Градот и Чаир ќе градат натпатник на Бит-пазар Изградба на натпатник на Бит-пазар, уредување на партерниот влез во Старата скопска чаршија кај Даут-пашиниот амам, партерно уредување на тротоарите на т.н. пластичарска улица се само дел од проектите што ги договориле Општина Чаир и Градот.
Партерниот влез во Старата скопска чаршија од страната на Даутпашин-амам веднаш да се уреди, а плочникот да се заштити од автомобили со хидраулични столпчиња, е договорено на средбата меѓу градските власти и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Возилата ќе мораат рикверц од чаршијата Градските власти се договориле со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, да почнат да го уредуваат партерниот влез во Старата скопска чаршија од страната на Даут-пашиниот амам.
Градските власти и општинарите од Чаир во наредниов период ќе спроведат повеќе заеднички проекти, најавија од градот. Претставници на градската администрација вчера се сретнале со Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, и договориле повеќе активности што треба да се спроведат во наредниве шест месеци ...
Градот и Општина Чаир заедно ќе го уредуваат влезот во Старата скопска чаршија, од страната на Даут пашин амам. Со проектот е предвидено да се реконструира платото и да се постават нови травертински плочки.