На Македонија и се заканува глад, бидејки обилните и континуирани дождови го оневозможија собирањето на индустриските домати и пиперки, на јаболките, грозјето и на останатите земјоделски производи, а под знак прашање е и престојната есенска сеидба.
Поради врнежливото време во Гевгелиско ГЕВГЕЛИЈА - Лозарите и градинарите во Гевгелиско претрпеа најголеми штети поради врнежливото време и неможноста да го соберат родот. Но, не се и единствените оштетени поради скапувањето на над 10.000 тони десертно грозје и околу 2.000 тони корнишони.
Врнежливата есен им зададе главоболки на земјоделците и го одложи стартот на есенската сеидба Скапуваат земјоделските култури што останаа на нивите АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Обилните и чести врнежи регистрирани ова лето и есенва доведоа до зголемување на влажноста на почвата која негативно влијае врз ...
Поради лошите временски услови КАВАДАРЦИ - Неповолната временска ситуација што ја зафати Тиквешијата во последните две недели негативно се одразува на бербата на грозјето во овој крај. Бербата на грозјето е прекината поради дождот што во Кавадаречко и околината врне без престан.
ПРОЦЕНИ НА ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО Прекината е бербата на грозјето, скапува тутунот во Прилепско, градинарските култури настрадаа во Штипско, во Битолско... Се уште нема точна процена на штетите од дождот и од студеното време, но земјоделските стручњаци претпоставуваат дека ќе бидат големи.
Лошото време и неорганизираноста им создаваат тешкотии на лозарите ГЕВГЕЛИЈА - Над 10.000 тони десертно грозје во Гевгелиско ќе остане на нивите и, наместо на пазар, ќе заврши во винарските визби. Врнежливото и студено време не само што ја прекина бербата во овој лозарски крај, туку и го забрза ...
ДОЖДОТ ГО УНИШТИ РОДОТ Врнежите уништија речиси 3.000 тони тутун, по нивите гнијат сончоглед, пиперки, домати, а земјоделците не можат да посеат жито, вели Вељо Тантаров, претседателот на Сојузот на земјоделците Обилните врнежи направија пустош и огромни штети во земјоделството во земјава.
Последните врнежи ќе ги дотолчат струмичките земјоделци СТРУМИЦА - Црвената пиперка, корнишоните, доматите и другите земјоделски култури во Струмичко, во последните обилни врнежи од дожд (над 60 литри на квадратен метар), многу неповолно се одразуваат врз земјоделското производство.
ГЕВГЕЛИСКО Честите врнежи од дожд што го зафатија подрачјето на општините Гевгелија, Миравци, Богданци, Стар Дојран и Валандово целосно ја блокираа работата со бербата и преработката на грозјето. Винарските визби работат со намален интензитет бидејќи поради врнежливото време не е можно собирање на ...