Според првичните процени, од завчерашната поплава што го зафати селото Петралинци, Струмичко, 25 куќи настрадале, а штетата на поплавените обработливи површини дополнително ќе ја утврдуваат членови на општинската комисија за процена на штети на Општина Босилово.
Владата на Република Македонија на денешната седница треба да одлучи дали ќе има обесштетување на домаќинствата од струмичкото село Петралинци, чии куќи и посеви настрадаа од неделната поплава.
Околу 50 куќи и 150 до 200 декари под зелка, корнишони, домати, пченка и фуражни култури, беа под вода СТРУМИЦА - По завчерашниот пороен дожд, околу 50 куќи во Петралинци и 150 до 200 декари под зелка, корнишони, домати, пченка и фуражни култури, беа под вода.
Во Петралинци оштетени 25 домаќинства Општинската комисија за процена на штети од елементарни непогоди првично процени дека во Петралинци 25 домаќинства од вкупно 160 претрпеле штети од поплавата што го зафати ова село завчера. Штетите на посевите и другите дополнително ќе се утврдуваат.
Соочување на претставниците на локалната со централната власт во поплавеното село Петралинци, откако општинарите ја обвинија Владата за игнорантскиот однос кон Струмичкиот регион во чистењето на одводните канали. Епилогот е ќе се чистат каналите во атарот на селото.
Поплавени домови, помошни простории, пластеници и затрупани автомобили - ваква беше вчера сликата во струмичкото село Петралинци, по поплавата што ја предизвика дождот кој завчеравечер три часа паѓаше во овој регион.
Силното невреме кое го зафати струмичкиот регион предизвика поплави во повеќе населени места. Најголеми поплави беа забележани во селото Петралинци. Таму поради неисчистените одводни канали, настрадаа повеќе куќи и помошни простории а беа однесени и неколку автомобили и помали мостови.
Силниот дожд вчераутро предизвика поплава во струмичкото село Петралинци, кое за две години вторпат е под вода. Поплавени се десетина куќи, црквата, дворови, помошни простории и дваесетина хектари со есенски култури.