профил. Верувајте воопшто не мислев на нивната финансиска состојба или уште помалку политичка припадност. Она што ми беше на ум е нивната психичка или ако баш сакате, ментална состојба на умот.
Главниот изведувач на градежните работи на втората фаза на обиколниот автопат на Скопје, од вчера е грчката компанија "Терна". "Сметаме дека презентираното искуство и капацитети со кои располага "Терна" се гаранција дека проектот ќе напредува според планираната физичка и финансиска динамика и дека ...
Милијардерот Џон Волтон (58), синот на Сем Волтон, основачот на најголемиот синџир на супермаркети во светот "Вол-Март", загина во авионска несреќа во Вајоминг, САД. Волтон сам управувал со ултралесното летало, што се урнало непосредно по полетувањето од аердоромот "Џексон Хол", соопштено е од ...
"Големата вода", на режисерот Иво Трајков ќе биде еден од 220-те нови филмови, од кои 16 се светски премиери, а ќе бидат прикажани на јубилејното 40. издание на престижниот Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари, кој започнува утре, а ќе трае до 9 јули.
Музичко-издавачката куќа "Профундус"в четврток во 12 часот, во кафе-бар "Медиум", ќе одржи промоција на новиот спот за групата "Калдрма", нивните ексклузивци. Спотот е за песната "Три години стана како ме зафана", во реализација на "Аворд ентертејмент". Го снимаше Горан Наумовски.
Студиото на ТВ "Пинк" на Кошутњак ден пред големиот концерт на "Бијело Дугме" беше место каде што се случуваше големата забава наречена "Бијело дугме" за "Пинк" и пријателите". Анплагд журката со Горан Бреговиќ, Жељко Бебек, Ален Исламовиќ и Младен Воичиќ - Тифа се одржа во знак на благодарност, ...
Фудбалскиот клуб "Македонија" е добитник на специјалната награда на општина Ѓорче Петров, која се доделува за посебни заслуги за афирмирање на општината. Наградата годинава ќе им биде доделена и на младата сликарка Гордана Апостоловска, спортскиот работник Никола Јовановски и на Фабриката за ...
Повеќе од стотина српски полицајци се грижеле за безбедноста на Стипе Месиќ при посетата на Белград, каде што се одржа состанок на лидерите на земјите од регионот. За безбедноста на хрватскиот претседател биле формирани три "прстени" на безбедност.
Портпаролот на СДСМ Борис Кондарко, вчера ги демантираше информациите пласирани на една национална телевизија дека Претседателството на партијата донело одлука за именување на носителите на листите за пратеници за наредните избори.
Додека словенечкиот "Мерактор" и грчкиот "Веропулос", како и домашните фирми "Делта М" и "Интер инженеринг" со месеци се надмудруваат во трката за добивање локација, Стоковната куќа "Типо", во строгиот центар на Скопје, буквално со месеци никој не сака да ја купи.
Министерството за култура и Координативниот одбор за ревитализација на Старата скопска чаршија вчера ги презентираа двата проекти кои се однесуваат на Арт Базар, каде ќе се врши дооформување и адаптација на овој блок што претставува главна оска на Чаршијата, и вториот, наменет за санација на ...
Хрватот Марко З. (22) и неговиот 53-годишен татко се уапсени во Минхен под сомнение дека масакрирале две девојки. Полицијата ги уапси на автопатот меѓу Минхен и Салцбург. Марко кој и претходно и е познат на полицијата по казнени дела, особено насилство, а бил приведуван и за употреба на дрога, е ...
Филмот на Дарко Митревски, "Балканкан", нашиот единствен претставник на 27. Московски интернационален филмски фестивал, се враќа со специјално признание од Здружението на филмски критичари на Русија. Со златен "Свети Ѓорѓи", награда за најдобар филм, се закити Рускиот филм "Dreaming of Space", во ...
Најновиот филм на Стивен Спилберг, "Војна на световите", пристигна во Скопје, синоќа, една минута по полноќ, во исто време со проекциите во Лондон, Рим, Париз... На церемонија пред Домот на АРМ, најавена како спектакуларна, се прикажуваа инсерти и спотови од "Војната...".
