TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата ќе го спасува Петралинци

Време - 07.10.2008

Според првичните процени, од завчерашната поплава што го зафати селото Петралинци, Струмичко, 25 куќи настрадале, а штетата на поплавените обработливи површини дополнително ќе ја утврдуваат членови на општинската комисија за процена на штети на Општина Босилово.

Владата ќе одлучува дали ќе има обесштетување

Вест - 07.10.2008

Владата на Република Македонија на денешната седница треба да одлучи дали ќе има обесштетување на домаќинствата од струмичкото село Петралинци, чии куќи и посеви настрадаа од неделната поплава.

Дел од Петралинци и натаму под вода

Утрински - 07.10.2008

Околу 50 куќи и 150 до 200 декари под зелка, корнишони, домати, пченка и фуражни култури, беа под вода СТРУМИЦА - По завчерашниот пороен дожд, околу 50 куќи во Петралинци и 150 до 200 декари под зелка, корнишони, домати, пченка и фуражни култури, беа под вода.

Во Петралинци оштетени 25 домаќинства

Дневник - 07.10.2008

Во Петралинци оштетени 25 домаќинства Општинската комисија за процена на штети од елементарни непогоди првично процени дека во Петралинци 25 домаќинства од вкупно 160 претрпеле штети од поплавата што го зафати ова село завчера. Штетите на посевите и другите дополнително ќе се утврдуваат.

Поплавеното село Петралинци стигна на Влада

А1 - 06.10.2008

Соочување на претставниците на локалната со централната власт во поплавеното село Петралинци, откако општинарите ја обвинија Владата за игнорантскиот однос кон Струмичкиот регион во чистењето на одводните канали. Епилогот е ќе се чистат каналите во атарот на селото.

Петралинци потопено

Време - 06.10.2008

Поплавени домови, помошни простории, пластеници и затрупани автомобили - ваква беше вчера сликата во струмичкото село Петралинци, по поплавата што ја предизвика дождот кој завчеравечер три часа паѓаше во овој регион.

Поплави во струмичко од неисчистени канали

Вест - 06.10.2008

Силното невреме кое го зафати струмичкиот регион предизвика поплави во повеќе населени места. Најголеми поплави беа забележани во селото Петралинци. Таму поради неисчистените одводни канали, настрадаа повеќе куќи и помошни простории а беа однесени и неколку автомобили и помали мостови.

Петралинци доживеа воден удар

Дневник - 06.10.2008

Силниот дожд вчераутро предизвика поплава во струмичкото село Петралинци, кое за две години вторпат е под вода. Поплавени се десетина куќи, црквата, дворови, помошни простории и дваесетина хектари со есенски култури.