Подгорица Црногорската власт и опозицијата ветија дека ќе ги признаат резултатите од референдумот за независност на Црна Гора, закажан за 21 мај. Ветувањето го дадоа лидерот на суверенистичкиот блок и премиер Мило Ѓукановиќ и лидерот на опозицијата кој се залага за натамошен живот со Србија, ...
Подгорица Србија и Црна Гора во интерес на своите граѓани треба да ги развиваат идните односи врз база на пријателство и соработка. Ова денеска во Подгорица го заклучиле српскиот претседател Борис Тадиќ и црногрското државно раководство во одвоени средби.
Подгорица Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска допатува во Подгорица на разговори со официјални претставници. Тадиќ има средби со претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ и со премиерот Мило Ѓукановиќ. Претходно, Тадиќ и официјално ги прифати прелиминарните резултатите од гласањето на ...
Стразбур Делегација од 15 набљудувачи на на Советот на Европа (СЕ) ќе го набљудува референдумот за независност на Црна Гора. Делегацијата, како што е соопштено денеска во Стразбур, е предводена од Жан Чарлс Гардето од Монако и ќе пристигне во Подгорица в петок, каде ќе се сретне со претставници на ...
Подгорица Црна Гора е заложник на Србија, која не соработува со Хашкиот трибунал. Ова остра изјава денеска ја искажа Претседателот на делегацијата на европскиот Парламент за југоисточна Европа, Дорис Пак, за подгоричкиот весник „Република“. „Црна Гора е заложник.
Црногорската влада нареди канцеларијата на италијанскиот Интерпол во градот Бар да се затвори во рок од еден и пол месец, јави весникот „Вијести“. Причина е незадоволството на Црногорците од соработката со Интерпол, чии агенти сами сослушувале, правеле мрежа на соработници и дејствувале низ Црна ...
Претседателот на Советот на министрите на државната заедница на Србија и на Црна Гора соопшти дека ќе се повлече од функцијата на 22 мај без оглед на исходот од референдумот, објави белградскиот весник „Блиц“. Извор за српскиот весник изјави дека владејачката коалиција во Црна Гора одлучила да ги ...
Брисел Европската перспектива на Србија и Црна Гора (СЦГ) зависи од исполнувањето на обврските кон Хашкиот трибунал и спроведување фер референдум. Ова се наведува во заклучоците што Советот на министри на Европската унија (ЕУ) ги усвои денеска во Брисел, во кои се изразува подготвеност за ...
Подгорица Подгорица доби нова аеродромска зграда, која од денеска е во јавна употреба. Свеченоста на пуштањето на зградата, како што пишува подгоричкиот весник „Вјести“, била извршена вчера попладне во присуство на целиот црногорски државен врв и неколку илјади граѓани.
Подгорица Измама се подготвува на референдумот за независност на Црна Гора, што треба да се одржи во недела на 21 мај. На ваква опција предупреди Меѓународниот институт ИФИМЕС од Љубљана, додавајќи дека двата политички блока испечатиле одреден број референдумски ливчиња кои изгледаат идентично како ...
Црногорските државни органи и откажаа гостопримство на Канцеларијата на италијанскиот Интерпол во Бар, и побараа од нејзината централа во Рим да ја затвори најдоцна до 15.јуни, објави денеска весникот „Вијести“. Според истиот извор, причина за повеќегодишното незадоволство на Министерството за ...
Според најновите истражувања на јавното мислење во Црна Гора, што ги спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), за независна Црна Гора би гласале 49,3 отсто, а за заедничката држава Србије и Црне Гора - 43,8 отсто од избирачите.
Подгорица Белград треба “да се соочи со новата реалност“ и да почне разговори за идните односи со Подгорица, изјави синоќа црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ. Според него, “дел од политичките структури во Србија останале затекнати од исходот од референдумот кој бил предвидлив за кој и да е ...
