TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Петковски бара моќ на два фронта

Време - 04.10.2007

ВЛАСТА НЕ ГЛЕДА ОПАСНОСТ ВО СТАВОВИТЕ НА ЛИДЕРОТ НА НСДП Тито Петковски ги зајакнува позициите на НСДП пред локалните избори за да собере на своја страна што повеќе незадоволници од СДСМ, но нема никакви шанси за ново парламентарно мнозинство.

Тито: Георгиевски е најодговорен за тепачките во Собранието

Вест - 03.10.2007

"Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски е главниот организатор на парламентарниот живот, и за се она што се случува во него тој има најголема одговорност", рече на вчерашниот прес лидерот на НСДП Тито Петковски. "Мојот личен став е дека не може носител на јавна функција да се однесува ...

Опозицијата бара одговорност од Георгиевски и од Елмази

Време - 03.10.2007

ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, и заменик - министерот за внатрешни работи, Рефет Елмази, кривично и политички да одговараат за вмешаноста во инцидентите во Собранието, побараа лидерите на СДСМ и ДУИ на вчерашната средба со претседателот Бранко ...

Митановски е за интерпелација на Елмази

Утрински - 03.10.2007

Пратеникот Веле Митановски од НСДП вчера во Собранието изјави дека ќе даде поддршка на интерпелацијата за заменик-министерот за внатрешни работи, Рефет Елмази, што ја поднесе пратеничката група на ЛДП. „Во случај кога станува збор за пример на очигледно насилство, мислам дека органите треба да ги ...

Опозицијата бара смена на Елмази и на Георгиевски

Утрински - 03.10.2007

Одговорност за двајцата функционери побара и Тито Петковски Претседателот на Собранието на удар на сите СВЕТЛАНА УНКОВСКА Опозициските лидери Радмила Шекеринска и Али Ахмети бараат поведување политичка одговорност за заменик-министерот за внатрешни работи, Рефет Елмази, и за претседателот на ...

Петковски му порача на Георгиевски да си замине од функцијата

Дневник - 03.10.2007

Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски треба да размисли дали да остане на таа функција, оти не успеа да се наметне како авторитет пред пратениците и му бегаат работите од контрола, порача вчера лидерот на НСДП Тито Петковски.

Ќе одговараат сите тепачи

Вечер Прес - 03.10.2007

Опозиционерите по средбата излегоа со речиси ист став. И Шекеринска и Ахмети одговорноста за инцидентите ги лоцираа кај заменик-министерот за внатрешни работи Рафет Елмази и кај претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски.

Опозицијата бара одговорност од Елмази и Георгиевски

А1 - 02.10.2007

Политичка одговорност за Рефет Елмази и Љубиша Георгиевски бара опозицијата и по денешните средби кај Црвенковски, посочувајќи ги како директно одговорни за минатонеделните инциденти во Собранието. Додека тоа не се случи, ДУИ не се враќа на собраниските седници.

ДУИ бара итно разрешување на Елмази

Дневник - 02.10.2007

ДУИ бара премиерот Никола Груевски веднаш и безусловно да го разреши заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Партијата посочи дека Елмази го навредил и удрил нивниот пратеник Азис Положани, што било документирано со фотографии, тонски и со видеоснимки.

НСДП предлага совет за евро-интеграции

Канал5 - 02.10.2007

Да се формира национален совет за евроинтеграции во собранието. Иницијативата поведена во времето на власта на СДСМ сега ја враќа НСДП. Лидерот на партијата вели дека на земјава во моментов и е потребно вакво тело затоа што има сериозна криза во комуникацијата меѓу политичките партии и застој во ...

Начелна согласност за инцидентите во парламентот

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Сите партиски лидери, начелно, се согласуваат оти виновниците за инциденти во парламентот треба да се соочат со сериозна политичка и кривична одговорност, но постојат видливи разлики како тоа да се постигне. Ова го соопшти кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, по одделните разговори ...

ДУИ бара да се разреши Рефет Елмази

А1 - 01.10.2007

Демократската унија за интеграција бара од премиерот Груевски веднаш и без никакви условувања, да го разреши заменик министерот за полиција Рефет Елмази. ДУИ го обвинува Елмази за директен учесник во инцидентите во Собранието, при што тој го нападнал, навредил и удрил пратеникот Азис Положани.