Авганистанските власти денеска соопштија дека најмалку 40 талибанци биле убиени во судирите со безбедносните сили во јужниот дел на земјата. Како што изјавија од авганистанската армија, до судирите дошло откако милитантите ја нападнале воената база на армијата. Авганистанската армија не претрпела штети.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд Дуад Ахмади изјави дека 62-ца бунтовици се убиени рано изутринава во ненадејна акција на авганистанските и сојузнучките сили во главниот град на провинцијата Лашкар Гах. Четириесет талибанци загинаа в тридневните судири во регионот Над Али, исто така во провинцијата Хелманд.
Авганистанската војска и силите на НАТО во рамките на ИСАФ синоќа убиле 65 талибански борци во судир кој се случил наделеку од главниот град на провинцијата Хелманда, Лашкар Гах, изјавил утрово портпаролот на градоначалникот во градот, а пренесуваат тамошните медиуми.
Повеќе десетици Талибанци денеска се убиени во борбите со припадници на авганистанската војска и на силите на НАТО во главниот град на јужната провинција Хелманд, Лашкарга Милитантите со ракети нападнале полициски пунктови во градот од три страни. Безбедносните сили отвориле оган, а силита на НАТО возвратиле со воздушни напади.
НАТО НЕ ЈА ГУБИ ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН, СМЕТА ГЕНЕРАЛОТ ДЕЈВИД МЕКИРНЕН НАТО не ја губи војната против талибанците во Авганистан, туку нема доволно војници да обезбеди доволна безбедност за луѓето, изјави денеска командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Дејвид Мекирнен.
Повеќе од сто талибанци се убиени во два одвоени судири во Авганистан, соопштија авганистанските власти. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд Дуад Ахмади изјави дека 62-ца бунтовици се убиени рано вчераутро во ненадејна акција на авганистанските и сојузничките сили во главниот град на провинцијата Лашкар Гах.
НАТО не ја губи војната против талибанците во Авганистан, туку немаме доволно војници за да ја гарантираме доволната безбедност на луѓето, изјавил денес командантот на меѓународните сили во Авганистан генералот Дејвид Мекирнен. Насилството не престанува во оваа земја во која само оваа година загинале најмалку 4.000 лица, од кои една третина цивили, потсетува Ројтерс.
БУДИМПЕШТА, 11 октомври (Ројтерс) - НАТО сојузниците вчера постигнаа договор да се дозволат директни напади врз авганистанската трговија со дрога за која САД велат дека е од суштинско значење за воведување на безбедност во државата кога ескалира бунтот на Талибанците.
Министрите за одбрана на 26-те земји членки на НАТО на самитот во Будимпешта денеска се договорија дека мисијата ИСАФ во Авганистан во иднина да се бори против производството на дрога во земјата.
Портпаролот на Алијансата, Џејмс Апатурај, соопшти дека силите ќе делуваат против постројки и лица кои користат наркотици за да ги финансираат Талибанците. Акциите во идеален случај треба да се одвиваат во соработка и под водство на авганистанските власти, но во никој случај без нивно одобрение.
На војската на НАТО ќе и биде дозволено да ги нападне фабриките со опиум во Авганистан, и ова се случува по прв пат, пренесуваат светските медиуми.
Алијансата ќе се ангажира директно во напорите за прекин на производството и трговијата со опиум во Авганистан, која со милиони долари ги финансира талибанските бунтовници. Ова денеска во Будимпешта го соопштија министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
Соединетите држави на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Будимпешта ќе апелираат до сојузниците да испратат повеќе војници во Авганистан. Командата на над пеесете илјади сојузнички војници, стационирани во таа земја, бара тој број да биде зголемен за уште дванаесет илјади.
Германија го зголемува контингентот во Авганистан БЕРЛИН - Владата на Берлин го продолжи мандатот на мисијата на германската војска во Авганистан за 14 месеци и се согласи да распореди дополнителни 1.000 војници таму.
Соединетите Американски Држави го повикаа НАТО да испрати повеќе трупи во Авганистан во борбата против Талибанците. Министрите за одбрана на 26-те држави на Северноатлантската Алијанса одржаа дводневен состанок во Будимпешта за да го спречат зголемувањето на насилството во Авганистан, кое во ...
Вашингтон, 9 октомври (МИА) - Нацрт-извештајот на американските разузнавачки служби предупредува дека ситуацијата во Авганистан се влошува, и фрла сериозни сомненија врз способноста на авганистанската Влада да го прекрати зголеменото влијание на талибанците, пишува денеска весникот „Њујорк тајмс“, ...
Талибанските водачи ги прекинуваат врските со терористичката мрежа Ал каеда со нивното учество во првата рунда историски преговори со авганистанската влада, кои се организирани со посредство на саудискиот крал Абдула Втори, јави „Си-Ен-Ен“ потпирајќи се на извори блиски до учениците во средбата.
Коалиционите сили убија 60 милитанти во Авганистан КАБУЛ - Коалицијата предводена од САД и авганистанските безбедносни сили убија околу 60 милитанти во одделни судири во јужниот дел на Авганистан, соопштија вчера американската армија и официјален претставник на полицијата.
Околу 60 екстремисти загинале во одвоени борби со коалиционите и авганистанските сили на југот од Авганистан, соопштува денес војската на САД и полицијата.
Околу 60 бунтовници убиени се денеска во јужен Авганистан во операцијата спроведена од страна на коалицијата на САД и авганистанските сили за безбедност.
Околу 3.200 цивили се убиени од 2005 година наваму во операции на силите на НАТО и на американската армија во Авганистан, но компензациите за семејствата на жртвите се мали.
Пакистанските власти им наредија на околу 60 илјади авганистански бегалци да ја напуштат племенската област во северен Пакистан, во близина на границата со Авганистан. Пакистанската армија во таа област има директни судири со талибанците и членовите на „Ал Каеда“.
Според британски командант, војната во Авганистан не може да се добие ЛОНДОН - Британски командант во Авганистан изјави дека војната против Талибанците не може да се добие, објави "Сандеј тајмс".
Командантот на британските сили во авганистанската провинција Хелманд генерал-мајорот Макр Карлтон Смит изјавил дека не треба да се очекува целосна воена победа во Авганистан, пишува лондонски „Сандеј тајмс“. - Нема да победиме во оваа војна.