Подгорица Црногорските државни органи и откажаа гостопримство на Канцеларијата на италијанскиот Интерпол во Бар, и побараа од нејзината централа во Рим да ја затвори најдоцна до 15.јуни, објави денеска весникот “Вијести“. Според истиот извор, причина за повеќегодишното незадоволство на ...
Подгорица Србија ќе биде единствена правна наследничка на Југославија во случај Црна Гора да истапи од државната заедница. Ова, како што јавија црногорските медиуми, го изјави синоќа словачкиот дипломат и специјален пратеник на Европската унија за црногорскиот референдум за независност, Мирослав ...
Подгорица Според официјалните прелиминарните резултати на референдумот за државно-правниот статус на Црна Гора, 55,5 отсто од граѓаните се изјасниле за независност, а 44,5 отсто се изјасниле против. Ова, утринава го соопшти претседателот на Републичката референдумска комисија (РРК) Франтишек Липка.
Подгорица Црна Гора го објави конечниот избирачки список според кој право на глас имаат 485.718 лица. Најмногу избирачи има во Подгорица, 129 илјади. Според овој избирачки список, приближно 20 илјади лица со црногорско граѓанство живеат во Србија и тие ќе имаат право да учествуваат на референдумот ...
Виена Европската унија денеска соопшти дека „во целост ја почитува одлуката на граѓаните на Црна Гора” и побара од „сите заинтересирани страни да го прифатат резултатот” од референдумот за државно-правниот статус на републиката, соопшти денеска австриското претседателство ЕУ.
Белград Резултатот од црногорскиот референдум за независност е легитимен, соопшти попладнево српскиот претседател Борис Тадиќ. “Ги прифаќам првичните конечни резултати што ги објави референдумската комисија на Црна Гора“, изјави Тадиќ на конференција за новинари во Белград.
Подгорица Независноста на Црна Гора добиена на неделниот референдум е потврдена денеска и според конечните прелиминарни резултати. На референдумот за државно-правниот статус на Црна Гора, 55,5 отсто од граѓаните се изјасниле за независност, а 44,5 отсто се изјасниле против.
Загреб Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за југоисточна Европа, Дорис Пак. го обвини главниот преставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика Хавиер Солана дека ја забавил независноста на Црна Гора. „Жално е што не го решивме проблемот пред три години.
Подгорица Републичката комисија за референдумот во Црна Гора досега не добила ниту еден приговор. Рокот за поднесување на приговори е 72 часа од моментот на објавувањето на прелиминарните резултати - денеска во 9 часот, изјави претседателот на комисијата Франтишек Липка.
Подгорица Нема независност за Црна Гора ако резултатот од референдумот биде помеѓу 50 и 55 отсто. Ваква порака денеска упати европосредникот за референдумот во Црна Гора закажан за 21 мај Мирослав Лајчак. Не можам да замислам дека власта би прогласила независност ако резултатот биде под 55 отсто, ...
Белград Официјален Белград денеска порача дека ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани на црногорскиот референдум за независност. Пораки во оваа насока попладнево упатија шефот на српската држава Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница, прекинувајќи го дводневниот молк по гласањето во Црна ...
Скопје Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски му ја честиташе независноста на Црна Гора на претседателот Филип Вујановиќ lКако што соопшти кабинетот на Црвенковски, македонскиот Претседател оствари телефонски разговор со својот црногорски колега во кој лично му го честиташе ...
Белград Европската Унија (ЕУ) не е толку заинтересирана за резултатот од референдумот во Црна Гора, колку што е заинтересирана како тој ќе биде организиран, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за референдумот во Црна Гора, Мирослав Лајчак.
Подгорица Приврзаниците на самостојна Црна Гора добија 55,4 проценти од гласовите, а 44,6 проценти од Црногорците се за заедничка држава со Србија, се официјалните нецелосни резултати од референдумот во Црна Гора. Ова, претпладнево, го соопшти претседателот на Републичката референдумска комисија ...