Златната статуетка "Мајка Тереза" годинава ќе му биде доделена на светски познатиот Хозе Карерас. Ова беше најавено на вчерашното чествување по повод 25-годишнината од прогласувањето на Мајка Тереза за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје.
“Je t'aime” е група која постои шест години, има снимено неколку народни песни, а од неодамна се префрла на забавната музика. Причината може да се насети - петтемина млади момци: Горан, Бобан, Петар, Кире и Горан сакаат да бидат експонирани во медиумите колку што заслужуваат.
Четири компании ќе се тркаат за добивање на земјиштето спроти Народна банка на Република Македонија. Покрај словенечки "Меркатор" и грчки "Веропулос" кои од поодамна покажуваа аспирации за овој плац на кој треба да се гради трговски центар, на наддавањето утре во 11 часот во Министерството за ...
Федералната полиција на БиХ и силите на ЕУФОР заеднички вчераутро во 6 часот упаднаа во просториите на месната индустрија "Лијановиќ" на Висока Главица кај Широк Брег во Херцеговина. Просторот пред фирмата е ограден со лента, а пристапот го оневозможуваат маскирани вооружени федерални полицајци.
Низ скопската чаршија неодамна се пронесе муабетот дека Бојан Јовановски, познат како "13 за најуспешните" подолго време бил во потрага на приватен возач. Причината!? Презафатеноста околу организацијата на неговата летна манифестација "Ноќ на ѕвездите" на охридско-струшката ривиера, но и му ...
Македонските "Бугари" гласаа за царот. Во бугарската амбасада во Скопје, за парламентарните избори во Бугарија завчера гласаа 450 Македонци со бугарски пасош. Најголемиот дел од нив гласале за Националното движење на Симеон Втори, на второ место меѓу македонските Бугари е партијата Бугарски ...
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе присуствува на концертот на легендарната рок-група "Бјиело дугме" на нивниот втор, белградски, концерт од мини турнејата по бившите југословенски републики, дознава "Вечер спец".
Во исто време кога постои заклучок на Владата за укинување на неколку од постојните агенции, Владата има намера да формира нова - за енергетика. Предлогот за донесување на законот за нејзино формирање веќе е во собраниска процедура и, според она што се предлага, таа нема да има ни некои поголеми ...
Ултраконзервативниот градоначалник на Техеран Махмуд Ахмадинеџад ќе биде нов претседател на Иран, откако освоил 61,5 отсто од гласовите, го победи својот ривал, умерениот поранешен шеф на државата Хашеми Рафсанџани, на завчерашниот втор круг претседателски избори, потврди претставник на иранското ...
Според нецелосните и неофицијални разултати од завчерашните избори во Бугарија, Коалицијата за Бугарија, предводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП) на Сергеј Станишев е победник со освоени околу 33 отсто од гласовите, покажуват првичните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК).
Државата е се посилна во финансискиот менаџмент и научи како евтино да се финансира. Ова го потврдуваат финансиските експерти но и самото Министерство за финансии кое деновиве истрча да се пофали дека има енормна побарувачка на пазарот за хартии од вредност.
Анисија Стојковска, ученичка во трето одделение во ОУ "Кочо Рацин", во саботата на денот кога учителката и го даде свидетелството каде што беа регистрирани нејзините одлични резултати, таа ги изненади своите соученици поделувајќи им по еден примерок од својот публикуван роман, под името "Сестри".
Во петокот на пладне во Скопје е извешен уште еден грабеж во менувачница. Двајца маскирани ја нападнале и ја ограбиле вработената во "Сласт", а потоа избегале. Полицијата во моментов со оглед на тоа дека во тек е истрага, заради нејзино нарушување не соопштува детали за инцидентот.
Четириесет и седумгодишен Бугарин е уапсен на хрватско-словенечката граница, на преминот Брегане, при обид од Софија во Германија да прошверцува 100 парчиња илегално изработено огнено оружје во облик на хемиски пенкала и муниција за нив.