Подгорица Републичката референдумска комисија (РРК) утре во 8:30 часот ќе ги соопшти прелиминарните резултати од референдумот во Црна Гора. На вечерашната прес конференција претседателот на комисијата, Франтишек Липка, изјави дека РРК не може да ги соопшти резултатите вечерва бидејќи се уште не го ...
Брисел Европската унија ќе ги „уважи целосно” резултатите од референдумот во Црна Гора. Ова го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана и го поздрави “успешното гласање”. “Изгледа референдумот мина по правилата и ги поздравуваме сите за тоа”, истакна ...
Подгорица Приврзениците на самостојна Црна Гора ноќеска бучно славеа создавање нова држва на Балканот, иако нема официјални резултати од референдумот. Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ноќеска соопшти дека на референдумот за независна држава гласале 55,5 насто од граѓаните.
Подгорица Црна Гора има војска, а најдобро за војските на Црна Гора и на Србија е, ако Црна Гора стекне целосна независност. Ова, според државната телевизија во Подгорица го изјавил претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, во разговор со една американска воена делегација.
Подгорица Независноста на Црна Гора по 88 години повторно е освоена и прогласена од власта, а Црногорците слават по улиците на повеќето градови, врз основа на неофицијалните резултати од 55,5 отсто од гласачите кои се изјасниле „за“ на вчерашниот референдум.
Подгорица Црна Гора е обновена како независна и суверена држава - изјави рано изутрината премиерот Мило Ѓукановиќ. На референдумот за независна Црна Гора гласале 55,5 насто од граѓаните соопшти Ѓукановиќ, додавајќи дека тоа се податоци врз основа на преброени 99 насто до гласачките ливчиња.
Подгорица Претседателот на македонското Собрание Љупчо Јордановски е прв висок странски функционер кој е во посета на Црна Гора по официјалното признавање на резултатите за независност од референдумот. Ова го јави државната телевизија на Црна Гора информирајќи дека Јордановски претстојува во ...
Подгорица Историски референдум во тек е во Црна Гора на кој граѓаните решаваат дали ќе ја обноват независноста загубена во 1918, или ќе останат во заедница со Србија. “Сакате ли Република Црна Гора да биде независна држава со полн меѓународен правен субјективитет?“ е референдумското прашање на кое ...
Подгорица Без инциденти се одвива црногорскиот референдум со рекордна излезност, јавуваат локалните медиуми.. Според Референдумската комисија со која раководи словачкиот дипломат Франтишек Липка, излезноста до пладне изнесува 27 отсто.
Подгорица Подготвено е се за неделниот референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали Црна Гора ќе биде независна, или ќе остане во зедница со Србија. Изборната комисија соопшти попладнево дека вкупно 484.718 граѓани в недела можат со “да“ или “не“ да одговорат на референдумското прашање “Сакате ли ...
Подгорица Предреферендумската состојба во Црна Гора се подобрува и целиот процес тече во позитивна атмосфера. Ова, како што јавија црногорските медиуми, е пораката која европскиот пратеник за референдумот Мирослав Лајчак ќе им ја пренесе денеска на амбасадорите на Европската унија во Брисел.
Подгорица Црна Гора и официјално е нова независна држава во регионот. Претседателот на Републичката референдумска комисија (РРК), Франтишек Липка ги објави конечните официјални резултати од референдумот одржан на 21. мај, со кој ја потврди независноста на Црна Гора, стекната повторно по 88 години.
Подгорица Црна Гора, со статус република во Државната заедница на Србија и Црна Гора, е една од најстарите држави во Европа, иако, поради сплет на историски околности, неправди и поради погрешни политики на самите црногорски елити во различни период од 20.век, овој факт денес не широко познат.
Подгорица Исполнет е првиот услов за легитимност на црногорскиот референдум, откако излезноста го надмина цензусот од 50 отсто. Референдумската комисија на Црна Гора соопшти дека до 15,00 часот гласале 62,4 отсто од вкупно регистрираните 484.718 граѓани со право на глас.